Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Да. Префрлени се они на Грегоријанскиот календар.
    Обично, како што се гледа, сите земји кои влегуваат во западна сфера на влијание, го менуваат календарот и се синхронизираат со католичката црква.
    Сега Украина тоа го направи под притисок. Но, освен тие на запад што се католици (полско-литвански корени), другите сите ќе го слават вечер, независно од владината политика.

    Ништо чудно да сме ние следните кои ќе треба да менуваме календар и да се синхронизираме со католичката црква, само, уште не е дојден денот да се изврши тој притисок.

    Мислам дека @orevokrsacka знае подетално околу религискиот дел, зошто, како, и на кој начин се одвива таа меѓурелигиска "војна" помеѓу западот и истокот. (не е од сега)

    Инаку, и влијанието на црквата, како и јазикот ги претставуваат поделбите во украинското општество. Баш во оние региони каде е доминантен рускиот јазик, се оние каде е доминантна православната црква под московската патријаршија.

    [​IMG]
     
    На Fraxinus и quattro им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    78.122
    Пол:
    Женски
    По правило, Божиќ треба да се слави на 25ти декември, по новиот календар, од астеономска гледна точна и движењето на планетата и ѕвездите.
    Не е под никаков притисок, ако е така, Балканот требаше да е гнездо на исламот, ама не е. Не можат западњаците за три месеци да го натераат украинците да "мењаат вера".
    И бугарите и романците и грците до пред неколку децении славеа по стариот календар, ама нивните цркви ставија прст на чело и размислија дека грегоријанскиот календар е поточен.
    Тоа што ние не сакаме да се откажеме од традицијата е друго нешто.


    Интересно ќе е пролетта. И двете страни најавуваат офанзиви.
    Со таа разлика што на Русија и требаа неколку месеци да освои територија и цивилно невооружено население, а на украинските војници неколки недели да ја вратат таа територија полна со руzzки војници и воена опрема :wasntme:
    Со новите испораки на оружје од западот, ќе биде ептен интересно да се гледа од страна :)
    Тие Бахмут не можат да го завземат што е град колку Пехчево, Киев ќе го завземат. Мхм, нека сонуваат :rofl:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Кога сето ова ќе заврши, не верувам дека Западот ќе ја остави Украина сама. Ќе помогнат за обновата. Туку и ние како земја можеме да помогнеме. Скромно, ама можеме. Знам дека дел од политичарите читаат што се пишува овде, затоа што на една прес - конференција буквално муабет од тука беше прераскажан. Сите општински советници можат да помогнат, но ако не сакаат од своите хонорари да одвојат, на секоја седница на совет нарачуваат по една пијачка на сметка на општината. Нека се откажат од една пијачка сите, па така 30 советници по 100 денари за кафе ти се 3.000 денари, плус општинска администрација, некој од ЈП кој треба да присуствува на седницата, значи за една седница се даваат најмалку 3.000 денари само за пијачки. Обично имаат по две седници во месецот. Македонија има над 80 општини сосе руралните. Сите директори на ЈП да се откажат од некоја репрезентација, да на јадат и пијат по ресторани, ете ти пари да се набави нешто за Украина, макар да се наполнат неколку камиони со ќебиња за тие луѓе, да се однесе во некоја украинска општина. И не само тоа, во секој град има по некој Украинец, сите тие може да повикаат граѓаните да донираат. Ако не повеќе можеме да купиме и ние по нешто за дома. Не да донираме старо, да купиме нешто ново, макар постелнина, крпи, облека. Нив многу ќе им треба.
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Не верувам дека парите би завршиле на вистинското место, Украина е една од најкорумпираните и најнедемократските земји, многу поназад од Македонија.
     
    На Fraxinus, Аргентина * и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.701
    Пол:
    Женски
    Ги најде.
    Нашиве на својот народ не му помагаат, не па на друг... :D
     
    На Mnik, Fraxinus и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Знам, ама како идеја. Сите ќе дадат по малку, по некоја симболична сума, ама ќе им се помогне на луѓето. Еве јас ако влезам во продавница и купам 2 ќебиња, 2-3 пара пижами и ги донирам, сигурно нема да банкротирам.

    @daylight и јас на тоа помислив, затоа што има такви работи. Но, може да се направи нешто. Еве Митко Јанчев донираше генератор за Буча и снимено беше дека го однесоа таму. Се беше снимено и фотографирано. Колку цел камион генераторот и можеле 100 згради да се приклучат на него. Буча е мала, не знам колку згради има, ама ништо чудно цела Буча да се приклучи што е одлично. Господ здравје да му даде на Митко Јанчев.

    Може да договорат општините, директно помошта таму да се однесе. Е сега, Украинците се сплотени во вакви услови и на сите им треба помош. Ако се собере некоја скромна помош и се однесе во некое разрушено украинско село, во чиј дом и да заврши помошта, нема да биде во погрешни раце. Секако ќе заврши на право место, затоа што помош им треба.
     
  7. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Пресели се во Украина ако е толку подобро. Никој не се смее на Украина, ти и се смееш на големата Русија а си од некое кумановско село немате ни патишта. За грев ти се сите коментари.
     
    На Amellie13, sonuvana, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Големата Русија е се што не треба да биде, со стандард колку Македонија. Ако ти се идоли, можеш да се преселиш. За грев се сите кои ликуваат на Путин кој Русинки го помочаа. Такво нешто не секој лидер може да доживее. А гледам ќе ја порази Украина на куково лето.

    Не се смееле на Украина. Се убија од нервози зошто победила на Евровизија. Си стојат коментарите.
     
    Последна измена: 7 јануари 2023
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Јас немам пат, овие имаат пат.

    https://mkreporter.com/2022/12/31/видео-заробени-руски-војници-ја-пеат-у/
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Лелее коментариве... Се запна со тие неколку русинки што мочале на сликата на Путин. Па секогаш и секаде ќе има луѓе што се со тој што е на власт и што не се со него. Неможе сите да го сакаат Грујо, неможе ни Заев.

    А муабетот за Евровизија е тоа што беше наместено да победи Украина. Уште пред да ги чуеме песните и врапциве по дрвава надвор знаеа дека Украина ќе победи.
     
    На Fraxinus, Amellie13, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Притоа, Ковачевски ветил дека како премиер на земјата-претседавач со ОБСЕ, ќе ја посети Украина.

    :D

     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.275
    Допаѓања:
    189.719
    A tie shto mochaa, ne pobedija na Evrovizija isto taka:?:
    Izgleda cela ovaa vojna radi evrovizija e, m?:smirk:
     
    На Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Да, да можно е. Дури мислам дека штом победија војнава ќе запре за да се одржи фамозниот настан во Украина. (facepalm)
    Цела Европа трпи, они тупат со глупости.
    Уште па да сме донирале ќебиња, пижами.:?:
     
    На sonuvana и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    https://makfax.com.mk/svet/аналитичари-русија-ќе-се-распадне-до-2033/

    Што со таа Евровизија, демек многу битно кој победува, па тука изливи на љубомора дека било наместено. Демек не знаеме дека е тоа со цел да им се даде мотив во цела неволја. Кој стигне победува на Евровизија, одамна не ја ни следам. Туку Македончето е болно од злоба. Никој не ве тера да донирате. Има кој ќе донира. Jaс па што спомнувам некакво донирање, луѓево на форум очи копаат за тоа кој ќе скенира туѓа фискална, други ни фискална не даваат, во превод 1 денар не даваат, јас за донирање зборувам. Сигурно нема некој што нема ни за себе да донира на други. Имаме и бизнисмени во државата. Не се сите без емпатија и не се сите жедни за тоа „да му умре козата на комшијата“ ( ова зборам општо, не за форумот).

    Тоа што го исмочаа покажува колку е „лидер“. И ти @Mnik се уби од кукање од нашиве власти, и армија има други што го мислат истото, па никого не помочавте уште.

    Туку знаете што чув од русофил и Албанија ќе земела дел од Украина, оти на некој документарец гледале имало во некое село Албанци. И Молдавија ќе земела дел од Украина. Абе народов е полуден од злоба. Па и Полска ќе земела. Абе лудило.
     
    Последна измена: 10 јануари 2023
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    За Полска веќе одамна се зборува дека ќе земат дел. Дури имаше на интернет и анкети пуштени во тие региони во Украина за дали би сакале луѓето да се приклучат на Полска. Како еден вид тест пред некој си можен официјален референдум во иднина.

    Таму, луѓето што живеат имаат полско и литванско потекло, и се католици, а тие региони биле дел од Полска до 2СВ кога во СССР им ги одземале и дале на Украина, истото што е направено и со Крим.

    Тоа се: Лвов, Тернопил и Ивано - Франквиск.

    [​IMG]

    Закарпатија пак е регион кој претходно бил Унгарски, па им е одземен. Таму живеат Унгарци.
    Чернивици е регион одземен од Романија.
    Сигурно и овие држави ќе си ги бараат овие региони назад при иден распад на Украина.

    Пољаците имаат пратено и 2 бригади војска (околу 20 000) официјално, а неофицијално којзнае колку.
    Имаше дури и инциденти каде што се пукаа со Азов и Десни Сектор. При што настрадаа и беа убиени преку 20 војници. Имаше уште еден во Харкив, каде што Украинците се тепаа со Пољаците.

    Инаку, Пољаците највеќе страдале од Украинците, од Бандеристите, кои што биле нацисти, и направиле грозоморни убиства врз населението од овие региони. Дури поголеми и од самите нацисти. Бандера сега е славен официјално од самата влада на Зеленски, и од нацистичките одреди и батаљони како Азов, Десни Сектор кои се дел од Украинската армија и носат нацистички симболи на униформите.

    Затоа од душа ги мразат Пољаците, и сонуваат за Лвов како ние за Солун.
    Не за џабе испратија толкава војска во Украина. Само чекаат ситуација да си го вратат делот. :)
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    @Billy Idol се тоа знам, ама тоа е исто како моево што навивам Русија да се распадне на 10 држави. Што би било кога би било. Па и Албанија бе ќе земела дел. Абе, народов е бог да чува. Не можам да останам рамнодушна на слики на мајка со скинати нозе, едно дете со една нога, а другото без повреди. Како да го оправдам тоа? Како? Како да кажам дека мојата повисока сметка за струја е побитна од нивните повреди за кои нема лек и спас веќе. И Украинците не ги кријат своите жртви за разлика од Русија. Секој ден објавуваат по една жртва, од цивили нели, име, презиме, град, занимање, возраст. Вчера имаа за еден спортист кревач на тегови дека загинал. Не бегаат, се борат. Вчера видов фотка исто од дечко од Харков, мајка му ја убиле, а тој без шаката. Лелел. Како може ова да е нормално некому?

    Украинците му направиле песна на Зеленски. Нема шанси да ја најдам, да ја постирам тука, затоа што беше дел од некој сплет на песни, па на пола песна слушам „Зеленски“, па нешто „москаљ“, веројатно мислат московјани така нешто. Ја барам да ја чујам по втор пат, дали ќе разберам нешто, ама не успеав.
     
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Според податоците од Светска банка, Русија во 2019 година била на 11 место за во 2022 година да биде на 9-то место на најголеми и најразвиени економии. Пропаганда вели едно, реални статистички податоци велат друго.
     
    На Mnik, Billy Idol и Аргентина * им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Не е баш така за Украина. Од земја со 40 милиони, сега дали има 25 милиони. Имаше статистика од градови каде што машкото работоспособно население е 90% регрутирано. Колку од нив ќе се вратат живи, а колку цели, без физички повреди е прашање. Да не зборуваме за психички проблеми...

    Имаат огромен пад на наталитет, беа во минус и пред војната, ама сега им е десеткувано населението. И тоа тек е ова прва година. Што ќе биде следната? Или можеби и после таа? Па Украина и да капитулира, ќе биде мртва држава после ова.
    А таква држава без население е осудена на пропаст.

    Имаат преку 400 000 жртви до сега од војната (убиени, и ранети кои не можат повеќе да војуваат), а колку има уште цивилни жртви? Колку има и сокриени затоа што ги водат како исчезнати? Фон Дер Лајен и се испушти пред еден месец дека има преку 100 000 починати во војната.
    Па овие бројки се колку еден град како Скопје.
    Катастрофа.

    И сето тоа можеше да биде спречено уште после првите две недели кога преговараа. Руските услови беа многу помали од сега, бараа само да не влезат во НАТО, да се неутрални, да се демилизираат, и да добијат ДНР и ЛНР автономен статус во Украина.

    Сега барањата им се многу поголеми. Буквално им одземаа четири региони. Им ја уништија цела електрична мрежа, немаат вода, немаат храна, немаат ништо. Оставено е населението само на -15 степени температура.
    До кога ќе оди Зеленски? До Март? Април?

    Никому не му е гајле за луѓето таму. На Бајден ич, на Зеленски уште помалку. Ги праќаат на фронт каде масовно гинат. Изгледа тоа што Американците рекоа дека се спремни да се борат до последниот Украинец ќе стане вистина.

    Ние веќе имаме тука акции каде што може да донираш материјални средства, како и пари, преку трансакциска сметка или телефонски број. Го споделив јас уште лани, на почетокот. Го имаш видено, знам. Па, ако сакаш, може да донираш.

    Може и да се пријавиш, и заминеш за Украина каде што ќе можеш да му помогнеш на населението. А сега можеш директно и како платен војник да одиш на фронт. Примаат веќе и жени. Ќе испраќаат сега 40 000 регрутирани жени на фронт, добија униформи за нив. :)
     
    На Fraxinus и sonuvana им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    @Billy Idol бројот за донации мислам дека не ни функционира, тоа беше месец дена или како беше. Не сум го видела ни тогаш, отпосле дознав, ама тој беше тогаш. Не верувам да функционира, ќе проверам. А Русија ќе биде ли сега пресреќна со 200.000 православни во минус, и со полн двор со муслимани, џихадисти како Кадиров, со 15 деца од кои едно починало, значи има 14 живи. До кога Русија би терала со Русинки кои раѓаат по едно дете, а имаш во свој двор население кое раѓа по 6-7 деца без проблем и кое со Русите нема ништо, никаква врска. Тоа население еднаш се тепаше со нив за независност. Нели гледате дека Кадиров се истрчува пред Путин да кажува како и што треба. До кога тоа ќе трае, ако не му исполнуваат желби?

    Мислам дека не е до Зеленски, народот не сака компромис. Ако се сложи на нешто, било што, ќе го убијат. Народот се бори, да сакаше ќе се предадеше досега и војната ќе завршеше.

    Абе не ме зезај со платена војска, ти немаш служено војска, а јас едино знам мина да препознам, тоа што не учеа по ОНО, а и немој така, да ми даваат по неколку илјади долари кај ќе ги потрошам. Шала настрана, јас не ни верувам дека на тие платеници некој им дава пари, едноставно ги сметам за фанатици кои одат од земја на земја и војуваат на секакви страни. A и ќе дознам кај даваат пари за пишување постови по форуми, и збогум сиромаштијо, каква војска.

    Туку, какви времиња идат, не е лошо човек да знае да ракува со оружје. Еве имам познаник, има со дозвола три пиштоли и знае да ракува. Тоа е некоја каква таква сигурност.
     
    Последна измена: 10 јануари 2023
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Блазе си им. Кој градежник отиде во Русија, со жена се врати. Доаѓаат и во села каде вода се црпе од бунари со кофа, штом ќе ја прочитаат веста, сега веднаш назад во Русија ќе се вратат. Каква експанзија. Буржоазија од невиден ранг, затоа децата на руската елита се по Европа. Не ми е јасно кај ја гледате тоа дека Русија била или во иднина ќе биде успешна приказна.

    еве ти уште една проганда

    https://www.dw.com/mk/русија-не-е-место-за-младите-луѓе/a-48349330

    На форум еден куп има што пишуваат од Германија, Италија, Швајцарија и други земји, ама ниту еден од Русија. А да ве потсетам дека имаме и јавни личности, кои се пола Руси, еден родител им е Русин и замисли живеат во Македонија.

    За економијата на Русија, имаше нобеловец опширен текст дека се многу далеку зад Кина, дали 30 години, така нешто. Ама што да правиш, кога Нобеловци лажат.

    Украина ќе страда, но како и да заврши војната, место за Руси ќе нема веројатно, ќе расчистат со тој проблем трајно. Ако Русија ги задржи тие територии, нема што да обновуваат, тоа е туѓо веќе, туѓа земја. Ако Украина сепак дојде до пирова победа, Русија ќе биде притисната да ги плати штетите, а тие се огромни, и ако остане под санкции, за тоа пари ќе има. Друго, се поизвесно е дека ќе има некаков Трибунал за воени злосторства. Над 120.000 Руси имаш само во Србија. Ако останат таму тајно, тоа ти се барем 50.000 деца минус. И не се само таму, избегаа и по други земји. Што ќе прави Русија без доволно Руси, а со Чеченци, Дагестанци, Туркмени кои доживуваат демографски процут. Дури ми падна на памет дека како се фанатизираа Украинците, и ако ова трае, ништо чудно да направат атентат на некоја клучна фигура и тоа на руска територија. Ако можеа на Дугина, сигурно можат и на некој друг.
     
    Последна измена: 10 јануари 2023