https://a1on.mk/world/sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna/ Секој четврти Европеец ја опишува својата финансиска состојба како „несигурна“, повеќе од половината веруваат дека постои сериозен ризик да стане несигурна во наредните месеци, а 80 отсто веќе биле принудени да направат тежок избор при купувањето, покажува истражување.
Епа ради неколку будали Цел свет пати А највише ние шо ѝ од внатре не знаеме од кај нѐ шиба.. Сѐ ради егоизам и пусти каприци. Бел ден да нѐ видат. После две години корона и кризи, место да уживавме шо заврши лудилото и да сме слободни, треба да се тресеме дали утре ќе иаме струја, греење, леб…
Се спомна руската култура била нападната. Размислив добро, не знам ниту еден руски пејач освен оние Бабушки што беа на Евровизија. Која култура? 3 композитори и 4 писатели во рок од неколку векови? Тоа е се од едно државиште како Русија? Се што учевме на школо за правци во уметноста, литература или ликовна уметност, скоро се беше од Западна Европа. Франција, Шпанија, Италија диктирале многу правци во уметноста, но не Русија. Ако се погледне целата слика, сите фактори ќе сфатиме дека како нивната армија така и културата е преценета. Еве кои земји колку Нобеловци имаат https://www.dw.com/mk/нобеловците-и-рекордите/a-17140161 Каде е тука Русија со својата наука која некои ја споменуваат? Еве ви за литература https://mk.wikipedia.org/wiki/Нобелова_награда_за_литература Ѕирнете ги убаво бројките, 6 лауреати на руски јазик наспроти 16 на француски јазик на пример. Франција е 60 милиони, Русија е 153 милиони и ќе се маваме во гради руска култура. Имаше една анкета направена во Русија и ги прашуваат граѓаните дали чувствуваат вина за војната во Украина. Сите се правеа како да не знаат за што се работи. Ниту еден не ја осуди војната и не се огради. Епа за таквите цивилизиран свет (Македонија не ја сметајте) нема толеранција. Нормално дека куповната моќ во Европа се намалила, тоа е факт, но тоа е далеку од состојбата во Македонија, Украина, Русија и останати сиромаштии. Има и многу видеа за тоа каква е економијата во Русија. Запираат граѓани, ги прашуваат за плати, висина на сметки, храна и практично пресметките говорат дека живеат од месец за месец. Мислите дека ќе им биде супер ако ЕУ не ги симне санкциите до 2024 година?
https://lokalno.mk/kremљ-celta-na-rusiјa-ne-e-promena-na-vlasta-vo-kiev/ Уште една отстапка на Русија. Плукнаа на тоа што рекоа. Инаку, никој не спомнавте како браќата Срби ги одраа браќата Руси со трипати поскапи кирии по Белград и Нови Сад? Па тоа не братство и пријателство, тоа е интерес и профитерство. Ако се во невоља, дај му гратис стан, нека си плати сметки или понуди му поевтина кирија, а не да му земаш 1.500 евра за двособен стан во Белград. Како тоа не сте го прочитале не ми е јасно?
Руските писатели не се писатели. Достоевски, Пушкин, Гогољ, Тургењев, Горки, Набоков, Булгаков, Чехов, Толстој, се врв, а првиот и последниот не се писатели, ами ЏИНОВИ во класичната литература вреднувани некаде повеќе и од еден Виктор Иго. Значи, крем а ла крем во светската книжевност, и нема секој вкус да ги чита. Жити се, не ја мешај војнава со нивната култура. Имаат дадено на светот милион пати повеќе отколку Македонија некогаш што дала или ќе даде!
Уште едно видео излезе каде што украинците масакрираат предадени руси, легнати на земја, на истиот начин. Спојлер: 18+ Методата на егзекуција им е таа, со метак во глава. https://t.me/angelonews/972 Еве видео што му правеа во Донбас во периодот од 2014 на про - руското население. (ова е екстремно тешко видео да се гледа, со мачење, на ваша одговорност е) Спојлер: 18+ https://twitter.com/Ukraine66251776/status/1595052406420951040?ref_src=twsrc^tfw|twcamp^tweetembed|twterm^1595052406420951040|twgr^|twcon^s1_&ref_url=
Ги изгледав видеата. И вредеше ли сето ова? Вредеше ли да прават побуни, рефендуми? Сега веќе ќе нема правила. Ви реков ич да не видиме и прочитаме, вакви работи ќе се случуваат како во Босна, убива кој, кого, каде ќе стигне. А дека ќе ги најдат и казнат, знаат тие дека таму не се знае кој пие, кој плаќа, а не пак да ги најде и казни. И да ги казни, казната затвор е ништо во однос на тоа што се случи таму. И јас не сфаќам што ќе му смени на тој Русин дали ќе живее во состав на Русија или Украина? Ова од видеото е подобро сценарио отколку да живееш во сиромашна и корумпирана држава, ама да имаш мирен сон, да знаеш не си убил никого, и нема никој да те убие?
Јас лично им анулирав се откако почнаа војна и се заканија на цел свет. Мое лично мислење, не мора секој да мисли како мене.
Верувам дека отсекогаш биле и мајстори во шах, најмногу на број од било која држава, се' до ден-денес!
Има видео на Кајгана, каде се гледа како еден човек, врзан, жив го ставаат во сандак и ќе го закопуваат. Тој што го снима видеото не се ни крие, му се гледа ликот. Русија ги пушти низ вода Русите. Им фрлала по некој пиштол 8 години да глумат сепаратисти, ама кога дојде време за бранење, кога состојбата ескалираше, Русите од Русија плачат, бегаат, прво не сакаат, а друго не ни можат да ги бранат своите браќа од другата страна од границата. По овие видеа, не верувам дека некој Русин ќе се врати да живее во Украина. Ако се врати сам си пишал смртна пресуда, а ако не се врати, каде ќе живее? По хотели, интернати? Со години така? Па од стрес ќе умрат, од нервози. И да работи, па за 100 години со таа плата руска нема да си го врати животот во нормала. Кон Украина никој нема обврска. Можеше никој ништо да не им даде, ни пушка, ни пиштол, ни генератор, ништо. Русија ги пушти низ вода своите Руси, свесно и намерно.
Тоа видеото со сандакот каде жив го закопуваат е во Херсон, а човекот е Украинец, жител на градот. Русија не ги пушти низ вода жителите на Херсон и на сите им даде можност да се евакуираат (преку 150 000 го направија тоа), иако константно беа гаѓани од украинската армија, а забрането е да се гаѓа цивилен конвој, па имаше случаи каде што починаа деца и новинари. Излезе уште едно видео како украинската армија малтретираат луѓе од селата на Херсон без некои посебни причини, обични луѓе, селани. https://twitter.com/GeromanAT/status/1595350979234365442?ref_src=twsrc^tfw|twcamp^tweetembed|twterm^1595350979234365442|twgr^|twcon^s1_&ref_url= Самите луѓе кои не си заминаа со русите, останаа, решија да ја дочекаат украинската армија на улица во Херсон, славеа, за потоа истата да ги закопува живи во сандаци, стрела, заплашува и малтретира затоа што наводно соработувале со руската армија (под соработување сфаќаат земање на храна, облека и лекови). А и веќе ги регрутираа сите, и мажи, и жени, и ги испратија на фронтот да гинат како топовско месо. Остатокот од старци и деца го евакуираа од Херсон и моментално градот стои празен. Град на духови. Сигурно до сега сите се каат. Нацистичка власт. Тек кога ќе падне, сите злодела што ги правеле ќе излезат, ништо не е ова. *** Анкета: И Македонците и Албанците се против одлуките на македонската држава за Украина и Русија Овие 20%-тина што поддржуваат се испикани по државна администрација, невладини организации, еу самити и програми, деца на македонски функционери подлизурковци на калето кои лапаат пари од народот, и секако, фемина членови платени да шират пропаганда.
Абе многу лоши Украинците, сфатив, ама и тие војниците што се предадоа најчесни луѓе на светот. Имаат убиено секој од нив барем по 10 цивили. Ако сретнале некои баби што не успеале да избегаат, сигурно ги силувале. Едно село сигурно урнале, болници, па сега жените ќе се породуваат по патишта и дома како нашите баби. Ама лоши Украинците, не простуваат. Русија ги пушти низ вода секако Русите. Лесно е Захарова од Москва од Кремљ да се сили. Нека отиде во Доњецк и Луганск сега нека ги брани Русите. Не знам дали таа е под санкции, ама еве Лавров не го пуштија ни во Полска да отиде. Како не прочитавте дека пола Молдавија е без струја поради Русите? Како не прочитавте дека ОН изгласа резолуција Русија да ја плати штетата што ја направи во Украина? Како не видовте дека мајките на убиените војници го навредуваа Путин? Како не прочитавте дека Дугин повика на убиство на Путин, па потоа ја избришал објавата? Тврдевте дека Украинците сам себе убијал, сам себе нападал, сам против себе гласал, ама за ваша несреќа консолидирани се. Сега отворив да видам кој ја правел анкетата. Мнозинството анкетари во Македонија земаат малку пари за анкетите и самите дома ги пишуваат анкетите на трефка, затоа што не им се оди да тропнат во 10 куќи, да изгубат 1 часа, и да направат само една анкета за која ги плаќаат 100 денари или 120 денари. Си пишуваат контакт телефони од пријатели и роднини, а сами штиклираат што им текне. Кога ќе се јават, анкетираниот само ќе потврди демек е анкетиран. Така еднаш некоја си од друг град ми се јавува и ми кажува дека ако ми се јават треба да потврдам дека сум правела анкета со неа. Бројот го добила од моја пријателка. Ниту едно прашање не ме праша, ништо не сум одговорила, сама си потполнила. По 1 часа се јавија, им реков анкетата е правена, среќа па не ме прашуваа прашање по прашање. Минатиот пат ме пишаа во анкета за пушачи, а цигари никогаш не сум пушела. Сами си потполнуваат. Не можев да одбијам пријатели. Во агенциите ова не го ни знаат, мислат се е кристално чисто сработено. Е сега анкета на Рејтинг, ги погоди мандатите за македонски избори, со 1 мандат разлика мислам беше, ама Рејтинг е Рејтинг. Штом погодиле, значи сработиле како што треба, но тоа не е случај со сите. И што има врска работното место со правдата и вистината? Демек ако некој работи државно не смее да ја поддржува Русија? Така се излажавте за мене дека сум во државно, а ни ден во животот не сум поминала во државно.
https://kanal5.com.mk/reportazha-na-kanal-5-od-gruzija/a557518 Ми се допадна репортажата. И Грузија ми се допадна. Зборуваат за војната.
Ехх тој не ќе ме послушал, те поздравуваат и тебе заедно со Кадиров со едно селфи, и велат дека цело време те читале на Фемина и ќе размислеле за твоите предлози
Ама секако се варвари тие што војуваат во 2022 година и што напаѓаат туѓи земји. Вчера еден руски фанатик, филолог рече дека украинскиот бил дијалект и тврдеше ќе завладееле со Европа и Балканот. Штета е во ова време да се трошат пари за оружје. Има толку многу начини да бидеш користен во светот, отколку деструктивен. И приказната за Азов се изгуби, ја снема. Јас верувам дека тие правеле кривични дела, но тие биле група од 800 луѓе, која се зголемила на 1.000. Добро како можат 1.000 луѓе да бидат закана за неколку милиони Руси во Украина, колку и да се фанатици? Читав преписки на социјални мрежи меѓу Украинки. Велат „Московјаните каде и да не сретнат треба да бегаат од нашата сенка и да платат за солзата на секое украинско дете, а кога војната ќе заврши да се крене ѕид на границата со Русија“. Чудно времиња во Македонија. На Македонците што плачат за Вејце, Карпалак, Лешок, Непроштено, идол им стана Кадиров, исламски терорист со педигре.
Пред два дена во Запорожје во болница Русите убија дете од 2 дена. За навивачите на Русија ова веројатно е прифатливо? Гледам не спомнаа. Премолчуваат. Дечки утре може украинско сценарио да ви дојде на глава, ама нас нема никој да не брани, никој од надвор, а друго ни самите не можеме да се браниме. На темава, Русија ја бранеа Македонци со бугарски пасоши и ја коментираа храброста и моралот на Украинците. Си се продал и коментираш карактерност на некоја друга нација.