Па што. Ти секако оправда фрлање на осиромашен ураниум на Косово затоа што Србите имале крв на рацете уште од Сребреница. А, и кај нас рече имале право што ни направиле војна и ни масакрираа цивили во Маврово и саботажи во Вејце каде изгинаа млади деца. Утре и тактичка нуклеарка да фрли Путин, и него ли вака ќе го правдаш, како што веќе ги правдаш НАТО за нивните психопатски злосторства?
Не мом да ти објаснам. Те задоиле со гнев, ти врие крвта... млад си... Само неќам да умирате. Колку шо памтам, не си многу постар од ќерка ми... Можи на то да остајме?
Тие не користат дипломатија туку долеваат масло во огнот испраќајќи оружје и муниција на Украина кое потоа се употребува делумно против руските војници но и цивили, а делумно завршува препродадено на црниот пазар во Африка и Блискиот Исток. Русија во тоа однесување на западот наоѓа додатен изговор за своите напади и војната само се влошува наместо да се оди кон мир. Ако не се лажам, според меѓународното право Русија би можела да обвини некоја од западните земји - да речеме Германија, дека таму се прозиведува оружје и активности против нејзе и да изврши превентивен напад. Нуклеарната зима е само хипотетичка. Главниот проблем би бил затруената храна од радиоактивната прашина, зависно од јачина на бомбата, висината на која се активира како и временските услови во тој момент. Некои смируваат по интернет дека Русија ионака немала функционални нуклеарки (таквите бомби имаат ограничен рок на употреба, скапи се за одржување) меѓутоа и една да фрлат, психозата која би била предизвикана кај обичните луѓе ширум светот би била огромна и тоа би се одразило драматично врз светските пазари. Тие не се виновни, виновни се западните политичари кои ги поттикнаа и охрабруваа да ја провоцираат Русија иако беа свесни дека одговорот ќе биде брутален и на штета на Украина и нејзините цивили. Она што не беа свесни (или сепак беа?) дека тоа ќе се одрази и врз нивната западна економија и граѓани. Во Хрватска беше тоа. Како можел да загине од агресијата на ЈНА ако бил војник? Инцидентот го направиа парамилитарните хрватски единици кои пукаа врз ЈНА. И ЈНА не беше само Србија, таа беше составена од сите републики а се обиде да интервенира првично за да го спречи распадот на СФРЈ, но и меѓуетничките судири помеѓу хрватите и српското малцинство во Хрватска. Дури подоцна есента 1991 ЈНА се сведе воглавно на црногорски и српски персонал.
Аха, од втор ред. Не во тој период.Порано од тоа. После тоа не.Не дека не страдале.Страдале, ама нанесувале и штета. Не беа невини и не се невини.Чест на исклучоци. САД имале право? Аха, оди кажи им го ова на семејства кои загубија сакани тогаш.Па, кажи дали ќе се воодушеват. САД немаа право. САД се најголемите гадови на светов.Најголемиот дел од војните низ светов се нивна креација.
Да се вратиме на Путин. Првата глупост на која многу се подлажаа е дека војува поради НАТО на граница. Ова беше територијален напад и војна на Русија од почеток! Што направи Путин. Финска и Шведска во Нато. Изгуби ,му умреа 50 000 војници,нечии деца за болештините за големата руска држава на Путин ! Моралот на нивната војска никаков. Засекогаш изгубен углед во светот. Засекогаш изгубен близок народ. Обединување на европските држави како никогаш досега ,па и новава италијанска премиерка Мелони е проукраина. Долгорочно Украина ке биде извор на плин бидејки го има. Европјаните ке ја диверсифицираат набавката на плин. Цената на плинот ке паѓа па Русија ке се слика со уцените, а се потешко ке продава оружје (втора најважна ставка)бидејки никој ннема да им го купува. Санкциите ке останаат. Странските фирми нема да се вратат. Надополнете… Русија не е никаква демократија,може ке прогласат победа ,а и ке поверуваат истите кои веруваа дека се многу јаки,повеќе да се плашиш ако нишанат на Берлин па го погодат Скопје ,до толку се сруши митот за големата руска војска. Но,оваа војна долгорочно ке има огромни последици за руското друштво,благодарение на лудакот кој не можат да го сменат со години. Дури и да се вратат позициите со некој мировен договор на некој статус од февруари Русија е длабоко поразена држава. Нашите Левица и трендо (офф нет)путинољубец, и нивните следбеници ке си го голтаат јадот со поразот на Путин.
@Cosmi Што ти е тебе уште смешно бе? Во кој свет ти живееш? Дали си свесна уопште што се дешава и колку смешна испаѓаш ти само?
@Cosmi , јас овде во локалните медиуми читам само за тотално несогласување на европските држави по скоро сите прашања. Италијанката посебно не им е по мерак на повеќето, ултра десничар е. Русија не е демократија, ама па Европа си ја покажа демократската страна ептен Една по една држава со профашистички влади, абе цути демократијата низ Европа како никогаш до сега Едит: Шведска и Финска во НАТО под притисок на Америка. Никаде Путин не ги отера, туку Бајден и само Бајден.
Десничар да не речам неонацистка Мелони но е проукраина и со јавна подршка на Зеленски. Неонацисти се повеќе ке бидат на власт во Еу поради “индијанците” во гетоа кои ви се тепаат во Гетеборг и Малме ,а и поради разноразни мигранти во Европа. Но,за разлика од Европа каде можеш легитимно да избереш власт во Русија не можеш. Впрочем и затоа се иселивте во демократски и високо социјални држави во Европа,не заминавте во Русија. Шведска и Финска се во Нато по најголема заслуга на Путиновиот напад на Украина. Да беше Америка ќе беа и претходно.
Индијанците сме НИЕ, балканците. И ред други, ама прво нас ќе нѐ ставам на списокот., меѓу првите сме, јеј, најдобри сме Не се по заслуга на војната во Украина апликациите за во НАТО, барем на Шведска не. На почетокот тогашната влада овде во Шведска беше категорично против. За после разговори со официјални лица (т.е. неколку воспитни) да почнат да го вртат ставот на другата страна. За во Финска не сум сигурна, не ја следам состојбата редовно и не знам како точно беше. Да, се иселивме во демократски и високо социјални држави каде што пред сѐ има(ше) многу поквалитетен живот. Јеби га, еден е, во Македонија со ваков начин на размислување и гледање на животот не планирав да трошам уште од него, и тоа што беше таму беше повеќе од доволно за десет, не за еден живот
Не,не сте вие. Вие живеете мирен живот и интегрирани сте и се трудите да се интегрирате,за разлика од “индијанците” мигранти кои не се интегрираат и прават проблеми. Тие им сметаат.И затоа неонацисти ке победуваат. Шведска инаку со години беше под пририсок за Нато,годинава се сложи. Заслугата без разлика на се ќе му биде впишана на Путин и неговите отворени закани кон сите.
Викам „ние„ затоа што сме сите Балканци во еден кош ставени, заедно со сите други доселеници и азиланти. Конкретно ние дома мирно живееме, ама очигледно други не чим сме во таа група на немирни уште од поодамна. Не само политичарите, и народот не сакаше во НАТО да влегува. Односно уште не сака. Колку сака нека објавуваат резултати од испитувања, повеќето и гласно се имаат изјаснето дека не сакаат да влезат во НАТО. Во опасна каша се и Шведска и Финска, поточно сите сме. Ова со дупките во гасоводите премногу ја продлабочи кризата. И така беше без излез, сега па апла се гледа кон што води ова.
Каква корист има Путин ако Украина не влезе во Нато,а истовремено Шведска и Финска влезат?Нато повторно ќе му дише во врат.
Погледни ги тие земји на мапа и ќе ти стане јасно. Тоа не е проблем затоа што Финска и Шведска не граничат со Крим и немаат излез на Црно Море - единствената топловодна воена база на Русија. Но ако Украина влезе во НАТО, тогаш тој простор - стратешки излез на Црно Море а со тоа и пристап кон Медитеранот и другите мориња се губи. Освен тоа Шведска и Финска не се антируски настроени за разлика од Украина. Финска има руско малцинство околу 30,000 а Украина над 8,000,000. Исто така Русија нема територијален спор со Шведска и Финска (барем не отворен). Проблем би било единствено доколку тие нордијски држави дозволат распределба на ракетни системи на нивна територија.
Сите оние на кои лудакот се заканува со нуклеарки. Не сте исти ниту приближно со тие од бандите што прават нереди низ Шведска,ниту треба да бидете ставени во ист кош. Според анкетите пола /пола ама како и да е,да не беше агресијата на Путин ,немаше да се убрзаат работите со Нато. Излез има и ќе има. @daylight Финска е исклучиво антируска уште од нивната војна 1939. Како не е Финска антируска кога во војна биле,кога русите истото што се обидуваат да им го направат на Украинците сега им го направиле и на Финците односно им откинале територија.