Мариупол: Етнички групи: Украинците — околу 48 %, Руси — 43 %, Грци — 7 %, Беларуски, Евреи, Ерменци, Бугарите и другите народи. Ни овде не се мнозинство Русите. Kраматорск Ethnicity Ukrainians: 70.2% Russians: 26.9% Belarusians: 0.7% Armenians: 0.6% Azerbaijanis: 0.2% Jews: 0.1% Северодоњецк Ukrainians: 59% Russians: 38.7% Belarusians: 0.6% Other: 1.7% Славјанск Ethnicity Ukrainians 104,423 73.1% Russians 33,649 23.6% Turks 829 0.6% Belarusians 766 0.5% Armenians 592 0.4% Greeks 320 0.2% Roma people 279 0.2% Azerbaijanis 208 0.1% Како можете да поддржувате некакви референдуми и сепаратизам на некои лудаци што се малцинство скоро секаде во Украина. Еве ви демографија. Има ли некаде Русите да се мнозинство?
Како Украинциве можеле да гранатираат секојдневно свои градови и свои жители? 8 години...не 8 дена....мислиш дека е можно само Руси да нишанат? Поради тоа бев изненадена од статистиката која ти ја покажуваш....што се однесува до референдумите, поголеми игри се кријат позади таа процедура, очигледно е веќе дека постои редослед на случувањата.
Не знам. Тоа ти е статистика од пописи, не сум ги измислила бројките. Кога почна војната мислев дека се работи за места со доминатно руско население, или пола - пола, но бројките покажуваат дека сите градови се доминантно украински и нормално дека Украинците не ги даваат, не се луди. Реални да бидеме, 15%, 26% не е доволно за отцепување на територија. И во Луганск гувернерот е Украинец, иако Русите имаат многу тесно водство на попис, нецели 2%, но земи ги во обзир другите малинства, значи тие веројатно гласаат за Украинец и така Украинец е на чело на регионот. Како гранатирале градинки? Веројатно сите деца одат во исти градинки? Се појави информација, дека Вагнер групата финансирала медиуми да шират вести дека во Донбас Украинците во 2014 година убивале цивили. Ова го тврдеше некој Русин, дали беше бизнисмен или на некоја друга функција не знам. Можеби гранатирале руски градинки и школи, ако учат посебно, секој на свој јазик, не знам. За мешани бракови, мене Украинците ми кажаа дека секој си се вратил во свое јато. Ако биле маж и жена во окупираните територии од различни националности, Украинката се повлекла во безбедните зони, а Русинот мажот не смее да дојде со неа. Што тоа значи ако читаме меѓу редови? Дека некој ќе го убие затоа што е Русин? Дека некој роднина, комшија, било кој ќе го ликвидира на национална база или дека и мажот може земал оружје да се бори за Голема Русија? Инаку, види ги бројките за Мариупол. Таму беше жестоко, затоа што и разликата е тесна меѓу Руси и Украинци. Грците од Мариупол се бореа со Украинците. Нели се обрати Грк од редовите на Азов заедно со Зеленски на видео линк во грчкиот парламент, па Грците се налутија. Русите си се борат со помош на руската војска против своите сограѓани. Затоа и велат на вести цело време проруски сепаратисти. Колку е валиден тој референдум во вакви услови? Секаде имаш цензус, треба да се исполни излезност, овие како исполниле цензус? Eве ти за Чернихив, ни таму не се мнозинство Русите, иако точни бројки не најдов The population of the oblast is predominantly Ukrainian, with minority Belarusian and Russian populations concentrated in the northern districts. Oдеса Ukrainians made up 62 percent of the Odesa region's inhabitants, Russian 29 percent, Bulgarians 6.1 percent, Moldovans 5 percent, Gagauz 1.1 percent, Jews 0.6 percent, Belarusians 0.5 percent, Armenians 0.3 percent, Gypsies 0.2 percent, Poles, Germans, Georgians, Azerbaijanis, Tartars, Greeks, Albanians and Arabs each 0.1 percent, and 1.9 percent other nationalities НЕ НАЈДОВ ГРАД ВО УКРАИНА КАДЕ РУСИТЕ СЕ НАД 50%
Слободно преселете се во Украина нејзините тастатура поддржувачи, ве уверувам дека таму на терен ќе бидете покорисни. Овдека никој не ве сфаќа сериозно. Не сакам да го плаќам лебот евро а струјата ѓаол и пол за мизеријата што 3 децении не доби кандидатски статус за ЕУ. Наместо да молат некој да ги анектира неспособните 8 години звечкаат со оружјето.
Путин да знае дека има толку поддржувачи кај нас, ќе регрутираше војска на Фемина. Зборуваме за демографија, не за рај на земјата. Има ли таков некаде? @G.Müller секогаш имаш опција да најдеш држава со поевтин леб, ако се иселиш и заработуваш повеќе на пример. Твојата матична држава до кај е со ЕУ? Се даде и ќе дава за едно големо ништо. Сите јадеме леб, не само ти, и сите имаме потреба од струја. Ако ти е скап лебот, намали, ако не ти се плаќа струја, седи во темница. Биди маж, не биди плачко.
Така е Тања,еден куп кандидти за мобилизација во руската војска на Фемина. Цените се рипнати поради психопатот Путин. Нека ги повлече трупите од туѓа земја милом инаку ко што се случува на терен моментално ќе биде со сила. Доаѓа зима,украинската војска деновиве добива зимска опрема,додека руската нека се спрема за бежанија. Греота само за младите што гинат за апетити и една болна идеја на ванна би Петар Велики. 50 000 војници загинати. И да не се најде некој да го ликвидира и да ја собере војската назад значи дека сите се забудалени со Голема Царска Русија.
Ама нема да има плачковци, ќе има други ствари. Историјата кажува шо се дешава со диктатори кога народот е доведен до просјачки стап. Се се трпи додека снема леб на маса. Еве Шри Ланка понов пример од модерно доба. Ако некој се сели ќе бидат диктаторите, на Марс и тоа.
Те разбирам јас. Се разбираме. Сплет на геополитички случувања, корона пандемија, нагли суши во светот, војна во Украина, алчни трговци кај нас, контрола никаква и власти што не мислат за народот. И тој е ефектот. Жал ми е што сме толку бесчувствителни и без емпатија. Тепаниот нека го дотепаат. И сме толку неблагодарни. Двајцата украински пилоти кои дојдоа да обучуваат Македонци во 2001 година требало да размислуваат вака „Што има јас да одам да обучувам некои неспособни Македонци, што немаат ни авиони, ни пилоти, немаат ни мажи кои би се справиле со 1.000 терористи, нивните мажи бетер од жени, вадат лекарско дека се болни и ментални да не војуваат. Јас ли ќе ги спасувам, тиња народ, немаат леб да јадат, сите комшии ги мразат, а никогаш нема да влезат во ЕУ. Зошто да одам да го бомбардирам Арачиново за некои идиоти. Тие заслужуваат да бидат без држава“. Ова би бил точен опис за нас. Инаку, пилотот од Киев потоа го донесоа како сведок во Хаг да сведочи против нашиот екс министер за внатрешни.
Ма и диктатори и демократи, све е тоа исто...односно сите до просјачки стап не носат. Ваљда топтан за на Марс се договорени...претстојната зима е пресудна
Не сме неблагодарни, нечуени сме, повторно од горенаведените. Никој не ја сака оваа војна и страдање, ама тоа е, тука сме кај сме, да видиме шта чемо и како даље.
Основно нешто не знаеш, дека таа украинска влада што ти помогна 2001 беше проруска. Украина на Зеленски, Порошенко би помогнала на учк пред да ти помогне тебе и затоа учк сега нив ги поддржува. Јас не сум тема на разговор да лечиш комплекси од маж ти на мене. Мојата иднина е посигурна од твоја, работев во странство до 2019 и планирам понатака да работам таму. Последно што ми оди во прилог се кризи. Само тотален лаик беше согласен со санкциите, нема саглам човек спремен да жртвува свои пари и комфор за да падне Путин и Русија да се повлече од Украина. Не е поддршка за путин тоа што не сум како Украинците и ги гледам моите интереси. Ако не е Путин ќе дојде некој сличен него или полош ама вие сте кусогледи. Русија е голема сила, пробува да се збогатува на грбот на другите исто како Америка. Така големите сили ги штитат своите интереси. Тоа не е ваш проблем и ваша војна. Вие само се глупирате со пароли слава украини и леење крокодилски солзи. Укриана е изгубен случај. Колку што Сирија виде бел ден исто ќе види Украјина. Единствена трошка надеж за земјата е да се предадат .
Ситуиран човек не се фаќа за цена на леб. Па штом планираш да работиш во странство, нема потреба од плачки, за тебе нема зима. Фино ви беше, во 2001 година гледавте на тв, државата се брани со украинско оружје, и двајца Украинци пилоти од Киев бомбардираа во Арачиново, и во Липково мислам, а сега се ситите Украина ќе пропаднела. Од цела Југославија, отцепи два Македонии, ете ти ја Украина без Донбас. Се надевам дека мал број Украинци од Македонија ќе ја читаат темава инаку ќе си мислат „За овие ли шупаци секоја недела нашите политичари имаа пресови да им го бранат интегритетот кој самите не беа способни да го бранат?“. Биле пиони на Запад? А ние чии пиони сме? Не сме пиони на Запад кои питачат по Србија? Да сме Ислаѓани, Швајцарци, да им се потсмеваме на Украинците, не биле во ЕУ, сиромашни биле, корумпирани биле. Исти сме и ние. 2% сиромаштија имале пред војната податок од Светска банка, а ние имаме 20% сега, а тие по војната ќе имаат 21%, ама ете Светска банка лаже веројатно. Колку е сила Русија, видовме. За 3 или 33 дена ќе ја освоеле Украина. Кај се? Над 200 дена поминаа, а тие се враќаат дома.
Е сега, замисли Албанија да сака да го анексира Тетово. Ќе ги поддржиш? 'Искрени' се и албанците, исто како Путин.
Во право сте кога ја правите споредбата помеѓу анексијата на украински територии и да речеме на пр. западна Македонија. Не е во ред, но сето тоа се случува затоа што големите сили (САД и Русија) се одмеруваат преку Украина. Со оружена подршка не доаѓа до подобрување на ситуацијата туку до уште поголемо страдање и создавање предуслови за натамошен хаос кој може да се прошири. Да дозволеа да се одигра како Крим, ќе поминеше без крвопролевање и без проблеми во енергетиката. А еве нешто за саботажата на северниот гасоводен тек во близина на Данска: Општо прифатениот наратив низ западните медиуми е дека русите самите си направиле саботажа бидејќи текот е во меѓународни води а во руска сопственост па така експертизата би ја првеле само русите и можеби резултатите од истата би биле нарачани. Но твитот на поранешниот полски министер за надворешни фрла сомнеж врз САД, иако тој подоцна тврдеше дека бил погрешно разбран. Меѓутоа изјавата на претеседателот на САД од 7. февруари 2022 (неколку недели пред да почнат воените дејствиа во Украина) само ја засилува сомнежта дека тоа е сепак масло на американците:
Така е организиран светот. Затоа треба многу повеќе енергија да вложиме, секој да си ја работи работата, да не сме корумпирани, да зајакнеме економски, па после да условуваме. Ако немаш со што да преговараш, други ќе преговараат за тебе. А ние... ништо немаме... Исто ко украинците...
Се согласувам со првиот дел. Но има битна разлика меѓу Македонија и Украина - Украина има излез на море и природен гас, но и енормни количини на житарки. Тоа значи храна, енергенси како за домашна економија така и за заработка прекуи извоз и географска можност за трговија со светот (пристаништата на Црно Море) А Македонија понекој компир и патлиџан кои всушност се важни но ги има и низ други земји. Се прашувам понекогаш, да беше Македонија богата со ресурси како што се Украина или Дубаи, можеби ни како Северна не ќе постоеше?!
Aуу ама се језиви https://a1on.mk/world/video-ruska-tv-objavi-zastrashuvachka-snimka-vo-ochekuvanje-na-nuklearen-konflikt/?fbclid=IwAR1kWWE0tKagvlsbbAMberRavKYzlqD_uIvyQikwA2KnBVSIDenEuKPPngUhttps://a1on.mk/world/video-ruska-t...sbbAMberRavKYzlqD_uIvyQikwA2KnBVSIDenEuKPPngU
Која дволичност!!! ЕУ бара да се прекинала зависноста од рускиот гас поради војната и злосторствата во Украина. Истата таа ЕУ побара гас од Азербејџан чии војници вршат злосторства во Ерменија. Извадок (во превод на гугл) од статијата на Newsweek 29. септември 2022 насловена како: Продолжуваат да растат ужасите од другата војна во Европа "...Азербејџанците нападнаа длабоко во ерменската територија со артилерија и беспилотни летала, а нејзините копнени сили напредуваа во градот Џермук. Цивилните домови беа оштетени и уништени, а граничните пунктови беа прегазени, вклучително и пунктот каде што била стационирана Апетјан. После тоа, азербејџански војник објави ужасни визуелни слики од уништувањето на Телеграм. Тој е виден како оди по планина од трупови на ерменски војници, клоца по главите на мртвите и се смее. Тој ја насочува својата камера кон голиот труп на жена чие тело е осакатено. Отсечен прст е заглавен во устата; наместо очното јаболко во едното око пикнат е камен. Тој ја насочува камерата кон нејзината откриена вагина." ... „Неодамна во март, Европскиот парламент предупреди во резолуција дека ширум земјата постои систематска непријателска политика кон Ерменците во Азербејџан, која државата отворено ја промовира. Напорите вклучуваат историски ревизионизам, глорификација на насилството, дехуманизација и омраза кон Ерменците. Ништо од ова не ја спречи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да отпатува во главниот град на Азербејџан Баку во јули во потрага по снабдувачи со гас. Таму таа го прогласи владејачкиот диктатор за „доверлив партнер“. Се чини дека ЕУ замени руски диктатор за еден во Баку во нејзините обиди да го реши проблемот со снабдување гас.„ извор: https://www.newsweek.com/horrors-other-war-europe-keep-growing-opinion-1747610
Еден српски политичар, не е познат, Миша Вачич, бил набљудувач на референдумот во Доњецк. Има видео на Твитер. Сега налетав на видеото. Вели тоа биле Руси, тоа било руска земја и посакува да си го остварат сонот да се спојат со мајка Русија. Добро за Косово ова не важи за Украина важи? Абе кој фанатизам е да кажеш ова е руска земја, а мнозинството биле и се Украинци и ден денес. Еден да видов од тие на гласање да речеше „не се трпи теророт од Украинците, не ни е убаво, сакаме да се споиме со Русија поради тоа и тоа...“, а овие руска земја, па руска земја. Eве и за Кремина податоци Ethnicity Ukrainians: 85.1% Russians: 13.5% Belarusians: 0.5% Дали се нормални, 13% ќе цепкаат држави и градови. Вака ако беше цел свет да се анектира по желба на фанатици.
Во Днепропетровската Област живеат најмногу Украинци (79,3%), а останатите се Руси, Белоруси, Евреи, Ерменци. Очајно е да се гледаат демографските податоци од една страна и барањата и фантазиите oд друга страна.