Се си мислам дека да беше наместо инвазија во Украина, инвазија врз Тајван во прашање, немаше ни половина од обемов да се пишува и да се зборува низ светот.
Можеби жестината на осуда ќе беше помала но сепак светот би ги чувствувал последиците од тоа бидејќи голем дел од електронските прозводи и нивни делови (полупроводници) се произведуваат во Тајван.
Интересно е интервјуто на Ангела Меркел во кое признава дека никогаш немале намера да ги почитуваат Минските договори, туку само сакале да купат време за Киев. Месеци пред неа тоа го изјави и Порошенко, но изјавите на Меркелова имаат поголема тежина. Невозможно е Путин да не го знаел тоа, иако изненаденост и разочараност покажува. Или е војнава договор или Запад почнува да дава легимитет на рускава воена операција....
Навистина... еве и линк од веста: https://www.plenglish.com/news/2022/12/07/angela-merkel-reveals-intention-of-minsk-agreements/ А еве ја и реакцијата на српскиот претседател Вучиќ: Изјавата на Меркел драматично ги менува работите: Јасен сигнал кому не треба да верувам
Интересно е што Путин званично глуми изненадување и разочараност во Меркелова. Уште ќе испадне дека во договор работат...секако, лично ми делува дека пред воената надмоќ на Русија , Западот почнува да бара излез...Европа секако, особено Германија. А, Вучиќ едвај дочека причина која му овозможува да продолжи со жонглирање.
За Минските договори колку што сфатив, не е дека ништо не спровеле, туку дел спровеле, а дел било неспроведливо, така кажаа украинските власти. И ајде нека лажат 100%, пак ништо не дава легитимитет за војни. Апсолутно ништо и не споредувајте со Косово, затоа што Русија веќе има неколку „Косова“, а Донбас е веќе нивно петто „Косово“, после војната во Казахстан, окупација на Абхазија, Јужна Осетија, Приднестровје. Не знам како Русија сака да почитуваат некаков си договор, кога таа самата не почитува ниту еден од своите соседи. Русија досега војувала со 10 свои соседи. Ептен мирољубива земја. За Грузија договор ли имало или крива беше САД или не знам кој, кога 1.2% Руси им држат окупирана 20% од територијата на Грузијците? Нормално, постигнато со тероризам и протерување на Грузијците. Доаѓаат дивите и ги бркаат питомите тоа ти се вика. Не познавам ниту еден Грузијец, не знам ништо за нивната култура, ама многу ги жалам. Јадни се тие на кои Русија им е сосед. Како пијаница пред кооперација. Ем не знае да се среди, ем не им дава на другите да живеат.
Луѓе се е ова еден театар, се е ова едно добро испланирано сценарио кое за жал е натопено со многу невина крв. како и да е заплетот уште не е ни започнат.
Vojnava vo Ukraina stvarno NEMA smisla. Najvekje Strada ukrainskoto naselenir I zalosno e vo 21 vek da I'm se unistuva strujata. Rusija treba da se povlece zasto ne e zagrosena I e vo tugja territoria.nStada nevino naselenie.n
Во Украина има иницијатива да се признае независно Косово, а таму кај нив се потепаа да не им ги земаат териториите.
Тоа го прават за инат на Србите затоа што не воведоа санкции за Русија. Ама мислам дека нема да соберат доволно потписи на таа петиција. Вчера имаше малку потписи.
Ниту една држава не требаше да воведе санкции, и онака еден ден ќе ги тргнат, само сега бадијала предизвикуваат економски шокови.
Инженер од Газпром по српските групи бара работа во Србија. Избегал од Русија, сега бара работа во Белград. Нема шанси санкциите да не ја погодиле Русија, но ако некој јавно каже нешто против државата ќе им се суди за неколку дена и ќе лежат затвор. Додека Македонците прикажуваат како е супер во Русија, никој ништо не им може, нив паметните и богатите им избегаа и своите пари ги трошат во туѓи земји, прават раст на туѓи економии. Ќе ги тргнат санкциите секако, ама кога војната ќе заврши. Инаку и да се потпише таа петиција, тој предлог за независност на Косово ќе оди во украинската Рада на гласање. Само ја живцираат Србија, ја боли за Косово, а не верувам дека нешто тука ќе направат.
А бе малку по малку, работите ќе се враќаат на старо во односите. Не треба во крајности да се носи политиката. https://www.theguardian.com/sport/2...-paris-olympics-even-if-ukraine-war-continues https://www.slobodenpecat.mk/sad-se...hestvuvaat-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024/ Патем, https://nypost.com/2022/12/16/fifa-turns-down-zelensky-request-to-appear-at-world-cup-report/ Што и беше очекувано после оскарите
Русија за вакви санкции се подготвуваше 8 години. Дури и да живеат Русите полошо, тоа ништо нема да и смени на Украина, бетер отколку во 90-те во Русија не е, и тешко дека ќе биде во догледно време. Украина не може да ја победи Русија без официјален влез на НАТО во оваа војна (кој би означил 3СВ и посакуваме никогаш да не се случи), Украина територии ќе изгуби трајно, само прашање за пошироката јавност останува каде ќе биде повлечена новата граница. Да, санкциите во однос на територијалниот интегритет на Украина се залудни @Biljarkata, ниту го сочуваа, ниту ќе го сочуваат, а во теории на заговор нема да навлегувам затоа што е невозможно да бидат докажани колку и време да поминало, и затоа што многу од нив секако излегуваат преувеличување и лажна тревога.
Западот почнува да бара начин да се извлече од кашата која ја подготви. Многу повеќе ќе имаа успех во рушењето на Русија ако продолжеа со "мека моќ " како што тоа го направија во Украина. Либерали еден куп насекаде, па и во Русија. Но,очигледно мораше војна да се предизвика, за да се прикрие нешто, веројатно од финансиска природа. Ресурси се потребни за понатамошно уживање на светската елита. Теории на заговор или не, очигледно е дека им се потребни и човечки жртви. Да не навлегуваме поради кои причини, за да не се вознемират осетливите и емпатични членки на форумов. Украина полека и сигурно исчезнува, жално за сите мртви, за сите кои лутаат по светот и молат за милост која од ден на ден е се помала и со зголемувањето на нивниот број набргу веројатно во гнев ќе се претвори.
Не можеа тоа да го направат во Русија. Власта е многу цврсто утврдена, а граѓаните иако незадоволни, се свесни дека под прозападни водачи би живееле посиромашно и полошо, исто како во 1990-те. Затоа мнозинството не е расположено да се буни против Путин, не оти многу го сакаат, чисто го гледаат како помало зло за нив. На Русите за разлика од некои, не им лета умот и јасно им е дека немаат избор. Ова е неврзано со санкции. Јас само напишав дека санкциите се вишок и Европа не дека не го знае ова, но не можеше да покаже слабост пред Русија, besides, првиот и последниот збор при носење одлуки го има Америка (која гледа да извлече профит од продажбата на оружје и од извозот на енергенси). Не верувам во апокалиптични предвидувања дека ќе пропадне западот, или ќе пропадне Русија поради моменталната ситуација. Сега западњаците чекаат да заврши војната, а штом Путин се повлече во пензија, ќе се однесуваат како војна воопшто да немало. Јас така мислам.
Mozh ne do tolku, ama pod stranska marioneta koja ne koristi sopstven mozok, doma sekogash odi na polosho, ne kon podobro.