Епа нема друго, или си со едните или против другите, неврзани нема веќе. И што и да избереш, некој стап те демне од другата страна
Нема ќутење, мора да се заземе страна. Или си со едните или со другите. Која е правилната страна времето ќе покаже. Глупоста е друга тема. Србија оди по тенок конец, ама до кога и до каде, и тоа ќе видиме.
И Унгарија и Бугарија се дел од НАТО па сепак не праќаат воени донации во Украина, а Италија тоа го држи во тајност. Освен тоа НАТО не е во војна со Русија, а Украина не е членка на НАТО.
Ова е само доказ дека е лошо да си непријател на НАТО, но далеку полошо е да си "пријател" и дел од нивната алијанса. Каде стапна американска нога, пустош направи. Најголемо зло за човештвото се од 2СВ наваму.
E de, ushte nikakov dokaz za losho ne vidovme. Sega kje vidime, dali kje se prefrlime vo temata 3Svetska ili sho kje bide. Pola od decava na igralishte ukrainski zborat, nema veze, show must go on.
Абе, најубо е да нема потреба од воени алијанси, а и воено наоружување-воопшто. Очигледно не знаеме да функционираме без да се испотепаме. Нон-стоп некаде има воен конфликт.
Во светот има само 1 воена алијанса после 1991. И таа истата бомбардира, убива, масакрира држави и народи кои не се сложуваат со нивната политика (не сакаат да се вазали) или пак имаат природни ресурси, нафта, гас, злато, руди... Наместо во 91-ва да се распадне, кога немаше веќе причина да постои, реши да оди во експанзија, да прави војни и да врши тортура буквално на цел останат свет. Баш онака, варварски. Ќе функционираме во мир и благосостојба единствено кога ќе се распадне.
А имаше 2 воени алијанси после 2 ра светска војна или како? Јер воена алијанса е гарант на мирот, пологично од тоа здравје
Еве ние од кога сме дел од воената алијанска од мир и просперитет глава не можеме да кренеме. Мед и млеко ни е овде. Побезбедни не сме биле. Едната отиде во историјата 91-ва. Може сега е време и вторава за замине.
Сарказам беше, не знам оти не ме разбра. Мислам дека покорекно би било неоколонијализам да го викаме, ама веројатно не е политички коректно, ќе јадам бан или апс или и двете
Како е насловот на темава? Кој нападна? Едноставно не сме спремни еволутивно, да решаваме конфликти со ненасилни методи. Не е никој крив, тоа е реалноста. Во идеален свет, сите ќе живееме во благодет и хармонија меѓу себе и светот околу нас... цела планета...
Украина и Америка позади неа, нападна во 2014. Таму војната трае 8 години. Не е од сега. 15 000 цивилни жртви имаше за овој период, преку 6000 беа деца. Оди кажи им го тоа дека не е никој крив на безброј Украинци од тогаш до сега, кои загубија свои деца, родители, роднини, пријатели, кров над глава, и се крајно раселени по цела Европа и Русија. Оди кажи им го на просечно македонско семејство кое живее со 300 евра плата како ќе преживее зимово затоа што цените на лебот поминаа веќе 50 денари, маслото 150, сирење 300. Дрва 5500 денари, и им ги враќаат парите на оние кои уплатиле претходно по 3500 демек "немале дрва на залиха". Или пак тоа што сметки за струја ќе бидат повеќе од 200 еур зимово. Оди објасни им нив како не е никој крив што 300 милиони евра од буџет ни одат за НАТО, годишно. Што ги дониравме тие 4 неоперативни авиони и единствените 30 Т-72 што ги имаме. И што се обврзавме додатно да платиме 700 мил еур за ѓубрето од Америка со која ќе ја "модернизираме" (сведиме само на пешадија) АРМ. Па со овие пари уште една РЕК ќе направевме. Идеален свет ќе биде кога нема да бидеме вазали. Наместо да ни наметнуваат што и како да правиме, и ако не слушаме да ни се закануваат со војна. Да градиме економски и бизнис релации со взаемна почит од која ќе имаат корист двете страни.
А прво, и најбитно за да ,,решаваш,, конфликт, е да постои конфликт. Ако не постои ќе треба да го измислиш...овај напраиш де
Епа то е муабетов. Цело време, некој напаѓа. Се додека чувствуваме потреба од насилство, како врста, вака ќе биде. *Треба да се научиме дека нема ништо повредно од животот. Се' додека некој верува дека 'за идеа' вреди да се умре, во ваков свет ќе живееме. Цело време си го мерат во песокот. Толку штета имаме направено на планетава, а и едни на други, неопишливо е. ... и уште не ни иди умот...
Каде се тие што се радуваа дека Русија ќе пропаднела во рок од месец дена од почеток на војнава ради санкциите и дека они нема да можат да купат лаптоп со јаболче? Е па сега ние во Европа нема да имаме пари ни за обично јаболче, а не па за лаптоп со јаболче. А рубљата вреди исто колку денарот. Лебот стигна и до 90 денари патем. Една работа ми е ептен контрадикторна. Единствена закана за Украина беше (и е) Русија, ради тоа што (меѓу друготото) смета дека приближувањето на Украина кон НАТО ја загрозува нивната безбедност. И сега влегоа во војна, за да се приближат кон НАТО и заштитат од Русија?