Па секако дека е. И ние кои сме имале делумна почит за неа порано, сега гледаме дека самиот факт дека не победи на 25 февруари е поразителен. Секој нов ден е пораз за нив. Се чудат дали да регрутираат Авганистанци, Сиријци, па дронови од Иран земаа, па Иранци ги обучуваат, па оружје земале од Северна Кореја е најново, па дали ќе имаат пари за платениците, аауу. Премногу проблеми за велесила. Таква ја сметавме. И секако дека и Украина е банана држава, ама Украина постои 30 години, а Русија е земја со долга традиција, со армија која постои многу долго. За Србите правите паралела, ако продолжат да продаваат имоти во околината на Врање, Лесковац, Ниш, за 50 години ќе изгубат уште најмалку 3 општини. Прешево, Медвеѓа, Бујановац веќе им ги бараат. Може сум пишала, Срби од Ниш ми кажуваа дека Албанци од јужна Србија носат жени на породување во Ниш. Ова се луѓе кои работат на места каде се во допир со тие податоци. Зошто? Па за да во извод утре му пишува на тоа дете дека е родено во Ниш и да се повикуваат на тие бројки. После Америка ќе е крива за се. Јас ги сакам Србите, ама реалноста е таа. Желбата е неважна ако немаш соодветна демографија.
Жалам, но не се согласувам со вашата пропаганда. Пропаганда бидејќи она што го наведувате е или невистинито или делумно врз база на вистинити факти но потоа фризирано да соодветсвува на пропагандата. А кога сме веќе со проценти кои спомнувате за соодноси на косово, нема разлика во однос на бројки бидејќи игрите на бројки можат да се толкуваат кој како сака. Ако во Македонија албанци се 25-28% тогаш по таа логика не треба да бараат отцепување, ама чекај, не, во некои средини се 90% и повеќе, така да всушност треба да имаат право да си ги отцепат тие делови и да одат во голема албанија, независно што има делови со неалбанци помеѓу нив. Така, цел полог станува албанија, небитни се другите. Јас за русија не форсирам никакви ни пропаганди ниту имам умисли кои вие ги нарекувате идилични ниту имам некаква намера да рекламирам некого или нешто. Пак ќе кажам, тоа си е помеѓу нив. Не гледам комплетно црно или комплетно бело а сепак мислам дека украински политичари втурнаа кон тоа. За деца на политичари од русија, биле кога имаа добри односи а потоа ги повлекле кога се влошиле. Зошто биле таму? За образование кое е неопходно во меѓународни односи. И самиот Путин знае германски и бил во германија. Тоа не значи дека ја прифаќаат нивната агенда во целост. Бидејќи нивната агенда е тие на крај да се робовладетели а другите робови. Како што сме ние тука вазалска држава. Погледните струјата колку е поскапена, сето заради бонбона бизнисот на корумпирани политичари кои си го продадоа сопствениот народ за да фатат брза пара. А вашето пропагирање делува дека сакате да бидете врската помеѓу класите, т.н. гоничи на робови кои се од класата на робовите но за да добијат подобра положба, читај ситни странски пари, се ставаат во улога на потчинувачи на себеси сличните терајќи ги да работат во корист на сопствената штета т.е. да продолжат да мизеруваат и живеат покусо и потчинето ама важно ја слушаат пропагандата. Што е следно, да одиме да војуваме и гиниме за нечии деловни интереси, а кога ќе дојдеме до пензија да се самоубиеме за да не сме им трошок на бизнисот? За херсон, тоа е тактичко повлекување, откако се евакуираа цивилите кои обично украински сили за жал сопствениот народ си го користат како жив штит кој е потрошен материјал. Играат валкано. Секоја приказна има повеќе аспекти, зависно кој како сака да си прикаже, а со оглед дека не е можно со вас дискусија, не гледам зошто да се објаснувам со вас понатаму. Се надевам ќе сфатите и прифатите дека не е се што замислувате вистинито и дека не мора сите да ги претопите во вашите замисли. Луѓето си имаат право на сопствено мислење.
Сите си имаат право на сопствено мислење, ама што од тоа што го кажав не е точно? Руси во Украина се 17%, Србите на Косово се една шака народ, Македонците во Тетово се една шака народ. Не се разбирам јас во тактички повлекувања, не сум воено лице. Кој свој народ го жалат Русите во украински Херсон каде Украинците се 82%? Русите таму се 14.1%. Ukrainians – 82.0% Russians – 14.1% Belarusians – 0.7% Meskhetian Turks – 0.5% Украинците не се Руси и тоа не е „нивни“ народ. Да жалеле некого, Русите ќе си седеле дома, во Русија. Денеска е 260 -ти ден од војната, а Русија кога планира да победи? Зеленски имаше 1 услов, па 3, па сега дури 5. Русија доживува дебакл. Не правам јас пропаганда, туку сите кои ја браните Русија снемувате аргументи и се повикувате на непостоечка руска доброта, милост или па ете им текнало се повлекле. Целта им беше да ја „обезглават“ државата Украина со продор во Киев и соборување или атентат на тамошните властодршки. Арно ама народот до толку сака да живее со мизерната Русија, па почнаа да фрлаат молотови коктели да се бранат. Што да им правиш, неосвестени, не знаат кој им мисли добро по ваше? Ај видете ги убаво бројките и дури и да остане таа територија на Русија, што ќе им е? Таму и по војната мнозинството ќе бидат Украинци, кои говорат украински јазик и нема да ја почитуваат државата Русија. Друго, тие нема да се откажат, ќе се бунтуваат. Како Русија ќе се справи со туѓа земја, со туѓо население? Тоа ќе биде темпирана бомба во нивниот двор.
Руската војска се повлекува од “рускиот”Херсон. Тоа е пораз на Путин. Ама македонските русофилчиња да не плачат го нарекуваат тактика. Само тие можат да веруваат на руските митомании и секој пораз да го претворат во победа Ко што веруваа во почетокот дека веднаш ќе ги реши Русија, дека ја нападнала еади НАТО или дека тие се криви што се нападнати требало да му ги бацуваат нозете на Путко Велики.
Русија, Северна Кореја, Сирија, Авганистан, тие се одбраното друштво што пласира своја вистина, ама кутри сите други не ја знаат вистината. Еве имаме членови на Фемина, нека почнат на сите Французи, Германци, Италијанци на цел свет да објаснуваат како тоа било ок да војуваш за туѓи територии со туѓо население затоа што се сметаш за силен. Арно ама не биле така силни. Јас првиот ден си реков „Господ да им е на помош на Украинците, до утре ќе останат без пола држава и ќе капитулираат“, ама ете ме демантираа оти се храбри. Русија се закани на цел свет. Ок, нивна волја. Нека си го продаваат гасот на Авганистан, Сирија и нека си бркаат работа. Нека си тераат самите со себе, штом Украинците, Грузијците, Казахстанците, Молдавците ги малтретираат само од позиција на сила. Ќе бидеме живи, ќе видиме каде ќе бидат за 10 години отсега, кога Европа нема ни да зависи од руски гас, а сега европските земји го користат по 30% . Патем да не почнаа да умираат луѓето по Европа од глад и студ? Да не сум пропуштила нешто? Западни медиуми, лажат 100%. Уште еден град е ослободен кај Николаев. https://a1on.mk/world/ukraincite-objavija-video-oslobodivme-grad-na-jug/
Седи мирна сега, тактички потег е тоа, исто како што се повлекоа од Киев, Харков, Суми... нормално дека Херсон беше следен. А циљаа на Одеса, црноморие да поврзеле Присвоија територија со референдум за после неколку недели да се повлечат Ко чекам денот кога за година две Мариупол ќе се ослободи. Како гест на добра воља За некој ден 80 000 рашисти истребени од полињата на Украина. Ги требат како вошки со дроновите. Веќе не се спомнуваат човековите права на русите од Донбас. Човеково право е да ги мобилизираат да се борат на страна на рашистите. Од оф на леле им е работата
Јас прашав една Украинка, демек војнава многу долго трае, многу народ ќе изгине и таа ми вели „украинската војска добро си ја врши работата, многу војници им смлатија, вакви загуби Русија немала одамна“. Ова ми го кажува Украинка. Па веројатно тие таму си знаат повеќе од нас. Едноставно е, живееш таму, имаш роднини, пријатели, соседи кои работат во армија и кажуваат како е на терен, независно од медиуми. Сега Захарова се засекирала за европската економија ќе ослабнела. Туфф, а кога се зезаше дека почнала војна со Украина оти не им дале рецепт за супа со моркови. Тоа ли се политичари? https://tocka.com.mk/vesti/427572/z...tvena-da-ja-nadmine-krizata-vo-odnosite-so-eu Што така се засекирала? Нема Европјаните да умрат за леб и да измрзнат, нека си мислат Русите кај ќе тераат со такво однесување. Тие ќе трпат за леб и нема да смеат да се бунат. Ќе јадат пендреци, ама требало навреме да се изборат за поцивилизирани лидери. @malerozna абе тие во Лиман прогласија анексија, утредента Лиман падна под украинска контрола. После некои русофили кажуваа Лиман не им бил битен на Русите.
Се што плукаа русофилите се излижаа. Кај се сега децата од Донбас? Немале права демек. Еве сега Мариупол има десетици илјади жртви, цел град е разрушен. Нели бабичките демек ги гушкаа рашистите? Зошто сега слават ослободување од нив? Европа страдала? Ќе сме умреле за јадење? Од студ? Германија ќе пропаднела? Рубљата јака била? Затоа цел нормален свет бега од Русија и од нивната мобилизација. Дури сега се сетија дека војниците им биле важни, после 80 000 мртви. Ќе паднел Киев за 3 дена Стратешки се повлекоа од секаде
... Само не разбрав кој од вас тројца ќе му го однесе пемпелето (капитулацијата на Русија) на Путин за да удри параф?
Денеска русофили ми кажуваат како тоа Русите најавиле дека ќе се повлечат и се повлекле, демек се воодушевуваат. Е сега, на Украина немало никој да и помогне, ќе била сама. Еве ти нов удар за рускиот сепаратизам https://makfax.com.mk/svet/еу-нема-да-прифаќа-руски-пасоши-издаде/ Европскиот совет одлучи да не се прифаќаат патните исправи на руски државјани издадени во Украина и Грузија. Го поддржуваш Путин - убиваш деца. Толку е просто и едноставно. Ќе завршат на буништето на историјата овие. Туфф, немале права да излегуваат и да урлаат по улици „Русија, Русија“, да веат руски знамиња и да ги поставуваат кај стигнат, да одат насилно во општини и да прогласуваат држави. Епа Украинците реагирале. Е не како Македонците ќе јадат 1001 кнедла и плус и пари ќе ти дадат, да се почестиш.
Блазе си ви....какви романтичерски чувства. Изненадување е ова со Херсон, бидејќи можеби говори дека преголема НАТО војска е довлечкана близу, во Молдавија веројатно. Многу оружје им е уништено, се помалку украински војници, државите масовно во протест, делува дека и двете страни завземаат позиции. Не е момент за радост никако.
Се ова продолжува геније, вклучително и војната, Украина (читај и Западот а поготово Европа) во никаква смисла не ја добива војнава моментално, или не ти кажаа така на вести? Ама добро бар си добивате храна ан авашите е*ени мизерни ега, ајде отварајте шампањот вечер, вашиот фидбалски клуб вика дека ''добива'' битно. Стокхолмски синдром аt its best. Абе убаво рекле некои стари таму; Чега се паметан стиди будала се поноси и тоа гласно. Ии just to spice things up; Аа како така срам их бре било, од каде им право? Kаде, во твојот имагинарен свет?
Значи вие што ви е идол Путин, убиецот на деца, до каде се вашите информации? Ќе ја има ли таа фамозна победа и кога? Виновник за се е Путин, никој друг. Тоа е лицето кон кое треба да се посочи. Сите имаме различни идоли. Тоа што му дале 5 писатели и 3 композитори на светот, мене веќе ништо не ми значи. Се убивме од читање и учење на нивни биографии, па и мелодиите ги препознававме за оценка. Читам дома сега книга, Тарас Шевченко на српски јазик. Македонија да беше Русија ќе му дадеше барем 2-3 писатели од светски ранг на светот. Еден од нив е Никола Маџиров, кој и во вакви услови успеа да постигне светска слава. Каква НАТО војска? Нели Русија може да се справи со се? Уште НАТО им фали на Русите. Абе тие не можат со една Украина да се справат, со 5 пати помала војска, НАТО ќе ги суредувал нив. Нема грешка. Признајте си дека вакви дебакли ни на сон не очекувавте. Па нели Путин не нападнал ни со 10%? Кај му се тие други 90%? Гледам Кадиров седи на кревет, во удобна соба и повикува на џихад? Поддржете го. Не, благодарам, јас сум православна христијанка и немам допирни точки со џихадисти. Русите си одбраа пат. Нека живеат во изолација. Му велам на еден русофил како е можно пензија од 159 евра во држава со гас и нафта да се смета за некаков ќар. Вели евтина била Русија, ама ниту бил, ниту читал.
Aма нели со една ракета ќе ја збришеа цела Британија? Русите така кажуваа. Со една ракета бришат цела земја. Нели НАТО ја пуштил Украина низ вода? Не е момент на радост на симпатизерите на насилникот, оти утре да не избегаат и од Мариупол? За овие „тактики“ еден ден ќе се учи по школи.
Геније овде се во игра предложени нуклеарки и они и тоа го имаат на ум за разлика од САД и Западот, дали твоето мозоче го поима ова? Сакаш да удри за да испаднеш во право?
@Tanjamm Европејците (углавно поради војната) СЕ смрзнати, во енергетска криза, со растечка инфлација и економски и индустриски пред колапс, во кој свет ти живееш и која ти е поентата? Толку, останатиот дел од дневните афирмации што сама си ги кажуваш, да трошам време и енергија да ги коментирам нема и онака нема да допре до тебе, немаш капацитет ни желба да разбереш.
Tи се плаче знам за Европејците. И не само тебе и на другите. А и за Русите што губат. Туку таа изјава не е на Шојгу, јас зборам на чист руски јазик. Монтажа е се, за да има пискотници од Галичник до Река. Лага е се. Од кога почнавте да верувате на вести од западни медиуми? Нели не беа веродостојни? Порадувајте се уште некој ден на грбот на измачениот украински народ, а после ќе ви треба некоја нова жртва за „утеха“ и бегство од лошата македонска реалност. На сите вас на кои политиката на Путин ви е ок, а живеете во средини каде има и други етникуми, па вие сте „окупирале“ територии и треба да си заминете со еден куфер, се да оставите, а ааа и под чергичето пари за кирија оставете, оти со години живеете на „туѓи“ територии. Путин така тера. Вие поддршка давате за земање на туѓи територии за да храните его.
Да, ми се плаче за моите , Европејците и сите жртви на superiority-complex-от на САД? Проблем? Спојлер; Ако твоето мозоче не го прифаќа ова како вистина и валидно, не мења ништо. И поентата повторно ја утна/ проба во твој стил и капацитет (безуспешно) да ја извртиш, поентата ми е НЕ за верување на западни медиуми. Е така. Никој не се радува, тоа само во твојата глава и колку пати и да го напишеш, нема да го направи вистина.