1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Руска пропаганда :^) или предупредување до западните земји? :?:

     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Ова кога го видов се сетив на една погоровка која гласи вака „Да те ритне ат, да не ти е јад, а оно шугаво магаре“. Кога те потценува некој што е 10 нивоа под тебе, пресмешно е. Таму каде има паметни лидери, се наоѓа чаре, таму каде нема, критичарите паѓаат по скали, од прозорци, ги наоѓаат обесени на ограда. Нови Сад може да му ја одземе титулата почесен граѓанин на Путин.

    Туку ќе се надоврзам на она што го кажа @Аргентина *, можеби имале тие отпор кон странци, арно ама мене ми е несфатливо ако мразат и малтретираат странци, како е можно Украина да биде дом на припадници од 130 малцинства? Тие народи што вистински тероризираат малцинства, се доведуваат до степен да имаат помалку од 10% малцинства.

    Туку, видов две Русинки се закачија на Фејсбук на една Украинка да ја навредуваат како тоа се одродила, се откажала од својот мајчин руски јазик и тие не разбирале украински, требала да зборува руски. Значи тие се фанатично опседнати да ги убедуваат Украинците дека се Руси и дека мајчин им е руски.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Ескалацијава помеѓу Русија и Украина (Украина нема врска со ова, бидејќи западот војува со Русија преку Украина) можно е да прерасни и во други ескалации и дестабилизација што би довело до уште една поголема криза во светот од оваа моменталната. На Косово тензично, Вучиќ нареди прв степен на готовност на воените сили, КФОР само чека момент да се подгрее огнот.

    На исток, Кина веќе прави воени вежби и прелетувања околу Тајван, тие јасно кажуваат дека Тајван е нераскидлив дел од Кина, САД се противат на тоа а овие имаат за цел ако не на мирен со воен акт да го придобијат. Притоа Тајван е најглолем производител на чипови, доколку ескалира и таму, европската и светската ама особено европската индустрија ќе потони..

    Ниту Русија, ниту САД губат од конфликот во Украина, најмногу губи и најмногу штета е во Европа, особено Германија.
     
    На Mnik, Fraxinus, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Украина има 5% неруско малцинство според последниот попис, ако објавувале точни бројки.

    2014. година, не само руската пропаганда, туку и западните медиуми алармираа за нацистичка закана во Украина и јас од нив се информирав (дали ја навлекуваа Русија да реагира преурането, не знам)

    Помина време, во Украина стана нормална појавата, а на запад се заборави (или се заташка), и одеднаш кога искрсна потреба, како никогаш да не било, друга песна се пее.
     
    Последна измена: 29 декември 2022
    На Fraxinus и daylight им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Во Украина 77% се Украинци, а другите се малцинства. Така му доаѓа како што си пишала. Ако се точни тие податоци. На попис кој како сака може да се изјасни и тука може да има поматување на реалните бројки, како и секаде. Но, сакам да кажам дека секаде може да има отпор кон странци, само тоа да не ги помине границите, па да почнат да тепаат, малтретираат без причина. За Русите ги разбирам дека имале отпор, сакаат да се отцепат, ама не знам дали тепале, малтретирале други луѓе странци. Ако имало такви работи не е ок.

    Отидов во Војводина на еден настан и таму еден Арап кој е женет со Србинка и векот го поминал во Србија, почна да се жали дека Срби му се заканувале затоа што на арапски пишувал по Фејсбук. Му рекле „Ова е Србија, што се замислуваш, пишувај српски“. Организаторот на ова му вели „добро, не се замарај“. Седнуваме на ручек, доаѓа друг странец, Палестинец кој живее во Србија со години и почнуваат тие двајца да си зборуваат на арапски и не не фермаат другите нас. Како да не постоиме. Сите Срби ги погледнаа попреку. Србинката што седи до мене, разменуваме мејлови, оти нема профил на социјални мрежи и гледам дека има чудно презиме. Ми кажува дека е мажена за Романец, а нејзините многу се лутеле и едвај го прифатиле. Друг Србин ми се жалеше дека Унгарците цртаат карти со територии до Земун и ги мрази. По ова испаѓа дека Србиве мразат странци. Сето ова се случи во рок од 3 часа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Не е ни тајна дека Србите се национал-шовинисти, со исклучоци, се разбира.
    Досега, за среќа, немам слушнато во 21. век живи да палат припадници на друг етникум. Стишани се после 1999.
     
    На daylight, Anah и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Порано го гледав овај дур одеше на тв, има разбирање за некои работи, ама повеќе сака да си кажува теории на заговор итн.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Ovoj e sonchogled, mene mi e interesno kako sekogash uspeva da zastane na stranata koja kje izgubi.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Шири теорија на заговор повеќе и овие некои гости од Србија што му идат такви се, па тоа е интересното за нашиов народ, да си го манипулираш. Некош е во право, арен беше ама сега забегува.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Ne mu go sledam kanalot, znam deka koga Gruevski beshe najmokjen, Eftov gi poddrzhuvashe sdsm. Posle premina kaj vmro, i vmro bea simnati od vlast hahhah. Mozhe samo vo 2020 da se potrefi kaj pobednikot, ne znam za kogo bil togash, pred toa i potoa sekogash e so tie shto gubat.

    Sega aktivno ja poddrzhuva odbranata na Ukraina, a Ukraina e sekako porazena, lugjeto zhiveat vo mrak i urnatini.
     
    Последна измена: 3 јануари 2023
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Украинскиот народ живее во мрак и урнатини заради не разумни политичари, додуша не знам дали и вооошто заслужува да се нарече така, како Зеленски за остварување на интересите на САД и западот. Јасно е како ден кој се светските сили во светот, Русија, САД и Кина. Големите сили не војуваат еден со друг, ниту војувале ниту ќе војуваат. Позади секоја војна стојат разни интереси, позади Украина стојат интересите на западот, а Русија ги брани своите интереси. Факт е дека Русија како светска сила нема да си дозволи да се приближи до неа друга сила, и да воспостави контрола во нејзина близина како НАТО. Украина има право да членува каде сака, ама фактот дека Русија е тука не смее да се заборави, не смее да се заборави дека непријателот на Русија тропа на врата. Можеби немаше да се крени толку фама доколку беше само членство во ЕУ, ама членство во воено-политички пакт, беше јасно дека Русија нема да го дозволи тоа, и секоја друга сила да е, истото ќе го направеше. Ко сега Мексико да членува во БРИКС, потенцијална закана за САД, сигурно Американците немаше да седат со скрстени раце и да дозволат русите и кинезите да им се пред нос. Секој ги брани своите интереси. Жал мие што Украина во ова е само заложник на туѓите интереси, секогаш наивните и малите страдаат.. За западот ова е војна, за Русија е специјална операција за протерување на западните штетни влијание кои сакаат да се доближат до Русија преку Украина, Грузија итн.. Со балтикот му успеа, но Украина не. Конфликтот започна уште во 2014 кога западот успеа да постави своја политичка гарнитура во Украина како Зеленски и компанија, па на русите не им се свиѓаше тоа, ова е само продолжение.
     
    На Fraxinus му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Се сложувам со Васко дека експертите промашија. Зборот експерт кај нас мора да се сфати сериозно. Луѓе зошто пишувате дека Зеленски дошол на власт во 2014, кога тој стапува на функција во 2019 година? Јанукович, па Порошенко, па Зеленски. Така е редоследот. Нема зошто на Русија да и се допаѓа или не каква власт имаат соседите. За масакрот во Одеса, требало власта претходно да си преземе мерки против сепартистите и немало да се случи масакр. Се појавуваат луѓе во секој град кои прогласуваат републики, прават свои милиции, бараат федерализација, арно ама им фалат уште добри 13% за да ја побараат истата, епа државата требала да ги уапси тие лица и да одговараат. Но, државата не направила ништо, си молчела за мир во куќа или од страв од Русија, веројатно со надеж дека се ќе се стиша и така останало фанатични Руси и фанатични Украинци да се тепаат по улици. Никако не поддржувам масакри, но луѓето запалени во Одеса не се наивни цивили како што тука ги прикажувате, затоа што тие луѓе собирале потписи за референдум и федерализација, директно инструирани од Москва морално, а веројатно и финансиски поттпомогнати да ја урнат државата Украина. Така да тоа не е воопшто наивно. Требало да одговараат во согласност со закон, да ги осуделе на 5-6 години затвор. Мислам дека каква и да беше власта во Украина, Русите ќе ги малтретираа и тоа немаше да се избегне. Апсолутно не мислам дека е до Зеленски, Порошенко или некој трет. Ене ги по јутјуб канали „угнетените Руси“ ги манијачат Украинците со убедувања дека се Руси, дека рускиот е нивни јазик и дека не смеат да се прават „Американци“, демек па можат да бидат Украинците Американци ако посакаат. Тоа ми е така простачки, нечовечно, заглупавено да ги убедуваш дека се Руси, додека нивната најголема желба е да заврши војната и да кренат ѕид на границата со Русија. @Аргентина * ги нарече Русите космополити, ама како се однесуваат по ова што го читав ми делуваат како во 15 век да живеат, па сите им се Руси, се нивно и живеат со девизата „или по мое ќе биде или ќе убивам“. Тотално дивјачки.

    Туку, ние да сме преживеале Глодомор и дојденецот(Русите се дојденци таму, до 1930 година Донбас бил над 90% со Украинци) да не брка од дома, да собира потписи за федерализација, што мислите нема да дојдат некои Ќосиња да ги скапат од ќотек и да ги маваат со што стигнат како што направија на 27 април во Собранието? И мене ми е смешно што народот верува дека Русија победува. Вчера читам Шојгу изјавил дека им е тешко во Бахмут? Аман бе, зар супер силата еден Бахмут не може да го одбрани? Во Киев денеска ако има струја, утре има прекини, а секаде низ градот се слуша врева од генератори. Кафулиња и ресторани работат. Гледав снимки. Се живее нормално колку што може да се живее.
     
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Русија го прекинува огнот денеска на пладне па се до утре до полноќ и ги повика украинските власти да им овозможат на луѓето да присуствуваат на богослужбите за Божиќ.
     
    На Fraxinus, Cutiepie1 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Украинците вчера го одбија предлогот за прекинување на огнот.

    Доколку продолжат денес, откога ќе прекине руската страна, ова ќе биде ПР победа за Путин. Цел свет ќе види кој сака да војува, а кој не сака. Посебно ако продолжат и денес да гаѓаат цивилни цели во Доњецк.

    Вчера аналитичарите го дискутираа ова, и што се крие позади еден оваков потег.

    Воглавно, со овој потег Путин си освојува симпатии не само дома, туку и во Украина, каде што мнозинството население е православно и дел од руската православна црква, која во последно време е под огромен напад од владата на Зеленски.

    За тие што не знаат. Во Украина има 3 цркви:

    - Украинска Православна Црква под Руска Патријаршија (мнозинството ја следи.
    - Украинска Православна Црква под Киеска Патријаршија (малцинството ја следи)
    - Украинска Католичка Црква (ја има само во западна Украина)
     
    Последна измена: 6 јануари 2023
    На Fraxinus, nextredstyle, Cutiepie1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    За прв пат украинците го прославија божиќ на 25 декември (тие што се водат под киевската патријаршија), а изјавата на Украина и Стејт Департментот за прекин на огнот дури е и смешна и безсмислена: "Тие сега сакаат да го искористат Божиќ како маска за да го запрат напредувањето на нашите војници и да донесат уште опрема, муниција и мобилизирани трупи поблиску до нашите позиции".

    "Рускиот предлог за примирје е циничен. Нашето мислење е дека на Русите им треба привремена пауза од борби за да се одморат, прегрупираат и повторно нападнат" - САД :?::rofl:

    Овие стварно не се точни хахахахах
     
    На Konfetka, Fraxinus, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Смешки. Хахахаха

    Не сум знаел дека киевската црква го прославила Божиќ на 25-ти. Зар и тоа под присила им го смениле на луѓето таму? Да не можат и верата да си ја практицираат... :?:

    Знам дека има/ше огромен притисок за московската црква. Им рушеа цркви, манастири, убиваа попови...
    Свјатогорскиот манастир беше еден од нив.

    [​IMG]
     
    На NoirSerpentine и quattro им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    8.530
    Пол:
    Машки
    Да да, за прв пат го прославија на 25 декември, тоа е скоро половина од населението. И грчката, бугарската а ми се чини и романците го слават на 25 декември ама тие од поодамна, овие сега за прв пат како "инает" за Русија. Ама инаетот на глава.

    Screenshot_2023-01-06-11-19-45-102-edit_com.android.chrome.jpg
     
    На Fraxinus, nextredstyle и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    78.122
    Пол:
    Женски
    Сакаме прекин на огнот за Божиќ, ама еве укрофашистите не сакаат :wasntme:
    Им елиминираа 5000+ војници во новата, во Макиивка само прашина остана од вагнеровци, преживеаните одма ги преместија на други локации да не прозборат што точно се дешаваше таму. Па и во новогодишната програма им порачаа на војниците дека животот е преценет и вреди да се умре за РуZZија ;(, кажано од лик со 2 кила шминка на фацата :inlove: дури пие шампањ во Москва, на топло :*

    Од денес тлото замрзнува, минусни температури во наредните десетина дена, после Божиќ ќе им распишат нова мобилизација, ќе има пиштење, вриштење :wasntme:
    Плус целата на гасот падна, нема веќе прилив на парички од западот, Кина и Индија не плаќаат ко европејците, Иран е во цивилна војна, крајот и ним им се гледа.
    Рубљата пак тргна да паѓа, Путин дури се согласи да му се плаќа во други валути, се повеќе експлозии на Крим и длабоко во руска територија, паника пуштено на најјако, дури и свои авиони симна нивното ПВО :clap:
    https://twitter.com/TheDeadDistrict/status/1610648297588523015?t=8c2GOuWPk57KdexaXKesOg&s=19
    Дури уживаат на топло, нивните војници гинат гладни, жедни и премрзнати.
    Ама тоа е, прост народ, силна држава :angel:
     
    На Окситоцин ❤️, Cosmi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Koj пиар може да те спаси ако твој народ ти уринира врз сликата? Русинки уринираа врз сликата на Путин. Ако Украинците беа толку криви, криви и ја иницирале демек војната по умот на македонските русофили, тогаш зошто руски нобеловец научник ја продаде наградата за помош на Украина? Зошто Русинките кои ја измочаа сликата на Путин собираат пари за помош на Украина? Зошто во спотот велат „Украино те сакам“. Чекајте бре, па нели тие лоши Украинци мразеле Руси? Зошто сите Руси кои се надвор од Русија и се професори, научници фрлаат дрва и камења по Путин и го обвинуваа за војната? Животот бил преценет, загинатите руски војници ќе оделе во рајот, така вели руски новинар пропагандист на Путин, еее тоа е најретардирана изјава што сум ја чула досега.

    И да, Украинците се должни да му веруваат на Путин за примирјето кога психото велеше дека немало ни да ги нападне пред 24 февруари.

    Руската амбасада нели се закани по 24 февруари дека ќе следеле кој што пишува по социјални мрежи кај нас и ќе бележеле? Нели беше така?

    https://meta.mk/ruskata-ambasada-vo...at-neistomislenici-etiketirani-kako-rusofobi/

    Уффф, ќе цензурираат слобода на говор во туѓа земја, епа можам да замислам со вакви „космополити“ како им било на Украинците, да те понижуваат и да ти се закануваат дома секој ден и така со векови. Добро, странска амбасада ако се заканува, ако дипломати се закануваат не сносат одговорност? Не е тоа кривично дело? Лидерите на ЕУ требаше поригоризно. Се закануваш на Франција, затвораме амбасада. Се закануваш на Британија, ти ја затвораме амбасадата и твоето население го враќаме дома. Нема студии, нема работа кај нас и чао. Какви умерени ставови сме имале на почетокот овде во темава, еве јас колку сега сум порадикална. Мислевме ќе заврши за 2 дена, 1 недела, ама не, трае уште. И сите мислевме дека никој нема да помогне на Украинците, ама не, тука згрешивме во прогнозата.

    За тие некои што си земаа за право да се преценуваат дека Македонија е не знам што во однос на Украина. Вчера гледав снимки од Киев. Многу е почисто од Скопје, нема отпушок да видиш. Деновиве во Скопје бев, ама Скопје на ништо не личи, а и број 1 најзагаден град во светот, ама пусто Македонче се смее на Украина.
     
    На Cosmi и malerozna им се допаѓа ова.