што се замарате уште со војнава? да сакаа да заврши, ќе завршеше досега, очигледно и на Зеленски и на Путин им фали нешто во мозокот. за некој ден 9 месеци како трае хаосов, цел свет патиме ради нив, буквално цел свет. и не се најде трета страна како медијатор да им рече ,,дечки доста беше“? Си профитира некој на најјако од ова, а ние од посиромашните земји со трошки ќе се залажуваме
А чекај, кој е првичниот агресорот овде? Затоа што војнава трае од 2014 година со нападот на украинската армија на Донбас. Уствари, би рекол уште претходно со исценираниот пуч од страна на САД кога најмија грузиски снајперисти да пукаат во протестирачите во Киев и недемократски ја променија власта. Потоа продолжи со палење на зградата во Одеса каде што живи запалија 48 руси. Па продолжи со секојдневното ракетирање на Доњецк, каде од 2014 до почетокот на војнава починаа преку 14 000 цивили. Во меѓувреме имаше потпишано три договори, и последниот договор Минск 3, за кој Зеленски се заложи дека ќе го почитува и ќе ја прекине војната, ќе им даде автономија на ДНР и ЛНР во составот на Украина. И не го исполни. Така и започна оваа војна. А јас моите ставови јасно си ги кажувам уште од почетокот дека единствено што ми е гајле е за Македонија и за македонските интереси. А тоа е што побргу да заврши војната, да ни се дигнат санкциите, намалат цените и да не се мешаме во овој конфликт со испраќање на оружје затоа што од глава ќе ни се удри. Вториот став ми е дека украинскиот народ не смее да страда и не смее да биде убиван, колен, бесен, стрелан... Прекршување на конвенцијата за човекови права е најгрозоморното и најморбидното нешто што може да се случи. За сега имаме 2 такви масакри потврдени, Купјанск и Херсон извршени од украинската страна. Исто така и дека ја ракетираа нуклеарната централа. За Буча чекаме развршница, ама Зеленски не дозволи незавнисни преставници од ОН да извршат истрага. Бидејќи не следиш често, да знаеш дека сите што пишуваат хехенца, се исмеваат и ставаат смајлиња и вреѓаат, се константно банирани од админите. За чудо, сите ја поддржуваат украинската власт. А уште почудно, ја оправдуваат УЧК и војната од 2001.
Првичен агресор е руската паравојска во Донбас ко Учк кај нас. Подржување на автономни области во Украина е исто ко да подржуваш автономни области на учк и Албанија кај нас. Ај доста изиграваш адвокат на Путин арно ти рече Mikha4 .
Тебе те одбанираа ли конечно од темава? Паравојски во Донбас немаше на почеток. Туку имаше протести против недемократската власт. Овие им влегоа со тенкови и крваво ги задушија. Од друга страна 48 руси запалија во Одеса, каде исто така имаше протести. Уште по интернет стојат снимките од Мариопол 2014, слободно може да видат тие што не се сеќаваат како се почна. Па ние поддржуваме веќе автономни области како Косово, го признавме како држава. А и овде ја оправдуваа УЧК дека барала само човекови права. Патем, ако пратеше јас прв бев што не ги признав референдумите.
Државата Украина не убива цивили како што кажувате од 2014 година, туку терористи. Така ги нарекуваат, читајте натписи по медиуми од тој период, а имаше и документирано дека тое луѓе, сепаратистите ги нарекуваат терористи, имало бази на терористи по градови. Кога ќе земаше оружје во рака, не си веќе цивил. Русија е агресорот кој се прави дека не знае што се случува. Па Били рече се вмешала Русија, ќе паднел Доњецк. Кај да падне? Тоа е украинска територија, а Киев си го штител уставниот поредок. Не му го посакувај на другиот тоа што не сакаш тебе да ти се случи. Руски УЧК. Колку Украинците сакаат да се спојуваат со Русија видовме од видеата, каде славеа, пееја, со цвеќе ги чекаат своите војници. А и не беа малку, туку реки народ, плус не се сите тука, разбегани се. Епа кој се обидел да оди против народ, лошо ќе го снајде. Власта демократска или не, не е амин за барање на територии. Власти се менуваат на избори.
Ако на Русите во Украина не им се допаѓа каква власт си одбрале Украинците и дека тоа не се руски вазали, тоа е нивни проблем. Ако Русите сакаат да отцепуваат територии кои не се нивни, исто е проблем и државата не милум, туку силум морала да врати уставен поредoк, а не вратила како што раскажуваат Украинците. Не е ок да се убиваат недолжни луѓе, ама колку се тие луѓе недолжни ако живеат до тебе и прават нелегални референдуми, тоест ти копаат гроб зад грб, па и земаат оружје против тебе на пример?Тоа е далеку од чесност и лојалност и таквото однесување се казнува секаде. Еве ги видео каде Украинци објаснуваат колку бил катастрофа Јанукович, дека правел рекет, морале да го сменат и дека Русија цело време контролирала туѓи територии, само сега си ставиле руско знаме.
Да ги видов сликите, ама тоа не се случува оти си лојален и фин, туку ја уриваш државата во која живееш, а за дела против државата или се скапува во затвор или се гине. Во Русија за објавена критика во весник се оди во затвор, вие се чудите како некој што урива уставен поредок, дошла полиција и го тепала. Ај видете видеa од Тетово, Гостивар, кога се отвораше нелегално универзитет и кога го симнаа македонското знаме во Гостивар од општината како беше. Ај потсетете се како изгледа кога држава воспоставува ред.
Нареден пат цело видео да пуштат, а не само сечено и лепено https://twitter.com/visegrad24/status/1593554409287430144?t=Nh8HMDlEXNdQ6Gyts7nFQg&s=19 Првиот риплај е видео во забавена снимка каде јасно се гледа дека дури овие лежат на земја, последниот (ваљда) им излегува со автоматска пушка и отвора оган кон украинските војници Баш би сакала да знам Били како ќе изреагира во ситуацијава. https://twitter.com/visegrad24/status/1593561138238816258?t=aalJv3Hu_qZnnA6GKPuH9A&s=19 Вака се штедат животите руските војници, нели затоа се повлекоа од Херсон. На топло ќе спијат. Иначе во Русија е ова. А ко ке стигнат во Украина, леле пречек што ќе добијат. Топол 2014та убивале руси? Ами пресудата од вчера за стрелков? Пак Украина е крива? П.с. прочитајте си за 2013та протестите, па ќе се дискутира. Ако знаете.
Русите претседател им наместија на Американците со фејк њуз, така да и пред мене да се нема да им верувам на тоа шо го пласираат, а пропагандата им е најјак адут отсекогаш.
Ако јас сега отидам со 100 други Македонци и во Лерин, Грција симнам државно грчко знаме од јарбол, па насилно упаднам во општина, ако излегувам на протести и викам „Македонија“, ќе дојде грчката полиција, ќе ми удри добар ќотек и ќе ми се суди, а ако дојде Златна зора, крај за мене, одам во ендек. Додуша во Лерин има повеќе Македонци одошто Украинци во Херсон и Запорожје, Бахмут, Северодоњецк и ред други. Русите триста проблеми имаат правено во Украина оти Русија ги куражи. Далеку од чисти и невини. Таму каде малцинствата се чесни во своите намери, војни немало и нема да има.
Дај стави видеава во спојлер, 18+ се. Пиши некое предупредување пред некој да отвори и да се згрози. Деца имаме на форумов. Иначе друго е ова видео што си го ставила со војниците. Го гледав и јас денес. Тоа што јас го поставив беше стрелање на цивили од Херсон затоа што биле "руски колаборатори". Без судење, без ништо. И не знам како овака оправдуваш стрелање на заробени војници кои се предадоа. И ова е злосторство за кое се одговара пред суд. Па и Мика ти лајкнала, толку од грозењето и од нејзиното жалење за убиства на недолжни луѓе. Не знам како може да поддржувате насилство и убивања. Какви социопати сте?
Кога се случува тепачка, која секако не е во ред и е грешка да се тепаш, треба да имаш предвид дали те тепам дома кај мене или дома кај мене ти мене ме тепаш. Кој на чие е исто така е важно. Тој што дошол од страна е натрапник. Во случајов Русите.
Ти влегува Мујо во куќа, ти ја силува жената ( или мажот) пред очи, ти ги претепува и убива децата, претепува и убива други членови од фамилија пред твои очи Били. А ти си врзан и гледаш. Едно време ти доаѓа таков адреналин, се ослободуваш, почнуваш да ги кршиш од ќотек тие што до пред 15 мин ти силувале фамилија пред твои очи. Ги егзекутираш еден по еден, како на филм. Јас стојам од страна и те гледам, прокоментирувам на таа до мене, овој Били, слепати социопатот... Да стрелаа руси во Русија, ќе ги жалев. Ама влегоа во комшиска држава, 9 месеци ги гранатираат, убија 200 000, раселија 5 милиони, сега 20тина милиони на -10 се без покрив над глава, без струја и без вода и да ги жалам русите? Ќе ги жалев да се водеше војнава во Ростов. А во Херсон, не. На Крим, не.
Децата под 18 години имаат родители и старатели кои се одговорни за нивното користење на интернет содржини, не е работа на фемина надзор да им врши. А од кога војници се недолжни луѓе за време на војна? Патем во едното видео рускиот војник прави воено злосторство со измама според неколку конвенции, fyi. И од кога дискутирање на тема значи подршка? Слабо релативизираш, Били.
Еве ви закон од Хаг. Article 23(c) of the 1899 Hague Regulations provides that it is especially prohibited “to kill or wound an enemy who, having laid down arms, or having no longer means of defence, has surrendered at discretion” https://ihl-databases.icrc.org/customary-ihl/eng/docs/v2_rul_rule47_sectionb И да, социопати сте кога се радувате на овакви воени злосторства, убивање на луѓе без оружје кои се предадоа. Толку од мене дискусија со вас. Администрацијата нека си среди.
Ако се завојува не дај боже во Македонија, гледам жени ќе ја бранат државата. Маживе кој за леб, кој за струја плаче, кој за руски војници и „недолжни“ цивили. Малцинство кое предизвикува немири, па и војна на крај е далеку од недолжно. На лажниот референдум имаше Русинки кои ги емитуваа на српски ТВ канали и сите се „гордееја дека конечно ќе се спојат, тоа било руска земја“. Истата сега кога ќе ја фатат ќе биде „недолжна“ затоа што сака туѓа земја, тоест сака да го протера Украинците од нивните вековни огништа. Жал ми е, ама плановите на македонските путофили пропаѓаат секој ден. Украинците ги фати инат да се вратат дома и да не ги отстапат своите домови на малцинството. Еве ви што вели една полу Македонка и полу Украинка. https://www.slobodnaevropa.mk/a/село-негорци-стана-привремен-дом-за-семејство-од-харкив-/31802566.html А желбата на Украинците да се спојуваат со Русија? Ја снема таа идеја и конечно проруските граѓани ги прифатија дека се Руси, а не Украинци. Абе кој нормален сака копук да го командува? Вие кога ќе видите клошар го гледате со подбив, а нема да сакате правила и прописи да ви кажува. Исто е и со Русија.