Тоа од почетокот се знаеше Били јасно како ден. Украина е само пиунче во целава оваа војна. Сакаа војна и не знаеја од каде да почнат. Барем невините цивили да ги евакуираа.
Украинки масовно работат на шипки низ секое албанско село во Македонија и низ цел свет затоа што животот во нивната земја беше среќен и содржаен. Неколку члена тука е подобро да прекинете со глупостите во секоја страница.
Тоа е ствар на карактер. Нема таква сиромаштија што ќе те натера на проституција. Отвори црни хроники ќе видиш дека и Русинки и Србинки и Албанки ги фаќа полиција на шипка. Под содржаен не подразбирам само пари, туку и места каде ти е милина да прошеташ. Еве може Скопје е посодржајно од Мариупол, којзнае. Податоците ги има на Украински завод за статистика. Повеќето соопштија се само на украински, арно ама има гугл транслејт, а нешто е разбирливо и без превод.
Нормално.Дури и на Русите им е нормално. Те прашав дали имаш податок кој гласал на референдумот...дали само тие 15 % Руси кои непрекинато ги спомнуваш? Бидејќи се појавува бројка од преку 70 % излезност, па ме интересира кои се тие луѓе...
Ако не ги извлечеа, ќе напраеја нашите масакр на цело Арачиново. 'Работат', оти се жртви на хјуман трафикинг. За то албанската мафија е главна
А колку имаш сега внатрешно раселени? Дали е воопшто точна таа излезност? Нели руските цивили се префрлени на руска територија, нели Украинците се внатрешно раселени и се сликаа со транспаренти дека Херсон е Украина? Зошто Русите го заробија градоначалникот Украинец? Па нек се спојат ако Украинците сакаат со Русија, немам против, ама неќе да е така. Не за џабе постои Азов и од уста не ги вадите. Биди прецизна, под 15% Руси.
Премногу сте изгубиле осет со реалност затоа сега го глорифицирате животот во Украина пред војната. Не се работи само за проституција, прочитајте на пример која земја доминира во комерцијално сурогатство. Од убавини жените си ги продаваат матките, јеа рајт. Јас разбирам аргументи за и против, ама не е во ред прво за луѓето што во мизерија живееле таму со години, исто како и во други шупци на светот, како Македонија, делови од бившо СССР, делови од Русија, Африка и многу други земји кои не ги ословуваме како развиени да тврдите дека преубав живот се живеел во тие земји, само зошто вие го имате тој комфор да куцкате на тастатурата.
Не го глорифицирам, но дали е Македонија, Русија, Украина, на крај исто ти доаѓа. Не значи дека немало луѓе со средени куќи и животи. Види статистика, од 2001 на вами невработеноста им се намалува. Мене 8-9% невработеност не ми е многу. Ние имавме 20 и повеќе.
А ти сакаш да кажеш дека е ок ако неколку убави куќи имаат дури другите живеат во мизерија? Дај жено опрај се малце, читај што пишуваш.
Не сфаќам колку не е јасно дека дом се брани.Држвата ти е дом. А инаку Имам. Јас својот дом го одбранив пред 20 год.И имавме оружје.Во секоја куќа. Немавме политичари. А државата остана во свои граници. Во играва Путин има ист газда?штом ја нападна Украина
Значи немаш податок. Важно е да се пишува пропаганда и бројки од ракав. Никој точно не знае што се случува таму со обичниот човек. Но,тоа не е причина да се негираат очигледни и логични нешта, а тоа е дека моментално Русија е таа што се спротиставува на едно големо светско зло,олицетворено во НАТО, чија жртва е најмногу самиот народ на тој простор, Рус или Украинец сеедно.
Чаре им Имаш ли чаре некое сите да имаат одличен живот? Ако имаш кажи го. Ти велиш предобар или преубав живот. Јас зборувам за просечен живот. Нормален живот.
Ти кажувам податоци достапни на интернет. Инаку, да сме престојувале барем месец дена во различни градови во Украина, ќе знаевме дали има или не раздор помеѓу обичниот народ. Податоци од попис и од Државен завод за статистика не се пропаганда, факт се. 70% излезност е реткост на какви било избори било каде во мирни услови, не во воени.
Па што пишува на интернет? Кој и колкав процент на луѓе гласале? Можно ли е и Украинци да гласале,тоа постојано те прашувам...
Човек, убаво ти пишав, раселените Украинц од Доњецк и Луганск се надвор од Украина или во другите градови каде нема војна. Украински функционери споделуваа нивни фотографии на кои Украинците порачуваат дека се против референдум. Таму е нереално да имаш 70% излезност. Нели пола проруски сепаратисти се ранети или убиени? Па и тие се жители на тие региони и фигурираат во список на гласачи. Во мирни услови не се достигнува излезност од 70%, не во воени. А и кој би контролирал? Да не мониторирале меѓународни мисии? Не. Податоците за економија, плати, невработеност, демографија ти се достапни на интернет. За тоа постојат Заводи за статистика.
Ахх фотографии....но што со тие луѓе што останале? И мене ми е пречудна излезност толкава,но уште почудно ми е што не можам да најдам податок од другата страна.
Е и на некои дечки пред 20 години државата им беше дом, сега веќе не им е. Не знам кој потпишал, ако немало политичари. Шо беа тие шо потпишаа, наемни работници? За газдата од Путин не знам, ама ако се замислам, па и не е толку невозможно. Се се одвива според планот, ваљда е ок
Епа тоа ти викам. Таква излезност висока имаш по селана кај нас, Кривогаштани, Ранковце, Старо Нагоричане на локални. Нереално е во воени услови да имаш толкава излезност, со 15% Руси. А што би кажале Русите? Излегоа 10%, од нив 9% се За. Мониторинг никаков. Како Украинците би имале податок за излезност во територија која не ја контролираат? Тешко е да се утврди број на раселени, мртви, ранети, да се идентификуваат луѓе, не па 70% излезност. Нереално е скроз. Инаку, откако почна војната професионално соработував со десетина Украинци од Киев и Полтава. Ти гарантирам дека се многу единствени и консолидирани. Некои имаат роднини Руси, веќе не ги сметаат за живи, така да дека некој Украинец би гласал на референдум да се спојат со Русија? Не верувам. Не си свесна колку се бесни. Не верувам дека Русите ќе имаат мир меѓу Украинци веќе. Сите се овие луѓе на врвни позиции.
Можеби ова е одговорот.....мал број се на врвна позиција. Инаку верувам дека има и проруско украинско население кое го мрзи Зеленски и политиката која ги направи американски робови...така да...
Врвна позиција не зборувам за државна работа, иако запознав и такви, ама не се сите млади, ги има од различни возрасти. И помлади од мене и постари од мене. Еве веќе се пријателив со универзитетска професорка која може мајка да ми биде. Верувај дека ниту еден од Украинците не кажа лош збор за Зеленски, а сите тие се Украинци, не Евреи, не Руси, не мелези. Ги бранам Украинците, не Зеленски, за него немам никакви емоции. Нивниот став е дека тоа е нивна земја, мора да ја вратат, и дека со Русите веќе не сакаат да имаат ништо. Сакаат да си одлучуваат самите за себе, да склучуваат сојузи каде сакаат, со кого сакаат, без диктат од соседот. Да имаше украинско проруско население, војна немаше да има. Може ќе звучи смешно вака што објаснувам, немој да ми замериш, ама тоа што велат проруски Украинци, тоа се Руси од Украина. Исто и за Медведчук кажаа дека е проруски Украинец. Да не те буни проруски украински граѓани? Нема такви. Тоа се Руси од Украина, и тоа е некоја културна формулација, која алудира на државјанство, а не на националност на етникум, исто како што напади во Франција вршат Французи со мароканско потекло на пример. Проруски Украинци реално немаш по 2014 година. Инаку, повеќето од Украинците ми рекоа „Господ да ве благослови, да живее Македонија“, благодарни за оружјето. Тие немаат поим дека ни помогнале во 2001 година, јас им посочив.