Значи Русиве најдобри на свет, ама ете некако војна почнаа? Како што Бугарија дели пасоши, така и Русија, само Русија за без пари, за територии. Значи од 14.000 убиени Руси, дојдовме дека сите биле тука, сите жртви, без разлика Руси, Украинци, Евреи, и други? На почеток велевте 14.000 убиени Руси, демек ако има судири некаде, само едните гинат, а другите па само убиваат. Ај да видиме што вели Википедија Во август 2014 година, голем конвој руски воени возила без ознака ја премина руско-украинската граница[20] и влезе во Доњецката област. Иако Русија се обиде да ја скрие својата инволвираност, руските трупи директно учествуваа во одлучувачките битки на необјавената војна во Донбас и исто така одржуваа стратешки резерви кои би биле подготвени да се преселат во Украина кога е потребно.[19] Во февруари 2015 година, Минск II беше потпишан и од Русија и од Украина како дел од поголемите билатерални договори за ставање крај на конфликтот, но голем број спорови спречија мерките за соработка да бидат целосно имплементирани. Па нели Русија стоела настрана велевте? Значи неофицијално Русија војувала со Русите од Украина и ја уценила Украина да потпишува договори. Значи колку повеќе читам, толку гнев ми будат Русите. Не сум ги знаела како такви. Нека се здружат со браќата Албанци, и нека освојуваат држава по држава. Која мизерија од народ. Албанците чуваат по 5-6 деца, па земаат територии, а овие по 1 раѓаат, па и тие сакаат територии. Машала, машала. Извинете дечки, ама да правдате вакво нешто е исто како Еди Рама да прател неофицијално трупи во Охрид ( знаеме колку ни е важен од сите можни аспекти), и во име на тие 12% или сега може и се повеќе Албанците, да бара припојување. Ова би била слика на 2014, а во 2022 година би било адекватно на тоа оној шерифот знаете кој да ни биде проалбански функционер да управува со Охрид и вие да кажете, аа ок е. Не е ок. Замислете исто и со Крушево, оти Крушево одамна имаше над 21% малцинства. Страшно. Да не се правиме будали што е етничко чистење, видовме кај нас. По 6 месеци пукање, во Липково и Арачиново немаше веќе ни ќорав Македонец. Тетово по неколку години од војната дојде до сосема обратна демографија. Во Украина дури сега како и да заврши, ќе има етничко чистење, и разграничување за век и веков. И нормално е.
Не Руси, туку жители на Доњецк. Кога паѓа бомба не гледа дали ти си етнички русин, или етнички украинец. Од 2014 година украинската армија го гранатира овој град, и уби 14 000 цивили. Луѓето во Донбас не се сите етнички руси, како што и самата ја извади статистиката, поголемиот број од нив се етнички украинци, само се против про американската инсталирана власт во Украина. Граѓански рат беше тоа од 2014. Може да ги наречеш про - руски ориентирани, а не руси. И да, ова е точно дека влезе руски конвој без ознаки тогаш затоа што украинската армија навлезе јужно од Доњецк и го опколија градот. Да не влегоа и интервенираа, ќе паднеше Доњецк. И од украинска страна имаше Нато војска, пољаци, литванци, амери, енглези. Тоа не ти буди гнев? Па влегоа кај нас секакви сили 2001. Американски инструктори ги вадеа од Арачиново со автобуси. КФОР беа тука да одржуваат "ред и мир". А во Куманово пред 8 години ти пуштија од Бондстил 80 терористи кои ти го руинираа градот.
Te сфаќам јас. Но, ако таа бројка од 14.000 е точна, не велам не е, тука немаш само убиени Руси, па да ги теретат само Азов, туку треба и прорусите да одговараат. И кој одговарал од нив? Никој. Не сум фан на НАТО, ама е нужно зло за вакви несреќници како нас, Црна Гора и сличните. Ок, знаеме кои се тие, и знам за Арачиново, синоќа гледав еден документарец. И кај нас само во кумановско имало 40 платеници од други континенти, тоест муџахедини. Што и да кажеме сега за нас е готово, не сме моќни да смениме нешто, мали сме и тоа е. Не е исто платеник кој си војува за пари, и држава да подбуцнува малцинство со цел земање на територии кои не и припаѓаат. За платеници немам никакви емоции. Еве во Украина загина бразилска мисица, и таа војувала и во Ирак, ракува со снајпер, но тоа го прави за пари, а не за идеологии. Не ми буди гнев, затоа што такви секаде ќе има, за пари се. Некаде ќе им дојде крајот. Нема Украина да ја спои со Бразил. Дури и да беа 80% Русите не би поддржала серпаратизам. Едноставно, должен си да ја почитуваш државата каде живееш. Значи Украинците тоа што се урнало тешко ќе го градат, ама Русите невидени гении, сега кога го уништија Мариупол, 80% згради урнаа, е сега добри биле граделе. Да беа добри, ќе седеа мирни, не да уриваат градови и држави. Видете пред војната, Мариупол прекрасен град и таков веќе нема да биде. Русите не се САД, не се ни Германија по економија, тие се економско дно, на такви ресурси. Таму каде регрутираа војници, кадрите заличеа како на македонска провинција. Мислиш снимано на периферија на Виница некаде. Сега и Молдавиците немаат мир поради Русите кај нив. Исти како „браќата“ и Русите, ништо поарни.
Аха, значи Нато кога убива, масакрира и контролира територии на ниво на вазалство, си граба држави на друга страна на светот како колонии , тогаш тоа е нужно зло. А Русите лоши, небањати, сиромашни, економија немале, требало да ги снема и етнички да се исчистат од Украина за да не се војуваат како сепаратисти против американски кловнови на власт што им укинуваат секакви права и јазик. Готово, се е кажано.
Ако НАТО убива, ајде цел свет ќе се тепаме кој кого можеме. Какво оправдување. Значи колку напнавте со тоа НАТО, само за да ги перете гревовите на Путин, страшно. За мала држава како Македонија е нужно зло, демек гарантираат граници, демек, па сега ќе видиме дали е така. Ние избор немаме. И тоа што НАТО правело со години злодела, не го амнестира Путин и Русите. Исти се. Веќе нема разлика. Дури и да се богати сега Русите, пак ќе ги изедначам со другиве. Парите не те амнестираат да убиваш, сиромаштијата па ич. Можеле Русите да се фокусираат на подобрување на економија, не на војни. Немало да ги снема етнички. Ако ја почитуваш државата каде живееш, никој не те чепка. Тие дошле пред 80, 100 години, така да, како ќе ги снема ако седеле мирни? Зошто би ги снемало? Дури сега кога се ќе заврши, како и да заврши, е тогаш ќе ги снема. Не се ни сомневам дека ќе трпат страшен терор. За браната, Украина пред некој ден се пожали дека Русија ќе ја рокне и ќе поплави 80 населени места, а овие сега велат обратно. Кој и да ја гаѓа, има проценето, колку и чива војска и цивили ќе настрадаат, а целта е да се уништат туѓите, не своите. Иако е војна, тие сигурно знаат ориентационо колку цивили кој каде има. И такви успешни приказни како Мариупол, кријте ги од јавноста, посебно од македонската. Ќе се затрчаат сите овие со бугарски пасоши, за гратис стан, ќе се пишат Руси, и отиде Македонија. Тешко на тие таму. Самите Руси во тие свои градови се виде на снимки саглам улици немаат, саглам тротоар немаат, тие ќе го изграделе Мариупол. Нема грешка. Берлин и Париз ќе позавидат. Којзнае какви гробници има таму, цели шуми сигурно им се полни мртовци, ние за градење ќе зборуваме.
Што има русите да ја гаѓаат браната, во нивна територија е, ако сакаат да ја срушат, ќе ја минираат. Нема вајда сами да си се поплавуваат. Добро тогаш чим се Нато нужно зло. Тогаш да и кажеш и на другарката од Украина дека немаат друг избор освен Русија, и дека им е нужно зло. Ако се предадат нема да изгубат територии, само ќе имаат про руска вазалска власт како ние што имаме про нато. И ќе живеат во мед и млеко со 500 еур плата како ние тука.
Не знам кој ќе ја гаѓа, кој и да ја гаѓа, има мета, проценил што сака да постигне. Што да и кажам јас која живеам во две педи земја, и едната педа веќе не личи дека е моја, а таа има држава колку цела Југославија. И да прекројуваат има што да остане. Не една, со над 10 лица од украинска националност контактирав месециве, службено, па фативме и приватни муабети, за актуелната војна. Пак ти велам, страшно е да те измачуваат, убијат, да загинеш, а сиромаштијата не е страшна, затоа што тие никогаш не ни биле богати. Еве моиве дома ми кажаа дека во Хрватска сретнувале Украинци кои работат на море. Кажувале дека со 3 месеци работа во Хрватска, се покриваат цела година во Украина. Платите ќе варираат, сиромаштијата и богатството не се вечни, но изгубена територија не се враќа така лесно. Едноставно е жив човек на крај ќе се снајде, за мртвиот нема спас. Да се поправам, не над 20, во Украина имало 130 нации. Еве ти линк https://www.mkd.mk/kolumni/za-zashitata-na-pravata-na-ruskoto-nacionalno-malcinstvo-vo-ukraina
Инаку, знам дека сум досадна, ама еве ова да го кажам. Американците се задеваат само со народи со кои немаат никаква сличност, ни генетска, ни верска, ни јазична. Кои вредности ги дели Американецот и Авганистанецот? Тоа не е исто со Русите и Украинците, кои имаат заедничка историја, генетика, вера, и можат да се разберат. Путин придонесува за намалување на православното население. Трауматизирани биле Украинците, а демек Русите се некој феномен за психички јаки личности, и нив ништо не ги погаѓа? Ај нека не се 60.000 убиени руски војници како што тврди Украина, нека се и 30.000, мислите тие сега кога ќе ги добијат своите во ковчег ќе скокаат до плафон? Тие деца што виделе како руската полиција ги тепа нивните татковци да се качат во автобус, и правец на обука, правец Украина, не се трауматизирани? Да ве потсетам дека добар дел од нив не се ни Руси, туку се муслимански малцинства, такви како фанатикот Кадиров со 10 деца и 3 жени. Е тие утре ако Путин загуби, ќе им тропнат на врата на Русите за права, затоа што тие не се Руси, и нема зошто да се борат по туѓи земји за туѓи права, права на друг народ. Санкциите ништо не им можеле? Праксата досега не го докажала тоа во светот, освен ако пак Русите не се некој невиден економски феномен. Дека не им беше битен европскиот пазар, Песков и Захарова се убија од плачење, сите сакале да ја уништат Русија преку санкции, не било фер. Се грижите за лицемерните Европјани ќе се смрзнеле? Епа Пјер дури и да живее во најзафрленото село во Франција(ова видено со мои очи), тој има подобар пат од скопскиот кај Палома Бјанка и Рекорд, со вргуди по него, и тој дури и да е магационер, има подобар стандард од скопски адвокат, наставник, и сака од платата да му останат пари, не да вика добро, е преживеав од 1-ви до 1-ви. Е тој се бунтува за да не му се бркне во џебот, не оти џебот му е празен. Може да се грее на дрва, може и на струја. Најголеми трговски партнери на Македонија, се Бугарија, Грција, Германија, па и Италија влегува во топ 5 повремено, земји од ЕУ, и без нив не можеме, а од Русија немаме ни морална поддршка, не друго. Најголемите работодавачи во државата со по неколку илјади вработени се европски капитал, и без нив не можеме. Многу патишта, канализации, водоводи, реновирани школи се направени со европски, не со руски пари. Што вака омекна Лукашенко? https://denesen.mk/lukashenko-moram...dame-svojata-rabota-ako-sakame-da-nema-vojna/ Да не ги мислите, не се даваат https://makfax.com.mk/svet/украинскиот-министер-нашиот-народ-е-п/ Зошто вака омекнува Путин? https://a1on.mk/world/putin-gi-ukin...m-broj-stranski-banki-i-investiciski-fondovi/
Извини вака, со сета почит, ама поглуп муабет немам прочитано. Биди здрава и жива, ама кога се трудите да застапите една страна слепо, вакви муабети ќе излезат на крајот.
Ништо лично немам против никој од вас кои имате различни ставови, но што правеле Американците тоа не ги оправдува Русите да се мешаат во туѓи земји и да убиваат. По осамостојување на Украина, некаде 96-та Русите си влегле на украинска територија и почнале да градат мост, па Кучма средил некако тогаш со нив, се разбрале по мирен пат. Ова ти е многу пред Азов, и 2014, и сите конфликти. Каде тоа во свет една држава влегува во друга и гради што си сака? Сите видовме дека Украинците од Мариупол оние кои навреме не избегале, 2 месеци се криеја во Азовстал со азовици, Украинци и неруси кои се борат против Русите, и кога конечно имаше коридори за евакуација, беа радосни што гледаат сонце, а кажаа и дека уринирале во кофи, оти надвор не смееја да излезат од „добрите„ Руси „ослободители“. Замисли два месеци вода да не видиш, да не се искапеш? И тие Руси сега граделе демек во Мариупол. Давање пасош на туѓи државјани не е доброта, туку е мешање во внатрешни работи на туѓи земји и обично е незаконско. И не сте во право што одите по Германија да работите. Не одете на брод, да им слугувате на Американците, откажете ги фриленс ангажманите, нема зошто да им бидете робови. Шетање по Европа никако, нема зошто да им даваме пари, на тие лицемери. Да урнеме се околу нас што е направено или донирано од ЕУ, и да се вратиме во 45-та. Ако бираш меѓу сиромашен и богат командант, бираш богат. Кое фајде го имаш од сиромав кој не се средил себеси, и тебе ќе те командува.
Муабет за во основно училиште е кого поддржуваме ние од форумот. И што ако цел свет ја осуди руската инвазија и безмалку никој не застанува зад неа отворено, тоа ли ја спречи? Баш мислам дека е опасно Русија да се антагонизира премногу, колку позагрозено се чувствуваат Русите, толку повеќе ќе расте расположението за агресорска политика. Рускиот менталитет е мило за драго. А тие во Кремљ ги заболе дали некој ги мрази, пцуе и колне, штом ја почнаа оваа работа ќе ја истераат до крај. Треба да се седне на преговори, ама моја претпоставка е дека војнава ќе потрае дури не добие Америка републикански претседател. Дотогаш и Зеленски нема да биде на функција и Украинците ќе бидат многу исцрпени. Јас не навивам и олабавете ме од емотивни испади, јас пишувам како постои голема веројатност да се случи. Не мора да значи дека навистина ќе биде така, ама засега така мислам. Смешни ми се заклучоци дека Русија е слаба и не може да ја совлада Украина. Има многу повеќе од она што површински се гледа. Ова е војна на вооружено и економско истоштување помеѓу сите страни.
Работа која ќе ја завршеа за 2 дена, ја тераат 8 месеци, така да слаба е Русија, многу послаба од што мислевме. Да можеа, ќе совладаа, темава ќе беше затворена. Нема кој да се бори, и еве што прават https://makfax.com.mk/svet/русија-воведува-даночни-олеснувања-з/ Даночни олеснувања за народ со празни џебови? Кога ќе изгине на фронт, што ќе му даночни олеснувања?
Како е можно втората армија во свет да регрутира тотални аматери за борба? Мене не ми е јасно, ама еве веќе експертите објасниле. И знам што ќе речете, ама Дојче Веле лаже, сите лажат. https://www.dw.com/mk/precenetata-sila-na-ruskata-armija/a-63262101 Путин веќе ретерираше ако добро следите од почеток. Ќе го земеа Киев, па се премислија да војуваат само во Источна Украина, сега и таму многу територија изгубија, сега и Херсон може да го изгубат, село по село, населба по населба. Песков вели Путин цело време бил отворен за преговори. Самиот Путин кажа дека тоа што се случува во Украина не е баш пријатно, па нели не се каеше за она што го прави во Украина? Ич нека не им гајле што цел свет мисли за нив, ама тоа ги удри и ќе ги удира во џеб. Ги поддржуваат само Сирија, Северна Кореја, делумно Кина и Србија, а Србија е на добар пат да им откаже љубов. Киргистан го опомена Путин, дека не се 100 милиони, ама сакаат почит од него. На Шојгу му се тресе малку фотелјата? Замислете не нас на оваа сиромаштија да не ограничат за визи и за патувања, епа тоа се Русите денес. Патем еден Зеленски од Путин ги бара границите од 1991 година. Нормално дека Украинците нема да се откажат од своето, кога на другата страна видоа ред солзи, ред мрсули.
А од кај знаеш дека целта не е да ја совлада Украина, туку да пукне западот под притисок? Он си ги држи деловите од Украина што ги сака. Во Франција почнаа нереди, ако се кренат елеците нивни, може да излезе од ЕУ. Почнува да слабее Европа, им гори под нозе, секаде има протести. Додека во Русија како што спомна имаат даночни ослободувања. Кај нас прогресивни даноци. Кој ќе остане во ЕУ? Германија што е толку зависна од Русија? Русија кога сакаше, влезе во Грузија за 44 минути или колку и да е. А може и да не е ни тоа целта, само може да претпоставуваме. Ништо не е како што изгледа.
"Appear weak when you are strong, and strong when you are weak." Sun Tzu, The Art of War Игнорантноста на западното општество (ќе) им се одбие/ва од глава. За 8 месеци цела Европа падна на колена, а американската хегемонија никогаш не била по разнишана. Не ни треба да читаме статии за тоа на ББЦ, ДВ и ЦНН, го гледаме секојдневно како се одразува по нас.
Текстов на Тајм објаснува како формалната осуда е една илузија. Реално со исклучок на САД, Канада и ЕУ и можеби уште понекоја земја никој не ја осудува вистински Русија. TIME: Гласањето во ООН открива дека Русија и не е толку изолирана како што западот си замислува (на англиски јазик)
Грузија има 3.7 милиони жители, а Русија 154 милиони. Какви споредби се тоа? Се степале мравка и слон, и слонот ја прегазил мравката. Е браво. A ти ги читна ли даночните олеснувања? Ќе ги почекаат да си платат данок. Не ослободување, пролонгирање. Еве ти копи пејст. Ова не е заебанција? Ајде од фронт таму преку мобилен кога ќе наполнат батерија ќе му платат данок на Путин, да важи. Регулативата ги продолжува роковите за плаќање даноци (освен данок на доход) за мобилизираните граѓани и фирми, како и премиите за осигурувањето и различните поволности за целиот период на служба во рок од три месеци по завршувањето. Дополнително, во тој период ќе бидат суспендирани даночните контроли на тие компании. Жолтите елеци со месеци протестираа дури и кога немаше војна во Украина. Тие сакаат нивната Влада да се грижи за нив. Разликата е во Европа смеат да се бунат, во Русија апсат и судат експресно. Ај чекам да видам дали Путин ќе победи и дали Европа ќе се распадне. Украина апси предавници https://www.vecer.press/срамно-предавство-во-украина-национа/ Ова лага е веројатно? https://nezavisen.mk/voen-tink-tenk-rusija-gi-povlekuva-oficerite-od-herson/ И ова е лага? https://www.slobodenpecat.mk/skaj-n...ogija-za-prepoznavanje-lice-za-da-mobilizira/ Уште една лага https://makfax.com.mk/svet/поранешен-руски-дипломат-путин-е-подг/ Путин има милион војници, а Украинците немаат ни 250.000 војска. Толку од „јачината“. Ај сега убедувајте дека Путин само сакаше да ја смрзне Европа, а не да ја порази Украина. Ако ЕУ пропаѓа идете во темата бугарски пасоши, известете ги да не даваат пари џабе на посредници.
Еве ви демографија на Грузија. Ги нема, ги нема, и ооппп, штом се населуваат до 5-6-8% војни прават. Требало санкции пред 20 години за Русија. Еве ви демографија на Грузија од попис. „Тенко“ руско малцинство. И не ги перете, колку ги перете, ќе читаме повеќе и ќе сфатиме дека Русите ама никако не се во право. Гнаси. Ова доле е Грузија, а Молдавија има само 4.1% Руси. Е многу. УЧК методи. Се збрале 2-3 ментални, и држави ќе прават кај ќе одат и ќе војуваат. Во Молдавија има повеќе Украинци од Руси, па не бараат држава, ниту се закануваат. Сега треба радикално за овие, не ли запрат, затвори амбасади ширум Европа, исфрли од секаква употреба тие нивни класици и тој Достоевски што крадел материјал од турски трактат за да ја пишува Браќа Карамазови, и нека седат дома, и нека се величат, со леб и вода. Врати ги сите студенти и работници Руси од Европа и САД дома. Гнасно племе. Ај да не ви барам, да не се мачам, сами барајте на гугл колкав процент од Русите патуваат надвор од Русија, посмејте се и утешете се. Ќе сфатите колку сме ние „шетани“. Што вели Википедија, кој прв почнал во Грузија. Па се знае, тие 0.7% Руси. Експлозија на бомба на 1 август2008 година пукнала кон автомобил кој ги превезувал грузиските мировници. Во нападот биле повредени пет војници а одговорни биле луѓе од Јужна Осетија. Како одговор[71] на тоа, неколку јужноосетиски касарни биле погодени[72]. Сепаратистите од Јужна Осетија започнале со бомбардирање на грузиските села на 1 август. Овие артилериски напади предизвикале Грузијците да вратат со оган периодично од 1 август[68][72][73][74][75].