Тој украинскиот претседател не ни личи на претседател. Обична бараба собрана од улица да обработува за други. Само чита од сценариото. Греота за народот што страда
Sepak realno Rusija e kriva taa ja zapocna vojnava. No toa ne go opravduvabfaktot deka Rusija moze Sto saka da Pravi na tugja teritorija. Zelenski se bori razbirlivo e . No mora da se resi vojnata po diplomatski pat.Mora oblasta okolu Donbas da se definnira no I da bidat vo idnina da go resat statusot na Donbas kade NEMA da I'm se vrsi torture na rusite koi tamu ziveat.Ne smee ukraina da bide radilakalna Prema rusite. Da prestane da gi slusa zelenski USA I da razmisli deka sepak so doplmatja treba da se postigne mir. Istoi Putin treba da svati deka diplomatists treba da bide mudra.na ukraina I e potreba neuralnost za mir.n
Од рубриката ,,Услуги направени на Русија од страна на тие што ја санкционираат". А ние зимоска ќе се грееме на јамболии, пошто струјата ни служеше само за полнење телефони.
И најнова вест... Зеленски ќе ја легализира порнографијата. Тешко на Украина со ваков претсетател, тешко на нив. Село гори, баба се чешла. Немој случајно да преговараш за мир, немој никако. Рентај си вили у Италија, легализирај порнографија, а бе сѐ.
Кратко резиме на политичките изјави и настани во изминатите ден-два на оваа тема: Путин ќе пропаднел, Европа ќе победела вели претседателката на ЕК, ама важно овој си ги повратил инвестициите од 100 милијарди, а плус искеширал профит од 58 милијарди евра. Во меѓувреме според високиот претставник за надворешна политика Борел, ЕУ речиси ги исцрпела своите оружени резерви а САД со изјавата на Бајден ѝ вртат грб на Украина, па претседателот на Турција ја предупредува ЕУ дека „Ќе го жнеете тоа што го посеавте„. Среќа Македонија не е во ЕУ па ништо од ова нема да ја погоди... или??? А фронтменот на бендот Пинк Флојд испратил отворено писмо до првата дама на Украина.
ЗАПАДОТ ЛАЖЕШЕ, ЖИТОТО ЗАВРШИ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ "Западните земји лажеа кога тврдеа дека на Украина ѝ треба пристап до поморски бродови за да ги ублажи зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Според него, повеќето од житото завршило во земјите од ЕУ. Тој истакна дека треба да сменат условите во договорот кој Русија го постигна со Турција и со ОН. Меѓу другото, тој кажа дека Западот нема сила да ја изолира Русија со санкциите, но дека тие може да бидат закана за целиот свет. На 30 август, Програмата за храна на ОН објави дека испратила втора пратка со помош во храна од Украина. Бродот превезувал 37.000 метрички тони пченица во Јемен. Путин нагласи дека само два брода од повеќе од 80 што ја напуштиле Украина всушност патувале во мисии за ослободување од глад." Ако нешто видовме од распределбата на вакцините е дека никому не му е гајле за сиромашните земји, солидарност и помош нема да има за нив. Ќе бидат оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат како знаат и умеат. Изгледа ние не ја научивме лекцијата, па еве сега ќе го плаќаме цехот. Ајде, зимово ќе чекаме донации за струја и храна од членовите на форумот што рекоа дека не им е проблем да платат од џеб за помош на Украина.
Па не им е проблем, пошто повеќето не ни имаат видено вистинска сиромаштија и немаштија. Лесно е да зборуваш од позиција на комфор. Кај е таа со локацијата, локацијата, локацијата да ја прашам волнените џемпери дали и се спремни. И после се ова уште некој си верува во приказни дека ова сето не е супер смислена политика на највисоки нивоа од кои нормално, прво ќе страдаат сите оние кои најдиректно се засегнати, а после и ние, обичните луѓе насекаде во Европа. Мерете си вие сеуште кому му е подолг, на Русија или Америка.
Личел, не личел "добро" му ја скрои на народот. Кога тогаш ќе ја рокнат нуклеарнава овие ЦРВЕН АЛАРМ: ИТНА ЕВЕКУАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ РАДИ ВАША БЕЗБЕДНОСТ – СИТЕ ШТО СЕ ВО БЛИЗИНА НА НУКЛEPKATA ВО 3АПОРОЖЈЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ, УКРАИНСКИТЕ ВЛАСТИ СО АПЕЛ Во средата Украина ги повика жителите на областите окупирани од Русија околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност, објави Ројтерс. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат дека ја гранатирале нуклеарната централа, најголемата во Европа, ризикувајќи од нуклеарна катастрофа. „Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје… евакуирајте! Најдете начин да стигнете до (украинската) територија под контрола“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук во објава на сервисот за пораки Телеграм. Протераниот украински градоначалник на Енерходар, главниот град кој ја опслужува централата, во посебна објава на Телеграм рече дека е под оган од руските сили и дека градот е без електрична енергија. Русија негира дека цели на цивили и го обвинува Киев за гранатирање нуклеарна централа. Kurir.rs/Reutres
Колку ми е ова... морбидно(?) Не знам што да кажам. Освен дека толку колку што изградиле во овие неколку месеци не било изградено во државава откако се осамостоила до сега.
Долга ќе биде зимата. „Гаспром“ со злобно видео ја плаши Европа како ќе се смрзнува Енергетскиот гигант им се потсмева на Европејците дека ќе се смрзнуваат во долгата зима Рускиот енергетски гигант „Гаспром“, контролиран од државата, ја исмева Европа со злобно видео предупредувајќи за долга зима со снег и мраз што ќе го зафати континентот. Двоминутниот клип со наслов „Зимата ќе биде долга“ покажува како Европа ќе замрзне среде превисоките цени на енергијата предизвикани од инвазијата на Русија на Украина. На снимката се гледа како работник ги исклучува вентилите, испраќајќи ја иглата за притисок на гасот на нула, додека ледените облаци злобно лазат по екранот, прошарани со воздушни снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон. Видеото е придружено со жена која со слатки тонови ги пее зборовите на традиционалната песна „Зимата ќе биде долга“ од Јуриј Визбор. Го содржи мрачниот текст: „Види, преку реката, есента тивко умира… А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“. Нефункционалниот гасовод „Северен тек 2“, кој беше суспендиран од Германија како санкција против руската инвазија, исто така, е во видеото. Клипот завршува со снимка од седиштето на „Гаспром“ во Санкт Петербург, покажувајќи го центарот Лахта, највисоката зграда во Европа. Видеото беше објавено додека Европа се бори да ја запре енергетската криза што може да доведе до прекини на струја, затворени фабрики и длабока рецесија. Русија драстично ги намали испораките на евтин природен гас од кој континентот зависеше со години за да работат фабриките, да произведува електрична енергија и да ги загрева домовите. „Гаспром“ рече дека „Северен тек 1“, главниот гасовод што носи гас до Германија, ќе остане затворен, обвинувајќи го истекувањето на нафта и тврдејќи дека проблемите не може да се поправат поради санкциите кои забрануваат многу зделки со Русија. Европските претставници велат дека тоа е енергетска уцена, чија цел е да се изврши притисок и да се подели ЕУ бидејќи ја поддржува Украина против руската инвазија. Заменик-извршниот директор на „Гаспром“, Виталиј Маркелов, во вторникот изјави за Ројтерс дека „Северен тек 1“ нема да продолжи со испораките додека „Сименс“ не ја поправи неисправната опрема. „Сименс“ рече дека не ја разбира претставата на „Гаспром“ за ситуацијата. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги обвини САД за енергетската криза. Таа рече дека САД ги втурнале европските лидери кон, како што го нарече „самоубиствен“ чекор за прекин на економската и енергетската соработка со Москва. Запирањето на гасоводот „Северен тек 1“ значи дека испораките на руски гас се намалени за 89 отсто во однос на пред една година. Русија порано снабдуваше 40 отсто од европскиот природен гас, а уште повеќе во Германија, каде што евтината енергија беше столб на економијата. Сè уште има дел од рускиот гас што тече кон Европа преку гасовод што минува низ Украина во Словачка, а друг што минува преку Црното Море до Турција, а потоа кон членката на ЕУ, Бугарија. Русија почна да го намалува гасот уште минатото лето, пред да започне војната во Украина. Тоа значително ги зголеми цените на гасот. Потоа „Гаспром“ го прекина снабдувањето на голем број европски земји откако тие одговорија на избувнувањето на војната со забрана на многу зделки со руски банки, бизниси и лица. Намалувањата доведоа до зголемени цени на природниот гас, кои достигнаа рекорди во изминатите неколку недели. Со оглед на бавното ограничување на руските испораки од минатото лето, експертите велат дека Европа треба да биде подготвена за нула руски гас оваа зима. Дури и кога се намалуваше продажбата на гас, вртоглавото покачување на цените помогна да се одржи приходот на Русија од тие продажби. Увозот на нафта и гас првично беше ослободен од санкции бидејќи Европа беше зависна од руската енергија. Европа го забрани рускиот јаглен и ќе го забрани најголемиот дел од руската нафта на крајот на годината. Приходите на Русија од извозот на фосилни горива достигнаа 158 милијарди евра од февруари до август, според Центарот за истражување на енергија и чист воздух со седиште во Хелсинки. Но, нафтата има тенденција да биде главниот заработувач на пари на Кремљ, и за разлика од гасот во фиксните цевководи до Европа, може да се продава ширум светот со танкер. И гасниот однос со Европа може да исчезне засекогаш – а со тоа и секое влијание што можеше да го донесе. „Протоците на гас од Европа повеќе не играат улога во моите пресметки“, рече германскиот вицеканцелар Роберт Хабек. „Единствената веродостојна работа од Русија се лагите“. „Русија не изгуби ништо сега што веќе го немаше загубено… оваа зима е последна шанса да се користи гасното оружје, успешно или не“, твитна Јанис Клуге, експерт за руска економија во германскиот Институт за меѓународна и безбедносни работи. ВИДЕО: https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/09/гаспром.mp4?_=1
За волја на вистината истиот тој Гаспром е неспособен или безволен да го гасифицира милионскиот Краснојарск во Сибир каде се снимани делови од спотот, иако имаат доволно пари. Но тоа не ја намалува опоменувачката вредност на пораката дека поголемиот дел од ЕУ ќе си пожнее (прашање дали токму предстоечкава зима или подоцна?) тоа што недоволно промислено посеала. Исклучок е Унгарија, ќе видиме дали и Чешка. Најпаметно би им било како членки на V4 да ги убедат другите две - Словачка и Полска (последнава малку потешко) да не си играат играчки со енергенси бидејќи на западна Европа нема да ѝ биде многу гајле за економските штети на централна Европа. Инаку песната е многу убава, еве линк до целата отпеана од Варвара Визбор внуката на Јуриј кој починал уште 1984 кога Украина и Русија биле братски републики во составот на Советскиот Сојуз. Во пропагандниот спот го имаат скратено текстот каде се вели дека Русија е таа што плаче (а можеби затоа што мислат дека на крај последна ќе се смее?). Ова е оргиналната снимка.
Потоп на втората најдобра војска А? Така е кога сакаш да земаш туѓа територија и да вршиш агресија на туѓа држава !
Нешто сега слушав на вести Русиве објавиле на нивната национална Тв по прв пат дека се повлекуваат. Толку беше си ја постигнаа целта и двете страни или? Што стана? Ја не сум во тек, ова само наслушнав.
Ааа значи се повлекле 200 дена војна. Целта е постигната, Русија ја има втората најсилна војска. Во Украина. 200 дена во бројки:
Русија ги губи окупираните територии, а Европа ja губи енергијата и стандардот, за почеток ќе штеделе на атракции. Додека имаат доволно пари, ќе им помагаат на сопствените граѓани, а потоа? Добиена битка нужно не мора да значи и добиена војна. А и не вреди многу победата ако Украина остане неспособна да ги сервисира долговите. Украинскиот претседател вели дека следните 3 месеца ќе биле одлучувачки. Но од украинска победа, ситуацијата може да се претвори и во руска стапица. Дали ќе има противнапад од русите или тоа ќе го набљудуваат со скрстени раце? И тоа така (падни-стани, напред-назад) може да се влечка со години, проблемот е што остатокот на таквата мачка-глушец игра остатокот од Европа не би можела да го издржи. Интересно ќе биде да се види како ќе се држи во иднина Кина? Засега е неформално сојузник со русите, но доколку Русија ослаби драстично (што е всушност вистинската цел на војната) дали ќе остане да ја третира како сојузник или покрај Тајван ќе посегне и по териториите во Сибир која таа историски ги гледа како свои?