Опциите ни беа да не одиме во НАТО. Еве и Шведска не е во НАТО, па што прави? Ама нас како народ не ни го почитуваа мислењето што рековме НЕ за НАТО, туку на сила, противуставно, против законски ни сменија име и не пикнаа во овој воен сојуз. Исто како и Украинскиот народ што нема право на сопствен избор и никој не го прашува што сака. Туку ќе прави тоа што ќе му наредат тие што им е во сфера на нивното влијание. Ако не, ќе им ја разрушат земјата, како што нас ни ја разрушија 2001.
Шведска? Шведска? Една од најдобрите армии во Европа. Една од најбогатите земји во Европа. Една од најдемократските земји во светот. Ај уште еднаш прашај зошто не прајме ко Шведска?
Роднина мој беше на фронт. На познаник мајка му исто била на должност тој период. Живи и здрави денес ама... Ај ќути си.
Да. Како шо кажав и моја фамилија, најдобар другар. Пола фамилија ми е војни лица. Ко се случи Карпалак знаете што дознав? Дека наместени беа да ги заколат. Еден од вујковците ми беше Генерал во 2001ва
Па сфаќаш ли тогаш дека нема поборници за мир и дека залудна ти е таа дискусија? Гледаш дека не водат лидери кои немаат исти човечки емоции како нас? Не сфаќам се испотепавте на темата ко од вас да зависи било што во светот. Како да ви кажам, која сила и да има превласт, на исто ќе се сведе. Залагање за мир и демократија во права смисла на зборот, на ниту една голема сила практично не одговара. Како во други светови да живееме, еве не знам.
Не ми кажвајте за стресој од војна. Цел свет не чини, вака како што е поставен. Само се движиме низ лавиринтите на корупција и сурова желба за моќ, кои други ги создаваат. Ништо не сме. Пиуни...
Па толку ревносно да браниш една оваква организација треба бар да имаш некоја лична корист. Кој иначе би бранел нешто што му нанело зло директно на неговото население?
Не те разбирам жими две очи што ги имам. Како во лош скеч на К-15 да сум кога си се кикотат дали си за Американците или Русите. За мир била ама ги поддржувала НАТО. Не чинела земјава ама оти сме бегале на запад. Имало војна ама не било страшно оти само Тетово било. Ти се кажува убаво, човечки дека НАТО има крв на рацете, ууууу за Путин сте. Го критикуваме Путин, го пцуеме, го колнеме што го почна ова, ама не, за Путин сме. Еве да не се буниш, го презирам, 2 дена сон неам ради ситуацијава. Ти се кажува дека ни е страв, не знаеме што ќе се случи, сме виделе војна, сме виделе глад, сиромаштија, сме виделе канцери од атомско оружје, ти се кажува дека никогаш ниедна вистина за војните нема да се разбере пошто историјата ја пишуваат победниците, ама ниту читаш ниту пак сакаш да читаш. Одма контра да скокнеш, ниту се потрудуваш да разбереш што ти се кажува. Животот не е црно - бело, Америка или Русија, животот наш е една сива зона во која изборите ни се магаре да ни го бапне или змија да не апне. За НАТО била бе, оти така побезбедни сме биле. Туго мори мајко.
Луѓе умреа, Еу паѓа, војна на праг да се прошири насекаде, Путин седи и чита Фемина Форум што рекла некоја си Вајд и преведува на гугл транслатор. Ги заболе нив за вас,џабе се карате. Корона се заборави за два дена.
Слава на Русија, а повеќето се запишуваат на факултет за да можат со work & travel у Америка да се пикнат.
Кој ја брани организацијата? Не бранам. Само сум реална. Сфаќате дека не зависи од нас? Мислите нешто ќе се смени оти дробиме попара на интернет? Мислите му е гајле на тие 1% за нашите потреби и желби? Не му е. Мене ако ме прашвате, нема да има воопшто воени алијанси, воена опрема, граници, поделби, ништо... Ама не ме праша никој.