Која кулминација на западните вредности е ова. Инаку, последните случувања: - Им го уништија Северен тек на Русите. - Им го оштетија Кримскиот мост во експлозија каде 3 цивили загинаа. - Зеленски побара Америте превентивно да фрлат нуклеарка врз Русија. - Полска побара исто така да се фрли нуклеарка врз Русија. - Полска побара и да се постави нуклеарно оружје во нивната земја. Провокација за нуклеарна војна? Пострашно од ова е само медиумската кампања на западот за масовно перење на мозоци, каде што ги минимизираат последиците од нуклеарна војна, демек, не се ништо страшни, нема да е крај на свет, којзнае и дали им работат нуклеарките на Русија, зарѓани им се, хехенце муабети. Врв на игнорантност.
Како се одвиваат настаните, а и прерасподелуваат државиве, реприза на Втора светска имаме. Многу ми е жал што погрешив во врска со Украинците и што ќе мораат да ја почувствуваат до крај силата на руската војска.
Многу голема, да не кажам преголема. И забораваш само годинава пробаа да шираат демократија во Украина, Тајван, Косово, со нова арапска пролет (ова прво шо ми паѓа на памет, feel free to fill the blink..) и не доведоа на раб на светска и нуклеарна војна едно 5-6псти, ама што се мора мора се. Некој би рекол очај, но кој би знаел дефиниција за очај така да упорност ќе го наречеме, а кога веќе се лажеме зошто не и алтруизам од се срце. (фил д блинк...) Ајде сега секој денешната чинија на ФБ да видиме кој повеќе гладува за Украина и е поголем ''патриот'' на глобално ниво (ова беше дефиниција за патриот, така?) #немојдакмичиш А вој па Путин(меѓу други шо исто им љубоморат) шо не ги пушта да бидат среќни и демократни, па уште и вика Сатанизам ширеле, леле какви нечовеци постојат човече во светов.
Кога кажаа на вести за мостот дека Украинците славеле и дека има загинати, ми се згади. Па и Зеленски со барањето нетокму исто како Путин.Ќе да е нешто до името. И Полска многу забега. Ако продолжи вака, 3-та светска војна не ни бега.
Затоа денес бомби во Киев, Дњипро, Лвив... . https://www.mkd.mk/svet/vesti/zhestoki-raketni-napadi-niz-cela-ukraina-fotovideo Ич не е смешно
Ужасно. Замислете, како си седите во удобноста на домот, наеднаш пред вашите очи да ви го разнесат сопругот и детето. Војната е најужасното нешто што може да ја стрефи една држава, а и човештвото. Жал ми е за сите изумрени Украинци и Руси, поради туѓи одмерувања на сила, моќ и его. Сум против војна, но сум против САД и нејзината зла рака што уништува се што ќе допре. Нека се вразуми Зеленски. Не знам дали е глупав, и не сфаќа, или е продадена душа. Во секој случај, жално за сите вдовици и деца кои останаа без татко поради тоа што татко им требал да се бие во големото име на некој. Нека застанат Путин, Зеленски и Бајден и нека си ги одмерат силите. Ама секогаш невиниот пати. Дајте да не се ситиме. На фб читам и не можам да поверувам колку зло има во просечниот македонски човек. Путин ќе оди до крај, Едно нешто се прашувам... да не сакаат Русија да ја ослабат со загуба на војници па да и влезат, не ќе да се брани буклеарно на своја територија. Светот е во руини од САД, Русија и Украина се само производ. Еу излезе наивна и смешна и е за жалење колку е немоќна и зависна.
Некој имаше овде пишано како Путин си ги решавал своите противници, па така се изначитавме за директори на Газпром, тајни службеници во Русија и други видни лица кои беа против него како беа најдени бизарно "самоубиени". Епа еве како и демократскиот запад ги решава сите оние кои го вадат нивниот тероризам на виделина. Главниот истражител за кој стои зад нападот на Северен Тек е ликвидиран. Во светов владее тиранија.
Абе нема грешка, солиден извор на информации. Твитерџија кој прочитал пост на француски или дански на руска социјална мрежа.
А што мислиш ти дека ББЦ ќе излезе со информацијата и ќе си ја оптужи својата влада? Демек за рускиве смртни случаи беше официјално проверено и докажано... Колку што во Русија има медиумски мрак, на запад уште повеќе. Сите информации се непотврдени, од Твитер, Телеграм. Ехее колку патки имаше од ББЦ, ЦНН, Телеграф овде споделувано...секоја информација треба да се зема со доза на резерва. Никој нема да излезе на прес во војна и да ти потврди: "Да бе, ние го ликвидиравме.", ама ќе се шират вестите овака преку свиркачи и неофицијални канали. Тој што е паметен, ќе разбере меѓу редови, обичната раја ќе срка пропаганда од "етаблираните" медиуми.
Сите русофили околу мене што велат Украина не е во право, им велам па и ние не сме во право, еве си влеговме во НАТО, а сме три пати помали од Србија, која е далеку повооружена од нас, и таа не не чепка. Велам замислете да им текне дека не го почитуваме српскиот јазик, и веројатно не знаете дека во Гимназијата во Куманово имаат право да формираат една српска паралелка, и во 10 паралелки, се запишуваат по 30-40 деца Срби, арно ама на своја волја одбираат да учат македонски. И во основно школо, де има српска паралелка, де нема. Има административна бариера, се бара дозвола, па да се одобри, и тие се премислуваат и учат на македонски, иако законот им дозволува на српски. Замислете сега да им текне на Србите да речат „па ете, српскиот јазик не го почитувате, на Србите не сте им дале соодветен број работни места, влеговте во НАТО, а ние сме неутрални“. На Македончето вака не му чини. Немаат одговор на ова. Ама велат Русија ја формирала Украина, ооо да, велам, па и Македонија беше бановина, што гласавте за одвојување од СФРЈ? Значи ние 2 милиони имаме право на своја држава и самостојни одлуки, ама Украинците кои со дијаспора се 50 милиони, и Украина е најголема држава по територија во Европа, е тие по македонска логика требало да го слушаат Путин. Ооо, да.
Ние немаме ни 2% Бугари овде, па види што ни прават. Јазик не ни признаваат. Еееј, јазик признат во ОН. Држава не ни признаваат. Во политичка војна сме со нив веќе неколку години. Блокади ни ставаат на се. Историја ни менуваат. Имаат националистички претензии кон нас, отворено зборуваат како е Македонија бугарска, а ние бугари. Штабови на нацисти и фашисти ни отвораат. Еј, замисли, во НАТО земја, штаб со име на фашист! И сето тоа е со поддршка на Нато и ЕУ. Исто како што ни сменија име во спорот со Грција иако пред секој меѓународен суд ние добивме пресуда во наша корист. Куманово беше последниот град во Европа каде имаше војна пред Украина. Му пуштија на Груевски 80 УЧК терористи од Косово за да го предупредат што ќе се случи ако продолжи да забегува со пријателството со Кина и Русија. Ние сме најдобар пример за лицемерието на Нато кое 3 децении не уништува. Дефакто банана република. Од друга страна ситуацијата на Украина со нашата воопшто не е иста. Они се 8 години во цивилна војна со украинските жители на Доњецк. Земја каде што нема опозиција. Сите опозициони партии беа исклучени и забранети, а лидерите затворени. Држава каде што забранија користење на руски јазик. Во Одеса запалија и убија Руски цивили. Во Доњецк убиваат секојдневно луѓе. Градот е гранатиран секој ден од 2014. А се што сакаа тие луѓе се автономија и промена на политиката и вазалските политичари наместени од САД. Ние ниту убиваме Срби во Македонија, ниту им браниме јазик, ниту ги протеруваме од тука. Ако земат од Скопје да го гранатираат Куманово 24/7, 8 години, да ги убиваат сите што имаат српско потекло, тогаш дефинитивно и Србите ќе направат нешто. Нема да седат со скрстени раце и гледаат како нивните луѓе гинат.
Eпа дали ти е убаво сето ова што го наброја? Мене не ми е. Немој да ме сфатиш дека ти се контрам, имам убаво мислење за тебе, но, како ќе ни биде нас да сме на место на Украинците, и уште тука народот со цел памет, требало Украина да слуша друго со кого ќе се дружи. Цело време се зборува за медиумите, западни биле, ова она. Добро, реално мислиш дека еден Ројтерс со долга традиција ќе урива углед за една Украина? Еве и јас не верувам во тие бројки за не знам 20.000, 30.000 загинати руски војници, кои ги споменуваа, ама тоа ти е неофицијално. Никаде не велат дека е точна таа бројка. Зеленски даде еден куп интервјуа за сите медиуми, а Путин даде 5-6 изјави од 24 февруари наваму. Разгледајте ги руските медиуми. Не се многу. Освен соопштенија на Кремљ ништо нема. Дури еден руски весник затворија поради критики кон Путин. Мислите дека ако има друга вистина на случувањата и дека ниту еден руски медиум нема да објави, шпа српските да пренесат? Деновиве пак пријателка од Украина ми пушти видео кое е најдено во мобилен на заробен руски војник. На ист начин ги убиваат цивилите. Буквално фрлаат тема во јама, и само слушаш како се лизглаат тела по песок, со крпи на врат, а жените полу голи, веројатно силувани претходно. И тоа е ок? Ако даваме амин на тоа, значи секаде каде не живеат 100% од иста нација, може тоа да се случува? Ја прашав кои се тие убиени, дали само Украинци, ми вели не, бришат што ќе стигнат, сите кои не се Руси. И тоа е ок? Ми пушти видео од референдумот. Три баби покрај нива на пат гласат на референдум. Еден дечко им носи кутија, им дава лист, а тие извикуваат „Путин, Путин“ и гласаат. Украинката вели овие глумат дека се Украинки, а зборуваат на украински јазик, со руски нагласок, тоест Русинки се, ама лажат за да се прикаже слика демек еве Украинците сакаат да им се цепка државата и да им се спои со Русија. И какво е тоа гласање по ниви, по патишта, по ходници, по секакви објекти? Па тоа ли е референдум?
Дали ако земеме ние сега да запалиме Нато административци во Скопје заслужуваме Нато да не бомбардира? Пошто, ако направиме такво нешто, без око да им трепне има да не вратат во камено доба. Ние ама апсолутно никакви провокации немаме направено кон западот, а како не третира нас? Па наши чеда гинеа 2001, еден куп ранети, и не добија оштета. Украина како држава веќе не постои од 2014. Со Мајдан, кој се откри дека е наместен и дека грузијски снајпери платени пукаа и убиваа луѓе. Небитно, власта падна, инсталираа про-американска власт. Народот беше против тоа, затоа што им забранија основни права, јазик, итн. Претходно поголемиот број во Украина зборуваа и користеа Руски. Види го Зеленски на кој јазик зборува пред 2019. Да, руски. Не ни знаеше украински. После учеше. Тие луѓе таму во Доњецк се 8 години убивани, мачени, силувани, бомбардирани. Тие и сега војуваат. Руска армија до скоро немаше во Украина. Се беа платеници, Вагнер, Чеченци, и овие сиротиве од ДНР и ЛНР. Они им се молеа за помош на Русите уште од 2014. Им ја десеткуваа популацијата. И ај после зошто не сакале да живеат во Украина, и правеле референдум. Иначе, не, референдумот не го направи Путин, туку жителите на овие области објавија референдум. Патем, сите градоначалници им се Украинци. Ете, нека сопрат со војната, нека потпишат мировен договор кој ќе ги следи договорите од Минск, и нека распишат повторно референдум во овие области со меѓународни набљудувачи, па нека си одреди народот во која држава сака да живее. Како што беше со Шкотска, и со Каталонија. Иначе на Косово не ни имаше референдум за независност. Го прогласија во влада и им го земаа на Србите. Нашата земја, го призна тоа, како и сите западни земји. По таа логика, нели треба да признаат и законски референдум? Знаеш кој зема најголем број бегалци од Украина? Русија. Преку 3 милиони отидоа таму. Зошто? Нели е малку небулозно што украинците бегаат во Русија, земја која ги напаѓа? Нели е малку и нелогички што баш Украинци од ДНР и ЛНР ратуваат против Украина? Зошто? Другото нема да го коментирам. Видеа се изнагледав еден куп од двете страни. Колку има вистина во нив, кој да знае? Еве дега последно имаше од Лиман. Сите кои земале храна и помош од Русите, ги убиваа Украинците и ги фрлаа во ендеци. Без судење, без ништо. Не дадоа меѓународна комисија да отиде во Буча и Изјум да направи истрага од каде се жртвите? Зошто? Ако ги убиле Русите, тогаш нема да имаат проблем со тоа. Ете дојде меѓународна комисија која даде извештај дека Украина ја гаѓаше нуклеарната централа. Одговорност? Никој не превзема, повторно.
Проблемот не е во политичарите само. Од 2014 на истокот се тероризираат руси. Повеќекратно е пробано да дипломатски начин да се реши ама западот не попушта. Имаш и мински договори и што уште не. Директно беше кажано доколку се исполнат одредени услови дека ДНР и ЛНР ќе си отанат во состав на Украина но ќе имаат автономија бидејќи повеќето се руси во тој дел. Ја разбудија мечката. Остави, џабе. Читам и се нервирам. Како на камен да збориш. Не им влегува во глава дека на секаков начин беше пробано да се реши по мирен пат, еве веќе 9 години. Не им оставија излез. Замисли само кое гомно од народ сме да гласаме и да се пикаме у нато по секоја цена и притоа истите тие нато бомбардираа соседна држава која е пријателски настроена кон нас, ни се закануваа во 2001 дека ќе не снајде истото доколку продолжиме со ликвидација на терористите, ги вадеа од Арачиново со автобуси и им дадоа моќ денес држава да ни водат истите тие од чии раце мој братучед е без татко. Замисли кој дебил треба да е човек да се пика во таква организација по секоја цена знаејќи се што наведов горе.. Ми се повраќа искрено од нечии мислења.....
Не гласавме ние за влез во НАТО. Уствари, јасно и гласно си го бојкотиравме референдумот и кажавме НЕ на НАТО. Не упикаа незаконски со гласање во собрание. И тоа овие истиве што трубат сега за референдумот во Украина, истите тогаш трубеа како е се регуларно и славеа. Истиве овие што пишуваа дека поводот од Сребреница (кој нема врска со Косово и се случи години претходно), и тоа што некој полицаец истепал некој Албанец на Косово, Нато имало причина за што бомбардира цивилни објекти и при тоа уби преку 3000 цивили. (од кои доста и Албанци). За осиромашениот ураниум и да не почнуваме... Контаминација имаме на ниво на мини нуклеарна бомба... Истите викаа и како Албанците имале право да ни направат војна во 2001 и да ни ја отцепат државата затоа што биле...не знам што биле... Обесправени? Си ги знаеме ние кои се и што се, и зошто го вртат истото како расипана касета.
Aма нормално дека градоначалниците им се Украинци, затоа што секаде Украинците се мнозинство. Како очекуваш дека ќе имаат градоначалник Русин ако Русите во еден град се 13, 15, 23, 35%? Тоа е логичен тек. И дали тебе би ти било нормално како Македонец да зборуваш српски, бугарски, кога си имаш мајчин јазик македонски. Така и со нив. Зошто да мораат да зборуваат руски? Си имаат свој јазик кој Русија го третирала за дијалект. Зошто па Зеленски како Евреин да зборува руски? Украинците заминаа во Полска, а тие што се заминати во Русија, се Руси по националност. Украинците видовме каде завршуваат, во гробници, силувани, па обесени. Контрадикторни сте. Од една страна демек сите заминаа во Русија, убаво е таму, ок, демек фер е Русија, а овие убиените кои се што ги откопуваат по гробови? Па Украинци се, секако. Ќе ги убијат ќе им ја земат земјата. Путин убива вие се повикувате на сите светски војни од дедо ное наваму, како да тоа ги амнестира Русите за она што го прават. По таа логика на Путин која ја поддршувате, Македонија требаше да биде анкетирана во 1995 година. Тој како Милошевич, где има један Србин, то је Србија, и овој ќе убива и протерува 70, 80% Украинци за Русите кои се малцинство на раат руски да зборуваат. И што ќе им се смени и да се спојат еве? Баш ја прашав Украинката, што е поентата со тоа спојување. И таа нема одговор. Мајка и работела во Русија, па се вратила. Мизерија се и двете земји, само што во Русија вели нема слобода на говор. Абе луѓе, што да одреди малцинство? Еве во Скопје може Албанците сакаат да се спојат со Косово. Тие се малцинство, ти си мнозинство? По твојата логика тие за тебе треба да одлучат и тоа да биде запечатено.
Бедникот Путин откако сфати дек јa изгуби војната кукавички фрла ракети на цивилно население. Никогаш нема да фрли нуклеарка ,типот е лУзер. Споредби на Украина со Косово се несоодветни и знак на политичка неписменост на темава.
А разнесување на мост беше баш јуначки потег. Ајде донирајте по некое евро да има Зеленски да купи бело. Украинците гранати од 2014 фрлаат на руско население, или не е битно тоа, кој ги е*е.