Украинскиот претседател потоа на социјалните мрежи ги претстави сите 10 предлози на Киев за прекин на конфликтот со Русија: 1. Нуклеарна безбедност, 2. Безбедност на храна, 3. Енергетска безбедност, 4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните, 5. Имплементација на Повелбата на ОН и враќање на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок, 6. Повлекување на руските трупи и прекин на борбите, 7. Враќање на правниот систем, 8. Запирање на екоцидот, 9. Спречување на ескалација и 10. Потврда за крај на војната. Условите за преговори станаа 10.
НАТО сами се бомбардираат во Полска сега или како? Со среќа нека ни е Article 5, со надеж дека сепак нема да се повикаат на него. Едит: Пентагон сè уште ја нема потврдено веста, Москва секако негира. Европските лидери веќе со реакции.
Е сега ќе биде многу комплицирано-политички. Вотка армијата на чело со Путин ќе се пере не се они ами пољациве сами себе се убивале. Путинољупците ќе тврдат не се они. Арно ама Путиновата пропагандистка од Раша тудеј,со изјава дека добиле и тие Белгород,што очекувавте. Ама Полска и Нато треба паметно да изиграат да не се повикаат на членот 5 бидејќи на Русија и одговара Нато да се вклучи,не и одговара овој статус, сега губат од Украина , а иде зима, руската војска ионака оскудна, ке биде потоп . Руското освојување туѓи држави и ширење на руското царство прескапо ќе ги чини. @Elennaa Намали со Спутник и балканинфо рс. https://twitter.com/TpyxaNews/status/1592610407608627201
Извадок од изјавата на пензионираниот британски мајор генерал Руперт Џонс за Тајмс Радио повод инцидентот: „... но има голема разлика меѓу самата случка и прашањето дали е тоа намерен акт од страна на Русија кон Полска, членка на НАТО. Дефинитивно во овој момент треба да се остане со ладна глава„
Не изгледа како да се сака ладна глава Во меѓувреме, твит од новинарот кој прв известува за настанот во Полска https://twitter.com/MariuszGierszew/status/1592595507427545088?ref_src=twsrc^tfw
Треба изјава од воени лица, а не од новинар На Русија и одговара ескалација Срам во Киев, срам во Харков, срам во Херсон Изнесоа "70 000" цивили, а уствари пола беа војници. Ако ескалира ситуацијата, ќе идат на ол ин Ама поскоро личи дека ќе им се деси државен удар отколку артикал 5 на рашистите. И во Турција врие. Ердо пак мудрува, две бомби во два дена. Унгарскиот Орбан и тој прпа, Зеленски му секна гас. Коинциденција? Уствари две во еден ден. Да не испадне гласањето за Нато верификација проблемот Три државни удари на повидок. Или ќе играте како ви свириме, или, снаоѓајте се What a time to be alive
Смајлиња изнаставала. Многу јака женска. Као сваќаш дека нема овде да се заврши, неможе само како САД сака, за танго се потребни двајца, секоја акција си има реакција? Не? Oh well Трета светска на подвидок, ама битно смајлињата. Не на САД и одговара ескалација, уште од почеток само на САД (овај Украина де) и одговара војнава највише, за зачувување world domination status and stuff и ништо више, небитно колоку небитни страдаат, џабе, колку сакаш рецитирај го, нема да го направи вистина, 2+2 се сепак 4. Learn your maths kids. Чекаме, си чекаме да си ги дознаеме нашите судбини. Среќа не се во рацете на лудаци па бар.
Да, истиот случај беше и со Белгород. Не дека ракетата удира, туку остатоци од против воздушната ракета (во случајов S300 на Украина) паѓа и прави штета. Овој е единствениот начин на кој може да се пројде системот (S300, S400), друг начин е секако со overload на системот со премногу ракети, па да не може сите да ги собори. Ама ова се решава со поставување на повеќе единици, што Украинците веќе ги немаат. Конкретно баш тоа го прават Русите во Украина моментално. Преку 100 ракети испалени денес, уништен огромен број на трафостаници (не ги гаѓаат уште термоцентралите), преку 10 милиони жители без струја. За разлика од минатиот пат, сега цели на нападите беа и главниот генерал штаб во Киев, и други објекти од каде се управува. Начинот на кој се врши воено бомбардирање за да дојде до капитулација на една земја, план уште од 1СВ војна на италијанецот Giulio Duhet се следните точки: - Бомбардирање на индустријата - Бомбардирање на транспортот - Бомбардирање на инфраструктурата - Бомбардирање на комуникациите - Бомбардирање на објекти на власта и генерал штабови Од ова може да се види дека до сега Русите ама апсолутни ништо не направија. Ниту уништија индустрија, ниту инфраструктура, уште стојат мостовите на Дњепар. Комуникации и транспорт непречено се одвиваа. А украинските власти се шетаа по Изјум и Херсон како да се на панаѓур. Од денес гледаме промена на доктрината и напади на овие клучни точки. Крајното е секако "carpet bombing" - нешто што го правеа Нато во секоја војна. А тоа е, наместо со наведувани ракети, одат со бомбардерите и истураат бомби на градот до негово комплетно бришење од земјата, без да им е гајле за невини цивилни жртви. Чудно само колку слабо се покажуваат западните системи за одбрана што им ги испратија на Украина, буквално се како непостоечки. Тоа е знак колку е ранлив НАТО. Не може да спречи ракети. А и пред некој месец дрон им се прошета до Загреб неприметено.
У реду е и државен удар и све. Еве пола година Путин умира, го убиваат, смртно болен е, све тоа супер. Што се однесува до мене може и одамна да не е жив, може холограм е Како на Русија и одговара ескалација и ол ин? Они нешто на Марс ја преселиле државата и им се игра со нуклеарки на европско тло? Дронот во Загреб го памтам @Billy Idol , на почетокот беше. Имаше и тој некоја цел, само не следам вести постојано да знам што епилог или потекло имаше. За целта па сигурна сум дека ја постигна.
Како и одговара ескалацијата. Па не е паметно ама како што се докажано епохални глупаци мислат дека им одговара од следните причини. 1.Одличен изговор за општа мобилизација и користење оружје за масовно уништување. 2.Подигање паднат морал. Прочотај ги русите,навиваат Нато да реагира 3.А ако Нато навистина не изреагира пропагандата ќе оди дека Нато немаат м**а,пет пари не вредат и пропагандната слика ке се сврти во нивна корист во војнава која ја губат. Плус на ескалација и ол ин одат оние кои немаат што да изгубат,а Русија ја изгуби оваа војна
И Германија пропадна заради секнувањето на рускиот гас И Европа замрзна, немаме жито да јадеме А како не и одговара. Штом една "жална" Украина ги победи на терен, збор да нема за Нато војската. Дури тогаш ќе е тридневна војна. Ето Косми ти одговори во меѓувреме. Нато нема да се крене на војна. Дрон падна и во Хрватска, па ништо не направија. Се се следи на терен. Не се глупи западњаците. Ги флексаат рашистите до даска, опипуваат терен. Уште нуклеарка им остана. Ама рашистите ги видовме во Чернобил, не ни знаат што е атомска бомба и што последици има. Затоа и навиваат за тоа. Затоа и пола милион им киднаа од мобилизација. Секој со тронка ум кидна на време Прост народ, силна држава.
А зошто им треба општа мобилизација ? Пешки ќе тргнат на Европа или како? За пропагандна слика, what? Абе еден разумен аргумент да чуев, вака не знам колку сте свесни ама многу е страшно.
Абе не е, така кажуваат на ТВ(освен ако не е заебава Пут*е нешто), се е супер и иде по план како подмачкано, каква енергетска криза, инфлација, и колапс система па и ти. #верувајсосетосвоесрце #dailyselfcareaffirmations
Уште поголема глупост во која се верува е дека НАТО ќе го активира членот 5 ако биде нападната некоја земја. Можат комотно да ја збришат Варшава со тактичка нуклеарка и никој нема да мрдне со прст затоа што следни ќе се Лондон и Париз, а никој не му се гине за таму некои Пољаци и Украинци. Секако, ова нема да се случи. Ама чудно е како луѓето веруваат во тоа. Еве сега видовме напад на Полска и секако никој не реагира. А за паѓање на влади... 2 паднаа во Англија, Италија, во САД го изгубија демократите конгресот, а за 2 години и претседателот. Уште Макрон и Шолц да паднат и ќе е комплетна сликата. Само Путин никако да падне.
Зависи што сакаш да прочиташ Аргументите се логични. Потегот на КГб диктаторот е глуп. Ова филмов е ќе го принудиме НАТО да реагира,а ако директно не се вклучи е доказ колку е заштитата слаба. Иако пољаците се зафркнати и остро наострени на русите,би реагирале и без Нато,не верувам дека ќе реагираат. Нема да се активира член 5 и нема да започне нова војна. Не се глупи ко Путин. Ама ќе реагираат.