Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    :mm:
    Ставовите на членовите тука на оваа тема се поприлично јасно читливи.
    Срањето можеше да заврши веднаш со повлекување на Русија од туѓа земја.
     
    На Tanjamm, Ahoy и malerozna им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.275
    Допаѓања:
    189.717
    Fine wIth me:mm:.
    Искрено баш ме заболе дали од Путин или од Бајден магарето ќе биде повеќе товарено, нашето секако нема да биде, можда и ќе умре до зелената трева.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    :hai:

    FB_IMG_1668624694466.jpg
     
    На La Stilla, Konfetka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Па нема никакво товарење на магаре,односно товареното магаре би било соодветен пример доколку не се работеше за освојувачка територијална војна од Русија.
    И се работи за принцип,обичен човечки принцип.
    Кај мене нема ниту милиметар дилема од сам почеток на оваа агресија,не можам да барам оправдување,амнестирање или релативизирање на тоа што Путин го направи на Украина и украинците.
    А што стои во глава на путинофили не сакам да знам,таков мозок не можам да разберам,да се радува човек на напредок на русите треба да има некоја фалинка во мозокот.
     
    Последна измена: 17 ноември 2022
    На Tanjamm, Ahoy и malerozna им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    https://kanal5.com.mk/dikarlo-krajot-na-konfliktot-vo-ukraina-ne-e-na-povidok/a556115

    Дикарло: Крајот на конфликтот во Украина не е на повидок
    Потсекретарката на Обединетите нации Розмери Дикарло синоќа изјави дека крајот на конфликтот во Украина не е на повидок, и сè уште постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.
    [​IMG]
    – Навистина, на конфликтот не му се гледа крај. Сè додека постои потенцијална опасност од катастрофа, таа е реална. Вчерашниот инцидент во Полска, во близина на украинската граница, беше застрашувачки потсетник дека мора да се направи се за да спречи понатамошна ескалација, рече Дикарло.

    – Има само еден начин да се запре смртта, уништувањето и поделбата во Украина: војната мора да заврши. И тоа мора да заврши во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, напиша Дикарло на Твитер по вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН.

    Две лица загинаа завчера кога проектил падна во близина на селото Пжеводов, недалеку од украинската граница.

    Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека не се работи за намерен напад врз Полска, со што се согласија и високи претставници на НАТО и на САД.
     
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    А како заклучија дека не е намерен? Наведувачите на украинските проектили им биле од Али експрес порачани или што?
    Класична провокација, ништо друго.
     
    На INNERBEAUTY, Konfetka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.701
    Пол:
    Женски
    Ќе тераа со тоа да не се откриеше дека не е од Русија.Сега мора некако да „ублажат“.
     
    На Amellie13, Konfetka и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    E па да се договореа дека е руски напад ќе беше намерен, вака зашто рекоа украински, е ненамерен. Мислам дека нема ништо комплицирано и нејасно за да се прашува.
     
    На Amellie13, Konfetka, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    На 11-ти Ноември им беше ден на независноста на Пољаците. Баш имаше зезање дека ова им бил поклон од Украинците.
    Иначе, овие два народа ама ич не се мирисаат. Имаат слична историја како ние со Бугарите...

    Иначе опишав како е случено, ракетата од С300 се испалува и удира во крстоносната ракета испалена од Русите. После судирот, остатоците паѓаат на полска територија затоа што е преблиску до границата.
    Комплетно ненамерен случај.

    На ист овој начин беше и штетата во Белгород кога руската ПВО ги рушеше украинските ракети, па остатоците паднаа во зграда и убија 4 луѓе, за кои се испостави дека се баш украинци, бегалци од Донбас.
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Не знам, ама ич не верувам во ненамерност или случајност. Мислам дека е со умисла, со цел.
    Ене Републиканците во Сад добиле мнозинство во Конгресот, значи отсега на Бајден нема да му биде така лесно да дава и "шаком и капом" оружје за Украина како досега, ќе се потсобере малку. Плус, му најавиле и истрага за син му Хантер, преиспитување на ковид-политиката што ја воделе досега, и слично.
    Како што прочитав, пред некој ден имало средба на високи претставници на САД и Русија во Анкара, ама не се кажа темата на разговорот.
    Затоа мислам дека Зеленски го фатило паника дека има реални изгледи да биде подзаборавен и запоставен од американските другарчиња, па некој од Грејт Локејшн му дошепнал како треба да одигра. Па може и ќе успее да го "распали" огнот и да ја заигра и Европа и Нато.
    Зборот ми е, не знаеме што се случува позади "завесата", ама некои вакви "инциденти" можат да ни наговестат. Ова секако е само мое мислење, што не значи дека е точно.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Не. За ракетата нема сомнежи дека се делови од S300 одбранбената ракета кои паднале после судир. Не е прв пат во овој конфликт овакво нешто, само прв пат се случува да паднат во Полска.

    За тоа што (ќе) се случува во сенатот, ќе гледаме дури во Јануари, затоа што тогаш почнува всушност работата во новиот состав. Секако, они ќе си имаат свои пресметки. Рацете на демократите ќе им се врзани и за 2 години, колку што трае мандатот на Бајден, и комплетно ќе изгубат. Ќе има тука реперкусии кон Зеленски. Републиканците се повеќе наклонети на соработка и изнајдување на решение. Демокративе гледаат само да ја разгорат војната за да профитираат.

    Во меѓувреме во Европа, еве како е во Германија:


    "300.000 домашни компании сега имаат финансиски проблеми, вели ревизорската агенција Криф во студијата објавена во вторникот, за која поминала низ податоците на речиси три милиони компании.

    Во ноември банкротирале 15,6 отсто од фирмите, повеќе отколку во март, пренесува."

    Ама не, ние не сме знаеле што се случувало таму, се било нормално, никој не мрзнел, никој не умирал од глад, си течел животот нормално. Тоа што ова е најтешко време за Европа после 2 Светска војна, тоа до короната било. :)

    Инаку нека ни е на здравје 20% инфлација. И 32% раст на храната. :)

    [​IMG]
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Иначе во Херсон се стрелани 39 луѓе затоа што биле про - руски настроени. Без судење, без ништо.
    Новинарите кои го пренеле ова, им се одземени кредитациите.

    Истото го направија и во Купјанск кога русите се повлекоа.

    Грозоморни злодела за кои треба да се одговара во Хаг.

    Линк од слики од стрелањето кои протекоа од новинарите во јавноста.

    https://t.me/istocni_front/10026?single
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Били ти за Буча не веруваш дека е нова Сребреница, ама стрелани биле 39 луѓе во Херсон и веднаш веруваш, ич немаш сомнеж. Нека не те чуди тоа од погоре. Украинците сега ич нема да имаат милост за тие што живеат на украинско тло, а фантазираат и се борат за Русија во која ќе нема место за Украинци. Во Херсон исто имало мачење на цивили, Украинци секако. Околу 700 исчезнати, над 69 трупови мачени. Русија ги префрли Русите од Херсон во град во Русија и објавија колку пари ќе им даваат на годишно ниво. Дали воопшто тие ќе смеат да се вратат назад? Веројатно само најхрабрите, а како ќе поминат и дали ќе ги примат назад Господ знае. Пред извесно време имаше на вести, жена во Полтава ја тепале двајца браќа и жива сакале да ја закопаат во гроб, ама избегала. Не кажаа кој е мотивот за нападот. Ништо чудно да била Русинка, па да ја тепале Украинци. Ова јас си размислувам, мотивот не го кажаа, зошто ја тепале.

    Путин даде орден на жена му на Кадиров, па и 15.000 евра. Родила 15 деца, едното им починало, имаат 14 сега. Кадиров ти е џихадист и се гордее со тоа, ама прославен Путин награди и пари им дава. Навистина имале свој Али Ахмети Русите.
     
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Па за Буча веќе дискутиравме дека Зеленски одби независни вештаци од ОН да утврдат кој стои позади нападот. И од тогаш нема разрешница.

    Ама имаше за нуклеарната централа во Енергодар дека ја стрелаа намерно УА.

    Од друга страна и масакрот во Купјанск се разреши како Украинците ги убиваа жителите таму, и сето тоа пробаа да го монтираат дека се Русите кои убивале, ама толку невешто го направија тоа што цел свет виде.

    На линкот има 18+ содржина.



    За Херсон веќе јасно е дека стрелале 39 лица. Со снимки, со слики, со се. Одма им земаа акредитација на новинарите, не смееле да пренесат таква вест. Сакаа уште една фејковача да прават.

    Секако русите ќе ги повлечат жителите од Херсон кои сега се руски државјани. 150 000 луѓе го напуштија градот. И додека се повлекуваа константно беа гаѓани од УА. 5 деца починаа и неколку новинари.

    Ти како што ниту тогаш не изјави жалење, ниту осуда за украинците, така и сега наместо да осудиш што стрелале 39 луѓе без судење и ги прекршиле сите конвенции за човекови права, ти на тоа одговараш дека украинците бараат крв и ќе убиваат недолжни луѓе.

    @Mikha4 , ти нешто спомна морбидност и радување на темава... Како гледаш на стрелање недолжни цивили? :)
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Реагирав на твоето смеење и ситење, што не ти е јасно што мислам за војна и последиците од истата?
    За мене луѓе се сите, секој човечки живот е важен, а јас не сум таа што навива за една страна тука, тоа им е цел само на тие што им е во интерес да има војни, а нема да сносат последици за жал.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Ситење за што? За тие што без да проверат информации се истрчаа дека ракетата е руска и дека сега НАТО ќе влезе во војна? Па тоа нели е ситење? Посакување на почеток на 3 Светска војна? :^)

    Еве гледаш дека не за секого е секој човечки живот важен, и во секој втор пост се најавува крваво осветување на украинци кои биле про руски. Зошто за тоа не реагираш? Не ти е воопшто морбидно што некој оправдува грозоморни убиства? :)
     
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Морбидно ми е, веќе го пишав тоа.

    Не знам што сакаш од мене Били, темава не ја читам детално, затоа што не сакам да се вознемирувам, се знае дека ќе има лудило, колење, силување, мачење и сѐ најдолно што може човек да го прави на друг човек, ама кога и да отворам ти си тој кој изиграва адвокат на агресорот и никакво релативизирање тоа не го оправдува. Што мислиш ти, кога ќе нападнеш некој, треба да ти се возврати со букет рози? Се додека трае војната штетите ќе бидат се потешки за помирување, злосторствата ќе се множат од двете страни, генерации ќе поминат но помирувањето тешко ќе иде. Но да се праќаат емоџи со смешки секако е непристојно, еве ти кажи што мислеше ти со тоа?
     
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    https://novamakedonija.com.mk/svet/...inci-se-bez-struja-so-prvite-vrnezhi-na-sneg/
    Повеќе од 10 милиони Украинци се без струја со првите врнежи на снег[​IMG]
    Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, соопшти синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    – Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци се без струја, особено во регионот на Киев – рече украинскиот претседател во своето секојдневно обраќање.

    Неколку украински градови, вклучително и главниот град Киев, вчера беа цел на руски напади, што се совпадна со првите снежни врнежи во земјата зафатена од недостиг на електрична енергија и каде температурите може да паднат и до минус 10 степени Целзиусови.

    Бомбардирањето на енергетската инфраструктура на Украина од октомври редовно лишува милиони Украинци од струја и вода.

    Националниот оператор за електрична енергија Укренерго најави продолжување на недостигот на струја поради „влошување на ситуацијата“.


    – Поради ненадејниот студ, потрошувачката на електрична енергија се зголеми во регионите на Украина, што дополнително ја искомплицира и онака тешката ситуација во електроенергетскиот систем, а тоа доведе до пошироки ограничувања во потрошувачката на електрична енергија низ целата земја – соопшти Укренерго.

    https://denar.mk/275675/ekonomija/v...-poljacite-naracaa-tri-milioni-toni-od-rusite
    Војна е војна, но нафта е нафта: Полјаците нарачаа три милиони тони од русите
    [​IMG]
    [​IMG]
    Полската рафинерија за нафта ПКН Орлен побара од руската компанија Транснефт да испорача 3 милиони тони нафта, пишува Комерсант.

    Нафтата треба да се испорачува преку нафтоводот Дружба во 2023 година, според сегашните долгорочни договори, пишува рускиот весник, повикувајќи се на свои извори.

    [​IMG]
    „Транснефт“ потврди за „Комерсант“ дека добил барања од полски клиенти за следната година, но не прецизираше кој ги доставил и за колкаво количество нафта станува збор.

    ЕУ ќе воведе ембарго на руската нафта на 5 декември, но забраната официјално се однесува само на пратки по морски пат. Полска и Германија добиваат руска нафта преку нафтоводот Дружба, но најавија дека ќе го прекинат увозот до крајот на годината, потсетува Индекс.

    „ПКН Орлен континуирано го диверзифицираше своето снабдување со нафта. Во моментов, 70 отсто од нафтата за сите рафинерии во Полска, Чешка и Литванија доаѓа од насоки кои се алтернатива на Русија“, изјави за Ројтерс канцеларијата за односи со медиумите на ПКН Орлен како одговор на барањето за коментар.

    „…компанијата моментално има само долгорочни договори за испораки во Полска од тој правец (Русија)“, истакнуваат во таа канцеларија и додаваат дека целосно го прекинале увозот на руска нафта по морски пат, пренесува порталот.

    ПКН Орлен склучи договори за снабдување со нафта со Роснефт и Татнефт. Договорот со Роснефт треба да истече на крајот на годината, а со Татнефт до декември 2023 година, според трговците.

    Според договорот, „Татнефт“ и испорачува на Полска околу 200.000 тони сурова нафта месечно. Двата договори беа потпишани пред февруари 2022 година.

    „Ако не се воведат директни ограничувања, купувањето на нафта од Урал според старите услови на договорот следната година е многу профитабилно за ПКН Орлен: цените се засноваат на континуираните историски ниски трошоци на нафтата од Урал што се транспортира по море“, објаснува трговец на рускиот пазар на нафта.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Можам јас и 100 фермани со осуда да пишам тука, ама мене ли некој ќе ме послуша и ќе запре? Требаше да си седат мирни. Ако ти е ок во Украина, живеј си, работи си, ако не ти е, Русин си, премини преку граница, пробај дали таму ќе просперираш. Имај си две држави, две државјанства, седи си мирен, не тероризирај никого со големоруски идеи. Морбидно е, да, ама нема ние од форумот да решиме или спречиме нешто. Туку го видов Били како за 400 мачени цивили во Буча бара изговори дека Русите не ги убиле, а ваму за стрелани 39 веднаш Хаг го бара. Нека има Хаг за сите, на чело со Путин. Немам против. Без разлика што јас мислам, после оваа војна, не верувам дека ќе има живот за Русите во Украина. Едноставно, дали ќе земат некој град или не, дали ќе има нови граници или не, сметам дека Русите ни како туристи нема да бидат добредојдени веќе во Украина. И @Billy Idol од кај знаеш дека се недолжни цивили? Од каде знаеме дека не се сепаратисти баш тие? Може се недолжни, ама од каде знаеме? Нели жените и децата ги префрлија во Русија? Овие што правеле тука?

    На Русија ништо не и е, само влезе во рецесија.
     
    На malerozna и Mikha4 им се допаѓа ова.