Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Можеби можеа да ја запрат војната, ама со многу поостри санкции и тоа веднаш, а не пакет по пакет, месец по месец. Дури можеа и порадикални мерки да преземат за запирање на војната. Туку нека си мислат Србите, ако им останат 2.000-3.000 Руси, или 5.000, по 5 години да не прават референдум и таму. Некои и станови планираат да купат во Србија, се распрашуваа во групите за процедурите како странец да купи имот.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.696
    Пол:
    Женски
    Воведувањето санкции ја влошува војната.
    Ако одбереа поостри, 3-та светска војна ќе видевме.
     
    На NoirSerpentine, buba4e89, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    @nextredstyle веројатно е тоа, страв од ескалација. А можеа со појаки мерки, ама па на крајот секој си го гледа својот двор. Ако не е директно засегнат си стои настрана.
     
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.983
    Пол:
    Машки
    Približava se vrijeme za dogovor o miru u Ukrajini kako bi se smanjio rizik od novog svjetskog rata, a snovi o razbijanju Rusije mogli bi izazvati nuklearni kaos, smatra iskusni američki diplomat Henry Kissinger.

    Се повеќе се спомнува преговори и крај на војната во Украина од западните дипломати и функционери.

    Несомнено е дека заглавија во војна од која имаат страшни последици и го губат приматот на светска сила. Од друга страна ниту Русија е доволно силна за да успее да извојува тотална победа против НАТО, не им оди баш како што планирале, заглавија и тие. Доаѓаме до една ситуација на статус кво.

    Сите дејствија несомнено потсетуваат на Првата светска војна, со чие завршување, наместо мир, како што се очекувало, само била вовед за она што се случило подоцна. :)
     
    На buba4e89 и Resana им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Украинката која ја запознав во земјава, си се врати дома. Е ова го кажувам за сите кои во темава се маваа во гради дека Украина веќе не постои, не е држава и дека Македонија е не знам што поарна од некого. Еве девојчето заминала, веќе е дома, се објави на социјални мрежи. Со заштедата која ја заработила во Украина, избегала овде, но и овде е оган и пламен, а таа отиде по нашиве институции, виде дека ништо не функционира, еден документ наместо за неколку дена те влечкаат месец дена и ти се дерат. За работа сигурно барала, но не бива, а нема логика ако не работиш да си трошиш готови пари, затоа што тоа не е буре без дно. Ова го кажувам за сите кои мислат дека Украинците не сакаат да се вратат дома. Еве се врати. Дали утре ќе загине од бомба, ќе се мрзне, ќе нема вода за капење, се врати дома.


    A oва па

    На почетокот на овој месец, истакнатиот руски дисидент Илја Јашин беше осуден на 8,5 години затвор поради објавување видео на YouTube за руските воени злосторства во украинскиот град Буча во близина на Киев.

    Македонските политичари да ги пратеа во Русија, на тие ресурси ќе создадеа поубав живот. Замислете сега да ве апсат и да ве осудат на 5-6 години затвор затоа што за власта сте пишале критики. Е тоа е тој Путин што го браните и ви буди восхит.
     
    Последна измена: 19 декември 2022
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.781
    Пол:
    Женски
    Украина е полигон за тестирање на воени стратегии и оружја. Америка толку ја сакаше оваа војна меѓу другото, за да може да ја набљудува и анализира Русија.
    Русите ја одолговлекуваат за да ги изморат Украинците, да не им текне уште еднаш да се спротивстават.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Абе Русија војна велесила,намерно ја губи војнава:headbang:(facepalm)
     
    На CameliaMiller и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Да можеа Русите ќе победеа досега, туку не можат. Нив нема да им текна да се чепкаат веќе со Украинците, каков и да биде епилогот. И не е здраво еден човек да владее 20 години и повеќе со една земја. Тоа е канцер на едно општество. Лавров па колку години е во политика? Јас кога бев дете на вести го гледав. Психото Путин вчера изјавил дека Украинците ги смета за браќа. Туку сите кои му се восхитуваат на Путин, дека тој смее да диктира по други земји кој што ќе си прави, очекувам од 2023 година само во Русија на печалба да одат, а на одмори во земјите поддржувачи на Русија, Авганистан, Сирија и Северна Кореја, кој од кој, одбрано друштво. И ако навистина во 2023 година психото ја нападне Молдавија како што е најавено од молдавските власти, дали ќе има приказни за некакви лоши Молдавци, кои малтретираат невини Руси?
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.983
    Пол:
    Машки
    https://vecer.mk/makedonija/s-3/

    САД потрошиле 67 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПРОТИВ РУСКО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

    " Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (ЦРИФ), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание. "

    Да ги истуреле париве во проекти кои ќе им го подобреа животот на луѓето и поставија не корумпирани политичари кои имаат всушност знаење, може народот и немаше да ги мрази толку.

    Се прашувам колку од овие средства завршиле и по форуми. :?:
     
    На NoirSerpentine, buba4e89, CrazyGirl15 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Да доволно пролеаа крв на олтар кај нивниот господар па време е да завршат додека не им текне нешто ново да гинат луѓе можеби некоја нова пандемија...?
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Ако кажеш дека Украина е на Украинците и дека треба да ја бранат, кај даваат пари, пишете ми, да одам да земам и да ги донирам на некој бегалец.

    И Грузија е на Грузијците, а Молдавија на Молдавците, на Русите ништо од тоа не е. А сега кажете кај даваат пари ако се каже вистината?
     
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Никој, никогаш :shake:
    Каков интерес имаат од некорумпирани политичари и проекти за подобар живот за едикојси на Балканот? Па тие железни опинци ставија да останеме прчварница, село без кучиња, буре барут, вечно жариште на нестабилност.
    И пази, пред некоја недела чичо Сем ни прати "стручен" тим за да ни "отвори очи" во борбата со корупцијата бла, бла, и што се случи? Си отиде тимот и веднаш ја поништија пресудата за Мијалков.
    Бурлески!
    Не чув дали ќе пратат некого во Брисел за скандалот што изби со таа потпретседателката на Ев. Парламент. Еден тон пари од мито им најдоа по дома на тие бирократски глодари.
    Таму Катар ги подмитувал европските скапаници, а овде Амерот ги товел шарените.
    Важно полна им е устата и на нив и на ЕУ за демократија, слобода, човечки права и слични повраќаници.
    Па после демек ќе се чудат зошто ЕУ-САД- Нато аверзија и омраза кај народот, зошто симпатии кон Русија. Се` е со причина.
     
    На NoirSerpentine, sonuvana, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/32192122.html

    Ова се Руси или Срби? Како и да е, кажуваат дека Путин е диктатор, а никој нормален не треба да ја поддржува војната.
     
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе на тик ток што ми излегуваат, а живеат во Европскиве земји како Германија, Шветска...се жалат на украинските бегалци, велат дека многу дрско безобразно се однесуваат со тамошните жители, добивале се на тацна што се вели ( све им било платено буквално). Они возеле луксузни коли не почитувале никакви правила во превод се однесувале како дивјаци...Многу коментари исто од луѓе кој истото го кажуваат.
     
    На buba4e89, sonuvana и daylight им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    https://faktor.mk/reobjaveni-fotogr...havka-na-zaharova-za-nejziniot-47-mi-rodenden

    Еве ја Захарова. Замислете па и таа работела во Њујорк, а нели тоа е злото, сатаната? Порно ѕвезда или политичарка? Видете фотки па кажете.

    https://a1on.mk/world/video-pusi-ra...na-od-chlenkite-urnira-na-portretot-na-putin/

    Русинка урнираше врз ликот на Русинот, Путин, ама Македонче вика Путин е цар, најдобар, рамен му нема и му аплаудира.
     
    Последна измена: 25 декември 2022
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    " По мом унутрашњем убеђењу, Русија неће имати таквих мрзилаца, клеветника, па чак и непријатеља, као што ће бити та словенска племена, чим их Русија ослободи, а Европа пристане да их прими за ослобођене. Сем тога почеће о Турцима да говоре са већим поштовањем него о Русији… Русија треба озбиљно да се припреми за то да ће сви ти ослобођени Словени са заносом појурити у Европу, заразиће се до губљења своје личности европским формама… Између себе те земљице ће се вечито свађати, вечито једна другој завидети и једне против друге интригирати. Разуме се, у тренутку неког озбиљнијег зла сви они ће се Русима обраћати за помоћ…!“

    Ова го напишал Достоевски, пророчки, пред скоро 150 години.
    Останува да се види која држава прва повторно ќе побара руска помош.
    Русите со скоро 99 проценти обединети , НАТО успеа да им го врати националното достоинство , сосема спротивно од она што посакуваше...
     
    На IRBBB и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.781
    Пол:
    Женски
    Многу Украинци мразат се што не е украинско, од порано мислеа дека цел свет сака да ги уништи.
    Моите имаат пријател кој до пред неколку години живееше во Украина, па се врати...
    не сакав да пренесувам туѓи искуства, ама човекот говорејќи го течно јазикот, прикривал дека е туѓинец секогаш кога можел, зашто некои таму знаеле да бидат мошне непријатни кон странци.

    Секако дека не се сите Украинци нетолерантни, но постои во нивното општество сериозен проблем со ксенофобија и национализам, кој требаше да се санира навреме, а сега веќе е доцна... оде воз во кукуруз.
     
    На daylight и VDT2906 им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Обединети се сега најбогатите Руси во Србија, дури не ги потрошат парите и со празни џебови да си одат дома. А таму, повисок данок ќе ги чека. Море ако не завршат во затвор добри се. Ууффф, кога читам како им е нив, си велам добро е кај нас, на Фемина имаш тон навреди за политичарите, па никому влакно не му фали. Која е логиката да плаќаш 1.000 евра или 900 евра кирија во Србија, да трошиш готови пари, а да не најдеш работа или ако најдеш платата да ти биде 500-600 евра, а ти имаш трошок од 1.500 евра месечно. Дури и видов коментари од Срби, дека кириите не биле скапи, тоа биле нормални цени, затоа што и квадрат во Србија е скап. Толку од „братството“. Два протести имаше досега во Србија за стопирање на војната, еден деновиве, а друг на почетокот на инвазијата, кога се собраа од женски организации. Ги премолчувате, затоа што така ви одговара. На европско тло само дел од српскиот народ ги поддржува Русите. Толку.

    Ај изгледајте анкети правени во Русија, што мислат за војната. Јас сите што ги гледав, видов дека Русите не кажуваат дека биле малтретирани од Украинците, или јазикот им бил забранет ( како им бил забранет, еве Украинката што ја запознав во Скопје, дури сега се префрла на украински, од раѓање говори туѓ јазик). Ниту еден анкетиран Русин не се пожали на терор, а имаше и еден Русин што дошол од Луганск, избегал во Русија, ама па не се жалеше ни од Азов, ни од ништо. И не мислам дека Азов се чисти, ама тие не тепаат невини луѓе, тепаат фанатици што заговараат отцепување. И не е можно Русите да бидат малтретирани секаде каде живеат, во сите можни држави.

    @Аргентина * aј сподели ни. Нема врска чие искуство е. Јас на Твитер прочитав инфо од некој Македонец што живеел во Украина и тој пишал дека ако те фали полиција додека возиш пијан, ако дадеш мито, нема казна. Во таа смисла биле корумпирани. Ама па и ние не сме поарни за да ги судиме. Кога бев средно, нашите полицајци пиеа кафиња по кафичи и јадеа скари, а ги честеше тој што направил прекршок. После се прекина со таа работа, ги стегнаа.