Ама вие не сфаќате дека нема избор. Го одбираш најбезболниот пат до мирот, во условите кои ги имаш. А условите се тие. Толку ни делиле.
Абе како зборите вака, ко војнава во Украина вчера да почнала. Да беа со ,,муда" луѓево, во 2014 ќе излегоа на протест. Која казна за Русија? Санкции? Прочитана лектира....ќе се спасат од санкциите. Не сум за војни и убиства, ама војнава Русија не ја направи, туку Западот. Вперете го прстот кон вистинскиот виновник. Не ја поддржувам Русија во ова што се прави, ама треба реално да се гледаат работите.
И јас имам роднини и пријатели во Тетово, се слушав дури беше пукањето. Другар ми веднаш кога заврши средно се пријави за служење војска и првото гаѓање му беше на жива мета. Локализирано беше нашето. Украина е цела на колена.
Зеленски: Побарав помош од 27 светски лидери, не добив одговор од никој, оставени сме сами на себе. Пак да го бараш НАТО, нека те спаси Америка сега.
Точно, и тоа најмногу гинеше и страдаше руско население во Донбас. Мама им расплакаа 8 години. Сега тој регион нема струја, гас и вода. Им направиле диверзија украинските паравоени сили, кои се со нескриена наци идеологија. Вчера мислам Ахој сподели слика како изгледаат лепотанине, што се церекаа пред нацистичка свастика (иако мислам дека не сконта кои се). Сега тоа население масовно бега во Русија, зошто нема основни услови за живот во своите домови. А наци бригадите си постоеле со амин на украинската влада, нешто како башибозуците што биле порано, за да им ја вршат валканата работа на власта, без да сносат вина за директно учество во етничко чистење на истокот на Украина. А Стево може да понуди прием на бегалци од Украина, и после да си ја држи муцката затворена за било што друго. Доволно ќе биде.
Избор имаш. Да одиш или да не одиш во воен сојуз. Ти лично се изјасни дека поддржуваш да одиме во воен сојуз, со што лично ги поддржуваш сите злосторства што ги нанел тој воен сојуз до сега. Тогаш, лицемерно е да зборуваш за права, животи, жртви, тирании кога ти си баш поддржувач на истото. Македонскиот народ не сакаше да се приклучи во НАТО, ниту го поддржува НАТО. Ниту било кој обичен човек во Македонија што му е гајле за мир и е против воени сојузи не го брани НАТО. Бевме прашани на референдум дали сакаме во НАТО, и јасно и гласно Македонскиот народ го бојкотираше тој референдум и кажа НЕ! Зошто не се почитува волјата на Македонците? Зошто немаме право на избор, туку присилно ни сменија име и не пикнаа во воен сојуз?
Ич не ми е смешно. Апсолутно ништо не ми е смешно на темава. Леле Вајлд леле. Иди на децата што останаа без татковци муабетот да им го правиш. Срамота.
Јас реков дека не е исто. И не мислев само на 2001. Некои од нас може и имале блиски во југословенските војни, може имаат роднини најблиски таму. Како да ти објаснам, џабе се докажуваш на темава со твоите празни дискусии. Нит ќе им ги вратиме децата на родителите, ни младоста на загинатите, ни ќе не праша некој нас што сакаме или не сакаме. Да дојде тука, ќе не остават да поцркаме ко кучиња и ни на една од тие ваши организации нема да им е гајле. Ама ако, да си се најдете вие во муабет, малце они си ги мерат силите, вие да домерите нели.
Ич не е исто. Слично би било кога Србија би ја нападнала Македонија, и кога Македонија би имала 30%срби. Живееле заедно со години, и сега постојат милиони взаемни мешани бракови и врски, народот не се мрази меѓусебно. Ама кој го врти народот, кога станува збор за политика и пари.
Абе одете во Русија, пичка му матер. Шо седите тука? Шо бегате во ЕУ и САД? Пола се пишавте бугари за да заминете на запад. Русија не бара да си го смените идентитетот. Одете.
Која си ти да не бркаш од сопствената држава? Твоја да нее државава? Знаеш дека ова е кривично дело? И не пцуј.
Ова нѝ е траума, флека, опсесија вечна, како сакаш, од кај нас дома, 30 години, ако не си за сдс, за вемеро си и обратното.