Не знам како се 200 000 минус, официјално Украина се произнесе со 40 000 руски загуби, а реалноста е сигурно и помала. Плус, се тоа што војува се платеници, затвореници и резервисти. Немаат ниту испратено официјална војска. А, и најголемиот број од загубите ги трпат ДНР и ЛНР. Греота за тие луѓе. Русија годинава само од Украина прими 3 милиони бегалци. А, тоа што имаат негативен природен прираст, и што им избега население, тоа треба они да си го адресираат. Ама цела Европа е во негатива со население, а секаде муслиманите растат. Русија не е исклучок од тоа. Нејќат да војуваат. Насилно ги регрутираат, и ако дезертираат, ги убиваат. Ете вчера имаше една чета се повлече од Соледар, ја стрелаа. Ама тоа е така во секоја војна. И Русите не сакаат да војуваат. Кој би сакал да оди и да гине за туѓи интереси. Животот секому му е битен. Платеници има и од двете страни. Ама повеќе од Украина. А дека се платени дебело, се. Имаше и наши, кои одеа во Авганистан и Ирак. Пола град ви беше таму. Вие знаете повеќе со колку кеш се вратија.
@Billy Idol Урсула кажа околу 100.000 украиски војници, ама потоа официјално украинските власти кажаа дека загинале 93.000 украински војници. Е сега, тоа беше пред Нова година, ама бројката секој ден си расте. На тоа додај над 6.000 убиени цивили и оваа бројка секој ден расте, плус меѓународни организации кажаа има 15.000 исчезнати. Не верувам дека ги кријат, туку во војна е многу тешко да утврдиш колку народ имаш, кој избегал, кој е жив, кој се вратил, кој е во некоја масовна гробница итн. Ајде нека е како е едно Скопје потепано во Украина, Украинци и други националности. Украина тврди дека убила над 100.000 руски војници. Море и повеќе кажаа деновиве, и еве не верувам дека е точно, сигурно е филувано. Русите кои заминаа во Русија, прашање е дали воопшто ќе се вратат назад, зависно чии ќе бидат тие територии. Што ли ќе биде со скоро 3 милиони Украинци кои си живеат во Русија? Ако осетат нелагодност, омраза, тензии и тие ќе фатат пат за дома во Украина, дури и да е помала, прекроена итн. Стопати подобро ќе беше да си седеа мирни, да не почнуваа војна затоа што се браќа. Кога ќе заврши војната по година дена ќе биде појасно кој е помал губитник. Губитници сме сите и тие две земји. И не може една земја да биде успешна приказна ако е изолирана од цивилизиран свет. За платениците не знам, чудно ми е. Дали некој им дава пари воопшто? Ако загине кој кому ќе исплати пари? Добар дел ќе загинат.
Не 200.000 загинати Руси, туку во најоптимистично сценарио на двете страни имаме најмалку 200.000 мртви православци, Руси и Украинци. Најмалку. Што добива Русија од тоа? И да збрише милион Украинци, што ќе добие Русинот од тоа? Пред да почне војната во Украина, Чеченци и Дагестанци спремаа терористички напади низ Русија, ама беа откриени и приведени. Тие сега се со Русите, утре ќе викаат Алаху акбер и ќе убиваат неверници, тоест Русите за нив се неверници. Која е поената да си ги убиваш браќата за да утре децата ти страдаат од разно разни племиња? Ова е голем пораз за православниот свет.
Замисли љубоморна сум зошто Украина победи на Евровизија. А демек ако се помочам на слика на Заев нешто ќе ми смени во животот? Кои муабети ги правиш, чудо
Тоа не се однесува на тебе, општо зборам. Не знам дали ти си пишувала, ама многу пишуваа, па зошто, па зошто победиле. Колку хејт за една небитна победа на Евровизија каде и онака одамна нема фер победа. Нема да решиш ништо. Ама Заев или некој македонски политичар не нападнаа соседна земја да убиваат бебиња од 2 дена. Плус Русинките не живеат во Русија, па затоа и урнираа врз сликата, а да беа во Русија немаше да прават така.
Да го измочаа Зеленски, еее тука, фермани ќе имаше, ама тоа што Русинки, јавни личности ( не се невоспитани и прости, туку праќаат порака до светот дека Путин е убиец) е небитно. Демек што дека, неколку Русинки. Да, неколку Русинки со светска слава. Јадни, не прочитале каков економски процут има дури сега во Русија, кога се под санкции и кога милијарди и милидијарди долари богатите си повлекоа од банките, еее да знаат, ќе се вратат и нозе ќе му бакнат на царот. Неколку Русинки. Небаре некои мутави таму во село правеле глупости. Тоа со гума не се брише, си стои спотот, а ова е редок пример лидер ваква „чест“ да му се укаже од свој народ. Да, сме живи, ќе видиме дури што ќе биде за некој месец.
Да, дека ако некој е од село и по дифолт нели мутав е,нема шанси образован да е, селски мутавици па ти и да се помоча на некоја слика, небитно е за светов, е ама овие познативе ду***ци, ееее чекај они ја отсликуваат цела руска нација. Леле дај жити се аман ти се молам. Ако е така и тебе можеме да те сметаме за мутава од некоја Кумановска провинција, ко што прочитав пред некој ден. Како етикетираш вака незнам.
Ти како тоа го минимираше мислиш секој ден и секаде унинираат врз слики на политичари и тоа е најнормално. Девојките ќе имаат милионски прегледи, пратија порака, а некој анонимус може да си прави што сака, тоа нема да допре до никој. Тоа е таа разлика. Да, русофилот ме навреди дека сум живеела во село без пат, што секако не е вистина. Кај се видело село без пат во Македонија? Во кое село без пат има луѓе, па уште и интернет да имаат, па и на фемина да пишуваат. Овде се што ќе пишеш се злоупотребува. Имам парцели од баби и дедоци, имам кории, ама не и село без пат.
Не се секирај и ја сум во мала општина. Ти навреди, ја те израмнив со тие што ги вреѓаш. А јас нигде не спомнав пат или незнам што.
Путин кога ќе дознае дека таму некоја небитна Русинка му мочала на сликата ќе се самоупокои, Русија ќе се распадне на 150 државички, а Америте ќе ги добијат сите ресурси, бесплатно. И конечно ќе владее мир во светот.
Ти си од Тетово веројатно. Не ти, ден друг член, машко ми рече сум била од село без пат. Ахххахаа. Чудни е на форум или си од село без пар, комуњар или нешто трето. Абе не мислам јас ништо лошо, ниту па се лутам, туку ја размрдувам темава, да видам дали симпатиите кон Путин го пуштаат ( мала шала). Поздрав.
Ако де. Сега одам на спиење, па ќе опипам пулс по некој ден. Ахахахах. Абе како ја фалат Русија и Путин, така ни роден брат не фалат. Хахааха. Гледам јас, ти како неутрална беше сега вртиш накај Путин. Хаахахах. Штета изгубив еден неутралец.
Не мешај работи што не се мешаат. Дали е буржоазија што се збогатила, каде се децата на таа буржоазија или слични неповрзани работи што почна да ги набројуваш во продолжение - не е темата на муабет. Одговорот беше на цитираново: На што ти одговорив со статистички податоци извадени од Светска банка. Не цитирав таму како е затоа што ниту јас знам, ниту пак ти знаеш реално (како и во секое место) само што сега до толку повеќе затоа што се врши цензура, не само тие самите туку и од страна, а резултатот на тоа е неточни информации поттикнати од пропаганда. Колку е тоа пропаганда можеше да забележиш од Дали има потреба да нагласам дека ова е тотално лицемерно знаејќи дека САД се оние кои војуваат на други места ама некако слабо се слуша за тоа? Тоа е таа пропаганда, а не само оваа од погоре за „руско влијание“. Сепак, за муабетот од погоре е во прашање статистика, а не мое мислење. Можам да кажам дека не им верувам на Светска банка и оние кои ги вадат овие статистички податоци, ама тие најмалку имаат корист од лажирање на податоците (нели сите се против нив, зошто би ги искачиле на погорно место). За мене единствено јасно е дека губат и тие и тие на место кое што никогаш нема да се обнови - човечки животи. Сите статистики после тоа се апсолутно безвредни.
https://fokus.mk/smena-vo-komandata...andant-surovikin-degradiran-vo-negov-zamenik/ Како победуваат кога цело време смени прават? Слушаш на вести за Бахмут, мислиш за Париз се работи, отвораш на интернет, навистина како што рече @malerozna, како Пехчево, град со максимум 5.000 жители. Што сила ќе беше бе, што супер сила ќе беше со месеци се тепа за град што не е ни град, туку е гратче. Да ми кажеше некој дека Украинци ќе заробуваат Руси и ќе ги тераат да ја пеат украинската химна, да ги понижуваат и исмеваат, снимаат, ќе речев „луд си, нема шанси“, ама ете се случува.
Светска банка не лаже во никој случај. Туку Евростат, Светска банка и слични, си земаат податоци од нашиве институции и врз нивна база прават проекции. Ние до вчера сметавме стапка на невработеност на основа на податоци од попис 2002 година, значи на бајати податоци сметавме. Илјадници имаме што не се под биро, значи со тоа доаѓа до искривување на бројките, имаме работа на црно итн. Ова како пример дека ако ние реално, прецизно и точно не пресметаме економски параметар, како тие би ни пресметале? А и реално мене не ми прави разлика дали годинава ќе имаме раст од 2 или 4%, не ја чувствувам таа разлика како поединец. Така ти е и со Русија и со други земји. Еве јас постирав дека Украина имала 2% сиромаштија пред војната. Како? И мене не ми е јасно, ама податокот е тој.
Ја знам дека никој тука не знае воена стратегија многу, ама барем читаш и следиш цело време, додуша од погрешни извори, затоа и ти се вакви заклучоците далеку од реалноста... Не се работи само за градчето Бахмут од 10 000 жители, туку тоа е цела одбранбена линија која се протега од Северск - Бахмут - Торецк (Њу Јорк) Украина има огромна војска акумулирано на оваа линија која ја брани успешно еве веќе пола година. Со падот на Бахмут, паѓа цела таа одбранбена линија и ќе мора УА да се повлече на последната Славјанск - Краматорск која ќе биде разбиена многу побрзо и ќе падне цел Донбас. Па така, иако Бахмут е мало место, е од огромна стратешка важност, и ако се изгуби, толку од војната за Донбас, Украина ја губи. Инаку Бахмут е веќе готова приказна. Опколен е градот и само прашање на време е кога ќе падне. Еве денес падна Соледар (уште едно мало градче северно од Бахмут), каде што има огромни рудници за сол. Украинците не се повлекоа на време и беа опкружени преку 700 војници. Снимките од интернет се страшни и ужасни. Има преку 500 убиени само денес. И сето тоа е завземено од страна на затворениците од Вагнер, ЛНР и ДНР. Руската армија не се ни бори. Каков дебакл е ова за НАТО војска, тренирана од НАТО експерти, со бивши американски и британски платеници, со полски бригади, со најсофистицирано Нато оружје, Авакси, Химарси, Џавелини, да губи од затвореници и луѓе од Донбас. What Is Ukraine Hiding in the Bakhmut Salt Mines? "And the icing on the cake is the system of Soledar and Bakhmut mines, actually a network of underground cities. In which there is not only a cluster of people at a depth of 80-100 meters, but also tanks and infantry fighting vehicles move. And stockpiles of weapons have been stored since the First World War"
Која е логиката една година да се тепаш со 20 пати послаб противник и да не го победиш, а за тоа време да изедеш 9 тури санкции? Да победеа прв ден, досега договор ќе имаше, санкции веројатно немаше да има воопшто за Русија. Украина и Русија ќе се договореа, Украина ќе беше поразена, санкции веројатно ќе немаше. Замислете да воведат санкции на Македонија и да речат од утре нема извоз во земји со ЕУ, ќе тргувате само со Косово и Србија. Замислете 3 пати да ни падне валутата за 9 месеци? Замислете да ни заминат 1.000 најбогати луѓе од земјава, да повлечат милиони од банките и со тоа да го осиромашат банкарскиот систем? Ем ќе го немаме „кремот“, ќе си отидат најбогатите и најпаметните, тие што генерираат нешто корисно во заедницата, ем ќе немаме луѓе физички, од нивното заминување губиме даноци во буџет, а од нивните преселени фирми ќе губиме нови работни места. Ај вие што се информирате од точни извори, тоа со заштедите на Русите во Русија дека ги претвориле во воени резерви, точно е или е лажна вест? Баш ме интересира? Ако е точно, што држава е таа што за воени цели буричка по приватни џебови кога веќе нема гајле од никакви санкции? Урнатото во Украина нема да го гради самата Украина, како што ни Босна не ја градеа Босанците. Се е изградено од странски пари. Денес не гледам дека пријателите и колеги од Босна спијат во шупи или јадат камења, на исто ниво се горе долу како мене, иако кај нив се војуваше 3.5 години. Ние зборуваме 500 убиени, 400 убиени, ама заборавме дека Украинците се нација од 50 милиони. Жална е секоја загуба, но тој народ во името на целта, а тоа е конечно да се извлечат од руско моручиште и да бидат свои на своето, можат да изгубат и неколку милиони ако треба за победа. Читавте ли дека Чеченците и Дагестанците почнале да доаѓаат во Босна? Ем зборите за НАТО војска, ем Украинци гинеле. Решете се кој гине Украинци или НАТО војници, странци? Авганистанските командости кај се на страна на Русија? Нели ќе ги плаќаат по неколку илјади долари? Или пари снемаа?