Ова е би рекла врвот на твоето смешно излагање и пишување реферати. Можете да се гадите колку сакате, сепак треба да знаете дека ништо што почива на омраза не може да успее. Украинците,мрзејќи си ги своите корени се осудени на пропаст. Иако сите посакуваат Американци да бидат,невозможно е тоа. Твојата поттисната патриотска душа не може украинскиот намачен човек да ја залечи,никако.
Скокнете и Википедија, и сите можни домашни и странски медиуми. Проверете и за нас податоци за сите градови, ќе видите дека се точни и тоа се податоци од попис.
Орхан Памук во својата Црна книга го напишал ова. Ама не си го читала. Тој го има обвинето Достоевски за плагијат. Веројатно знаете кој е Памук. Нобеловец е, не е некој локален македонски самопрогласен фејсбук писател. Да, де има неосветени Бугари и неосвестени Украинци. И неосвестени Модлавци и Грузијци и кој уште не. Русите цвеќе за мирисање. Војуваа во 20 и 21 век. Секаде каде живеат со нив има проблеми.
Читај си што сакаш. Литературата е едно море кое нема крај и се збогатува секој ден, со неквалитет, но и квалитет. И без Достоевски се може. За твоја информација, Памук не пишува трактати, но дел во Браќа Карамазови е украден од стар турски трактат.
Види вака....Орхан Памук е фасциниран од Достоевски, и познато е дека го " копира " неговиот стил. Исто како што Достоевски може да направи роман од обична новинска вест,така може и да биде инспириран и од турски трактат,што ти говори тоа? Руската литература е светски најзначајна и воопшто светот би изгубил премногу ако успее да го уништи рускиот човек. Навистина не ми е јасна острастеноста која те води...размисли само дека 25 милиони го дале својот живот за слобода на Русија,а и донеле слобода и на цела Европа скоро. А ти ги мрзиш,па од почеток... Можеби те привлекува нацистичката идеологија,но барем прочитај малку за неа,па извлечи заклучок. Бидејќи поради површни заклучоци и огромна пропаганда повторно сме во војна...многу невини гинат,додека ти навиваш ова лудило да трае,далеку од тебе и со туѓи жртви,на кои лажно им се восхитуваш.
Инспирирање и крадење не е исто. Во секој случај мислењето на Памук е порелевативно од твоето, оти ниту си читала турски трактат во оригинал, ниту ќе читаш, не си ни активен читател веројатно, не си Нобеловец, ама тој читал и знае. Има многу нобеловци кои се одлични, ама не се ни споменуваат во училиштата. Јас навивам Русите да се приберат дома, а Украинците да си вртат тоа што е нивно, историски, демографски, територијално. Русите почнав да ги мразам по 24 февруари, не претходно. Можеби Путин победи на 25 февруари, ама западните медиуми лажат? Вие само навивате Путин да не се обрука пред светот. Путин со вековна држава и армија веќе изгуби, но прашање е дали Украинците со држава и војска кои се стари колку македонските имаат сила за победа. После сите инвентивни изговори за тоа како Путин изгуби скоро пола од тоа што успеа да го окупира во Украина (а сакаше многу повеќе), очекувам во Македонија некој невидено талентиран писател да се роди, и да напише бајка како Путин со силување на 4 годишни деца и баби, ослободувал народи. И да, Русите за мене ќе останат гнасно племе кое во ниту една држава каде го има не почитува закон, ред, мнозинска заедница, државност. Ви реков јас за просење сме прваци https://emagazin.mk/za-makedoni-a-nema-da-vazhi-zabranata-za-izvoz-na-gas-od-srbi-a/ Не плачете за руски гас за кој пред 24 февруари не ни знаевте дека се користи овде, и огромен ден од Македонија парно не ни имало и нема ни сега.
Памук го „копирал“ Достоевски? Сте читале ли воопшто нешто од Памук? Да не е љубоморен и злобен како Македонец, па го оцрнува Достоевски без доказ? Зошто Шојгу се јавува по западните земји да се жали и плаче од Украинците, па нели Русија на цел Запад му се закануваше? Светот ли ќе ги брише мрсулите на таа велесила? Нели гледате дека Украина прво бараше да се вратат границите од пред 24 февруари 2022, сега ги бара границите од 1991 година за да преговара. Еве ги делата на камењарите кои според вас Украинците ги „сакаа“ и сакаа со нив да се „обединат“. https://a1on.mk/world/ukrainka-sved...usko-zarobenishtvo-ne-tretiraa-kako-zhivotni/
Шојгу свика состанок со USA, UK, Франција и Турција затоа што имаше дојава дека наводно некој му дал атомска бомба на Зелениот, што значи чиста провокација да може овој да гаѓа во Москва. А не затоа што плаче Русија. Кој памет треба да го имаш на терорист да му даваш атомска бомба и да го ставаш целиот свет под закана на постоењето?! Кој памет треба да го имаш да го наречеш тоа руско плачење. Изгледа фали здраворазумни мозоци на запад, и во нивниот врв, и во нивните мегафони. Болни умови. Малку фали цел Киев да го срамнат со земја како Хирошима ако продолжат овака. Сигурно тогаш нема Макрон да дејствува пошто знае дека следен е Париз, Лондон, Њу Јорк... https://mobile.twitter.com/Gerashch...ommentId=d312f6e6-8961-4f84-82e4-33d3c9c31738
Што бара Шојгу да се јавува кај сатанисти, НАТО, ЕУ, кај тоа светско зло? Ајде ти се молам. Нели Русија со една ракета ќе ја збрише цела Британија? Нели и се заканија на Франција на сам старт? Нели се бестрашни Русите? Тоа ти е класично плачење, за да не и даваат оружје на Украина, која може и од Херсон да ги избрка.
Е кај кој да се јавува? Ти знаеш ли дека и во студената војна меѓу САД и СССР имало директна телефонска линија меѓу претседателите? И тогаш цело време комуницирале и гледале да не испалат нуклеарки. Оти ако испалат, толку ќе биде, крај, финито. И ај ако не сега нека не преговараат никако, и нека го рокнат светов зошто на Тања од Фемина тоа и личело на плачење. Среќа бе немате никаква власт и сила, иначе да ви беше вас доделено нуклеарно оружје, до сега немаше да постоиме. Малце мозок вклучување некогаш пред да се напиши нешто не е на одмет.
Нема да рокнат ништо. Си бараат изговори. Нели Русите ќе ги рокаа сите, и зошто сега бараат помош од тие што демек ќе ги рокаат, па нели е смешно и знак на слабост? Русија вели Западот сакал да ги уништи, сега помош бара од нив. Велесела е или детска закачка?
Секако дека нема да ги рокнат, ако дошло до тоа да употребуваат нуклеарно оружје, отиде светов... Затоа и свикал состанок, за да не дојде до тоа, пошто на другата страна седи терорист и наркоман без грам мозок. Помош за што од Запад? Некогаш си мислам дека намерно глумиш дека не ги разбираш работите, ама после сфаќам дека стварно си исклучена од реалноста. Стварно размисли малку пред да напишеш пост, пошто овака само за потсмев ти се репликиве. Слабост бе.
Што дочека светот. Јаките Руси се јавуваат по Европа и САД, Украина ќе им рокнела бомби со радиоактивен материјал. Зошто креваат слушалка некаде по Европа? Цвикање на ниво. Вака Македонија нема плачено во 2001 година.
Дигаат затоа што некој им дал таква бомба, сфаќаш? И ги свикуваат на состанок каде им се закануваат дека ако се случи украинската власт да фрли таква бомба во Русија, дека ќе ги збришат пример Лондон и Париз. И секако, да се превенира да дојде до тоа, затоа што никој не сака да дојде до тоа. Сфаќаш? А не дека слабост покажуваат. Слабост покажува Макрон и другите ЕУ лидери што цвикаат и не испраќаат помош веќе затоа што секако, сакаат да живеат, а не да им летаат ракети над глава. Абе стварно ти викам, време ти е да одмориш, ептен глупости изнатреска, веќе не може човек озбилно да те сфати. Постовите ти се смешки.
Еве ти еден податок што ќе ти развесели, а се однесува на тие белосветски мизерии. 76% од Русите никогаш не патувале во странство. Бидејќи ми бараш линкови, еве ти изворно https://cepa.org/article/visa-bans-help-our-russian-friends-punish-our-enemies/ Били јас не ти се лутам што и да ми речеш, туку гледам колку инвентивно ја браните Русија. Вака самите Руси себе не се бранат, си признаа дека силувале, убивале, и сакаат да ги удават украинските деца. Ајде отидов јас да читам книга малку, и утешете се бре, многу шетате за разлика од овие Руси, што имаат и нафта и гас. Никому не ви се лутам, туку гледам како Македонци се утепаа да бранат едни Руси што користат методи како учките.
Не е цвикање. Ни една страна не би одбрала одма нуклеарки. Прво се блефира.Потоа за да биде уверливо се бираат понерадикални средства. Нуклеарки се последна опција која значи чао на сè.Нема да им одговара.Минатото им е показател. Ради тоа се трудат да не дојде до тоа.