Незамисливо ми е да има војна во 21ви век 2022година, не можам да си поверувам. Гледајќи ги сликите од обичниот народ во Украина ме лазат морници. И осеќам некој страв дека сето ова ќе тропни и кај нас. Балканот, посебно ние како држава опколена со непријатели, ќе не збришат за минутка. Толку ги мразам политичарите, ништо арно не гледаме од нив. Нека цркнат сите кои имаат замешано раце во работи поради кои страдаат невини луѓе, болесници. Оној вампирот бајден дали е за да излези да тв и да јади гомна како е загрижен? Заборави дека истото го правеше во Србија и дека за се’ ова шо се случва е директен виновник? Светот ќе треба да слави денот кога овај психопат ќе заврши под земја.
На тик ток ми излегуваат снимки од бомбардирањето на Киев езиво...луѓе со по една торба бегаат се кријат, викотници...
Како бе така да мора да правиш како што ти налага помоќниот. Значи Русија и го прави на Украина истото што и Бугарија ни го наметнува на нас со години. И што, демек и ние сме задоени со патриотизам зошто се чувствуваме како Македонци а не Бугари?! Епа истото е и со Украинците, не се труени со патриотизам туку си ја сакаат земјата и се декларирале како различен народ од рускиот со свој јазик, култура, традиција и тоа сите мора да го почитуваме. Основно право е правото на самоопределување на еден народ, и правото на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на една држава. А Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ООН тоа мора дотолку повеќе да го почитува, а не да делува од позиција на помоќен туку од позиција на поцивилизиран.
Него, нашиве се придружиле кон ЕУ за санкциите...гледам ја ќе удрат и по нас. Сеа ќе се лижеме..еее мизеријо.Да сакаа во ЕУ да не` примат, ќе не` примеа, а не секакви захтеви да имаше.Кога менувавме име, кога се каравме со Бугарија, никој не` застана позади нас.И ние ко Косово ќе се лижеме сеа..иста мизерија сме жими Господ. А гас само од кај ќе добиваме, мислат ли нашиве? Ако рече Путин, нема више гас?? Да зеам да го родам после или како ќе праиме?
Не знам што се чудите на војнава, секогаш имало, секогаш ќе има. Демек човекот толку многу еволуирал од Втора навака? Сè уште сме примитивно битие, така да, сè уште ќе има војни. Жал ми е за луѓето во Украина. Мислам дека не постои поголем хорор од војна. Стравувам дека можеби ќе ескалира во светска. Ништо не ме чуди. Пред 2 години ова време читавме дека у Кина имало некаков си вирус, умирале луѓето, леле греота. За месец дена стана наша (светска) реалност. Да не биде исто и со ова... Башка ко ќе видиш историски наназад, после пандемијата од минатиот век се деси Втора Светска. Болест > пад на економија > глад > војна.
Само нашиве нека седат мирни. Ако се замешаат, може и кај нас да згрми, која матна ќе нѐ носи тогаш... Сите сме исплашени сега, иднината несигурно изгледа премногу. Чувството ми е како да сме во закоравен 13ти век. Несфатливо ми е како на денешницава толку брзо и решително се почнува со војна. Војна ме потсетуваше на завршени дамнешни времиња, не на нешто што ќе го живееме сега. Ќе има спас? Ќе трае кратко? Ќе страдаат луѓе крајно безмозочно. Не можеше ли Укранија да се повлече од намерата за влез во Нато?! Зошто се толку тврдоглави?? Колкава криза ќе бидне сега ох леле!
Греота за Украина многу ми е жал за народот таму, ама мислам дека треба да си свиткаме опашка и да не се брецкаме со Русија зошто сме мрсул за неа еден авион и тоа од најстарите да пуштат да не бомбардира ќе не збришат од мапа. Многу лоша ситуација во која ќе страдаат само невини луѓе, само да не пукне 3 светска војна...
Ама буквално.. 2-3 проектила и отидовме.. бај д веј почна да удара на економија https://makfax.com.mk/ekonomija/цените-на-златото-нагло-скокнаа-нафта/ https://bankarstvo.mk/македонска-берза-го-прекина-тргување-2/ Патем, тој додава дека цената на гасот во Европа порасна за околу 10 отсто уште првиот ден по руското признавање на независноста на Донецк и Луганск. И како што спомнува тој, според одредени процени, поради најавеното запирање на процесот на сертификација на Северниот тек 2, природниот гас во Европа повторно ќе достигне до 2.000 евра за 1.000 кубни метри (од сегашните околу 900 евра, што е исто така многу повисока цена од таа од пред неколку месеци). викам ја го заболе за сите санкции...ние гас од Русија добиваме не од САД
Да не влезевме во Нато, Русија можеби немаше да не чепка воопшто нас, а вака во Нато сега, стварно не знам што ќе биде ако избие војна кај нас… Сите сме свесни дека Нато нема да може да не спаси, а веќе сме опколени со непријателски земји, Нато нема ни да проба да помогне, нашиве политичари наместо да направат нешто попаметно во ваква ситуација, тие против Русија одат… Со една бомба може да не уништи сите не знам зошто се силиме кога сме и онака мала земја со 70% од населението предавници или припадници на други народи
Цел ден сум потресена. Најмногу ми е страв од војна. Уште не можам да поверувам дека ова се случува. Па нели се смири ситуацијата? Што е сега ова? Ненормално многу ми е страв. Украина и не е толку многу далеку од нас. Жално за луѓето таму, прежално. Не можам да си поверувам. Се молам само Славјанка да не се изглупира оти отиде возот...
Таа ако не се затне, искачаме сите на улица и се буниме да ја сменат.Со некоја ќутила особа.Ја не мислам да спијам со едно око отворено пошо сакаат да глумат курац ипол.Ние со Грчка и Бугарија не можевме да искочиме на крај, не па со втората светска сила, ќе ни` ја здуваат една, пола Македонија ќе отиде. Ако треба да се бега, кај да бегаме? У Србија ја мислам, брача Срби се сакаат со Русите..се поддржуваат.
Истото сакав да го пишам и мислам целта на Бајден е Еу уопште да не постои. Путин не е баш така наивен им даде ултиматиум,предлози а тие тоталка го изгнорираа. Не знам што да кажам за војната и нападите зборови се излишни,прикачените слики кажуваат сѐ.
Јас цел ден ptsd од Карпалак имам. И од масакрот кај Вејце. Сликите од војниците од глава не ми искачаат. Не сме мали, ги памтиме сите тие одвратни слики. Ужас, никогаш да не се повтори.
2022 ќе биде лоша година дефинитивно. Украинците не биле задоени со патриотизам и национализам, туку си беа и онака во провалија и бараа подобар живот. Како украинскиот патриотизам би бил штетен за огромната Русија? Настрадаа оти имаа проблем, веројатно се крстеа во Западот и ете ги сега. И нас може исто да ни се случи. Колку неодговорно се раководи оваа држава, арно сме живи и постоиме. Секој од соседите може да не направи мелено месо.
Пендаровски веќе изјави дека е на страната на Украина и свикал итна седница за безбедност. Мислам Пендаровски не е свесен што ни прави. Дај Боже да изнајдат решение.
Путин мислам не би се замарал со нас ( се надевам нема да му текне да се "свети"на сите земји во Нато) само може да ни ја пресече гаста па ќе се чешаме и кај не не чеша. Славјанче не може ништо, само претседателот може да објави војна на некоја држава, а Пендаровски сигурно нема.
Ај смирете доживљај малку. Нит ќе ве чепне Русија нит бутур. Тие ,,непријателски држави,, со кои Македонија е опколена се исто НАТО држави. Украина не е НАТО затоа може сите да ја тераат игранката таму. Ќе речев ,,нели ви реков,, ама и мене не ми се веруваше дека ќе биде класична војна. А што замислував појма немам, ама предолго лаат Американците за војна, ваљда ,,неизбежна,, беше. Кој знае што се има во планот
Исто, сите имаме по некој близок кој се бореше тогаш. Мала бев, ама ми остана страв потсвесно и од тогаш си велев се' нека се случи само војна не. Ама изгледа сите кога-тогаш се соочуваат со најголемиот страв.