Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Jaс лично мислам дека не смее и Русија нема да употреби нуклеарно оружје. И во Србија има поделеност, еве Зорана Михајловиќ, наговестува дека треба да си го одберат патот каде ќе бидат во следните 100 години и го нападна Путин. Утрово на српски канал гледав емисија со тројца аналитичари. Едниот го нападна Путин, а другите двајца почнаа гласно да зборуваат, да се уфрлаат, и буквално тоа на ништо не личеше. Што го викнале водителите ако знаат какви ставови има?

    Туку видете го овој проруски сепаратист, тоест Русин од Украина како ги спори Украинците како народ

    https://a1on.mk/world/video-proruski-separatist-ukraincite-se-rusi-opsednati-od-gjavolot/

    Дали некој од вас би живеел со ваков човек или не дај боже би имал желба да се обедини.
     
  2. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Во македонија се плашите да излезете на било каков протест, да не ве видат од партија


    Украинците да бидат храбри да гинат на фронтот и од гранатирањето.


    Украина ви е како арена за гладијаторски борби да празните фрустрации тие што не гледате спортски канали.


    Само човечкото лицемерје и глупоста се бесконечни.
     
    На Angie1432, daylight, Аргентина * и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    40.991
    Пол:
    Машки
    Илон Маск ќе го прекине Starlink за Украина. Баш преку Starlink украинската армија, како и обичните граѓани добиваа интернет кој им беше клучен за комуникација и напредок на фронтот.


    [​IMG]

    Ова доаѓа после предлогот на Илон Маск за како да се реши војната.
    После неговиот твит дека за џабе гинат Украинци, кога исходот ќе е тој (полош ќе е), украинскиот министер го отера во к#$&@.

    :?:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Јаневски и daylight им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    17.284
    Пол:
    Машки
    Бајден до Зеленски: „Неблагодарен си, тешко дека ќе можам да барам пари ако продолжиш да се жалиш“

    bajden-zelenski.jpg

    Американскиот претседател Џозеф Бајден го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе биде тешко повторно да бара пари од американскиот Конгрес доколку продолжи да се жали дека не добива доволно помош, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на поранешен претставник на Белата куќа.

    Весникот наведува дека од почетокот на конфликтот во Украина во февруари, Зеленски и неговите претставници континуирано бараат од САД и другите западни земји да пренесат дополнителна воена и финансиска помош, оружје и да воведат санкции кон Русија, и покрај фактот што Вашингтон им испрати огромни суми на помош.

    Според поранешен функционер на Белата куќа, Бајден и Зеленски редовно разговарале по телефон и во еден момент американскиот претседател побарал од Зеленски да престане да кажува дека помошта е недоволна, бидејќи изгледал „неблагодарен“.

    Американскиот министер за финансии Џенет Јелен вчера изјави дека во наредните недели САД ќе почнат да испраќаат 4,5 милијарди долари помош што Конгресот ја наведе во буџетот како директна поддршка за Украина.

    На почетокот на октомври, Белата куќа објави дека Бајден потпишал нацрт-закон со 12,4 милијарди долари нова помош за Киев, вклучително и 4,5 милијарди долари економска помош за украинските власти.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Претставничката на ОН, Прамила Патен, во изјава за светски медиуми вели дека потврдиле повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни блиску до реалноста, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

    „Жените се заробени со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за снабдување на руски војници со вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија“, вели Прамила Патен.

    Минатиот месец, истражителите на ОН во извештајот наведуваат дека руски војници силувале деца – од кои некои биле на возраст од четири години.
     
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    17.284
    Пол:
    Машки
    Скапо ќе ги чини Украинците "помошта".

    УКРАИНА ЌЕ МОРА ДА ИМ ВРАТИ НА САД 54 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, кредити за војната
    963.jpg

    Киев ќе мора да им ги врати парите на САД трошени од америкаците за потребите на Украина во време на војнта, изјави украинскиот воен експерт Олег Жданов, истакнувајќи дека Украина добила околу 60 милијарди долари помош од САД, од кои 54 милијарди долари се заеми.

    „Ова сугерира дека САД инвестираат во својот воено-индустриски комплекс, ја гасат инфлацијата со отворање работни места, остваруваат профит преку протокот на пари, а потоа ќе вратиме и 54 милијарди од повеќе од 60 милијарди што ни ги дадоа“, вели Жданов.
     
    Последна измена: 17 октомври 2022
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Јас колку шо знам, неповратна помош е.
    Дајте линк да видиме кај пиши дека ќе треба да платат ?

    Од кај разбрал тој 'Жданов'?

    *А и бројкава 54 милијарди, од кај му е?

    Американците имаат ветено 18,2 милијарди.
    Сеуште не се сите донирани
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ова на фронтот што го гледаме е буквално 'фронт'.
    Нешто да 'не држи окупирани', дури се превртува на глава глобалната дистрибуција на економска моќ.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.056
    Допаѓања:
    17.284
    Пол:
    Машки
    Кај Американците бесплатен ручек нема.

    Бункерот на Зеленски :)
     
    Последна измена: 18 октомври 2022
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Значи немаш линк
     
  11. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    178
    Втората најголема и најмоќна армија на светот неможејќи на фронтот да се справи со ЗСУ, секое утро го гранатира цивилното население, со специјален таргет цивилни згради и цивилна инфраструктура. Урааааа
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Првиот пакет во Мај беше 40 милијарди.

    А дали и колку се повратни не знам.
    Немам прочитано на странски вести.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Се што се збораше тука на почеток испадна точно. На сите видеа, на сите странски форуми америкнаците го менуваат мислењето. Од Преј фор Јукраин, сега пишат Зеленски дека е терорист, а Бајден поддржувач на тероризам.
     
    На Billy Idol, NPN и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    178
    Во што се состојат терористичките дејствија на Зеленски?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не знам јас, само кажувам како светот ја смени перципцијата наеднаш.
    upload_2022-10-18_5-46-7.png
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Јас па прочитав дека вкупно се 18 милјарди... можи стара беше информацијата...
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Можеби тоа плус...
    Или може на рати им ги даваат, не наеднаш...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.009
    Допаѓања:
    130.731
    Пол:
    Женски
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.009
    Допаѓања:
    130.731
    Пол:
    Женски