Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    download.png
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Како е можно да релативизираш во волкава мера?

    Секој сака мир и нормален живот, но зарем треба слепи да бидеме на очигледните случувања кои го менуваат светот? Секако дека не сме сите подеднакво криви....кривци има, жртви уште повеќе...

    Во врска со темава, веќе на секого му е јасно кој ја започна војнава и чии интереси сеуште ја распламсуваат
    .
    Обичниот човек брзо ја заборави емпатијата почетна и сега мисли само на себе си и дали ќе се провлече што побезболно низ сето ова.
    Очекувано.

    Глумецон во улога на претседател со жена си се слика за Вог, попува на цел свет, го повикува Си на разговор во четири ока и сеуште лаже неуморно дека се ќе биде Украина.

    А Украина не постои веќе.

    Русите со силни докази за биолабараторите, докази кои на чуден начин ги потврдуваат сите теории на заговор од изминативе две години.
    Многу западни новинари и политичари почнуваат јавно да зборуваат за украинските нацисти,за нивните злосторства врз сопствените граѓани, за Буча која е изрежирана слика и што уште не....

    Кого го интересира,информации има....најпоразително е што обичниот украински човек кој најмногу страда , во моментов е во стапица....дел од нив сеуште веруваат дека е можна победа, поголемиот дел само се молат да преживеат...
     
    На NPN, orevokrsacka и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не релативизирам.
    Факт е дека сеуште има луѓе кои веруваат во решавање проблеми, со примена на насилство.
    Некој сакал територија, некој сакал доминација, некој сакал нафта...
    Буквално за глупости гинат луѓе.

    Ако сме цивилизирани, како што сакаме да се нарекуваме, прва и единствена опција би бил разговор и дипломатија.
    Ама не е... за многумина оружјето е алатка за 'решавање проблеми'.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Ма,не....за малкумина е....но,на власт се тие...
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Си бил еден Були. И долго време си ги булирал останатите пошто му се можело. Ама во меѓувреме пораснале и други Були, исто силни колку него, ако не и посилни. И сега Були појма нема шо праи, ама сите ќе го јадеме стапот. И така, кратка хорор Були приказна.
     
    На jacqueline.s, Billy Idol, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    На власт, ами каде.
    Пишав погоре.
    Во секоја држава има такви кои веруваат дека воена пресметка е решение.
    И кај нас имаше воен конфликт... ако не...
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не успеаа со Студената војна, па решија да менат тактика.

    Сега повеќе е за економска моќ.
    Барем за оние кои се 'најгоре'.

    Ќе го мотаат народот дека е за некоја благородна идеја и овој ќе трча ко ќор.
    Сиромашна САД е лулка на потенцијални војници кои ќе се пукаат на 7.000км од дома, “за да ја одбранат државата“
    Ако немаш сол в очи да си фрлиш, а се' е приватно, ич не е чудно да одбереш или криминал, или да станеш војник со обезбедно домување, образование, здравствено осигурување, високо образование.

    Војните живеат на грбот на сиромаштијата.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Немам поим од благородни идеи, јас гледам дека ќе биде голема беља.
    Дај боже да грешам и да им дојде умот, ама не ми изгледа многу надежно.
    Можеш да замислиш како ќе изгледа Европа без Руски гас, без Германско производство и без трговија со Кина? :?:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Требаше да го ставам во наводници “благородни“.

    Знам... и страв ми е дека нема да најдат безбедно решение.
    Ќе се испозаколиме, ќе се запустиме.

    Додуша... зошто да не?
    И таа опција е веројатна.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Зошто да не?!
    Оти не ми е по план и програма]:)
    Нека си организираат двобој со пиштоли ако нешто не им е погодено, не вака цел свет заложници оти некому е досадно(wtf).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    И јас сум “За“, ама кој не' прашва...?
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    190.877
    Врло веома интересантно
    https://www.index.hr/vijesti/clanak...5632&index_ref=naslovnica_vijesti_najnovije_d
    Ова од вчера останало...

    Денес стигнало и до македонските заспани медиуми
    https://sdk.mk/index.php/svet/reale...raneto-na-tsentralata-vo-zaporozhje-velat-on/
    А штом до таму стигнало, не е теорија на заговор.
    Значи Русите сами себе се гранатирале и ќе го јадеме стапот. Оу, бој:x
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Нека се испотепаме побрзо и ај у пи*ку матер!
    Секоја година има некоја криза, некоја војна.

    Ко не ни иди умот, не мора ни да постоиме на планетава.
    Се' испустивме, сами се пустиме...
    Вирусите се пофер од нас.

    Во право беше Agent Smith
     
    На Vil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.137
    Пол:
    Машки
    Од Никопол гаѓале Украинците кон Енердогар, преку Днипро е тоа, 15-тина км оддалеченост, и тоа со артилериски гранати, советски, стари, не со ХИМАРсите, прецизните. И тоа само затоа што Русите решиле да ја исклучат нуклеарната централа од нивната електро мрежа.
    1 реактор е исклучен, другите се стабилни.
    Не се нормални, жими све.

    :fubar:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    „Рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како оружје и ја доведе Европа на раб на енергетска криза“, кажа данската премиерка Мете Фредериксен на конференцијата за медиуми.

    Чекај сеа, нели санкциите против Русија ќе беа успешни? Нели тоа што ги забранија руските мачки на некојси натпревар за мачки ќе вродеше со плод, посебно тоа што го избришаа името Јуриј Гагарин од страна на Вселенската конференција, Русија ќе се предадеше и ќе завршеше војнава?

    Аах, бре...
     
    На buba4e89, Biljarkata, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    4.332
    8-| Го читам говорот на претседателката на европската комисија даден некни на Стратешкиот Форум во Блед, Словенија и се прашувам кај живее женава? (facepalm)

    Украинците биле страствено посветени на обнова на нивната земја - новата Украина која ќе имала посилни институции, модерно судство, дигитална и стабилна економија но за да се постигнело тоа требало енормни ресурси за реконструкција... Од каде ќе ги соберат тие пари? Како мислат да го постигнат тоа во земја каде корупцијата е драстично поголема од онаа на балканските земји? Од што е толку сигурна дека средствата навистина ќе завршат на вистинското место? Демократијата во Украина морала да се подржи... Како може да има демократија во земја каде владее режим покорумпиран од тој во Русија која ги нападна?
    Кој ќе ја гради новата модерна, позелена и подемократска Украина ако повеќето бегалци останат во странство? Кога заврши војната во Босна есента 1995, само 30% од бегалците се вратиле од Канада таму.
    Ќе сакаат ли украинците да се вратат дома од просперитетната ЕУ?

    Понатака во говорот вели дека Украина морала да ја добие оваа војна... како? Со испраќање на оружје кое во поголем дел бива уништено набргу откако ќе ја премине границата? Дел од оружјето завршува препродадено на црниот пазар на блискиот исток и Африка, а со остатокот не умеат правилно да ракуваат... Кога и како Украина ќе плати за сето тоа оружје (софистицирана воена техника никој не дава за беспари)? Таа така речи утре би колабрирала економски доколку ЕУ секојдневно не би пумпала пари таму, а камо ли во иднина да плаќа за воената помош.

    Санкциите не дека не ја болат ич Русија, но најмногу ја здоболуваат самата Европа која си се пука себе си во нога, а ги засилува економиите на Кина и САД.
     
    Последна измена: 31 август 2022
    На Biljarkata, Konfetka, sweet&girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Во Лалаленд.



     
    Последна измена: 31 август 2022
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.089
    Допаѓања:
    131.329
    Пол:
    Женски