Нема ништо полошо од сатанизирање на противникот со кој не се согласуваш. Правото на мислење и изразување на мислењето е неприкосновено. Баш оцрнување, а не противаргументи се елементи на фашизам. Како што е пишано во книгата The Friends of Voltaire, слободно преведувам: „Не се согласувам со вас, но до смрт ќе го бранам вашето право да го тоа кажам“. Тоа е одлика на вистинска слобода. Штета за случувањата украина. Но, лидерите нивни ги втурнаа во тоа, заради корупција и намамени за тоа. Тие не војуваат за себеси, војуваат за други. И што ќе биде резултат? Ништо добро за народот. И да победи украина, што нема да се случи, ќе бидат слуги на туѓи интереси, а не на сопствените. Корупцијата нема крај таму, ќе им биде полошо отколку да си нашле некаква неутралност и средина меѓу америка и русија - во ваков случај ќе немаше мртви а ќе им се подобреше животниот стандард таму. Примерот на овие простори со СФРЈ покажа дека западот не те трпи да си неутрален и да си имаш добри односи со сите работејќи во своја полза. Или си им слуга или ќе те растурат и уништат, било со поткуп на политичари или со подгревање на внатрешни судири.
Па што има да ги напаѓаат, во ист сојуз се со нив и не им се спротивставуваат. И САД се основани од протестанти, не од католици; Орхан Памук "Браќата Карамазови" ги прогласил за роман на милениумот, ама ај нека и биде обратно. Од толку спамирање, губи чекор човек што се е напишано и на што вреди да се реплицира.
Пука сонце надвор, 27 степени, се препотив, ама Македонците ќе смрзнеле, Украина била крива. Истите Македонци сликаат редовно храна по ресторани, фрчат пијачки, секој втор ден на кафиња, и нивни пари, нивна работа, ама нека не ме дават истите дека поради Украина ќе умрат од глад. @Аргентина * тоа што ти го пиша за книгата верувам дека е точно, и моево е точно, ама го спомнав да ги пецнам, видов колку жестоко бранат диктатор. Никој, никого не треба да убива, по никој основ, ама кога убиваш браќа е најлошо. Сум била на најмалку 10 средби на тема гасификација. Лаик сум, слушав само, но мое лично мислење е дека со ова темпо на развој ни за 20 години нема да сме зависни од гас. Да сакам сега да се приклучам на гас, мрежа нема до куќава, и до многу згради нема, и да има до некоја зграда, имаше некое правило како да се направи приклучок, па скапо е. И кога ќе видам некој што нема ни пат, ни превоз, ни вода во село ми кажува сме немале гас, крива е Украина, абе јак експерт. Сите бизнисмени се жалат за скапа струја, гас не чув некој да спомне. Повеќето од нас сме посетиле повеќе земји, а мнозинството Руси никогаш не биле надвор од Русија. Ќе страдаат многу Украинците, но и Русите ќе бидат жигосани за еден век од сега. Имало санкции, паѓаше рубљата, ама ништо не било. Кога ќе не удри автомобил, и да кажеме абе ништо не ми е, малце колкот ме боли. Нека падне овде валутата, да биде 150 денари едно евро, ќе видам дали ништо не. Кој ќе се побуни во Русија нема лесно да си помине.
Терористичките напади на Русија врз цивилна и енергетска инфраструктура го оставија Киев и Украина без доволно електрична енергија. Не Зелеснки, не Бајден, не ЕУ, не САД. Ви се допаѓало тоа или не.
Причината се САД и никој друг, доколку беше паметен Зеленски а не поданик можеше се ова што се случува во Украина да го избегне.
Леле мајко моја, мешање баби и жаби. Океј, на темава ќе чекаме да дојдат да пишуваат мислења за тие што читаме статии, мали дечиња што не памтат кога последен пат пробале паштета, што немаат ни приближно нормални услови за живот. Што чекаат донации за да можат леб од 60 денари да купат. Луѓе што преживуваат месечно со социјална помош од 3000. Тие ќе имаат право на мислење, другите треба да си ќутиме и да навиваме да продолжи војнава, добро.
А како им е на тие мајки сега во Украина што имаат бебиња, и како ќе ги капат кога се во мрак? Како би ти било да си на нивно место? Сигурно нема да ти е пријатно. Мене не би ми било. Секој насилник што си ја тепа жената, прави замена на тези и вели „ама крива си, ме испровоцира“. За мене лично Русите нема никогаш да го поправат впечатокот дури сум жива. И не само за мене. Цел цивилизиран свет ќе ги мрази. Нека си го носат товарот.
Не е Си Ен Ен, не е Би Би Си, не е Ројтерс, еве наш медиум, напишано од наш човек https://novamakedonija.com.mk/maked...MKSWEOZky8-RReVp0u6pE55lcAxaJsemrcgMiR7vS_BRY
Тоа царска русија, не постреволуционерна. Форсирале голема бугарија. Подоцна откако со револуција 1917-та беа отстранети царската и слична аристократија и неутрализирани, дојде друга власт и општествено уредување, па политиката почна да се менува. И денес е истата. Русија признава Македонија и Македонски како и македонски јазик. Иначе, украина под влијанието под кое потпадна одма би рецитирала - скопја фајром, малака скопјанос.
Што би било кога би било. Прва асоцијација во мојата глава за Украина - земја која на помогна, пред мои очи слика на украински хеликоптери во Арачиново, изјави „Светот да не дозволи сепаратисти да го загрозуваат територијалниот интегриратет и суверенитет на Македонија“. Асоцијација за Русија пред 24 февруари - православна братска земја по 24 февруари - земја на терористи и убијци кои патем немаат ѓаки на задникот, ама се тепаат за земји кои не се нивни Можете да ги фалите повеќе од сопствената мајка, тоа нема да го смени мислењето на милиони луѓе во светот. П.С. Вчера имаше мапа на уништени домови во Украина, ако во Харков имаш 10.000 да речеме уништени, во другите градови кои се скоро чисти украински има по 5, 10, 50 уништени куќи. На Украинците не им се исплати по толку дадени жртви да застанат сега, кога Русија регрутира џихадисти од Авганистан. Видоа дека противникот не е силен како што сите мислевме. Која е логиката Украинците да прифатат пораз сега, и наредни 10-20-30 години да се занимаваат со Русите кои и натаму ќе имаат аспирации, и натаму со паравојски ќе си влегуваат и прават што сакаат на туѓа земја? Колку и да не му се допаѓа на Македонецот, ќе војуваат додека имаат сила, и инсистираат на враќање на сите територии. Еве ви интервју со Урбанович, човекот спомнува 14.000 жртви, и видете колку им било „убаво“ низ вековите со тие што ги викате спасители и градители. https://www.dw.com/mk/урбанович-милиони-солзи-се-ронат-поради-политиката-на-путин/a-60912236
(ВИДЕО) Путин раскажа виц и ја исмеа Европа: „Тато, зошто е толку ладно?“ Додека ширум Европа се стравува за цените на енергијата и можноста за недостиг, рускиот претседател Владимир Путин се потсмева на одлуките на европските земји да воведат санкции кон Русија, кои според него се повеќе штетни за Европа отколку за Русија. Путин ја исмеа Европа преку шега што ја кажа на панелот во Москва Valdai think-thank, за време на кој одржа говор во кој рече дека „Западот игра смртоносна игра“ и дека „Русија никогаш нема да потпише мир со неолибералот Запад“, како и дека се ближи крајот на доминацијата на Западот. А шегата на Путин гласи вака: Синот го прашува таткото: Тато, зошто е толку ладно? Тато одговара: Затоа што Русија ја нападна Украина. Синот: Каква врска има тоа со нас? Тато: Затоа што им воведовме санкции на Русите. Синот: Зошто? Тато: Да се чувствуваат лошо. Синот: Дали сме ние Руси тогаш? Откако ја кажа шегата, на лицето на Путин можеше да забележи блага насмевка, а на видеото се слуша како дел од публиката гласно се смее.
https://www.faktor.mk/razreshen-e-ruski-general-kogo-putin-go-odlikuvashe-vo-juli Секоја недела разрешуваат некој. Прочитав дека и Русите имале свој Али Ахмети, Кадиров. A oва https://a1on.mk/region1/video-alo-b...vo-studio-reporter-od-ukraina-napadna-gostin/
Gledajkji vekje podogorocno smetam deka Rusija pretera so vojnava vo ukraina.., Svee zivo I'm bombardraa po gradovite. Eve gi Sega rusivepocnaastruja I vodaa da I'm unistuvaat. Pa stvarno zalno za obicen narod koj zivee tamu. Pa stvarno se pretera.Koga trebase da sednat na razgovor Putin I Zelenski bese najdobro resenie.n
How the Russians Found Out it was the UK that Bombed the Nord Stream Pipelines Over the past two days, the Russian Ministry of Defense publicly accused the UK of blowing up its Nord Stream pipelines. No proof was offered. I have found out what the proof actually is . . . . and it is the reason Liz Truss is no longer Prime Minister of the United Kingdom
Дури и аналитичарите и воените експерти грешат во прогнозите. Рекоа војната ќе заврши за 2 дена, ќе заврши брзо, еве трае повеќе од 8 месеци. Синоќа еден аналитичар, нема да именувам, рече Русија и земала на Украина третина од територијата. Е од кога 18% се третина? Па и во тие 18% Русија нема целосна контрола.
Ве молам, немојте да цитирате пропаганди. Можеме и самите да провериме што една од страните и нивните поддржувачи или подбуцнувачи пропагираат. На крајот на краиштата, никој не може да ги знае фактите пред да бидат проверени од независни објективни извори. Тие случувања си се меѓу нив. Ние немаме врска со тоа. А инаку, делува дека и вие сами сте пропагатор на одредена агенда. Делува дека и сакате да ги натерате домашново население во Македонија да се вклучи активно во туѓи конфликти преку регрутација на потенцијални воини или донација на средства или пари (само немојте ве молам да објавувате и сметки за уплати). Во таков случај, ако е таков, предлагам вие лично да размислите да, доколку е законски дозволиво секако, се пријавите да отидете таму и лично во првите борбени редови се борите, макар и по цена на сопствениот живот. Или, ако не смеете законски, да се пријавите за воена служба и ангажман во нато вооружените сили на било кој начин. Ако не за оваа, за друга војна би се нашло нешто за вас. Патем, бидете внимателни со изјавите за квалификациите на „настаните“ во Македонија во минатото во 2001 година и Арачиново. Можеби би се сметало дека вршите кривично дело ширење на омраза и нетрпеливост или сл. Зошто? Бидејќи дуи е на власт. Целосно. Вашите квалификации за сепаратисти , според вас, можат да се толкуваат како оцрнување на, според нив, легални и правични активисти за слобода и човекови права, а акциите на вооружените сили на државата во арачиново па и другде да мора да се сметаат, според реалната а не фиктивна власт во земјава наводно на чело со трајно неспособен премиер, како пречекорување на овластувањата од страна на вооружените сили и присилно малтретирање на активистите за слобода и човекови права (без доказ дека истите воопшто биле вооружени - можно е да се тоа фингирани т.е. местени настани од страна на властите, нели?) со што самата полиција и армија е виновникот и величањето на нивните дела мора да се забрани и прогонува. Бидејќи дуи е целосно на власт. Нивно е речиси цело обвинителство, нивно е правосудството. Можат да ве гонат и осудат без проблем, а ако не добиете затвор можно е да бидете секако осудени на општополезна работа - чистење тоалети или споменици на учк - со задолжително поклонување пред истите за да не испадне дека ширите и говор на омраза. Инаку, јас и да се согласувам со вашите ставови за 2001 год. во Македонија, не смеам да го изразам тоа заради историски ревизионизам. Така, загинатите припадници на безбедносните сили ќе бидеме принудени да мора да ги сметаме како правично погубени насилници кои загинале или како резултат на самоодбрана на мирното население или резултат на меѓусебни пресметки. Колку и да не сакаме да сториме тоа ќе мораме или да се соочиме со затвор. Со ова за жал, веројатно ќе бараат не само укинување на бенефициите на семејствата на загинатите македонски полиција и војници, туку и ќе ги приморат да ги враќаат парите добиени како отштета за загинат член на семејство со камати како средства стекнати без основ, потоа ако немаат да плата да бидат врзани во должничко ропство. Патем, хелихоптерите беа платени. Не беа бесплатни.
Досега русија учествуваше во вооружените случувања на свој начин - гради в гради. Сега применија нато принцип, како нато врз србија 1999 год. со бомбардирањата. Не знам зошто западот се буни, тоа е нивен начин. Колатерална штета користеа како термин. Како што за цивилите срби загинати мислам дека сметаа дека самите луѓе си се криви бидејќи не се бореа да ја сменат власта и со тоа служат на западната агенда. Ако не си за нив тогаш си против нив, не смее да има неутралност и сам си крив, тие никако.
Kои бенефиции ги имаат бранителите кај нас? Скоро ништо. Мнозинството не се ни вработени. Затоа велам Македонија не е пример на кој треба било кој да се угледа.
Зависи како сметаш кој како има бенефиции.... ветераните на учк т.е. припадниците на дуи не одат на работа а земаат плата, што подобро од тоа? Имаa куп вработени во некоја државна служба секретаријат за спроведување на рамковен договор или сл., на иста адреса со владата, мислам преку 1000 дали беа, не се сеќавам точно ама секако бројка со која е физички невозможно да се сместат таму. Јас пишував за мртвите припадници на безбедносните сили, на семејствата им се даваше чинам 8-10 илјади евра... и замисли сега да им ги бараат парите назад. А за живите, зависи кој како а и колку заслужиле - некои односно повеќето седеа во позадина заради партиски линии или мито и ни а од акција не видоа и замисли да бараат сега бенефиции и пензии и сл.? Изгледа се бореле на погрешната страна за жал.