Ништо нема бесплатно во овој свет, се сѐ наплаќа, и тоа дупло. Украина го изуби скоро цело жито и којзнае како ќе се храни зимово. Цело земјиште, ресурси, рудници и природни богатства се купени од Блеквотер, Хантер Бајден и други американски конгломерати, кои имаа и лаборатории за масовни вирусни тестирања над граѓаните... Одамна тоа не е држава на Украинците. Не беше тешко ова да се процени. Уште тогаш кога пишувавме, го знаевме ова затоа што е логично што ќе доаѓа. И слеп ќе го видеше. Што се случува моментално: - Протести во Германија против санкциите. - Протести во Чешка - Протести во Молдавија - Жестоки протести во Франција со можни човечки жртви, уапсени луѓе, тепани... - Гривната (украинските пари) забранети во Германија и повеќе нема да можат да ги променат за евра. - Во Македонија имаме мазут и гас до крај на Октомври. Владата наша коленичи за да најде енергенси за индустрија и греење. - На велико се богати од препродажба од енергенси, олигархијата бележи рекорден профит, граѓаните, рекордни сметки. - Нема субвенции за наши мали бизниси за струја, повеќето ќе затворат зимово. - 10-15% намалена економијата во Европа до сега, зимово колку ќе падне? - Рубљата никогаш појака од сега - Греењето и горивото никогаш поевтино во Русија - Русија годинава за 1 квартал направила профит како лани за цела година од енергенси, иако продала далеку помалку. - Нас не натераа да ги поклониме сите Т72 тенкови, Су -24 свиони, Ми 28 хеликоптери, и тие што останаа повеќе немало да се оддржуваат. - Се зборува и дека се поклонети сите БТР-и и сега оклопни возила кои се останати се уште Хермелините. - Купивме во меѓувреме едни лесни оклопни возила од Америка кои немаат никаква заштита. Набавката ќе чини преку 200 милиони. - Исто така 2% од БДП плаќаме за членство на НАТО. - Цел источен блок во Европа го донираше своето оружје во Украина со што сега може војска таму да се прошета до Берлин. - Во меѓувреме сите вклучија договори за набавка на оружје од САД, таму компаниите тријат раце. Капак на се, зимата сите ја чекаме неспремни, и се надевавме дека ќе е блага, ама по она што го кажува метео прогнозата, ќе следи студена зима со многу снег, во Европа, во Македонија, нема да фати многу тој студениот бран.
https://plusinfo.mk/ambaski-ama-na-...-varshava-i-budimpeshta-za-ruska-zem-a-video/ Еве ги „загрозениве“ Руси, сонуваат дека три други држави се руска земја. Оо, даа. И ние како Македонци немаме никакво морално право ниту кредибилитет да се исмеваме со 50 милионска украинска нација, ова сосе дијаспора. Ние кои никогаш не сме се избориле сами за ништо. Чие се компаниите овде? Еве самите пишувате за некои фирми дека ги купиле соседи. Нас Бугари, Срби, Грци, Австријци, Германци ни стопанисуваат со она малку нешто што го имаме, ама се тешиме Украина нема да била на Украинците. Оо, да, сега гледам ќе се населат Американци. Како ќе се прехранеле? Вчера правев муабет со Украинката, и ми вели „кога се ова ќе заврши, те канам во мојот град, дојди, сместување и домашни трошоци од мене, ти само патот плати го“. Таа сега не е ни дома, по Европа е, ама е убедена дека мора да победат затоа што скапо платиле за да бидат независни. Дури во времето на Сталин се стрелани многу луѓе Украинци поради украинската кауза. Поголем дел од оружјето е донација, нешто и ќе платат. Сиромаштија не е ништо во однос на војна. Цело време говорите како гинат Украинци. Гинат и Руси. Тоа што не ги соопштуваат бројките не значи дека не гинат. И тие 30 години ќе трпат последици од санкциите. Ќе живеат во тешка мизерија, како и да е. Како и да заврши војната, Украинците за мене се морални победници. Запреа една демек „велесила“ што за два дена ќе ја згазела пола Европа, ене ги во едно ќошче од Украина се тепаат со Чеченци, Киргистанци, и што уште не.
Абе луѓе ние снег не можеме да исчистиме во зима и еден пожар во лето не можеме да изгаснеме, а вие сте запнале Украина ви е и ни е крива што се бори да не заврши со судбина како Македонија, молзена, поделена, командувана од малцинство. Демек се потресовте за руски гас? До лани на гас сте се грееле? Ај не ме зезајте, колку што знам само Скопје има парно, тоест дел од скопјани, не сите. Цела Источна Македонија е со дрва во двор, цепат ли цепат, луѓево гас, па гас. Мислите дека нашето оружје е од некаква помош? Да не сме дале историски експонати? И рубљата пак падна деновиве. Буџетот на Русија има огромни загуби, а тоа го кажа Русин кој предава во странство. После оваа војна во Украина нема да има 17% Руси, ќе бидат помалку, затоа што добар дел од нив, мажи изгинаа. Ние Егеј и Пирин изгубивме, и пола Вардарска која постои поради добра волја на Србите, ја губиме, и ние мислиме дека таа нација од 50 милиони не знае за што се бори, ама ние совет ќе им дадеме. Кој и да е исходот, во Украина ќе има многу повеќе Украинци отколку Македонци во Македонија, и Украина ќе биде пак поукраинска од што Македонија е македонска.
Никој не се теши со Украина од болка за Северџганија. Прибери си го паметот ако воопшто го имаш тетке или пак веднаш отиди во Украина, не чекај да заврши војната.
Па еве такви се коментарите наназад. Украинците биле глупави. Ние сме последните на светов што треба да делиме квалификации. Инаку, денеска читав за искасапеното девојче во Париз, ставено во куфер, така што и Французите на пример не се многу паметни штом дозволија секакви исламисти да ги тероризираат, и нема универзално паметни народи. Не сме во нивна кожа, па лесно судиме. Демек да не беше Украина, во Македонија рај ќе беше и ништо немаше да поскапе.
И да се, нека се, кои сме тоа ние за да нив им делиме памет кога и ние сме во многу лоша состојба, а јас тука читам, ситење, величење на Путин, како бил јак, па еве само што не ја згазил Украина и не знам што. И сега Русите ќе процветаат?
Го видов ова и не се ни сомневам. Дури и да не видиме, и да не прочитаме никаде, за Русите веќе нема да има мир во Украина.
Не знам кој е кој тука во форумот, секој има право на свое мислење. Нема да те прашаат тебе што да пишуваат.
Исто и јас имам право на свое мислење, не затоа што го сакам НАТО и Америка, туку ако Црногорците една шака народ имаат право да носат одлуки за себе, како тоа Украинците со 50 милиони не би имале такво право? И не мораш да ги знаеш кој е кој, само 2-3 изразуваме сочувство и ни е жал за Украина, другите му аплаудираат на Путин.
Ова е повторно, уште еден случај после нуклеарната електрана во Енергодар каде што судот во ОН даде пресуда за прекршување на сите човекови конвенции. Во двата случаи, украинската армија беше осудена за војни злосторства и ќе одговараат оние кои дале наредба за тоа пред судот на ОН, како што одговараа нацистите по крајот на 2СВ.
Никој народ нема никакво право да одлучува, сите влади се вазалски само Украинците претераа и не е светот должен да трпи за нивната војна. Во Украина има луѓе што не сакаат војна и тие најмногу трпат поради националистите.
Кај се да излезат на демонстрации ако не сакаат војна? За сите светски проблеми е Украина крива, па и за сите проблеми на Македонија, демек? А Русија не е крива за ништо. Таа е чиста како солза, со претензии кон неколку соседни земји.
Во Украина сите што не се согласуваат со националистите можат да бидат убиени. Темата не е за Северџганија, олади.
Која патетика, ќе бидат убиени. Во Русија веќе неколку лица, олигарси, воени лица се убиени под сомнителни околности.
Исто? Кој загинал под сомнителни околности освен тој преговарачот што го убија во Киев и не ни криеја дека поради предавство е убиен, па дури и слика му објавија како лежи мртов на улица. Јадни Украинци, веројатно подобро знаете од нив како им е во кожата, тие не знаат.
Браво за нив и за тоа што поставуваат странски државјани на листи за отстрел кои имаат поразлично мислење.
Да не беше војната во Украина, што да ти кажам, Македонците ултра богаташи ќе беа. Штета, се поматија плановите. Што и да пишат Украинците во афект, на Илон Маск ли ќе му направат нешто.