Битката на Украинците не е за германски плати во моментов, туку за територија каде имаат по 40, 45% украинско население кое привремено е раселено од Запорожје, Херсон, Крим. Така сфатив затоа што имаше постови со Украинци кои се на други краеви раселени и со транспаренти беа фотографирани каде порачуваат дека сите тие региони се Украина. Дали има Украинци во окупираните територии, не знам, веројатно има, ама колкав процент. Е сега и околу мене има многу луѓе кои велат „ќе видиш Русија што ќе направи сега“. Кога е тоа сега? Поминаа најмалку 200 дена. Можеби во 2025 година Русија нешто ќе направи. И не знам како една Русија падна на тоа дереџе да бутка расплакани мажи во автобуси за да војуваат. Тие ли ќе ја донесат победата? На нив ли се чекаше досега? Што е со воeните лица? Менуваат генерали, а неколку им загинаа. Зборуваме за огромна Русија со 154 милиони население. Украинците беа исплашени на почетокот, а сега веќе мислам дека се охрабрија кога видоа колку Русија потфрла. Имаше анализи дека Русија 30 години ќе трпи економски последици од санкциите. Ама па тие на раскош не се навикнати, како нас. Имам неколку Украинци пријатели на социјални мрежи, и ниту еден не го напаѓа Зеленски, напротив, сите се со став дека не треба да дадат ни педа земја. Имам пријател Украинец кој е слеп со едното око, никаде не побегнал, напротив се жалеше дека затоа што е слеп со едното око не му дозволиле да си ја брани дражавата, а живее на друг крај каде е сосема мирно.
Ама тие референдуми не ги признава никој, ама баш никој, па ни Србија на пример, иако таа е небитна во овие околности. И јас моето село ќе го анектирам, ама ако никој не го признава тоа, само пуста желба ќе биде.
Знам. Истото и дома ми го кажуваат. НО, немаат намера да освојат 45 милиони, туку место каде живеат само 9 милиони, мешано население не само Руси, нели, а агресорот брои 154 милиони? Како е тоа можно да не успеат? Тројна разлика е тоа. Во Украина имаш 77% Украинци, другите се малцинства. Како е толку тешко да се освои едно парче земја, и со месеци да го „освојуваат“?
Затоа и наредниот период (ќе)е интересен. Србија е во ќош напикана иначе со оглед на ам ситуацијата со Косово, очекувано е да дека нема да ги признае. Тој никој што го спомна е иначе западот(ЕУ и САД)исто така очекувано..Тоа што не ги признаваат гласот на народот што наводно го бранат и спасуваат says much doesn't it?
Ама ЕУ и САД се главни играчи. Ако ги признае Зимбабве на пример, се ќе биде ок нели, ќе се спојат. Инаку, верувам дека ако дојдат до нови тури оружје дека Украинците ќе ги поттиснат Русите и ќе им остане само Крим.
Тие што избегаа, дел од нив се вратија веќе. Никој не им посла црвен килим, никој не им дава леб за џабе и лепе очи. За грев, и таму и ваму, каде и да се. За грев и за нив, и за нас, мада нашиот грев допрва почнува. За туѓи бели дворови...
8.5 Милиони ќе добијат Русите од новата територија, преку 3 милиони Украинци (Руси), веќе заминаа во Русија. Тој регион е најбогатиот регион со жито, огромна житница. Донбас е регионот каде што има најголеми рудни богатства. Да не зборуваме за морето, приморските градови и колку се тие важни. Буквално тој регион ја ранеше цела Украина, сега го изгубија за навек. Иначе во Косово немаше ниту референдум, со парламентарно гласање прогласија независност и цел тој Западен свет го призна. Па иако сите останати нормални држави не го признаваат (1/3 од светот), еве гледаме Косово како територија оперира независно од Србија. Овде има бар референдум каде што граѓаните имаат можност да си се изјаснат дали се за припојување или не. Според тоа што истите тие граѓани уште од 2014 војуваат против Азов, Прави Сектор и останатите нацистички батаљони во Украина, како и против Украинската Армија, која секојдневно ги гаѓа со ракети, им убива цивили, деца. А и на цела оваа операција воглавно се борат војници од ЛНР, ДНР, платеници... Руска армија нема влезено во Украина до сега. Ова е прв пат што ќе влегува, и тоа за заштита на овие региони, не за напад. Така да, воопшто не е чудно што тие луѓе не сакаат да се дел од Украина. Како што и претпоставивме тука уште зимото, санкциите не само што не дадоа ефект, туку напротив, Русија економски е во огромна добивка, рубљата им порасна и им се зацврсти. Доларот порасна, како што претпоставивме, Америка ќе е во бенифит, а Европа, дека ќе паѓа, ќе има високи сметки за струја, ќе се мрзнеме зимово и сите цени ќе отидат во плафон. Епа, на здравје нека ни е.
ЕУ, САД и Русија. Што ќе биде сега кога Русија смета дека и официјално има право да си ја брани територијата (го признавале овие референдумот или не) а со тоа и драстично се заостри и она, а овие не го признаваат референдумот, тоа е прашањето? (Реалниот) одговор повторно нема да го најдеш во западњачки пропагаторски машинерии. @Tanjamm
Знам дека поради рудни богатства Украина не го дава тој дел. И јас да сум на нивно место, и јас не би го давала. @INNERBEAUTY oстанува да видиме што ќе се случи. Инаку имаше статистика, 12.000 дошле во земјава откако почна инвазијата, најголем дел жени и деца, а 10.000 веќе се вратиле назад. Ние би биле бетер од нив. Ние во мирни услови не се вртиме назад, не во воени. Еве ви бројки од текст на Фактор Во период од 24 февруари кога почна руската инвазија на Украина, до 24 јули вкупно 12.159 лица од Украина оствариле влез на територијата на Република Северна Македонија, а 10.174 лица оствариле излез од територијата на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата. Од нив 2.256 се под 16 години, а 157 лица се над 70 годишна возраст.
Не Украина, Америка не го дава. Украина никој не ја прашува. Излезе податок од Шведската разузнавачка агенција дека Зеленски бил спремен да потпише мировен договор 5 дена по почетокот на војната, ама Бајден му се јавил да не помислува на такво нешто. Сите тие рудници таму на истокот се во сопственост на Бајден, Blackwater и останати огромни конгломерати кои ги имаат земено на концесија на којзнае колку години за ич пари, исто и житните површини се откупени од овие приватни магнати од САД. Од војнава најголема добивка има токму САД, договори во билиони и билиони се склучуваат за дотур на оружје во Европа, профитираат од нафта, од гас, од храна... Буквално цело жито им го "украдоа" на Украинците... Не знам со што ќе се ранат тие останати 30 милиони или колку и да се...
Како и да е, Украина е на Украинците, не на Американците, и не на Русите кои дошле пред 2-3 поколенија. Тоа што во некој град има 45% Руси, и 45% Украинци, а другите се малцинства, не е доволен мотив за припојување со Русија. За мене не е. Сите што давате поддршка на сепаратизмот, кажете што да правиме со Тетово каде Македонците паднаа на едвај 18%, Гостивар е бетер, и Дебар не е поарен, па ни Струга. Тие Руси таму имаат плитки корења, дошле пред 80, 90, 100 години. Земјата не е нивна никако. А и да се спојат со Русија, абе ќе процветаат, што да кажам. Абе @Billy Idol глави летаат секој ден, тие за житото ќе му мислат каде ќе отиде. Жито пак ќе се роди, догодина ако даде Господ, жртвите нема да се вратат.
Сакаат да ти кажат дека исходот за украинците е ист, за жал Украина не е на украинците - или ќе биде на американците или на русите. Кој и да е исходот, нема да е на украинците во никој случај за жал.
Да, ама тие немаат многу избор. Како и ние. Тие барем се борат. Ние да сме ќе фатиме штрафте на црно ако треба преку некоја којза патека и преку граница.
Не знам дали се борат оти мораат или оти сакаат... кога не се бориш за себе не верувам дека се бориш од срце - лавовски.
Ова е статистика колку излегле од Македонија. А не колку се вратиле во Украина. Ние сме попатна станица до позападните држави. Не верувам дека голем дел се имаат вратено.
Порнографијата е (или беше?) забранета со закон во Украина. Сега потпишуваа петиција да ја дозволат за профитот да го вложеле во војната, т.е. одбраната.
Одамна јас пишав дека за жал Украина ја има истата судбина како Македонија, само од обратната страна. И како тука што нашиве Албанци, иако не е поарно ама ич во Албанија, си сакаат да се спојат, исто и тие Руси сакаат со Русија, и сега го искористија моментот, а крваво го платија. Мене многу ми е жал за нив, највеќе за нив, пошто 8 години беа убивани, мачени и гранатирани од Украина, се бореа, и еве уште се борат, а Русија ама буквално со прст не мрда за да го спречи тоа. Бар да спречеа Доњецк да го бомбардираат. Деца им гинат секој ден. Ништо. Исто и со Харковската област што Украина си ја врати со контра офанзивата. Сите тие жители таму ги масакрираа што ја поддржуваа Русија, а Русите ништо не направија да ги заштитат. Не за џабе рекле: "Не дај боже Рус да те брани". Украина имаше два избора. 1. Да потпише договор, да им даде автономија и да им биде државата заглавена во сите процеси, да се бара бадентерово мнозинство, како кај нас. 2. Да им ја разрушат државата, да и изгинат млади како војници, луѓето да се иселат засекогаш и да ја го изгубат најубавиот дел. И, ако они се прашуваа, ќе го одбереа првото, ама пошто Америка се прашува... Еве што се случува.