Мислев дека се тоа оние на кои им е помила Русија од НАТО. Но,ако нема такви,штета....ќе изгине силен народ....Украина секако веќе не постои...
Ne mozime da ocekuvame deka Rusija ima pravo da zazeme tugja teritorija, ako nie ne bi sakale toa nam da ni se sluci od nekogo. Treba da gi razberime deka im e tesko i deka se bukvalno marioneta vo racete na Rusija i SAD. I sekako, da se nadevame deka sto pobrzo ke zavrsi ludilovo. Kako so vidovme, za nikoj na planetava ne cini.
Проруски Украинец ти е Русин од Украина, никаков Украинец по националност. Имало Украинци со симпатии кон Русија, ама пред 20 години, денес не. Да го сакаш својот потенцијален убиец кој цели на твојата куќа, територија, ама без тебе? Таква болна љубов нема, не постои. Русија ја сака украинската територија без Украинци. Тие од Полтава не ни биле во Мариупол, ама знаат колку е битен, море, пристаниште, петти најголем град, и нормално жалат за сите Украинци кои мораат да бегаат од таму, и нормално дека никакви Руси и Русија не ги занима. Тие ги мразат Русите, ама тие Украинци што пред 5-10 години дошле од Доњецк и Луганск во Киев, што поради работа, што поради тензии со Русите, е тие 100 пати повеќе ги мразат Русите. Нив сега не ги занима кој за какви пиони и жртви ќе ги смета, ги интересира да ги вратат градовите, и толку. Сакаат сами да одлучуваат за себе, и ако грешат, бар знаат сами згрешиле. Реков видни граѓани, сакав да кажам образовани, културни, докажани во своите професии, а не дека Зеленски плата им дава, па не смеат на некој од друга земја лош збор да му кажат за Зеленски. Таман работа. Зеленски ќе замине, нив Украина им е приоритет.
Аха...идила било последниве 20 години. Кај беа тие врвни интелектуалци од Киев кога ги спалија " проруските украинци " од Одеса и ги гранатираа нивните градови Зеленски и компанија? 15 000 мртви проруски украинци....а врвните во Киев молчат, а притоа не ги ни плаќа Зеленски....доцна се сетија дека имаат граѓани и во источна Украина,а и територија...
Не било идила, но односите со Русија биле коректни. Дали во 2001 година ти беше проучк и за спојување со Косово? Дали некој во Тетово беше проучк? Не. Сам против себе не можеш, освен ако имаш некоја болест. Македонец ќе го купиш за пари, Украинците не ми оставија таков впечаток. Вие сте опседнати со НАТО и Зеленски, тие не. Па еве имам пријателка ликовен уметник Украинка. И да, таа е видна граѓанка, но неа не ја боли за загинати сепаратисти, ја боли за Украина. Сепаратист е тој што работи на твое уништување и за такви нормален човек нема сочувство.
Чекај чекај...Македонија убиваше Албанци и им забрани да си го користат јазикот? Какви погрешни аналогии... Во Украина требаше да се уништи се што е руско,било преку убиства или иселување....постојат меѓународни договори кои не се почитуваа....итн...
Секој Украинец зборува руски јазик, и си го користат и по дома дури. Го учеле во школи. Како што вие велите ваљда, свашта, и тие така си мешаат. Сепаратисти се убивани, па е потпишан Мински договор мислам, а не обратно. И во Македонија имаше референдум за Илирида. Македонската војска убиваше терористи, исто како што Украина убиваше бунтовници. Сепаратист е културен израз за терорист. Многу Украинци на попис рускиот го наведувале како мајчин јазик. Имаш податоци за тоа. Јавни се.
Мајчин или не, укинат им бил....во училиштата и во институциите,а по дома можеби и не. Убивани се деца и цивили....секојдневно гранатирање на Доњецк и Луганск...после Минските договори од 2014. Сигурно и Украинци гинеле,бидејќи живееле таму....јас не сум гледала проценти,ти тврдиш дека биле во поголем број....запирам тука,бесмислено е да повторувам она што секој може да го пронајде, ако се одвои малку од пропагандата која е доминантна.
Од интернет за забраните за украинскиот јазик Опресија на јазикот Јазикот успеал да се зачува покрај големиот број макотрпности низ кои што поминал поради неговото забранување од страна на полските и руските власти. За време на власта на советскиот Сојуз, бил изложен кон силна русификација, па на пример, во другите јазици (како што е хрватскиот), украинските сопствени имиња биле транскрибирани користејќи ја руската скрипција. За време на Руското Царство, украинскиот јазик претставувал политичка закани па на тој начин покрај забраната се користел и терминот „дијалект на рускиот јазик“. Во рамките на Соевтскиот Сојуз, била широко застапена полисата на русификација со што украинскиот јазик бил нарекуван „архаичен“ и во пракса се сметал за „помалку вреден“. Јазикот опстојал и покрај двете забрани за негова употреба од Царска Русија и политичките притисоци за време на доцниот 19 и раниот 20 век; во овие притисоци исто така влијание имала и полската влада. И јас тука ќе прекинам, оти не сме само ние две на форумот. Не ги сфаќај како карање овие реплики овде. Тие мислиш така, јас вака, а можеби сме целосно, делумно или воопшто не сме во право. Проверив во библиотечниот фонд на Македонија, од Лесја Украинка, најпознатата украинска писателка скоро сите книги што ги има се на руски јазик. Ете како им го „уништувале“ јазикот долго време.
Бади ленгуиџот укажува дека не е, ама па и можно е, како и да е и со газда и без газда исто e. Парада на ега само, ништо повеќе, а да и борба за ''места'', места никад доста, секогаш може повеќе за да се парадираат тие ега, садизам, комплекси и тестирање граници на човечка глупост одново и одново. Него што е со народов? Трауми ли се у прашање, мазохизам ли или исто така тестирање граници на човечка глупост одново и одново, шо упорно и упорно на исти сопки паѓа ''несвесно''? Судбина, карма... ? Како идеше fool me once shame on you, fool me twice and trice and again and again со милениуми... shame on me?
Само ден од кога прогласија анексија Лиман еден од градовите кои спаѓаа во анектирани региони ослободен од Украинците ! Лиман слободен ! https://twitter.com/Blue_Sauron/status/1576233017491992581 Така ќе биде до секој см на нивната земја вклучувајки го и Крим. Денеска се самоуби уште еден ,директорот на руски железници Пчелников. Исто ко претходниот што се лизна од балкон. Нарцисоидниот психопат кој замислил дека е Петар Велики ликвидира непослушници. Кога ќе го ликвидираат него?!
Србите велат дека Косово е Србија, а населението во Србија не е доминантно албанско. Дури и за време на СФРЈ, Косово било автономна покраина но во состав на СР Србија. Инаку водачот на српските радикали Војислав Шешељ им честитал припојување па некои го прашуваат а би им честитал ли на косоварите утре ако се присоединат со Р.Албанија? Прашање е дали и колку искрено гласале во тие области луѓето. Наративот на западните медиуми е дека тоа го сториле под присила или дека резултатите биле лажни. Но што ако не се? Не велам дека се, но некни разговарав со американски репортери кои биле сакоро во Украина и велат дека ситуацијата е многу покомплексна отколку што се прикажува на ТВ кај нив во САД. Бројни етнички украинци имаат фамилијарни врски со Русија, мешовити бракови итн. некои можеби се чувствуваат навистина побезбедно како дел од Русија отколку дел од матичната земја која за некого е мајка но за некого маќеа. На пр. за време на СФРЈ имаше хрвати и срби во дијаспората кои од дно душа ја мразеа заедничката држава и работеа на диверзии. Од друга страна имаше срби и хрвати кои најбезбедно се чувствуваа токму во таа Југославија.
По 2014 го По 2014 години имало многу разводи меѓу Руси и Украинци во Украина, баш поради сепаратизмот. Кој украински град има над 80% Руси? Има ли воопшто таков? Косоварите не ги сакам, но тие набилдале демографија, па се отцепија. Овие се отцепуваат со многу климава демографија. Климав е и Крим со демографијата. Да сакаа Украинците да живеат во заедница со Русија, веројатно уште ќе беа во заедница, немаше да бидат независна држава, и сега немаше да има и војна. Со тие Украинци со кои комуницирав сфатив дека за Србија знаат многу повеќе, од култура, филмови, до политика. "За Македонија знам дека тешко доби независност како и Украина", баш вака ми кажаа. Откако почна војната, има еден куп анкети за тоа што мислат Украинците за текот на војната, чекорите на власта, каков ќе биде исходот. Ме мрзи сега да барам точни бројки, огромен процент се изјасниле дека Русија им е најголем непријател и тие се За враќање на окупираните територии. Од телефон пишувам, се е тоа на украински, ќе треба до гугл транслејт да читате и анализирате. Ќе ти пуштам во инбокс линкови. Сите може не ги интересираат ситни детали. Инаку, мешаните бракови кај нив ги регистрира Министерството за правда, така нешто. Таму имаат база за националности на младоженици. На статистика нема да најдеш колку Украинци и Руси се венчале годинава пример. Огромна држава се, а имаат многу малку бракови. Живеат најчесто во вонбрачни заедници.
Да , а Американците во колку ТУЃИ држави влегоа , знаеш ли ? Кој ја започна војната во Ирак , Иран , Авганистан и да не набројувам ? Кој го уби Гадафи ( човекот кој смисли како среде пустина да донесе вода за својот народ , да не зависи од соседните држави за основна потреба ) ? Кој го бомбардираше Белград ? Кој " ја продаде " Западна Македонија ? Путин ? Јас ? Ти .. ? Ама , не . Америка сака да шири демократија , која и самата ја крши . Не сакам да се расправам на темава повеќе . Лажна демократија не ми треба и не сакам . Спиев мислејќи дека ни треба ЕУ и НАТО , но кога почнав да " копам " подлабоко , всушност го видов вистинското лице на ЕУ , НАТО и Америка . Диктатура во завиена форма . Повеќе ценам и сакам искреност . Путин барем е искрен . П . С . Кога се работи за мое Тетово , ќе барам попис а потоа и референдум ! Попис за да се знае колку точно жители ( без фантоми ) има кои моментално живеат , учат и/или работат тука . Попис во кој нема да си кажеш ти што сакаш да си дали Македонец или Марсовец , туку она што ти стои во лична карта , тоа ќе бидеш . И потоа на референдум . Одвоено сите националности . Од Македонци па надаље . Не ме интересира колку ќе чини се тоа . Денес гласаат Албанци , утре Срби , задутре Роми итн . Па ќе одлучуваме кога ќе се избројат и споредат резултатите од референдумот и пописот . Можеби звучи како невозможна мисија , но да имам власт во раце , жими се би го направила ова .
Демографија на Лиман, 84,35% Украинци, 13,77% Руси, 0,58% Белоруси и 1,3% други. Дали се нормални? Нема ни 4.000 Руси во градот, а има над 24.000 Украинци.
Путин е искрен како и албанците овде. 20% не се, ама се прават за делот од голема албанија да го земат. Искрен како и бугарите кои сакаат историјата да си ја присвојат. Обичен диктатор и окупатор кој со национализам се одржува на власт. Со години и се намерил на Украина, сака да биде запишан во историјата како освојувач.