Затоа велам, секој заслужува подобра судбина од нас. Фер ли е да трчам јас во УЈП за 1 денар несовпаѓање на данок да го плаќам, за да не ме казни УЈП, за да некој тера бизниси на црно цел живот? Фер ли е јас да го одработувам секој денар во приватен сектор, а цели фамилии да седат дома и да земаат по 40.000, 60.000 денари гратис? Фер ли е ти мене да ме нарекуваш дека регрутирам војници за во Украина, само затоа што сочувствувам со Украинците, и ми е несфатливо некои 17% да бараат држава во држава? За тоа дека украински политичари даваа изјави со термин „сепаратисти“, „бунтовници“ за состојбата во Македонија, сигурно има записи од вестите на националните канали кај нас, а и натписи по медиуми сигурно имало и кај нас, па и кај нив можеби. Тие највеќе ја бранеа Македонија уште пред да го продадат оружјето. Тинејџерка бев, ама се сеќавам, на неколку денови украинската влада држеше пресови за војната во Македонија. Да не сакале, не морале. Никој ништо не мора. Кога ти е добро лесно е да најдеш друштво, ама кога си во неволја е тешко некој да ти излезе во пресрет.
Македонија можеби треба да се солидаризира со САД и да бара исто така дупки во санкциите за да дојде до руски гас Wallstreet Journal открива: Дупка во санкциите - Американците точат руско гориво
За поплаките за државното уредување и вашите даночни проблеми јас немам надлежност. Упатете ги до ујп или владата. Јас не ги знам намерите на вашите објави за украина. Дали регрутирате или рекламирате. Лично ми делува дека сте дел од нво структурите па сакале или не морате да пишувате она што диктира официјалната агенда и пропаганда на спонзорите за да се земат пари. Дури и по месец два ако треба спротивното да се пишува. Она што вие се сеќавате, треба да се толкува на суштински начин. Тогаш украина беше неутрална и самостојна па сама си формираше мислења. Сега е под други влијанија. Да беше под пристрасна власт тогаш како сега не само што не ќе ни продадеше оружје за пари туку и ќе испраќаше платеници за да се борат против македонците и ќе пропагираше дека славомакедонските репресивни власти го угнетуваат и вршат етничко чистење и злосторства против човештвото над мирното албанско население. Денес тоа би го рекле, како што ќе им се каже. А крајно, за да се продаде оружјето ќе се додворуваат и ќе те тапшаат по рамо за да купиш од нив, не од други. Ѕвезди од небо ќе ти симнуваат. Ако треба и танчарки ќе ти пратат. А знаеме како завршија и набавките за потребите на армијата со проневери од страна на сдс и бучко кој иако целосно осуден ден затвор не виде. Јас мислам дека е жално тоа што се случува во украина, но дека и самите си придонеле за тоа. И што треба да се побунат посилно против зеленски и нивните власти и да ги тргнат тие што ги втурнаа во оваа ситуација. Најмногу ги жалам оние сиромашни украинци кои не можеле да избегаат или поткупат за да не ги земаат за војска и кои служат за гинење бидејќи, според некои извештаи во кои верувам, под присила и закана на стрелање ги тераат да одат на првата линија на фронтот и да умрат за џабе за нечии профити бидејќи е јасно дека украинскиот енергетски бизнис е рака под рака со хантер бајден, синот на сегашниот сенилен старец кој го туриле за претседател на америка. https://www.washingtonpost.com/podc...gs-in-ukraine/?itid=lk_interstitial_manual_10
Зеленски: Како да преговарам со Русите, кога денеска на нас испукаа 54 ракети? А што чекаш???? До 500 на ден да стигнат??? Британија тестирала воен план за блекаут, се подготвувала за најлошото, ако снема струја. Русија понудила гас и нафта на западот, тие одбиле. Значи планот е идење со главата во ѕид.
Многу сум далеку од тоа што го пишуваш, никакво нво не сум јас. Грешка си. Поаѓам од човечки аспект. Таму каде живееш треба да ја почитуваш државата, се друго за мене е безобразлук. Испод видеото кое го постирав, двајца Албанци пишале дека Македонците биле како Путин. Тоа не е говор на омраза? Сигурно земаат плата од моите и твои пари од даноци, и ја ругаат државата. И не само тие, овде има и членки од помалите заедници кои дошле од држави кои никогаш нема да бидат држави, па се исмеваат со Македонците и Македонија. Должен си да почитуваш држава, знаме, хумна, Устав, ред и поредок, се друго е барање преку леб погача.
Повторно, јас немам надлежност за ова што ми го пишувате и кое не знам зошто мене ми го упатувате. Кажете им на политичарите. Иако, ни грам почит нема ни да има со оглед на алчни за власт и поткуп политичари кои би ги предале своите национални гордост и достоинство за само уште еден ден власт повеќе. Си патиме од домашни предавници. А за вашите проблеми од албанците, иако тие сметаат дека ако не сте им понизни тогаш ги угнетувате, предлагам само да им кажете: "paguajne elektrike". Превод: плаќајте струја.
Така е. Зборувам и за други малцинства, тука на форумот ги навредуваат Македонците, не само Албанците, туку и други малцинства чии држави се бетер од Македонија. Сме дозволиле. Ама сакам да ти кажам дека не сите народи се како Македонците. Ние сме научиле ќути си. Нека отиде некој во Турција нека прави референдуми за независност, па ќе види што ќе го снајде. Нема што да ме чуди што Украинците биле радикални кон сепаратисти. Секаде народите се радикални кон сепаратисти.
ss планот е дека русија реално ја губи војната и дека америка си ја постигна својата цел во случајов западот и русија се губитници.
Republican Congresswoman Marjorie Taylor Green: Under Republicans, Ukraine will not get a penny. Our country is more important. И Трамп имаше изјавено пред некој месец дека да бил тој претседател, ќе немало војна во Украина.
Ако така сметаш тогаш косово мора да се врати на србија. Како што тие си зеле за право, така и регионите од украина кои прогласиле отцепување и се соединиле со русија имаат целосно право. Иако, мене ми се верува дека русија била провоцирана да интервенира за да си го заштити својот народ бидејќи имало непридржување до мировниот договор од минск од 2014 год. Верувам дека имало злоставувања и припреми за целосен напад од страна на украинските сили кога веќе недели претходно имало напади од страна на украинските воени сили врз мирното население во доњецк и луганск и околијата. Верувам и дека украина се спремала, излажана од западот и америка, да стане нуклеарна сила, припремајќи се за тоа преку барањето да постојаното место во советот за безбедност во обединетите нации (со право на вето) се одземи на русија и даде ним. Еве статија од украински извори неколку недели пред почетоток на вооружените дејства: https://www.eurointegration.com.ua/eng/articles/2022/02/8/7133682/ Пак ќе го повторам мислењето дека украина сама си го барала. Настрвена од западот. Лидерите нивни ја направија војната, не народот. Да беа паметни ќе си останеа неутрални и ќе имаа корист од обете страни и подобро ќе им беше. Меѓутоа, делува дека лидерите им се поткупени, купени пред да стапат на функција и припремани за тоа па пропагирани. Ете, нивниот претседател зеленски се офајдил и има милионска вила во италија, која за иронија им ја издал на руси. https://a1on.mk/world/skandal-vo-it...ajmuva-svojata-vila-na-rusi-za-shokatna-suma/
Косово и регионите во Украина со демографијата се два различни поими. Албанците во Косово од многу одамна се мнозинство, а на Косово денес од 1.8 милиони жители, едвај 120.000 се Срби, и тоа само на северот, плус две села близу Приштина се српски, две села во околината на Витина и Гњилане. Ова ти е состојбата денес, а и пред војната не било различно. Јас ги сакам Србите, но и самите Срби од Косово кажуваат дека и пред 1999 година, во градовите имало по 80-90% Албанци. Во Украина сите градови кои Русите ги бараат се со мнозинство Украинци. Во 2022 година не можам да кажам дека некој си барал војна. Тоа не смее да се случува.
Утре сите земји да го повлечат признавањето на Косово, тоа нема ништо да смени за Србија, затоа што српскиот народ го снемува на Косово, а без народ немаш држава. Утре да не постои независна држава Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ нема да може слободно да шета во Приштина на пример, и тоа нема да се смени, ни со признавање, ни со непризнавање, тоа е така, колку и да не ни се допаѓа. Со Украина не е така. Украинците во сите завојувани градови освен Мариупол, се двојно повеќе од Русите. Прашање е што по војната? И јас не разбирам што ќе им на Русите и на Русија градови каде мнозинството веројатно пак и по војната ќе бидат Украинци. И сега во воени услови дел од Украинците се во Херсон, не сакаат да заминат. Што ќе биде со Запорожје, и Бахмут, и сите други градови Украинците си имаат мнозинство? Тоа воопшто не е исто со Приштина каде Албанците веќе 100 години се мнозинство или со Тетово каде Албанците од 1994 година се мнозинство. Во суштина Русите се обидуваат со притисок и терор да ги истераат Украинците од нивните вековни огништа. Разликата меѓу Русите и Албанците е тоа што Албанците имаат висок наталитет, а Русите не, и затоа нивната идеја е нереална.
https://www.dailymail.co.uk/news/ar...ians-gather-discuss-Putins-removal-power.html It comes as ''Russian'' (слободно читај Ukranian and the West) soldiers are suffering devastating losses in Ukraine They said that a revolution (ал што ми нешто звучи познато) and civil war was the only way to remove Putin from Eј ми текна од каде ми звучи познато. https://www.transform-network.net/en/blog/article/communism-yes-putinism-no/ Let us hope that one day the peoples of Europe and of Russia will be liberated from their capitalist oligarchies. This was the project of the revolutionaries of October 1917. Колку за потсета. Спојлер: october 1917 https://en.wikipedia.org/wiki/October_Revolution https://en.wikipedia.org/wiki/Party_of_the_European_Left
Изгледа некој почнува да моли за преговори. Украинскиот претседател Зеленски постави пет услови за почеток на мировните преговори со Русија
Не игра улога дали мнозинство имало од пред 2 дена, 20 години или 2 века. Принципот е сакаат да се отцепат и им се овозможува. Сакаат независно дали им следува или не, а добиваат бидејќи им годи на нечии интереси. Сакаат независно дали се мешавина албанци со срби или руси со украинци. И да имало мнозинство украинци во новите региони кои фактички се присоединија и се дел од русија кои никогаш нема да влезат повторно во украина, можеби а и веројатно тие порадо би да живеат во склоп на русија отколку во склоп на украина каде служат само за човечка крв за профит на корумпирани политичари и олигарси - да решиле да им е подобро под москва отколку под киев. А војна ќе се случува и во 2022 и во 3022, стално ќе има провокатори кои тоа го прават за интерес а на крај народот страда и стално ќе има корумпирани политичари болни за власт кои ќе влетаат во тоа и кои за само уште еден ден на власт да опстанат би го жртвувале сопствениот народ до последен. Така украина заврши каде заврши. Тоа јас го споредувам со тоа некој да ти каже оди тепај си го комшијата, а кога ќе почне комшијата да ти враќа да се чудиш зошто тој го прави тоа, па нели ти кажаа дека тоа е исправно. Некој ден кога ќе се пензионираш ќе ти кажат самоубиј се да не си на трошок на државата. И тоа ќе се направи? Патем, што е интересот на американците на косово кои тоа го создале? Читам дека таму има најголеми наоѓалишта на литиумска руда (мислам 90%, дали од европа или регионот) која е основа за правење литиумски батерии? А што е потребно за да работат мобилните телефони и електричните возила?
Тактика за преговори, бараш 4-5 услови од кои повеќето се фантазии од типот како малиот ѓокица си го замислува светот за да ти прифатат само 1 кој ти е битен ама скриен меѓу другите. Само да не останат со прстот в уста..... да не добијат одговор во следното бомбардирање?
@Akapulka демографијата е клучна. 17% Руси во Украина и над 90% Албанци на Косово ти е разлика, небо и земја. Србите се само 6% на Косово, за жал, ама си признаваат дека сами си го продале Косово. Дури и да не прогласеше Косово независност, Србите ќе живееја како глувци таму. Србија одамна нема контрола на таа територија. Како што гледам Зеленски ги зголемува условите за преговори. Да гинеа Украинците како што ние мислиме, Украина досега ќе немаше армија воопшто. Врвот во Украина знае дека и Русите имаат големи загуби, инаку досега ќе прифатеа пораз и ќе дадеа се. Русија ја заборави тезата за малтретирани Руси и забранет руски јазик и 3-4 месеци раскажуваат како САД секаде командувале. Како жени на селска чешма се однесуваат. Нив не им треба некој да ги уништи, се уништиле самите себеси. На тие ресурси да имаат плати и пензии како Македонија. Прочитајте дека надвор од Москва и Санкт Петербург немале ни патна, ни желеничка инфраструктура како што треба и кој нормален човек сака да биде во друштво на просјаци кои патем ќе ти уништат идентитет и ќе те претопат? Што не направија економија појака од Германија, сите да мигрираме таму, да молиме за руски пасош, да донираат по светот, да даваат стипендии за изучување на руски јазик секаде во светот? Кој ги бранеше? Непособни се и само уценуваат и се силат. ЕУ за 10 години ќе биде независна од руски гас. Ќе користат обновливи извори. Аман со тоа дека Украинците сакале да живеат заедно со Русија. Тоа е лага. Имаме Украинци во Македонија и Украинци од Украина кои објаснуваа дека е обратно, ама очигледно не сте ги следеле оти идилата за Русија ќе ви се наруши. Патем на Песков децата му биле во Париз? На Путин ќерка му во Холандија? Што така, кога Русија е рај и нивните татковци со години му прават антиреклама на Западот? Дали е можно ова од подоле? Ги избркале замисли? Избркале велесила? https://lokalno.mk/se-vodat-teshki-borbi-rusite-izbrkani-od-grad-koј-prethodno-go-okupirale/
https://www.faktor.mk/se-spasi-od-ukrainski-proektil-a-sega-stremusov-zagina-vo-soobrakjajka Рускиот Џамбаски замина.