Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Цел Доњецк не се 80% Украинците, но пак се мнозинство накај 70% скоро. Во Херсон се 82%, во Запорожје 70.9%, Во Луганск се Русите едвај со 2% повеќе. Тоа е едно големо ништо демографски.

    Три руски војници признаа вина за убивање на украински цивили, и се осудени. 10 се бараат за масакри во Буча, а потерница има и за Кадиров и неколку други Чечечнци. Ти мислиш чисти се како солза, па некој случајно ги ставил на листа на обвинети? Мислиш никого не убиле?

    Пак со тој Зеленски. Дојдоа француски форензичари и рекоа дека судот во Хаг треба да суди за злосторствата. Хаг е селективен, еве УЧК не одговараа за ништо.

    Убиените се Украинци и други малцинства, со цел етничко чистење. Имало 500 предавници, Украинци, кои соработувале со Русија за личен интерес, пари, ама тие биле вратени од граница, Русија не ги примила. Еве сега Украина бара маж и жена Украинци кои заедно со Русите ги измачувале своите сонародници во Харков. Еден тепале, по што умрел, а на друг му отсекле уво. Мачеле ЗАЕДНО со Русите, ама Русија не ги примила, ги вратиле од граница. На Русите им требаат украински територии без Украинците и другите. Што фајде има Украинец да се спои со Русија? Да ја надгради својата мизерија? Украинците во Доњецк и Лиганск биле уценувани да ги продаваат своите куќи. 8 години упаѓале руски паравојски да ги затвораат и тепаат во подруми. Тие во чистите украински градови не виделе Руси со очи, ги мразат ама не толку, овие од Доњецк и Луганск, не се на раат од Русите, и тие многууу ги мразат Русите, не да се спојуваат. Проруски граѓани се Руси од Украина, не Руси. Не се сите како нас, кој дојде, оопп стави го во Устав. Сите се Украинци, ама со различно етничко потекло. И ако Русите се во право, и ако е добро спојување со Русија, зошто еден куп Грци, Бугари, Евреи, се борат рамо до рамо со Украинците против Русите? Не сакаат да живеат во „благосостојбата“ што Русија демек ја нуди?

    Пак со тоа западно лицемерие се правда руска тиранија. Му е гајле на комшијата ако немаш што да јадеш на пример, така и со Западот. Никој не е должен да решава туѓи проблеми. Русија што бара туѓи територии, тоа ви е ок, ама западот бил лицемерен. Па и за Сребреница ли има правда? Старци пред умирање ги осудија. Голема работа, исто како да не ги ни осудиле.

    Зеленски нема право да тргува со украински територии, тој е Евреин.
     
    Последна измена: 11 октомври 2022
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Па кога се 70% Украинци зошто од 2014 војуваат ПРОТИВ украинската влада и бараат промена, автономија, а сега и независност?
    Знаеш ли колку луѓе страдаа таму, и уште страдаат?
    Загреови се.
    Русите ги користат како топовско месо. Им дадоа старо оружје и Т-60 и Т-72ки, некои стари верзии, и се во првите борбени линии.
    Доњецк од 2014 само еднаш не беше бомбардиран, за време на референдумот затоа што склучија примирје да нема оган.

    Тие француски форензичари што дојдоа ама немаа никаква врска со Хаг. Ти дадов погоре официјални податоци дека единствено Амнести интернашнал (НВО британска организација) излезе со осуда.

    Украинците сега масакри од невидени размери направија во Лиман и во Харковската област што ја ослободија. Сите граѓани што земаа руска помош во вид на храна, лекови и други потрепштини ги стрелаа. Ракета од Точка - У (само украинската армија користи овакви) уби преку 100 души на автобуската во Краматорск ако не се лажам. Повторно, никому ништо.
    Во Мариупол имаше страшни снимки што правеа Азов, како мачеа луѓе, убиваа, сечеа. Руските заробеници ги кастрираа, убиваа, мачеа, пукаа во колена.

    До сега единствено што дојде меѓународно истражителство беше за нуклеарната во Енергодар каде што докажаа дека Украина ја ракетираше намерно. Повторно, никому ништо. Ај, бар престанаа и не се случи хаварија 10 пати поголема од Чернобил.

    Јас се надевам дека еден ден сите ќе одговараат за злосторствата што ги прават, ама до сега злосторства има и од двете страни. Само што ти никогаш не кажуваш, ниту ги признаваш злосторствата на Украина. Додека, јас немам проблем ако се докаже да се признаат злосторствата на Русија.

    И за жал, ова што се случува во Украина, не е ништо спрема она што се случува моментално во Јемен, или што се случуваше во Босна.

    Ова е операцијата "Shock and Awe" во Ирак, извршена од 31 НАТО земја во 2003 година. Техеран го срамнија со земја. Цивилните жртви беа милиони. Овака ратува демократскиот западен свет. Путин може истото да го направи со Киев. До сега не го прави. И се надеваме дека нема да го направи.

    https://twitter.com/Partisangirl/status/1579405586156118017
     
    На nextredstyle, Amellie13 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Леле за пет минути отиде градот :o
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Против државата Украина се кренале Руси од Украина, а не Украинци. Русите заробија неколку градоначалници Украинци во Доњецк и Луганск. Тие во Буча, да не ги убил Зеленски па страв му е да не го откријат? Оо, па тој кажа дека оружје не ни користи, и не само тој, туку во цел негов кабинет само Олексеј Арестович знае да користи оружје, затоа што е бивши разузнавач. Зошто нема никакви докази за АЗОВ и не се судени и мене ме чуди. А ти сериозно мислиш дека Русите и Чеченците не убиваат и силуваат? Имам многу работа, немам време, а и не е фер да копирам одговор од мој инбокс од Украинка од Мариупол која вели дека Зеленски не треба да им попушта на Русите, 30 години се независна земја, а Русите во се им мешаат. Ги виде ли воопшто Украинците со украински знамиња, полн плоштад во Херсон кои порачаа дека се против војна и отцепување? Ова беше на почеткот од војната. Проверував биографии на украинските политичари, да видам кои се, што се. Џабе им што со години и децении се во политика, штом не го читале форумов, не знаат кај живеат, и како да ги решат проблемите. Голем дел од Украинците од Доњецк и Луганск сега се во безбедните градови во Украина, и во Киев. Ако толку сакаа да запре војната и Зеленски да потпише, ќе излезеа на протести и ќе бараа оставка од него, примирје, капитулација. Русија анектираше територии, ама таму сега Украина почна да исплаќа пензии. Анексијата на терен е веќе оспорена.
     
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Па како се кренале Руси кога ти викаш дека не биле ниту 15%? 8 години ратуваат против украинската влада. 14 000 цивили им убија, којзнае колку полицајци од ЛНР и ДНР починаа до сега. Градоначалниците им се Украинци, они даваат наредби.

    Па не знам дали му е страв да не откријат дека неговата армија ги уби тие во Буча. Ете нека дозволи на меѓународните истражители да влезат и да си направат испитување на терен. Ако е чист, зошто не дозволува?

    Зошто не дозволуваше исто така меѓународни истражители да дојдат и да откријат кој пукаше во Енергодар? Нели излегуваше на ТВ и ги обвинуваше Русите дека пукале. Па кога идеше комисијата, направи воден десант, преку 90 командоси со чамци упаднаа тоа утро во централата и планот им беше да ја земат комисијата како заложници. Среќа, не им успеа и беа елиминирани.

    3 милиони луѓе од Украина заминаа во Русија. Најмногу од сите земји, Русија прими бегалци, и сега се на безбедно. Ако овие луѓе се против Русија, нема да бегаат во Русија, ќе бегаат на запад. Исто така, нема да ратуваат 8 години против украинската влада и нацистичките батаљони.

    Како бе нема никакви докази за АЗОВ? Цел интернет е полн со докази и видеа. Повели известување од ББЦ пред 8 години.



    Повели репортажа од Гардијан за како деца обучуваат во кампови со оружје.



    Видеава 100 пати се свртеа веќе на темава. Не знам зошто го вртиш повторно и повторно истото, иако цело време ти давам докази дека не е точно тоа што го зборуваш.

    Исто така не е точно и за пензиите и платите. Овие региони, Украина им ги укина пензиите и платите уште во Март, од тогаш, Русија им ги плаќа. И освен тоа, од Русија добиваат храна, вода, медицинска помош. Мариупол веќе почна да се гради, па добиваат бесплатни станови, и работа. Децата си продолжија со настава. Животот им тече непрекинато, освен што се бомбардирани од страна на украинската армија, па гинат по улиците. Овие региони веќе никогаш не се враќаат во Украина.

     
    На nextredstyle, sonuvana и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Зошто не може да разбере дека ова е всушност граѓанска војна, т.е така започна пред 8 години.
    Зошто не и е јасно дека постојат прозападни и проруски Украинци.
    Зошто тоа нејзино повторување дека има украински градоначалници ништо не и говори.
    Зошто не сфаќа дека Украина поради местоположбата, а да не зборувам за сите заеднички и природни врски, не може да биде против Русија и Америка господар да и биде.
    Зошто другарките и Украинки кои избегале се јуначат од сигурно, платени со евра и долари.
     
    На Konfetka, Amellie13, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    3 милиони во Русија велите? Па нели најголем дел од бегалците се во Полска? Бројките не се поклопуваат. Тие 15, 23, 35% по градови, а 17,3% на ниво на држава правеле бунт исто како што овде Албанците кои беа некаде до 20% правеа бунт, помогнати со оружје од Косово, а овие од Русија, ете така.

    Ја споменувате босанска Сребеница, ама таму таа правдата што не е правда, стигна по 20 години. Така и за украинските Сребреници ќе слушаме по 20 години дека судат некои старци.

    Цело време ширите тези дека Украинците не сакаат да живеат во Украина, сакале да живеат во Русија? Тогаш војната ќе беше окончана за 2 дена, а еве ги 228 дена се борат Украинците.

    Игнорирате дека Украинци и Руси се имаат разведувано по 2014 година, баш поради сепаратизам.

    Не можете да ги сфатите Украинците за што се борат, затоа што Македоцните се продаваат за еден пасош. Вие мислите секој се продава за едно евро. Што е сигурно? Да избегаш во 5 до 12 во туѓа земја и да отидеш да измеќаруваш во странство, да работиш од утро до мрак? Нека ве снајде вас истото, бидете во нивна кожа, па јуначете се слободно. А дел се дома во Украина, никаде не побегнале.

    П.С. Зошто не одите да работите во Русија, туку земате бугарски пасоши за да одите кај лицемерните западњаци?
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Мариупол не е ослободен. Во Лиман почнаа да си исплаќаат пензии. Мешаш окупирано со ослободено.

    Не викам јас, бројките од пописи кажуваат која заедница колку е застапена. Фала богу пописот не им го правев јас, си го правеле самите.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Ако живееш во Скопје, и Данела ти е градоначалник, тоа ништо и не говори оти Чаир може сака со Косово да се спои. Нели така? Тоа значи пакувај куфери.
     
    На WildMk и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Не реков јас ништо за тоа кој е ослободен, а кој окупиран. Реков дека според мене референдумот за независност е во крајна рака сомнителен иако податоците говорат дека овие луѓе си изгласаа на референдум да се дел од РФ, и затоа треба што побрзо да седне Зеленски на маса и да потпише договор за мир. А овие региони да си гласаат повторно на референдум со меѓународни набљудувачи и сами да си одлучат за тоа со која земја сакаат да бидат.


    Ако Чаир, заедно со цело Скопје после 8 години бомбардирање и убивање од наша страна, си излезат на референдум и сакаат да се приклучат кон Косово, што можеме да направиме ние, освен да им влеземе воено?

    Да ти биде аналогијата иста, треба ние во Чаир да им влеземе со војска кога имаат протест и да почнеме да вршиме масакри. Ете тоа им го направи украинската власт на луѓето во Донбас. Од тогаш имаат граѓанска војна.
    А да биде аналогијата уште по иста, е како ние да влезиме во Куманово и да почнеме граѓанска војна со вас Кумановци затоа што бевте против Обичуко.

    И да, јас токму тоа сакам да ти го кажам дека бројките покажуваат дека таму Украинците се во длабоко мнозинство, и истите тие Украинци беа нападнати и убивани од страна на украиниската влада. Граѓанска војна имаат 8 години каде што се борат про-руски Украинци, и про-американска инсталирана влада.

    На Србите пак им го земаа тоа Косово и без референдум, онака терористички си изгласаа во собрание, а кога влегоа да си ја бранат и вратат територијата, НАТО ги бомбардираше, и тоа им уништуваше цивилна инфраструктура, болници, телевизии, амбасади. Београд личеше како видеото од Техеран. 2500 цивили починаа. Којзнае колку цивили Албанци има почитано од тие бомбардирања на Косово. Цели цивилни конвои гаѓаа Америте таму.

    Нас исто така ни се заканија дека ќе не бомбардираат ако не седнеме и не го потпиши Охридскиот Рамковен договор, од кои последиците ги трпиме и ден денешен.
     
    Последна измена: 11 октомври 2022
    На Amellie13 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Тоа како ние функционираме не е ниту добро, ниту паметно, и големи држави и нации не треба да постапуваат како нас. Се чудиш како 17.3% се кревале против власт, и правеле референдум. Македонија се одвои од СФРЈ со 10% Албанци, и тие тогаш правеа референдум за Илирида, среќа па не го признаа. Ти сериозно веруваш дека некој Украинец од Херсон каде е мнозинство сака да се спои со Русија и од мизерија каде е граѓанин од прв ред, ќе оди во мизерија каде ќе биде граѓанин од 10-ти ред? Мислиш дека сериозно така размислуваат?

    Еве гледав изјава на вести, снимени Украинци во Луганск, кои се приклучиле на армијата да се борат, за одбрана на државата и едниот рече вака „Колку повеќе Руси ќе доаѓаат, толку повеќе ќе убиваме, и нашата земја ќе биде уште поплодна“. Оваа изјава ти делува дека сакаат во заедница да живеат? Тебе ако ти урнат дом, фамилијата ти ја масакрираат, ти сериозно ќе гласаш за спојување со убијците? Таму за 10 години нема да се среди сега демографски состојбата, да се утврди кој е жив, кој е мртов, кој е иселен, кој е во гробница, па ДНК итн. Како би имало деморатски референдум?
     
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Па тоа ти го кажувам де. Украинската армија 8 години ги масакрира и убива овие луѓе од Донбас. 8 години е во граѓанска војна со нив. 14 000 цивили им убија.
    Секој ден има убиени цивили од гранатирање во Доњецк. Им фрлаа мали мини кои не се гледаат, па децата ги нагазуваа и губеа нозе, раце од шрапнелите.
    И ти мислиш дека тие луѓе кои војуваа, и сеуште војуваат против украинската влада дека сеуште сакаат да се дел од Украина?
    До скоро и не сакаа да се приклучат кон РФ, единствено што сакаа е автономија и промена на про-американската инсталирана власт.
    Од кога почна војнава во Февруари, уште толку почнаа да бидат масакрирани и убивани. И секако дека не сакаат да се дел од држава која ги убива.
    Посебно па сега кога видоа како во Лиман ги убиваа сите жители кои примиле руска помош во храна и лекови... Затоа цели цивилни конвои имаше од Харкив и Лиман кон граница на Русија, луѓето бегаа и спасуваа жива глава од украинската армија.

    Херсон си излегоа на референдум и масовно гласаа да се спојат со Русија. Ти реков, ако мисли Зеленски дека овие луѓе сеуште сакаат да се дел од Украина. Нека седне, нека потпише мировен договор (баш и таков беше предлогот од Русија), и нека спроведат уште еден референдум со меѓународни набљудувачи кои нема да го спорат легитимитетот.

    Вака ако продолжи, ќе го изгуби и Харкив и Одеса.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Затоа Русите убиваат се што не е руско, за да на некој иден референдум сите бидат ЗА, а и да нема референдум, ќе ја сменат етничката структура, па ќе имаат легално избрани градоначалници Руси, затоа што Русите можеби ќе дојдат во позиција на мнозинство. Украина не е на Зеленски, па да ја дава или не, таа им припаѓа на Украинците. Како и да е, таму мир нема да има, со таа демографска структура. Не можам сега да барам, имаше истражување од скоро, што мислат Украинците, дали се да се даде таа територија или не, и голем процент се за враќање на комплет се, заедно со Крим назад на Украина. Тие не прифаќаат никакво цепкање.
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Каде убиваат се што не е руско? Еве по кој пат го кажуваш ова, и по кој пат те прашувам да ми дадеш релевантен податок дека русите убивале масовно украински цивили. Ако беше така значи +70% од населението во Донбас требаше да биде сега мртво, пошто толку е бројот на Украинци таму.
    Ама до сега, имаме потврдени убиства само од страна на украинската армија над овие луѓе. 14 000 цивили за овие 8 години, којзнае колку сепаратисти на ДНР и ЛНР починаа, а којзнае колку е порасната бројката од Февруари наваму.

    Еднаш викаш дека во тие области нема ниту 15% руси, па сега викаш дека со таква демографија нема да има мир во Украина. Тие од Донбас не се руси што ратуваат 8 години, туку се про-руски украинци. И ратуваат против владата на Зеленските. Граѓанска војна е ова против про-руски украинци, и про-американска инсталирана влада.

    Луѓето од овие 4 области си излегоа на референдум и си изгласаа дека сакаат да се дел од РФ (иако не е признат референдумот во светот, Русија го призна). И сега се дел од РФ. Со напаѓање на овие области, како и Крим, значи дека ја напаѓаат РФ, а не ДНР и ЛНР, Херсон, Запорожје. И Русија ќе може со сите механизми да си ја брани својата територија. А тоа е ескалација на ниво на рат. Баш тоа го гледаме сега. И, ако продолжи овака, не само што Украина нема да враќа територија, туку уште повеќе ќе губи.
    Па по пола година овде ќе зборуваме дали смее Харкив или Одеса да се приклучат на РФ.
     
    Последна измена: 11 октомври 2022
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Сега во 2022 година, Русите убиваат се што не е руско во окупираните територии. Украинците точно си знаат во која населба кој живее, во кој дел на град кој живее. Дури и со тие масовни гробници и етнички чистења, кога се ќе се смири, ако се смири, пак нема да има мир, затоа што прашање е колкав ќе биде соодносот на Руси, Украинци и други. Убаво ти кажувам јас, 17.3% Руси во цела држава, а во Доњецк и Луганс, варираат Русите од 13, 15, до 23, 35% по градови, но се малцинство секаде. И 10% да се, може да им текне да прават референдум, ама тоа нема валидност пред властите во Киев. Тоа е исто како овие што отвораат бугарски клубови, да почнат да прават референдуми, на крајно сомнителен начин. Кого треба да штити власта во Скопје, тебе или нив? Како што Бугарија нема право да прави референдум овде, така и Русија нема право да прави референдуми по туѓи држави, а прави и во Молдавија, и во Грузија, правеле, ама па никој не им ги признава за среќа.

    Ако е нивна волја, нека се спојат со Русија уште утре ако Украинците така сакаат, но не е баш така.

    Мнозинството се ЗА враќање на цела окупирана територија сосе Крим, тоест 61%, а дел прифаќаат враќање на територии без Крим. Ова е тазе истражување откако почна војната.
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Па баш тоа ти го кажувам и јас де, бројките кажуваат дека таму руси се многу малку. Оние кои се борат 8 години против украинската влада се украинци кои се про-руски и не ја сакаат про-американската инсталирана влада. Граѓански рат беше тоа.

    Извор за убиени украинци од овие територии?

    Извор од истражувањето спроведено на овие територии?

    Русија не правеше референдум, сами овие области си спроведоа и направија референдум. Впрочем, истите беа најавени и спроведени од украински градоначалници.
    Ете, нека склучат примирје, нека дојде меѓународна и нека ги повторат референдумите за да биде се транспарентно.
    Зошто не сака тоа Зеленски да го направи, туку ги напаѓа овие територии и ги убива украинските цивили таму?
     
    Последна измена: 11 октомври 2022
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Истражувањето е направено од агенција Рејтинг, и тоа е волја на Украинците, анкетирани се Украинци од различни региони, и тие од истокот, кои се раселени во други краеви во Украина сега. Јас истово сум го правела овде, без да опфатиш се како што треба, нема релевантност анкетата. Тоа е мислење само на луѓе кои се Украинци по националност. 61% се за враќање на сите територии сосе Крим, значи тие ни Крим не го преболеле, не па Доњецк и Луганск, да ги дадат. Сите податоци ги има на украински, има буквално статистика, колку изгубиле работа, бизнис поради војната, куќа, роднина, колку имаат психички проблеми, итн.

    Немам статистика за убиени Украинци. Имате ли вие? Има ли некаде колку Украинци гласале за припојување со Русија, во 2014 година мислам, сега двајца без тројца, гласање по ниви, на пат, којзнае кој гласал, што гласа, без никаква контрола.
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Баш како што рече, моментално нема релевантност ниту една анкета.
    Нешто најблиску до релевантност има референдумот. А тој не е спроведен по меѓународни стандарди, затоа и тој не е релевантен, ама Русите ќе си го користат како релевантен и веќе си ги припоија тие територии.
    Слично како Косово што им го земаа на Србите, тоа кај нив беше дури и без референдум.

    Ние го признавме Косово како држава, иако во ОН не го признаа, следствено на тоа, треба да ги признаеме и овие држави како дел од Русија, како и сите останати што го признаа Косово, треба да ги признаат и овие, ако одиме по таа логика.

    Единствени релевантни податоци има од Крим, кој секако си беше посебна автономна држава (state) уште претходно, каде си имаше законско право да си се определи на референдум за својата судбина, како што си се определи Македонија за независност од Југославија.

    Инаку не сакаа ДНР и ЛНР во 2014 да се приклучат во РФ, сакаа да добијат автономија, и сакаа промена на про-американската власт.
    Склучени се 3 договори во Минск за мир помеѓу во граѓанската војна. Договори, кои украинската власт не ги применуваше. Затоа и почна војнава. :)
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Гаѓан е Миколаев утрово, па реков да видам што велат статистиките за таму. Имаат 84% Украинци и 12% Руси.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.986
    Допаѓања:
    9.787
    Пол:
    Женски
    https://makfax.com.mk/svet/макрон-франција-нема-да-одговори-со-ну/

    Макрон: Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби
    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби против Украина. „Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2. „Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.

    Ова е првпат Макрон детално да зборува за француското нуклеарно оружје во овој контекст. Тој додаде дека не е добро да се зборува премногу за тоа. И покрај заканите на Путин, нема конкретни индиции дека Русија преместува нуклеарно оружје, што би укажало дека се подготвува да го употреби.

    [​IMG]Макрон рече дека Путин мора да се врати на масата за да разговара за мирот во Украина и дека мисли дека Киев во одреден момент ќе мора да преговара со него. „Путин мора да ја прекине оваа војна, да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да се врати на маса и да разговара“, рече Макрон, пренесе Индекс.хр.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.