Жал ми е за невините жртви што изумреа и од двете страни, обичниот народ ако некој од големите не му го испере умот, тој не сака војна, е така, овде и на двата братски народи за да се задоволат болеснички и алчни афинитети на оние што владеат со светот, им диригираа крвопролевање, а нас огромна економска криза, страв во коски ни вметнаа дали утре ќе имаме леб да каснеме, и дали нема да умреме од студ. Нека се гонат во три мајчине и Путин, и Нато и Зеленски... Сакам мир, после пандемијата со ковидот светот само надолу и надолу тоне, уште оваа војна ни требаше па помеѓу редови, вие што го напаѓате лудакот Путин, со тоа што го оправдувате 'угнетеното' малцинство кај нас, и велите дека во право биле за 2001, бетер сте од Путин! СРАМ ДА ВИ БИДЕ, НЕКА ВИ СЛУЖИ НА ЧЕСТ!
Се повикувате на сите светски проблеми и на сите можни земји од САД до Европа, со цел да го амнестирате убиецот Путин. Никој не е должен да решава туѓи проблеми, ама баш никој, ни САД ни Европа, ама тоа не значи дека Русија може да прави што сака. Под нозе им гори на Украинците, не на Американците. Биле измамени? Сите земји и власти биле измамени, ама тоа не е оправдание. Цело време спомнувате прозападни медиуми, а руските кај се? Тие не смеат да ѕуцнат, Путин утре ќе ги суди. Имаше и притворени новинари. Јас да сум Украинка од Херсон со 82% Украинци, и тие едвај 15% Руси, да ми прават референдуми пред нос, да ми се печат, да ми се закануваат, па кожа ќе им одберам, тапан ќе ги сторам бре. Ем малку, ем со плитки корења, и ќе ми се маваат во гради, ќе ме малтретираат. И средете аргументи, од една страна тврдите дека Украинците ги малтретирале Русите, ама после велите и тие Украинци гласале на референдум да се спојат со Русија. И нормално дека во град со 82% Украинци ќе имаат градоначалник Украинец, Русите со под 15% се скоро па небитни. Албанците во Скопје ви се гласачки фактор, Русите во Херсон не. Гледајте ги бројките. Доњецк е доминантно украински, а во Луганск Русите водат со нецели 2%. Едно големо ништо.
Косово многу одамна е доминантно албанско. Во 20 век градовите им биле со 70-80 Албанци, а Русиве анектираат градови со 70, 82, 48% Украинци. Состојба денес. И тие анектираат. Буквално замисли некој да го анектира Охрид, со 80% Македонци. Замисли го само тоа кој апсурд е.
Oni na gosti se tamu? Ako e taka znaci site koi ne se ista nacionalnost vo bilo koja drzava se gosti iako rodeni i ziveat tamu, kazi im go ova na albancite pa ke vidime kako ke projdes. I bravo sto opravduvas granatiranje gradinki. Sto nema da procitam tuka, od pravdanje na konfliktot vo 2001, pa do ova.
Постојано читам како многу луѓе го нарекуваат Путин " лудак , Хитлер , ненормален .. " зошто никој не ги нарече вака америчките компании за производство на оружје и воена опрема со вакви зборови ? Да , Путин ја започна војната , но овие другите постојано профитираат од неа . Скриено или јавно , милијарди долари се инкасирани на сметката на Локхид Мартин ( компанија за производство на оружје ) .. Не бидите со двојни аршини , колку е луд Русинот , исто толку е и Американецот ( и сите вклучени во ова крвопролевање ) . Не поддржувам војна , но демократијата на западот е исто така луда . Зошто Украинската власт не дозволувала референдум во спорните региони по мирен пат ? Бидејќи губи територија ? Је*ем ти територија , народот е поважен . Животот човечки и мирот немаат цена !
Америка и Европа, се виновни во овој случај исто колку и Путин со тоа што постојано вршат дотур на оружје во Украина... Секако дека не им одговара мир, колку само војни за свои цели имаат предизвикано во понова историја. И кај нас го разгорија оганот и после не им дозволија на нашите да се борат, и со хелихоптери ги вадеа од Арачиново непријателите, и не принудија да потпишеме смртна пресуда, таканаречен Рамковен договор, кој и не донесе некој бенефит за нас, освен празнење на буџетот со измислување разни непотребни работни места, комисии и слично, и мал милион непријатности кон нас. Ете така ќе биде и со Украина, ем и даваат оружје, ем после ја пуштаат низ вода, а земјата буквално нема сила веќе и дише на респиратор, ама не, што се должни да решаваат туѓи проблеми, кои притоа се режирани од нив.
Добро. Значи следно по пример на братов Путин кога Албанија или Косово би те нападнале и ќе рече твое Тетово е нивно,анектирано,ти ке речеш ако супер !. Воедно и нема да се браниш ,ќе фрлиш оружјето и ке се предадеш .. Америка е крива! Ало Путин влезе во туѓа држава,!
Јас го разбирам тоа што Европа се обидува воено да ја истроши Русија снабдувајќи ја Украина со оружје. Туку Украинците подготвени да гинат не можам да ги сфатам. Ко да живееле во некоја земја од бајките и сега им се расипала идилата. А таа една од најкорумпираните држави што постојат.
Не те сфаќам. Чудно ти е што се борат да зачуваат територија? Требаше да ги пречекаат Русиве со цвеќе и да се предадат зошто ионака државава не им чини. Ајде и ние на Бугарија да се предадеме тогаш,кај нас и ке нема кој да не брани.
Ја пуштиле низ вода? Не дека ги правдам Американците, ама не се должни со лудакот да испровоцираат Трета светска војна. Таа Украина ни продаде оружје во 2001 и ни прати нивни пилоти, и дали со тоа профитирале или помогнале. Колку што сфатив Украина бара донации во оружје, а не да купува.
Доселени во време на СССР, и присвојуваат нешто туѓо. Ако денес ти дојде гост утре нема биде газда во твојата куќа. Албанците се овде подолго одошто Русите во Украина и Албанците се во поголем процент овде одошто Русите во Украина. 17% Руси доселени пред помалце од 100 години ќе малтретираат се останато. Ма немој.
Ама, Американците сакаат војната да се шири. Тој што нејќе, не праќа оружје и не тера други да праќаат.
Нема врска висина на плати. Си браниш свој дом, она што со мака си го создавал цел живот. Па така оној Украинец во окупираните територии се бори за себе и за своите деца. Ако не, ќе си оди со гаќите на себе. Кој и каде би го примил? И сиромашниот и просечно ситуираниот имаат право на живот. Ова е борба, живот или смрт, не борба за плата од 500 евра или плата од 1.000 евра. И во Украина не се сите сиромашни, имало и луѓе со средени животи, со убава и мирна живеачка. Многу храбри луѓе. Ние на малото прсте не можеме да им се фатиме.
Само со оружје Украина може да си ги врати териториите. Не сум фан на Американците, ама првите денови летаа детски глави, бебиња гинеа. Сега сметам дека Украина има шанса да се одбрани. Ако оружјето го даваше некој друг во ред ли ќе беше?
На темава треба едно нешто да се раскрсти. Нато не дава само оружје на Украина, туку директно учествува во војната со логистичка, сателитска, воена поддршка. Учествуваат огромен број на НАТО батаљони, функционери, и војници. Има 4 полски батаљони моментално на исток, а се очекува уште да се распоредат на запад во Украина. Нападот моментално што се одвива на Лиман, се одвива со странски платеници повлечени од Северск, а има дури и Белоруски батаљон. Англиски, американски инструктори и офицери на терен се оние кои вршат координација и даваат наредби, не украински. Командата е целосно нивна, како на маса и зад завеса, така и на терен, единствено Украинците командуваат на најниското ниво. Така да, не, одамна ова не е војна помеѓу Русија и Украина, тука е вклучено цело НАТО.
Едни исти се расправате на темава, не знам како не ви се смачи и на едните и на другите. Баш вас тука ќе ве праша некој дали некој поддржувате или не, ќе се испотепате уште малце за политики кои немаат врска со ова што ви се презентира и кои се веројатно одамна скроени, сега само уште да си ги одиграме сите улогите
Во однос на економијата, со моите скромни познавања, пред војната имале 2% население под прагот на сиромаштија, а по војната ќе биде 20%. Ова се прогнози од нивни економисти. Кај нас секој четврти или петти е сиромашен. Стапката на невработеност пред војната била двојно помала од нашата. Просечна плата пред инвазијата над 500 евра. Значи работа имаат, а платите се ниски, така испаѓа. Невработеност од 8% ти е ништо. Сигурно во тие има и народ кој не сака или не е способен да работи. Утре ако агресор нападне, нема да си речам "чекај бе, платата ми беше ниска, дај да се предадам, нек ме исецкаат во парчиња", не, ќе бранам она што со мака го одржував сите овие години, а нема ништо поскапо од живот на деца. И верувам дека сиромашен Украинец во Мариупол имал посодржаен живот од сиромашен Македонец во Велес, Неготино или каде било. Видете ги градовите пред војната. Убавина. А за корупција? Сам одлучуваш дали ќе дадеш мито. Криминалците даваат за да му ескивираат на законот. И во сиромашна Украина голем дел од луѓето сигурно имале скромен, но среќен живот. Им симнувам капа на жилавоста. Отворете групи Укранианс ин Еуропе и ќе видите како за минута цела куќа им ја дигнале во воздух, а тие наоружани со знаење, бараат работа и нов почеток било каде. Ние да бевме на нивно место, каков нов живот, во санаториум ќе завршевме.
Што не сфаќаш? Немаш историска меморија? Се борат оти им е речено да се борат. Нас пред 20 години, ни беше речено да не се бориме. И седеа деца на позиции без оружје, оти така било речено. И после со цвеќе ги испративме автобусите со ,,борци за слобода,, и се потпиша шо се потпиша. Газдата е истиот, и тогаш и сега.