Не мислев на тоа . Алудирав на една негова изјава од минатото , која гласи вака : " доколку на некое малцинство не му одговара животот во Русија и сака поголеми права , секогаш има место во друга држава , каде што ќе имаат поголеми права . На Русија не и требаат малцинства , на малцинствата им треба Русија " . Дека нашиве ги продадоа газовите и се што можеше на Албанците , што се случи ? Не , не зборувам за обичниот Албанец , туку за оние од врвот , на кои прст им се даде а цела рака зедоа и малку им е . Ама нам ни е малку ! Треба еден Путин тука , кој ќе даде исти права на секој човек , без разлика од која националност е . Македонче во своја држава е угнетувано и спикано во ќош од малцинствата . Не поддржувам војни , не сакам насилство , но кога си угнетуван не може со разговор . Вајлд , не сум поддржувач на Путин , но веќе не сум ни на западот . Како да поддржам некој кој е облиен во крв " до гуша " 30 години наназад ? Како да поддржам некој кој вршеше инвазија на блискиот Исток под велот на " демократијата и слободата на говор " а при тоа истите ги прекршува ? Не сум за војна , не сум за насилство , но овде се работи за геополитика , додека невиниот народ лее крв и солзи ..
Внимавајте, тоа е лажна изјава која кружи низ социјалните мрежи! Путин никогаш немал кажано во ниту еден говор такво нешто, што лесно може да се провери доколку се појде на официјалниот вебсајт на претседателот на РФ каде се содржани транскриптите на сите негови говори. https://www.usatoday.com/story/news...n-never-made-viral-speech-muslims/4077646001/ Она што навистина кажал е дека и Русија исто како и западните земји има проблем со голем прилив на мигранти кои не го владеат рускиот јазик и дека потребно е се превземат мерки новите мигранти да го научат јазикот и да ги почитуваат локалните закони и култура. Најблиску нешто до тоа што кажал е дека не е во ред русите да се присилуваат да ги учат малцинските јазици на Руската Федерација ако тие тоа не го сакаат.
Кина ги предупреди САД дека може да се соочат со „тешки последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку Украина се приклучи на НАТО Кина ги предупреди САД дека може да се соочат со „тешки последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку Украина се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО). „Сите европски земји ќе треперат во сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг во државниот Глобал Тајмс. „Во тој случај никој нема да биде безбеден, ниту Украина, ниту светот“, пишуваат тие. „Наместо да бара резолуции за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажува дека САД брзаат во друга насока – разгорувајќи го пламенот на војната. Кина ја повика западната алијанса целосно да се повлече од Источна Европа.
https://twitter.com/AlvaroDel_Gado/status/1577435996672909313?t=IJJqUOgIudNfPdsc9Tb8vw&s=19 Нели бабите ги бацуваа руските војници дека дошле да ги денацифицираат Промена на теренот, украинските војници растур прават, само синоќа 20тина села се ослободени Хајлајт на неделата, броџоб Ама нели се православни браќа Идат уште 18 химарс Се поблиску сме до нуклеарка, ама јбг. Штом го поддржувате...
Оваа изјава е одвратна и националистичка, а ставот на ЕУ кон Србија дека влезот ќе им е “забранет” се додека не им стават санкции на Русија ти го оправда скроз, као секој одбира со кого ќе се дружи и дека има правила кои треба да се почитуваат. Зошто двојни аршини бе, зошто?
Не се двојни аршини. Истото е. Национализмот не чини. Држави кои поддржуваат националистички пропаганди и дискриминација на различни од нив, се косат со Статутот на ЕУ. Ако Србија ја поддржи Русија, поддржува дискриминација. Автоматски е против правилата на еднаков третман на сите луѓе, без разлика на боја на кожа, пол, религиско убедување, националност, политичка идеологија, додајпожелба... ... што всушност е постулат во политиката на ЕУ.
Тогаш штета што ни самата ЕУ не си гo почитува сопствениот статут. Демократија само на хартија има, далеку се од тоа тие.
Тоа е идеалот. Ама кога се во прашање луѓе, спроведувањето на дело, не е ич лесно. Моментално ЕУ, Скандинавија, Нов Зеланд, Австралија, Канада, се поблиску до тој 'идеал', од било која друга држава на планетава.
Со должна почит, ама мислењево ти е смешно. Ко да живееш на друга планета, а за Еу се имаш информирано само од предметот Вовед во правото на ЕУ, шо го полагав на факултет. Буквално. Допир со реалноста 0, затоа и одбивен ми беше за учење.
Мене па ми е ко ти да живееш на друга планета и ко да немаш допир со реалноста. Не мислиш сигурно дека Руската политика на угнетување на сопствениот народ е во ред? Ако: Да - тогаш искини си ја дипломата.
Ако не ги поддржвам политиките на ЕУ, то значи под дифолт свршувам на Путин? Искрено да ти кажам планирам да ја искинам, гледам дека не ми вреди ни 5 пари тука, ама да не одиме надвор од темата.
Ти не генерализирај за национализмот. Има повеќе видови.Бар потенцирај кога мислиш на лошите видови. ЕУ што ја браниш не е чиста, од фашизмот е создадена.И воопшто не е демократска како што се прави. Дискриминирани се и обичните Руси кои немаат никаква врска со војнава.Дури и Руските мачки. Замаглено гледаш. Гледај реално.Ни една страна не е чиста.
Секој национализам не чини. Едно е да си го сакаш потеклото и културата, друго е да мислиш дека сите што не се како тебе - не чинат. Национализмот на тоа учи. Националистичка партија била партијата на Хитлер, пред 2та светска војна. Сега истото се случува во Италија. Ништо не сме научиле од историјата. ... за жал...
Па ништо онда ни останува само глобален фашизам како опција... можда овој пат ќе чини. Да не е ич лесно кога е погрешно и против народот ова секој диктатор ќе ти каже да го прашаш. ништо онда ни останува само глобален фашизам како опција...