Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Како и да е, нема да зависи од нас на форумот. Мали сме и немоќни.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Каква врска има тоа што Русите не патувале во странство со состанокот на Шојгу по повод што западот им дале наводно нуклеарна бомба на Зеленски и коалиција? Каква воопшто има врска тоа со војнава?

    Што ќе ни се лутиш, не браниме ние никого, само сакаме војната да заврши за да можеме да живееме во мир, а не да гладуваме и смрзнуваме.
    Кога сме кај учк, Џафери одликуван со орден од страна на Зеленски.

    И ние не ти се лутиме тебе што си го браниш Зеленски и газдата негов, само сме тука да те корегираме кога ќе тресниш некоја глупост, како сега со плачењево на Русија за нуклеарната бомба. :)
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Русите сами си кажуваат што прават во Украина, вие устата ви падна да објаснувате како ги думкале на коленце Украинците и биле фини. Самите не се бранат колку што ги браните. Ти ИТ беше така? Кој ИТ инженер гладува? Од што ќе смрзнеш? Струја има, а и Ковачевски од ЕСМ најави дека може во јануари ќе поскапи минимално или нема да поскапи воопшто. Во мир живееш, војната ти е на повеќе од 1.000 км, и близу да е, не зависи не од мене ни од тебе. Само македонската мрза кога ќе се оконча, ќе биде ок, дотогаш Бранко, Заев, Грујо, па Украина, сите ќе бидат криви. Ни руски гас користам, ни украинска пченица ми треба мене лично, а и над 50% од храната е наша, така да, освен македонскиот апашлук кој крена цена на 5-6 производи, друго не ми е сменето. Сега некои Руси кои никогаш не биле надвор од Русија за првпат ќе одат во странство, во Украина и за последен, оти го имаат Путин и интелегенција на магаре, оти не го смениле досега. Аа, и данок на доход ќе платат, за тоа Путин не може да ги чека. Се утепавте од шетање, дел и по странство работевте во земји членки на Нато, ама Русија ви била добра, и ќе сте немале леб поради Украинците. Ма немој, кој нема леб да јаде, не седи по форуми, туку меша малтер сега и на празник, за да купи храна и дрва.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    https://tocka.com.mk/vesti/425836/k...govori-so-ukraina-da-se-stavi-kraj-na-vojnata

    Eве ги Русиве праќаат абери за преговори.

    Македонче дневно дава по 200 денари за цигари, 100 денари за кафе, тоест 300 денари дневно за себетруење, ама наводно немало за леб. Ноќе граѓаните дрва крадат по шумите, ваму за гас им требало зборуваат. Кој гас бре? Гасификација има Скопје делумно, а Куманово уште помалку, и Струмица уште помалку, на други места ни мрежа за гасификација нема. Знаете ли колку пари општините дадоа за мрежата да ја направат, за да на крај приклучат само јавни објекти, а кај граѓаните интересот беше слаб, прво затоа што приклучокот кажуваа не бил евтин, а друго народот е скептичен колку нашата гасификација е добро направена и стравуваат да не дојде до некој испад, и експолозија(ова не знам дали е можно, кај нас не можеш 100% да бидеш сигурен дека е се ок изградено).

    Ај убаво видете дека и со субвенции нема кој да се приклучи на гасоводна мрежа, вие гас барате, во кофа ли да го донесат?

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...o-150-evra-za-gasifikatsija-na-domakinstvata/

    Oд пелени сте на руски гас или на ќумбе се грееме во Македонија? Македонија има минорна гасификациона мрежа.
     
    Последна измена: 24 октомври 2022
    На marlonbrando69 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Сте чуле Германија пека за гас, мислите и овде се е на гас, а не сте ни читнале дека претпријатијата за гас се дотираат од општините, од наши пари за да постојат, оти нема приклучоци, минимално.

    Еве до кај сме со гасот

    https://faktor.mk/kolku-gas-troshat-evropskite-domakjinstva-a-kolku-makedonskite

    Додека во Европската Унија природниот гас покрива повеќе од една третина од енергетската потрошувачка на домаќинствата, синото гориво во македонските домови речиси не се користи, па затоа во официјалната статистика воопшто не е регистрирана неговата употреба. Нашите домаќинства најмногу трошат струја (49,8 отсто од финалната енергетска потрошувачка) и дрва (42 отсто), а занемарливо е учеството на топлинската енергија (5,9 отсто), нафтените продукти (2,2 отсто) и цврстите горива (0,2 отсто).

    Ние и гасот
    https://kumanovonews.mk/vesti/za-7-milioni-denari-zgolemena-glavninata-vo-kumanovo-gas

    За 7 милиони денари е зголемена основната главнина на јавното претпријатије “Куманово гас“. Парите ќе бидат вложени за изградба на гасификациона мрежа.
    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е во ред секоја година на претпријатијето да му се зголемува главнината, бидејќи тоа треба веќе да застане на свои нозе.

     
    Последна измена: 24 октомври 2022
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.443
    Допаѓања:
    190.788
    Најјака си Тање, шо да ти кажам.
    Земи си сега прашок Биљана, тури во машината за перење од Микрон Прилеп, и пушти да врти на струјата од ветерници. Под претпоставка дека се врати од работа со електричното возило, истото наполнето со струја од ветерници или во краен случај бензинец,...од.:?:...фас 11 октомери, со бензин од нафтеното поле во Овчеполе:mm:. Остај не нас што од Википедија абер немаме(facepalm).
     
    На Konfetka, Waverly Raven и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ама да кажеш дека само 5-6 производи поскапеле... :drunk:
     
    На Konfetka, Waverly Raven, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Изгледа не влегла во маркет женава.
    Нема нешто да не е поскапено, од најосновни продукти па се до средства за хигиена.
     
    На Konfetka, Waverly Raven, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    57.775
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не знам зошто тука се толерира толкава омраза и плукање отров (најмногу од дотичната). Едно е да си против војна (мислам, сите нормални сме против, нели?), ама сосема друго да шириш омраза кон цел народ. Фалеше уште да повика на истребување на рускиот народ. |(

    А исто е многу иронично бидејќи:
    IMG_20221022_112317.jpg
     
    На Konfetka, sonuvana и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ова е еквивалентно на:
    Ти во Северна живееш? Што се замараш со војната во Украина?
    Уживај си, глеј си за тебе.
     
    На Tajnaotrovna и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Леле сега гледам дека ми пишала, ама не ме цитирала. Еве јас ќе те тагнам кога ти се обраќам @Tanjamm :rofl:

    Ко божем нас во ИТ парите на дрво ни растат и сите сме со 2000 еур плата. И демек во МК сите во ИТ се. Повеќето се со минимална плата. Тие не можат крај со крај да скрпат ради ситуацијата. Него ти рече си во администрација, не сте лоши и вие со плата, па може да донираш нешто, да купиш леб, сирење, зејтин за некој комшија, сметка за струја да му платиш, да го прашаш како го мине месецот и дали почнал да се грее или под кебе лежи. :)


    Гас не трошела, а не сфаќа дека цела индустрија на гас ни е, до неќни огрев во Скопје немавме.

    Ах мори Тањо. Што не кажеше дека си албанка, бар ќе те разберевме зошто ги поддржуваш Нато. :rofl:
     
    Последна измена: 24 октомври 2022
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    @Billy Idol вие ИТ сте на врвот со плати. И не сум во администрација, од каде тоа? Јас во приватен сектор работам. Дониравме скоро, зеленчук од наше производство на пријатели за зимница, проблем не било никогаш за блиски и драги луѓе. Ама дека ќе умре народов од глад, еее кога не умреа во времето на транзицијата, сега ич.... Луѓе избројте си НАТО колку пати го спомнавте и Зеленски, многу повеќе од мене им мавате акцент. И јас не знам зошто се толерираат вашите повици за газење на цел еден народ, оти бил корумпиран, сиромашен и не бил дел од ЕУ.

    П.С. и други не се сложуваат со вашата огромна љубов за Русија, наводно демек грижа за деца и невини животи, туку се уплашија од вашите барања за банови, а и многу сте и баталија да пишуваат на темава. Јас сум „најупорна“, а и продолжен викенд, си реков дај да ги фатам на кондиција, али вие сте бре до смрт со Путин ако треба.
     
    Последна измена: 24 октомври 2022
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Бектеши – И да запре рускиот гас, влијанието за Македонија ќе биде скоро нула



     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ама не, си објасни Тањичот погоре... не било исто. Американците не напаѓале православни, од добрите се. :)
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Американците не напаѓаат блиски народи, и Американците се католици, не православни. Што има заедничко Американец и Србин, Американец и Ирачанин, за разлика од Русин и Украинец? Не реков јас дека сум НАТО-љубец, туку вашиот муабет се врти се НАТО, Зеленски, САД, со цел да ја амнестирате Русија.... НАТО и Русија за мене се едно исто, нема разлика. И Русија ги малтретира Казахстанците, Грузијците, Молдавците, Летонците, Естонците, Латвијците за да им даваат посебни права, небаре се небески народ. За поскапувањата, се е поскапено да, но како што пишав ако произведеш над 50% од храната сам, имаш свое овошје и зеленчук, од цвекло до грав, компири, и ако имаш неколку овошни дрвца од кои правиш мармалади, џемови, наполниш фрижидер смрзнато, и ако имаш свои дрва наследени шуми од баби, децовци, во тој случај, во мојот случај само 5-6 производи земам од маркет, и тие се поскапени(нормално. А тоа немаме држава да прави контроли па еден бејк ролс го качиле на 75 денари, нека си го јадат самите. Од кога знам за себе во Македонија се некој е крив, а ништо на светот не ни следува по дифолт, па и животот е борба.
     
    Последна измена: 26 октомври 2022
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Штом не напаѓаат блиски, алал да им е, срцки.
     
    На Konfetka, christinnn и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Како би ги спречила јас? Нека цркнат сите кои уриваат туѓи држави. Јас сум Македонка, и знам дека 95% од Македонците во капка вода ќе те удават, залчето леб од уста ќе ти го земат, а не да ти помогнат или да се грижат што ќе јадеш и како ќе се грееш. Лажна солидарност со цел да се правда руската агресија. Демек Украинците ако се предадат, мислиш утре лебот џабе ќе го делат. Имаше прогноза дека 2 века Украина од мини нема да се очисти, а сега нова прогноза дека ќе биле потребни неколку години. Евтин леб не чекајте. Ве читам повеќето често шетате во странство, а не ви е жал за мнозинство Руси што никогаш не излегле од државата? Ама битно Путин го имаат. Рускиот новинар Антон што повика да се палат украински деца, ѕирнете на социјални мрежи, дури и роднини има изгледа во САД? Зошто? Што им фали во Русија, гас, нафта имаат и сиромаштија до гуша.
     
  18. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.356
    Мислам дека украина сама си го барала. Лидерите, не обичниот народ.
    Натерани од американците за да ги штитат интересите на синот на сенилниот претседател
    џо бајден кој бил вплеткан во бизнис со енергенси.
    Да беа паметни ќе се договореа и немаше да има војна. Подобро ќе им беше.
    Вака џабе умира обичен народ натеран да војува и да умира за џабе.
    Русите нема ништо да ги спречи. И атомска бомба би фрлиле. Не ги осудудам русите.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Путин може да бара права за своето малцинство, но не и териториите. Бахмут им бил упориште. Проверив демографија, таму 69% се Украинци, а Русите се 27%. Нема полош човек на светот од тој што ги убива своите браќа. Благодарение на Путин, којзнае со колку православци сме во минус. Да не претерам, ама на двете страни вкупно може се 200.000 загинати. Сами си го барале е лито правдање на варваризам. Вчера читав кај рускиот новинар Антон како луѓе од цел свет го колнат, пцујат него лично и Русија. Колку и да ги правдата, тоа нема да го смени фактот дека се голи и боси варвари кои се закануваат на се живо. Утре еден руски турист да ме стопира на улица, нема да ми помогнам да се ориентира. Членка сум на една платформа уметничка, каде има Руси, деновиве ќе ги известам дека ја напуштам и нема потреба со тирани да споделувам искуства и да комуницирам.
     
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.052
    Пол:
    Машки
    Сите луѓе на планетава се браќа.
    Секоја војна е братоубиствена.
    Нема потреба од војни и странски интервенции.

    Најголемите сили си имаат невина крв на своите раце.
    Никој не е невин.

    Никој не би требало да го оправдува ни западот ни истокот.
    Ниту пак постапките на едниот треба да бидат оправдување и преседан за другиот.

    Но моментов на револт против постапките на Руската федерација треба да се искористи за револт и кон сите други војни (вклучувајќи ги и оние на САД) кои се уште се водат а кои ги забораваме бидејќи не сме доволно информирани.

    Резултатот треба да е пацифизам а не поларитет.

    Двоењето на човештвото на "ова е океј, пошо е далеку од дома башка не се иста вера" и "ова не е океј бидејќи е во комшии и се од иста вера", не знам како може да се сфати поинаку од расизам, непотизам, национализам и тн. - работи на кои местото не им е во 21ви век.

    Ништо од ова не е во ред. Без разлика кој, кого и каде напаѓа и тероризира.
     
    На M.B., Mikha4, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.