Војна во Украина

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Feb 24, 2022.

  1. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    93
    Likes Received:
    110
    Gender:
    Female
    Мозокот ти е испран. Никој не ја брани Русија, ти ја браниш Украина. Другите пишуваме факти за Русија дека нема да се повлече од Украина по цена на нуклеарна војна.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Чекаме да видиме. Млада сум, не сум тетка, така да можеби 2035 година ќе биде. Нема зошто да ми биде испран мозокот, само сите имате инвентивни досетки како Украина била виновна за се, ама Русија е невина, а Путин посебно. Чекам, да видам кога ќе се случи таа „фамозна“ победа на велесилата Русија. А и немајте гајле, ако нешто фали, храна, зејтин, па и гас, тука е Вучиќ, нашиве добро просат, така да народе, за леб и руски гас не се нервирајте, остајте Украинците да одлучуваат за себе, ако вие не можете за вас. Дали ќе изгинат, дали ќе ја изгубат територија и колку, тоа крајот ќе го каже.
     
    Mikha4 likes this.
  3. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    93
    Likes Received:
    110
    Gender:
    Female
    Не е само тој, многу се на таа листа не толку богати како него. Така и за Ружди никој не очекуваше нешто да му направат.
     
  4. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    93
    Likes Received:
    110
    Gender:
    Female
    Доволно Украина одлучуваше и дојде до ова дереџе. Форум се трпи па можеби и ти си млада. Уште еднаш, темата е за војната во Украина не каков е народот во Северџан не знам каде.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/32090202.html

    Новиот командант на руските сили во Украина ги призна тешкотиите со кои се соочуваат руските сили на теренот.

    „Ситуацијата во областа на ‘специјалната воена операција’ може да се опише како напната“, изјави генерал Сергеј Суровикин за државната телевизија Росија 24 во денешното интервју.

    „Непријателот континуирано се обидува да ги нападне позициите на руските сили“, рече тој.

    „Пред се, ова се однесува на секторите Крупјанск, Лиман и Миколаив – Кривиј Рих“, рече Суровикин.

    Тој исто така кажа дека руската армија се подготвува да ги евакуира цивилите од јужниот украински град Херсон, окупиран од Москва.

    Еве ти новиот генерал. Тешко било. Вие се надевате нуклеарна војна ќе направел Путин. Нема да направи ништо. Ќе тепа Руси со искинати јакни на грбот да се качат во автобус ( автобусот мислиш Македонија во 90-те), да идат да гинат, и ќе гинат украински цивили. Тоа е тоа. Да беа јаки, Украина ќе беше соборена за 2 дена, и сега немаше да се зборува за таа тема, затворена ќе беше. И ако се заканиле некому, еве гледам ќе ликвидираат се по ред. А и Маск е бизнисмен, не е преговарач, ниту Украинец за да дава идеи за цепкање на територии населени доминантно со Украинци.

    Штом толку се уплашивте од отстрел на Украинците, еве не пишувајте, може Фемина ја следат, да не ги стават сите македонски русофили на листа за отстрел. Ајде се исклучувам и чекам 2050 година победа на Русија над Украина.
     
  6. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    93
    Likes Received:
    110
    Gender:
    Female
    Ти не си таман. Ти си таа што поттикнуваш на борби, ние сакаме крај на војната.
    Попаметна од Илон се сметаш што ти смееш да поттикнуваш на борби а тој не смее да понуди решение за мир? Ти си обичен коментатор на форум.
     
    Angie1432 likes this.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Боже, боже, не пишуваш со советник на Зеленски, ај смири страсти, и врати се во реалноста. Во Македонија си, не си во Кремљ или Киев па ќе сме поттикнувале нешто. Путин и Руси секаде ги заборавате? Тој сепаратистот од Херсон 4 држави нарече дека се руска земја, е тој поттикнува на борби. Тие се тие, што се шетаат по туѓи земји и се прават газди. Не поттикнувам јас ништо, ама Украинците нема зошто да ја дадат својата земја на својот вечен џелат и негатор, асимилатор, за да ти и другите русофили се чукате во гради дека Путин е многу паметен и јак. Нема што Маск да кажува, ни ти, ни јас, а ни Русите, туку Украинците ќе си одлучат за својата земја. Тие си знаат најдобро. Нема да бидам попаметна од Маск никогаш, ама ако е богат, не значи дека е фер и праведен. Украинците кои демек лицемерно ги жалите, а злобно навивате да им ја земе Путин земјата, не се должни за сите неблагодарници да седат печница, за да има евтин леб и да не плачете скап ви бил леб. Не сум тетка, којзнае може и постара од мене да си, ама еве чекам, сите чекаме, ќе бидеме сведоци како војната ќе заврши. Една брчка плус имам откако почна војната, кај и да е, ќе остариме дури Путин да го најде вистинскиот генерал, па вистинските Чеченци муџахедини, па дури ги обучи...

    Ако сакате крај на војната, одете протестирајте пред руската амбасада, тие се агресорите.
     
  8. G.Müller

    G.Müller Активен член

    Joined:
    Jun 12, 2022
    Messages:
    27
    Likes Received:
    33
    Кого најдовте да цитирате, жената е одвеана со виорот. Нашла некоја Украинка на ФБ и среќна е дека постои форумот да има на кого да раскаже што зборуваат. Таа не дискутира, измислува работи како и одговара. Сите знаат дека Украина ќе заврши поделена, се бореле или не Украинците ама нека изгине и осиромаши повеќе народ, кој го врти. Пренаселени сме.
     
    Last edited: Oct 18, 2022
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,055
    Likes Received:
    17,284
    Gender:
    Male
    Киев призна: Русите „нè решија“
    kiev-napad.jpg
    Вооружените сили на Украина не успеаја да ги постигнат своите цели и да окупираат населени места во повеќе правци, соопштија утрово од Киев.

    Конкретно, украинската армија не успеа да ги постигне своите цели во областите Херсон и Сватов, изјави советникот на началникот на Генералштабот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

    „Украина малку се опушти. Мислевме дека сега ќе го окупираме Херсон, дека ќе го окупираме Сватов, ќе окупираме сè, но работите се малку поинакви сега со окупацијата, не е се така едноставно“, рече Арестович.

    Според Арестович, борбените операции во Украина преминуваат во следната фаза, која „нема да биде воопшто лесна“ за Киев, а руската страна „најде начини и методи за борба“ кои сега претставуваат „значаен проблем“ за Украина.

    „Тие го пронајдоа клучот за нашата противвоздушна одбрана, а тоа е да не принудат да ги испукаме сите проектили што ги имаме на залиха против беспилотните летала, кои се околу 2.400. Тие можат да не мачат така два или три месеци“, кажа Арестович.

    Претходно украинските медиуми јавија дека утринава е најавена воздушна опасност на територијата на целата земја. Арестович исто така не исклучи дека во Украина ќе биде потребна дополнителна мобилизација.
     
  10. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    93
    Likes Received:
    110
    Gender:
    Female
    Вие обични луѓе што посакувате ваа борба да трае не заслужувате повеќе од да се најдете во Украина во моментов.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Се зезам за брчките. Не дека навистина ми излезе брчка за 6-7 месеци, ама ете толку долго трае таа војна. Многу „грижлив“ народ живее во Македонија. Не ви е жал за Украинците, ни за нивните патишта, ни за нивната земја, туку инвентивно смислувате изговори за да го правдате убиецот Путин. Не знам какви се тие луѓе што правдаат убиец чиј народ е гол и бос, и гладен? Да, русофили сте, и плус сте накодошиле една членка да ја банираат од темава за да си го фалите Путин на раат. Веќе не дискутирам, да не ви го нарушувам „конфорот“, и чекам 2030 година да победи Русија. Сите што го правдаат Путин, заслужуваат да ја видат неговата суровост на дело.
     
    Last edited: Oct 19, 2022
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    4,984
    Likes Received:
    9,787
    Gender:
    Female
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,989
    Gender:
    Male
    Вчера украинската армија го гаѓаше понтонскиот мост на Дњепар, во моментот кога русите ги евакуираа жителите на Херсон, на сигурно. Исход: 4 мртви, 13 повредени, од кои и деца од нападот на цивилниот конвој.

    Children and representatives of the media" are among the dead and wounded, it said

    @Tanjamm , те нема нешто да пишеш за гаѓање на цивилни жртви од украинската армија, и тоа деца, украинци, или овие повеќе не се сметаат за украинци, зошто се од Херсон (90% украински град според статистиките што ги извади) па се небитни што загинаа?

    Иначе, русите веќе ги уништија нашите тенкови и БТР-и.

    https://fb.watch/gjqFx7wlhq/
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Збориш за 4 мртви? Русите колку убија досега? Во тие 4 мртви има ли воопшто деца?

    Чим велиш масакрот во Буча не го извршиле Русите, како да ти верувам дека Украинци убиле Украинци? Русите евакуираат Руси, не Украинци. Херсон е 82% Украинци, не 90%. Не вадам јас бројки, ги има јавно достапни. Ова како го кажа, мислиш во мојата фиока стојат податоци за пописи по Украина. Знаат тие кај гаѓаат и во кого, не им се секирај. Како што ти знаеш дека во Арачиново нема Македонци, така и тие знаат кој, каде во кој дел на градот живее, и кој, каде и кого евакуира. Нивна земја е тоа, секоја педа ја знаат.

    Дека сме им дале крнтии имаше колумна. Тоа наше оружје не само што е старо, туку не било ни соодветно сервисирано ни чувано. За авионите кои никој не потврди дека се дадени, државата сакала да ги продаде по војната, се јавила Грузија, па се откажала. Пишуваше дека ако не летаат, оти ги чувале на отворено небо, за резервни делови можат да ги искористат Украинците.

    Од Лесја Украинка веќе реагираа дека народов се сити и оправдува злосторства, оти знаат дека народов е без осет, и срам. Тука само злобата е вечна. Живеат по 25 години некои од нив овде, па читаат и гледаат каков е народов. Еве имаше една скопјанка со потекло од Запорожје, кажа дека татко и на скоро 70 години ќе си го брани домот, оти не сакаат нивниот град да биде нечија колонија. Рече дека два века ќе ги мразат Русите.

    И да каже некој дека лебот му е побитен од нечиј живот и татковина, помизерно и поарогантно нешто немам чуено. Утре некој за нас ќе каже дека сме понебитни од неговите смрдливи чорапи, и ќе биде ок. Има ниви во Македонија, нема кој да сее. И пред да ми речете оди сеј, ние веќе обработуваме, така да носиме пченица во млин, проверуваат квалитет и ни даваат брашно. Од „добрите“ Руси кои ги „засејаа“ украинските полиња со мини, уште долго нема да има евтин леб. @Billy Idol не ме убедувај, и нема да ме убедиш ниту ти мене, ниту јас вас. Во случај Русите да се повлечат од окупираните региони или да не ги земат целосно почнете да смислувате тези од типот „абе не сакаа да ги убиваат Украинците, имаат роднини таму“. Патем Москва не ја признава ни украинската црква.
     
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,989
    Gender:
    Male

    Сите жители на Херсон ги повлекуваат затоа што украинската армија со Химарсите ја гаѓа браната кај Нова Каховка веќе неколку дена, и кога ќе ја пробијат, ќе биде поплавен цел Херсон. Русите не ги оставаат жителите да се удават, и затоа цел град се евакуира.

    Ама небитно дали биле украинци или руси, битно е дека украинската армија гаѓала цивилен конвој, убила новинари и деца.

    Покажи барем малку сочувство за злосторите што ги прават кога веќе не ги осудуваш.

    Деца, еј, деца.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Русите убија бебе сосе родители, и други 34 годишни Украинци кои го чекаат првото дете во Киев, и ранија трудници во Мариупол и убија дете кое учело онлајн во подрум во Миколаев или каде и да беше, а ти по 8 месеци ми збориш дека гинат и деца? 153 деца загинаа до први 1 април, а 245 беа повредени, информација од ОН. Ама ајде не верувај, кои се ОН нели? Сигурно го лажат Македончето, за тоа постојат тие, нели?

    Зошто се сомневаш во бројките не знам кога тоа се бројки официјални од попис? И јас имав поинаква замисла, мислев дека Русите се многу, ама испадна дека се далеку помалку од тоа што мислев. Русите „многу“ добри испаднаа. Значи никого не убиваат? Па зошто се закануваат на цел свет и Европа, кога се така безопасни? Убиени новинари? Кај беше досега да кажеш дека беа убиени неколку новинари, и украински и странски? Русите треба да си одат дома, а тие 17% Руси на украинска територија се должни да ја почитуваат државата Украина, а ако не им чини, нека видат пример од Македончето, бугарски пасош да си купат, и правец Европа. Таа сатанската Европа де.

    Величете го Путин, сега со војнава, којзнае колку Украинци загинаа, ама и колку Руси. Епа сега Русите сигурно се паднати процентуално и се многу помалку. Тие на руска територија што ги засолнија, прашање е дали ќе смеат назад, а ако Украина некако со мака успее да ги врати назад тие територии или само дел, па Русите бел ден нема да видат веќе од Украинците и ќе има етничко чистење страшно. И не се чудете за ова, ќе се случи, ама во чија корист. Во Босна, некои општини имаат сосема обратна демографија пред и по војната.
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,989
    Gender:
    Male
    Па никој не спори тоа дека русите убиле цивили. Никој не величи никого, сите коментираме за војната и следиме што се случува.
    Сите сме за украинскиот народ, сите сочувствуваме со нив што гинат за туѓи интереси.
    Ама кога ставаш статистика и изјави од ОН, ставај линк со кој го потврдуваш тоа.

    Ти ниту еднаш не ги осудуваш злосторствата на Украинците и Зеленски, а па за НАТО збор лош немаш пишано. Никогаш немаш пишано што цело време го гранатираат Доњецк од 2014 и убија преку 14 000 цивили.

    Само што ставив линк дека гаѓаа конвој со цивили, деца убија, и ти наместо да осудиш, вадиш статистики небитни од Босна и којзнае каде.

    Бар ако ништо друго сочувство да изразеше за загинатите деца.

    И најавуваш етничко чистење на сите Руси во Украина, кое се случува уште од 2014. И го одбруваш ти тоа?
    Треба сите цивили таму што се Руси да се убијат?

    Забораваш дека во Босна сите што вршеа такви чистења беа судени во Хаг.
     
    Last edited: Oct 22, 2022
    Tajnaotrovna and La Stilla like this.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Ако имам поинакво мислење од вас, не дека ве мразам, или не знам што, не го сфаќајте лично. Били не можам се да копирам, и да вадам ликови. Ама еве ти потазе инфо, ова е сумирано со месеци, над 900 деца загинати во Украина. Еве ти копирам. Не знам зошто се сомневаш како да јас си ги измилувам бројките, а можат да се проверат.

    https://a1on.mk/world/unicef-okolu-1-000-deca-ubieni-ili-raneti-vo-vojnata-vo-ukraina/

    Ако убивале во Донбас, требало да има санкции веднаш, а не војна сега. Има ОН, има УНИЦЕФ, постои ЕУ, меѓународни судови, но како што читав тие ништо не пресудиле, никакви докази не нашле. Зошто? Како е можно? И судот во Хаг не е објективен, ниту еден од УЧК не отиде таму.

    Џабе што осудиле за Босна, денес имаме нагло очистени територии, и тоа ќе се случи и во Украина сега. Таму каде биле Русите 15%, сега ќе бидат 3% и со тек на време пример ќе ги снема. Ако Русите го задржат Мариупол, Украинците од 48%, мнозинство ќе паднат да речеме на 20%, карикирам, а Русите од 43% ќе скокнат на 60-70%.

    Да отидеа Украинците во Москва да напаѓаат ќе ги осудев, ама обратно е, Русите удрија на Киев и тоа не е нивно. Ни Донбас не е нивни, демографијата тоа го потврдува и тоа е јасно.

    Самата Русија има скоро 2 милиони Украинци. Имаат ли тие луѓе посебни права? Не? Зошто Русија не ги протерала ако веќе Руси се малтретирани во Украина? Ама што ќе ги протера, нема логика, таа во време на СССР им го збирала „кремот“, ако си добар инженер, добар студент, еве ти работа во Москва, или Сибир, тоест да ти го користат знаењето, кај мене во двор да придонесуваш, и тоа е еден вид на перфидна манипулација и искористување, па и асимилирање со тек на време. Ќе формираш таму семејство, ќе останеш таму, и никому ништо, нема да бидеш опасен по државата, а руското малцинство посилната Русија може да го подбуцнува во Украина.

    Русија има 20% малцинства, па што не се анектира? Еве ти од Википедија

    1. Руси — 111,016,896 становника (80,9%% од укупног становништва)
    2. Татари — 5,310,649 становника (3,9%)
    3. Украјинци — 1,927,888 становника (1,4%)
    4. Башкири — 1,584,554 становника (1,15%)
    5. Чуваши — 1,435,872становника (1,05%)
    6. Чечени — 1,431,360 становника (1,04%%)
    7. Јермени — 1,182,388 становника (0,86%)
    8. Авари — 912,090 становника (0,66%)
    9. Мордвини — 744,237 становника (0,54%)
    10. Казаси — 647,732становника (0,47%)
    11. Азери — 603,070становника (0,44%)
    12. Даргинци — 589,386 становника (0,43%)
    13. Удмурти — 552,299 становника (0,40%)
    14. Маријци — 547,605 становника (0,40%)
    15. Осети — 528,515 становника (0,38%)
    16. Белоруси — 521,443 становника (0,38%)
    17. Кабардинци — 516,826 становника (0,38%)
    18. Кумици — 503,060 становника (0,37%)
    19. Јакути — 478,085 становника (0,35%)
    20. Лезгини — 473,722 становника (0,34%)
    21. Бурјати — 461,389 становника (0,34%)
    22. Ингуши — 444,833 становника (0,32%)
    23. Немци — 394,138 становника (0,29%)
    24. Узбеци — 289,862 становника (0,21%)
    25. Тувинци — 263,934 становника (0,19%)
    26. Коми — 228,235 становника (0,17%)
    Еве ти уште два линка

    https://bregalnicki.mk/makedoni-a-i...o-dali-so-toa-ne-a-podkopuva-svo-ata-odbrana/

    https://fokus.mk/zoshto-makedonija-kupuvashe-voena-oprema-od-ukraina-a-ne-od-rusija/

    Тоа етничко чистење на Русите каде е низ бројки, на пописи? Во некои градови ги немало во 19 век, дури во 20 се појавуваат. Кога дојдоа, кога ги чистеа, и еве ги сега државата ќе ја земаат? Има податоци за демографија од попис до попис. Да ги чистеле како што се зборува, денеска на Украинците главата ќе им беше мирна, војна немаше да има, и немаше комшијата Русин да зема пушка против Украинецот.
     
    Last edited: Oct 22, 2022
    Mikha4 likes this.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Wikipedia

    На 2 март 2014 година, руски „турист“ од Москва го замени украинското знаме со руско знаме на зградата на регионалната државна управа во Харков.[82] На 6 април 2014 година проруските демонстранти ја окупираа зградата и еднострано прогласија независност од Украина како „Народна Република Харков“.[79][83] Се појавија сомнежи за нивното локално потекло бидејќи тие првично беа насочени кон градскиот театар за опера и балет пред да ја препознаат нивната грешка.[84]На 13 април, некои проруски демонстранти повторно влегоа во зградата на регионалната државна администрација во Харков, но брзо беа иселени.[88][89][90] Насилните судири резултираа со жестоко претепување на најмалку 50 проукраински демонстранти во нападите на проруските демонстранти.

    Oва ли е ок? Вака треба малцинство да постапува со мнозинство? Да протестираат, да ставаат свои знамиња кај сакаат, да се тепаат, да влегуваат во општина, да прогласуваат републики? Во Харков Украинците се исто така мнозинство, 62.8%. Чудно ви е што државата Украина преземала мерки да воспостави контрола на својата територија? Tребало локум и кафе да им носат на тие со оружје што сакаат туѓа земја?

    Евреите имаат многу поголемо морално право да бараат нешто од Украина, тие многу пред Русите ги имало на украинска територија, а во времето на СССР не смееле ни во синагога да одат. Потоа, се иселиле во Иразел и на Запад, и затоа денес се во мал број.
     
    Last edited: Oct 22, 2022
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,449
    Likes Received:
    40,989
    Gender:
    Male
    Ова е севкупно за сите загинати. Пример, и овие деца сега што ги уби украинската армија ќе бидат дел од овие, и тие од Доњецк се тука...
    Значи двете страни што убиле.

    Зошто не пресудиле? Не знам. Ете самата кажуваш како од УЧК никој не е во Хаг, така и никој од Азов и останати украински нацисти не е осуден. Зошто? Затоа што баш тој запад ги финансираше, како што правеше со Исис, Муџахединити, Ал каеда и секакви терористички организации.

    Колку се релевантни овие организации говори и тоа што никој од САД не одговараше за пола милион убиени деца во Ирак. Така да, на сите ни е јасно.

    Па не зборам јас за етничко чистење. Ти збориш дека Украинците сега кога ќе си ги поврателе тие територии, етнички ќе ги чистеле Русите (како што направија во Харков?)
    Русите не вршат етничко чистење на Мариупол, на сите жители им дадоа руски пасош и сега си се дел од РФ. Веќе го обновуваат градот и им даваат бесплатни станови.

    И во Херсон еве не вршат етничко чистење, туку сите жители (82% украинци) ги евакуираат затоа што платениците на Бајден решиле да ја поплават цела област.

    И сега што ја уништуваат цела електрична мрежа во Украина, ги гаѓаат само трафостаниците, а не самите централи. Да смениш трафостаница треба месеци затоа што тие посебно се прават, да направиш термоцентрала, треба години.

    Исто така, не им ја уништуваат цела мрежа затоа што мора нуклеарните централи да работат, а ако не дистрибуираат струја, ќе се случи хаварија на ниво на Чернобил.

    Значи Русите се крајно претпазливи со цела украинска инфраструктура, со жителите уште повеќе. Ако сакаат да удрат јако, има да го постелат Киев со Фаб бомби како што направи Нато, во Техеран, цел град пепел.
    И ќе капитулира Украина за една недела.
    Зошто не го прават тоа, само они си знаат.
     
    Last edited: Oct 22, 2022
    orevokrsacka, NPN and La Stilla like this.