Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Зошто фрлале гранати? Никаде не спомнувате дека тие луѓе се малцинство и сакаат да се прават шерифи во туѓа земја, на туѓа територија? Добиле гранати поради сепаратизам. И чудно било во Украина да се зборува украински. Е не, кинески ќе се збори. Имате двојни аршини. Ниту еден Украинец, а зборев со најмалку 10, ни САД, ни Зеленски не ги спомнаа, ни НАТО, само зборуваат дека Путин е убиец, за вас Путин е светец, ама сите се криви од Александар Македонски наваму.
     
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Епа ако им се градоначалниците Украинци, ако народот кој живее таму е Украински, и ако тој истиот народ војува против Украина од 2014, и сега прави референдум каде што масовно гласа за отцепување од земјата, каква има тука врска Путин? И уште побитно прашање, зошто тие луѓе војуваат и не сакаат да се дел од Украина, ако се Украинци, а се!

    Ние во 92-та имавме референдум и изгласавме независност.

    Знаеш кој немаше? Косово. Зошто никој не го праша косовскиот народ дали сака независност или не?

    Никој не ги тера да зборуваат руски. Како што мене никој не ме тера да зборувам албански. Ама јас не му бранам на албанецот да си зборува на албански, овие им бранеа да си зборуваат на руски.

    А зошто Зеленски зборувал руски пред 2019, не знам. Може да зборувал украински ако сакал, и тогаш им беше тој официјален јазик, ама тој ниту не го знаеше.
    И сериите, и филмовите му се снимени на руски.

    Не видовме каде завршуваат украинците. До сега ниту една масовна гробница која се најде, не се докажа дека е направена од русите.
    Нека повели меѓународна заедница со вештаци, и нека испита кој ги убил тие луѓе. И онака териториите се под власт на Украина сега. Што ги спречува да отидат во Буча или Изјум?

    Ете за нуклеарната централа отидоа во Енердогар и открија дека украинската армија ја гаѓала и сакала да направи нуклеарна катастрофа.
    Зошто не одговараат за тоа?
     
    На Amellie13 и sonuvana им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.302
    Допаѓања:
    189.893
    Сите треба да ве банираат од темата...и да снема интернет на некое време... Да видам тогаш дали нема да заврши војната]:)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Не ме замарај со русофилија.
     
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.508
    Пол:
    Женски
    Аха, значи за Косово едни правила а за ДНР и ЛНР други? Јеххх кои двојни стандарди.
    Па и ти не замарај со западен дебилизам и деградација. Одете спремајте геј прајд и онака уште малце ви остана да глумите светски полицаец.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Човек, Украинците разбегани по бел свет, и по гробници, ти ми велиш референдум, гласале, војувале. Одберете, во гробишта се или сами против себе војуваат, или гласаат, или се раселени во Русија или по ЕУ. Што од ова е точно? Таму сега немаш ни цензус за каков било референдум, народот избега и е убиен, а вие зборите за некакви референдуми. И по 10 години, дали тие Руси таму ќе бидат мнозинство воопшто, а со 15% Руси немаш ни цензус, ни одзив, ништо, никаков легитимитет на каков било референдум. И нормално дека 70‘, 80% Украинци ќе имаат градоначалник Украинец, нема Кинез да стават. Русите бараат преку леб погача. Хегемонија, јазик да им збореле при свој јазик.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Не ме занима Косово, ние Македонија сме ја оправиле, па Косово. И Косово уште пред 100, 150 години е албанско. Доминантно албанско. Овие Руси во Украина се дојдени пред 80-100 години.
     
  8. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.508
    Пол:
    Женски
    Руски одсекогаш се зборувало таму и бил официјален, се учел во училишта и институти, се користел во државни установи и се тоа, птоблемот доаѓа кога рускиот го забрануваат, децата немаат можност да учат руски повеќе и исто така се врши терор врз русите од страна на ултра националисти, се почнува со тоа и оди кон полошо.. Зеленски пред да стане главар не ни знаеше украински, и самиот е рускојазичен украинец или евреј или што ти знам.
    А што те занима ДНР и ЛНР тогаш ако не те занима Косово. А уствари и не треба да те занима, јас зборам само за светски правила. Ако тоа важело за Косово зошто за ДНР и ЛНР да не важи?
     
    На Amellie13, sonuvana, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    9.790
    Пол:
    Женски
    Е па ако не Косово, Украина ќе ја оправите 100%.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Абе не реков јас дека го признавам референдумот.
    Реков дека солуцијата е да седнат маса, склучат примирје и да потпишат нов Минск 4-ти или кој по ред договор.

    Тие региони, нека спроведат референдум со меѓународни набљудувачи од сите страни, и нека гласаат како што гласаа Шкотска и Каталонија.
    Што ќе си одлучат, нивно е.

    Јас што сакам да ти кажам е дека ниту мене, ниту тебе никој не нѐ прашува.

    Ниту за Косово не прашаа дали сакаме да го признаеме.

    Додуша за името и за Нато сега не прашаа. Бојкотиравме, и пак не им беше битен нашиот став, прекршија секакви меѓународни права, ни сменија име и не пикнаа во Нато.

    И сега со Бугарија исто не нѐ прашаа иако имаше протести, и сигурно да не прашаа ќе си кажевме НЕ на референдум.

    Сакам да ти кажам дека западот до сега едно 100 пати го прекрши меѓународното право и правеше онака како му одговараше, при тоа поради нив умреа цивили во милиони. Само 500 000 деца умреа во Ирак.
    Е сега кога и Русија го прави истото што го правеше Америка, одма се повикува на меѓународни права, договори, консензуси дрн дрн.

    Иако во овој свет не важат никакви правила, прописи и договори, Русија, проба барем сето тоа да го направи правно регулирано.

    Вистината е дека си ги анексираше тие територии, оти им се може, исто како и САД.

    И јас тоа го пишав уште зимото дека ќе се случи ако не седне Украина да потпише договор. И сега ако не седне да потпише пак договор, и другите области ќе им ги земат, Харков, Одеса, и кои таму останаа...

    Америка секако нема да се замеша директно, затоа што утре и они ќе си присвојат овака некоја територија. :)
     
    На IRBBB, Amellie13, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Па добро де, темата е за Украина како што гледам. Туку по муабетите тука ќе испадне дека војна не ни имало, туку самите Украинци отишле во Русија со автобус, ги најале, напиле, дека се богати многу, па се вратиле назад, па гласале на референдум, па ги мавнала депресија, се самоубиле и се нафрлале самите себе во масовни гробници.

    Косово е скроз различно од Украина. Таму наталитетот и купувањето имоти ја реши судбината на покраината.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Каква врска има геј прајд со агресијата на Русија на Украина и анектирање на туѓи територии.
    Имаш ти врска што пошуваш (facepalm)
    Територии не можат да распишуваат референдуми ,а особено не друга држава(Русија) на туѓа територија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Да, ама Русите се тенко мнозинство кое не би имало легитимитет ни во нормални услови дури и сите да гласаат ЗА. Е сега, колку народ е убиен, иселен, или нема да се врати воопшто, тоа никој не може да знае.

    Ни во Харков, ни во Одеса, ни во Суми, Русите не се мнозинство, туку малцинство. Имате интернет сите. Што да земат?

    Тоа ми е како да речеш Крушево и Охрид ќе ги земат и ќе ги спојат некаде во туѓа земја.
     
  14. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Машки
    Ај менете име почната е одамна
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Да, им бил официјален, арно ама сите го скокате фактот дека Русија го третирала украинскиот јазик како дијалект, и Русија и Полска го забранувале украинскиот јазик. За времето на Сталин 7 милиони Украинци починале од глад. Што ќе им е да се дружат со мизерии од кои добиваат само забрани и команди кои не водат никаде?
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    9.790
    Пол:
    Женски
    Па и нема официјална објава на војна од ниту една страна.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Не има „специјална операција“.
     
  18. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Баш специјална операција зошто објавување војна значи дека нема да има никакви правила и принципи на човечност.
     

    Прикачени фајлови:

  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    И во Херсон се малцинство. И во Доњецк, и градоначалникот им е Украинец. Па луѓево од Доњецк се борат 8 години против Украина. Зошто?
    И зошто Украина ги гранатира и убива 8 години?

    А, првин не ни бараа да бидат дел од Руската Федерација, бараа само автономија, и промена на про-америнската инсталирана власт.
    Граѓанска војна беше тоа, која еве премина во нешто повеќе.
     
    На Amellie13, SugarHoney, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Aбе каква автономија 17.3% во цела Украина се. Да се над 30, 35% ок. Тоа е малку. Мислам дека ни фередализација не им следува по тие правила, не знам како беше пропишано, не можам да барам сега. Која автономија ќе им ја дадеш ако ти сочинуваш 70, или 82%, а тие 13, 15%, и плус има Евреи, Грци, Ерменци, Белоруси, Азербејџанци, мислам 20 нации има во Украина, ако не и повеќе. Како така?

    Со таа демографија, мене не ми е јасно што бараат. Како можат да бидат толку безобразни? Што им да даде една сиромашна држава. Јазик, па јазик. Па сите го зборуваат тој јазик, аман.