Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Аман човек, уште ти остана што зборуваш за санкции. Ај ако лани не се знаеше и тука секакви економисти и експерти предвидуваа пад на руската економија и рубљата, бар денес е очигледно дека баш спротивното се случи, и рубљата никогаш не била подобра. 3 места скокнаа на економската листа. Ти ставија веќе податоци.


    Наместо да ги изолираат нив, Европа се изолираше сама себе. Па инфлација и рецесија огромни. Економски пад невиден од 2СВ. Харикири си направивме.

    Единствено некој што буричкаше по приватни средства беше западот каде запленуваше имоти на руските олигарси. Тоа беше доволен доказ за сите држави да не си ги чуваат парите на Запад, па почнаа да си ги повлекуваат во своите земји. Уште едно Харикири.

    Да, Украина ќе ја гради некој друг, ама тоа најверојатно ќе биде Русија, а не западот. :)
     
    На Fraxinus, Amellie13, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Нека ја земе бе @Billy Idol што чека, еве пола Украина нека ја земе, нема јас да ги спречам. Не Донбас, пола Украина нека ја земе и нека ја гради. Што ќе и е? Русија има доволно земја и сега и што со тоа? Еве утре нека земат се до Киев? Мислиш ќе изградат тоа што урнаа? Сега, сега, сега, се нешто паѓа и никако да падне. Така е цела година. Ако има некаква НАТО војска во Украина нека ја суредат, ама нема, на сите ви е јасно. Тие што си гинат си се Украинци. Утре Украина и пола територија да изгуби и 20 милиони да има население, бар се бореле да не бидат робови на повик, на батерии како нас. Русија нема да испере крвави раце за 100 години. Ретко се наоѓаат варвари во 2022 и 2023 да гаѓаат родилишта, да убиваат бебиња. Перење нема од тоа.

    Ма не пола, еве и 3/4 нека зема Русија од Украина и нека гради. Јакиот градител. Пиши пропало на таа држава каде 2-3 зборуваат за економија, дипломатија, санкции, воени стратегии, надворешна политика итн. Има ли гувернер Русија, министер за финансии, економија нешто? Газпром директор некој има ли? Кај нас да се појавеа провокативни фотки како тие на Захарова, кога ќе се дигнеше фама по социјални мрежи, ќе ја разрешеа, ама само во Русија е нормално до гроб да се биде на власт и никому ништо. Јака држава, нема што. Нема народ и држава која не им се исплука на потезите и варварството. Дури и една мала и сиромашна Ерменија што зависи од нив, и гарантираат мир со Азербејџан демек, ги одби за воени вежби.
     
    Последна измена: 11 јануари 2023
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    78.123
    Пол:
    Женски
    Русите префрлаат војска во Белорусија, планираат пак да го отворат Киевскиот фронт. Обид 2.0 (facepalm)
    Минатиот пат за 3 дена требаше Киев да падне, а сега валда за 3 саати :^)
    Од Јуни наваму, тешко им иде напредокот на руснаците :puke:
    Ајде во Киев уште во април ги пеплосаа, особено фамозната колона со возила, од кои што остана само троа железо и пепел.
    Харкив го изгубија уште неосвоен, Херсон таман го прогласија за РФ територија, мудро се повлекоа. Оти нели тие победуваат и кога... губат. Ама ако не си ги приберат жртвите од украинските ниви и нема да дадат по една лада на фамилиите, туку фино лепо ги прогласуваат за дезертери :inlove:
    Така ни пензии нема да земаат децата. Секако никој не смее да писне, оти се лега затвор за дискредитација на великата руска армија.

    Украинците се спремаат за офанзива, русите и тие. Западот нормално дека се знае, сега ќе праќаат леопарди, бредлија, какви ли ти не чудовишта.
    Досега оружјето што им го даваа беше старо и со мал дострел. Освен химарсот. А тој богами и се покажа како ептен прецизен :inlove:
    Полн погодок на самиот влез на 23та, ги стопија неколку стотици вагнерчиња, кои заседнале во салата да го гледаат великиот Путин :party:
    И околу 15ти декември 80тина "руски цивили" кои пошле во Украина да копаат ровови за 7000 рубљи дневница. Нели многу убаво се живееше во Русија, си оставиле златни платени работи, пошле во Украина во воена зона да печалат (facepalm)
    Па зарем Вагнеровци и сепаратистите не се руси? Не се борат 9та година со руско оружје?
    Не го симнаа авионот 2015та со бук пренесен од Русија?
    Пиргожин уште синоќа изјави дека Соледар паднал, а цел ден чекаме слики за потврда. А тие слики никако да стигнат. Во меѓувреме, им падна генералот, сега е само асистент.
    А Бахмут никако да падне.
    Ги држат таму со месеци, дури ги спремаат другите територии за офанзива.
    Го победиле Нато (facepalm)
    Дури не влезе руска пешадија во Вашингтон, никој не победиле.

    Ето и Казахстан им откажа послушност. Нели се фалеше еден генерал пред новата дека и нив ќе ги нападнале да ги денацифицираат...
    Кина си седи мудро, да не шета модро :emo:

    Се на се, ги држат на една рамна линија, ни победуваат, ни пак губат руснаците. Само ги трошат.
    За новата им кажаа, животот е преценет и вреди да се умре за Путин.
    Ги спремаат за нова мобилизација за некоја недела.
    Пак ќе има пиштење, вриштење ...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.736
    Сите ќе ја градиме Украина, само уште малку да се доуништи. Договорите течат, со малку кошкање, лево, десно, кој да ,,помогне,, со градбата повеќе:cash:. И јас може ќе ја градев, да имав сенс за бизнис и позиција во висока политика, ама јбг нече среча поштеног човека, ќе седам затоа овде, и ќе читам статистички какви ми се шансите да добијам на лото
     
    На NoirSerpentine и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.984
    Пол:
    Машки
    Шанса за градење ќе немаме, ама затоа сметката ќе им ја подмириме. :)
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Ама сериозна сум луѓе. Босна по 3.5 години е изградена со странски пари. Во квадрати колку е Донбас? Поголем или помал од Босна? Босна за 3.5 години беше пепел, па ете ја постои на карта и функционира. И таму се оди на работа и леб се јаде и народ живее. Утре на тацна да ја подарат Украина на Русија, Русија не ни може да ја изгради, затоа што во огромната Русија како што убаво си пишува во многу стории, само неколку градови вистински функционираат и поседуваат добра патна инфраструктура. Ќе продадат гас на Индијци, ќе се обогатат и демек ќе градат. Реални шанси нема. И да споредиме која поддршка ја имаше тогаш Босна, а колку поголема денес има Украина. Денес предлогот на Славјанка да праќа војници воопшто не ми е смешен, ако многумина се смееја. Ако ова потрае, ако продолжат Русите да се закануваат де Франција ќе ја немало, де Британија ќе ја немало, на крај не би ме чудело странски земји да пратат војска (тајно не мора јавно) и да се оконча војната. Штом досега не ја оставија Украина, нема ни сега ( ова на големо жалење на русофилите, а што убаво ќе беше Зеленски да избегаше уште првиот ден, како што кажаа Русите, таман победа). Па нели Русите објавија Зеленски избегал, и дека снимката од Киев со Подољак, Шмигал е монтажа, ама ете една година помина и човекот си е уште во Киев. Па колку оружје испроси Зеленски, еехххе. Путин е цел век во политика. Кај се неговите контакти, што не испреговара да нема санкции?

    П.С. Македонски јавни личности имаат бришано објави во кои ја правдаат руската агресија во Украина. Знаете зошто? Затоа што веќе има предмети во Обвинителство и гонат луѓе кои правдаат воена агресија, кривично дело е тоа. Мислам дека беа 20 за кои има постапка.
     
    Последна измена: 11 јануари 2023
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Муабетот за „До последниот Украинец“ го кажуваат припадници на малата македонска нација која најмалку 5 века била под турско, потоа под други окупации, па војна во 2001, па иселувања, намален наталитет, своеволно менување на националност за земање на туѓ пасош и рамковни вработувања, ама еве пак сме далеку од „Последен Македонец“ ( скраја да е), а за 50 милионски народ какви црни прогнози давате. Народ не се уништува така лесно, нас тоа треба да ни е јасно, затоа што долг пат сме поминале. А бидејќи терор сме поминале треба да не правдаме војни, затоа што е 2023 година, можеш да живееш и работиш и во странство, не мораш да „заземаш“ туѓи градови и да раселуваш домицилно население, затоа што тоа е крајно примитивно, неправедно и заостанато.
     
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Вистина е ова? Дај линк. Каква слобода на говор и мислење, интересно...
     
    На Fraxinus, NoirSerpentine, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    овие уште ли се колат?
    два грама памет немаат. У февруари, година дена како трае ова... нема смисла веќе
    сеа првично гледам од мој ПОВ. Не ми се живее у оваа скапотија ради два-тројца ретарди.
     
    На Fraxinus и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.736
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
  12. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    На Fraxinus и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Нели примети по фб дека некои ликови баталија да навиваат за Путин, како тоа ќе згазел се, светот ќе го рокнел итн. Нели виде дека други им пишуваат „ејј, кај ти се објавите за тоа и тоа, не пишуваш веќе а?“. Јас кај една јавна личност видов дека нема ништо веќе на таа тема, ама ништо. Сфатив дека се исплашила конкретната личност од гонење. Не велам дека има пријава за тоа лице ( од кај би знаела јас), но има веќе пријави во полиција. За друга јавна личност која не ја ни следам слушнав ја правдала војната, па откако сите ја нападнаа, ретерирала и бришела статуси. Имаше навистина гадни коментари, прегадни од обични анонимуси каде повикуваат на злостворства и тоа е казниво. Речникот овде на фемина е класа за тоа што ќе видиш по социјални мрежи, смајлиња под постови за загинати, секакви коментари.

    Ај сетете се дека кога почна војната имаше јавни личности што ја поддржаа. Дури и тука имаше некој на почетокот пишано да се засрамат тие јавни личности што поддржуваат војни.

    Полицијата претходно информираше дека одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик. Пријави веќе има.

    „До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се пристигнати 25 пријави во врска со оваа тема, од кои за 2 пријави се испратени известувања до надлежното ОЈО Скопје со цел добивање на насоки за понатамошно постапување“, одговараат од МВР.

    Јас да сум Украинка која живее во Македонија на пример, хипотетички, и некој да ми пишува „Ако ви е, што си баравте тоа си добивте“, би го пријавила. А имаше и вакви случаи.

    https://zoom.mk/zdruzhenie-na-ukrai...ri-za-vestite-povrzani-so-vojnata-vo-ukraina/

    Како сакаш врти ја работата. Македонската некултура е феномен кој треба да се истражи. Не видов ниту еден Европјанин или друг странец да користи таков речник, а имам пријатели на ФБ од Ерменија до Турција, Италија, Франција и каде не. Дури и Украинците што се директно погодени не користат грди збориви како Македонците. За срамота во секој случај.
     
    Последна измена: 12 јануари 2023
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Погоре пиша дека имало 20 обвинети, па мислев дека е званично.
    Како и да е,овде на форумов омраза само кон Руси постои, многу гадни коментари се изначитав.
    Се прашувам дали некоја затекната Русинка која живее во Македонија има право да тужи за говор на омраза?
    Лично мислам дека луѓето се уморија од војнава,секаде во светот, поради тоа и нема толку објави.
     
    На Fraxinus, NoirSerpentine, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140

    25 пријави, 2 во обвинителство. Не знаеш што се се изначитав по фб. Коса ми се крена. Едно е да кажеш „имам отпор кон Русите, да беа праведни немаше да дозволат војна“, а друго е испод вест за силувано дете да пишуваш смајлиња, да се исмеваш, да пишуваш дека војната е ок, дека ќе видат кој е Путин итн. А такви коментари имаше многу. Да не се правда агресија, а Русија моментално прави агресија на Украина, не обратно. Не смее да се негира Буча, Сребреница итн. Најтешките зборови паднаа на почетокот на војната. Првите месец дена.


    Еве ти казна за говор на омраза

    https://360stepeni.mk/uslovna-kazna...o-omraza-napishan-na-fejsbuk-stranata-na-znm/

    https://znm.org.mk/toni-mihajlovski-kaznet-so-tri-meseczi/
     
    Последна измена: 12 јануари 2023
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Кај пишува ова?
    Јасно е дека говор на омраза и одобрување на воени злосторства може да биде санкционирано.
    Треба да важи за секоја жртва.

    На форумов смајлиња,исмевање и ситење видовме само кон руски жртви.
     
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Јас смајлиња не ни користам воопшто. Имаше наведено некаде дека како што Сребреница не смее да се негира, така не смее ни Буча. Злосторства над цивилно население, геноцид, така пишуваше.
     
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Не ни мислев на тебе во врска со смајлиња.
    Твојот стил е емотивен :D
    Но, има цинични,злобни и острастени....како и да е,се надевам дека ќе се обидеш барем малку објективна да бидеш.

    Геноцид треба да се докаже прво.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140