SITE mediumi pa ti, koi mediumi Ete i Buljash otide vo UA i go osudi napadot megju drugoto Izvor ne gledam Kade?
Медиуми што шират пропаганда? Нели ги научивте, една година помина. Имаш горе официјален став од највисок претставник на украинскиот претседател. Ама шо знае он, Османи знае. Повели извор, уште вчера го поставив.
А од кај би знел колумнистов Арестович Ти лапаш руска пропаганда, а и не само ти и тука ја ширите, русите брзо ја пренесоа оваа вест, зошто им одеше во прилог и нормално се фативте здраво за готово само да ги одбраните,ете не биле криви русите кмее. Но одговор на командантот на воздухопловните сили, е дека немаат оружје кое може да собори проектили КХ-22 https://www.pravda.com.ua/news/2023/01/15/7384898/
Беше прв советник на Зеленски, во владата на Зеленски. Бар, до денес, кога "си даде" оставка баш поради оваа изјава: Цело време им рушат КХ-22, посебно сега со Патриот системите. Најстари се овие ракети во рускиот арсенал, не се ништо посебно. Не е работата што ја пренесоа русите, туку што не ја пренесе западот. Па сега види кој шири пропаганда. А, и како може руска пропаганда да доаѓа од вториот човек на Украина? Да не сакаш да кажеш дека Арестович е руски шпион сега?
Другарот ми кажа....Муабет како за на форум. Другарот да се појавел со име и презиме, која функција врши во армијата е веќе друго.
Ти си крив Џони, ниеден западен медиум не знаеше кој е Арестович и што кажал, и сега ради тебе сите го пишуваат дека си дал оставка. Значи сива еминенција си...и...боговите паднале на теме
Како бе човек Арестович не го знаете? Па он е целиот мозок позади украинската влада. Мислиш Зеленски носи одлуки, планови? Не. Он е кукла само. Се е/беше на Арестович и на генералот Залужни кога се во прашање воени планови. Секако, под команда на НАТО. Уште 2019 јавно излезе со планот и што се спрема. Уште лани дискутиравме за него.
ВИДЕО: Украинскиот министер за внатрешни работи загина во хеликоптерска несреќа Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко. "Ministry of Internal Affairs of Ukraine named equipment malfunction, violation of security rules and sabotage among the possible causes of the helicopter crash in Brovary" Причина за несреќата е можна саботажа. Жално за децата
Не знам од кога е веста , но неодамна ми излезе некој short од Хрватица , која веќе години наназад живее во Швајцарија , каде моментално има многу Украинци . Жената вели , цитирам : " Швајцарското министерство одлучи да им ги укине парите за помош кои до сега им ги исплаќаше на Украинските бегалци , кои живеат тука од летово . Наместо тоа , им предложува да ги продадат скапите беемвиња и да живеат од тие пари , додека не се снајдат со работа . Реакцијата на Украинците е следна - ние не ги продаваме беемвињата , наместо тоа ќе се вратиме во Украина " . Жената се запрашува , каква е таа војна , кога помил ти е автомобилот од животот ? Нели Русите ги тероризираа , ги убиваа и ги малтретираа ? Не велам дека не е така , но ако ова што е кажано на краткото видео , е точно , и мене ме тера да се запрашам .. Како е навистина на фронтот ? Ова е пред се медиумска војна по се изгледа . Се ракетираат објекти , некои несреќни цивили што останале бидејќи немале друг избор и на големо се шират лажни информации од сите , ама буквално ОД СИТЕ страни . Како од завојуваните , така и од другите медиуми .
Ислушајте. Велат дека 60 до 70% од луѓето во Харков не се заминати никаде, седат иако градот цело време го гранатираат. @CrazyGirl15 тие ако се бизнисмени, од каде би имале БМВ? Во Македонија имаше приказни за бегалци кои избегале со една торба. Немаа ни облека да се пресоблечат. Ако имаат БМВ, тие не се обични луѓе, тоа се богаташи. Со пари е лесно, кај сакаш ќе одиш, што сакаш ќе си правиш. А дека ги убиваат, нема сомнеж. Гледав вести вечерва на Канал 5, Сител, нашите новинари биле во Украина со Османи. Е сега, една девојка кажа дека секој ден гледа познати луѓе на некролози.
Српскиот дневен весник „Политика„ ја пренесува скорешната изјава на довчерашниот советник на украинскиот претседател: Бивши саветник Зеленског је признао: Украјина не може да победи
Арестович сега откога си "даде оставка" почна да ги изнесува сите работи за Украина и состојбата таму и колку е катастрофална. Пукна тиквата меѓу него и Зеленски. Најверојатно затоа што гледа дека војната е изгубена и треба да се преговара со Русија за да се задржи она што може да се задржи од Украина. Секако, Зеленски е само папет и тие што не сакаат примирје се Америте, па затоа сега ќе праќаат уште еден пакет оружје. Исто така и генералот Залужни тргна против Зеленски и не се сложува со налудничавите идеи да ја праќа војската да му гине до последен Украинец. Со падот на хеликоптерот за кои излегоа гласини дека е саботажа, а загина цело МВР на Украина, се гледа дека има раскол во врвот на владата. Не изгледа ова добро. Ништо чудно после ова да го ликвидираат и Арестович, а Залужни да го сменат. https://mobile.twitter.com/narrative_hole/status/1616861463888396299?ref_src=twsrc^tfw|twcamp^tweetembed|twterm^1616861463888396299|twgr^|twcon^s1_&ref_url= Едит: @daylight , ме претрка со објавата.
"Украина не може да победи" - општо познато од самиот почеток. Тоа што некои цело време со сила се прават наудрени, или одбиваат да се соочат со реалноста е друго.
Може не може да победи, ама ако се бори до крај, шансите се поголеми да се истошти Русија и Украина секако губи жртви, ама колку територија ќе изгуби е прашање. И Русија има жртви, ама лани кажаа дека имаат 500 загинати војници и толку. Верувате дека останаа на 500 или верувате на украинските бројки за над 101.000 загинати руски војници? И да филуваат Украинците, во најмала рака имаат над 70.000 жртви, затоа мобилизираат и шуто и рогато, па и по Србија собираат луѓе за во Вагнер. Тоест Русија веќе е истоштена и во очите на светот е една смешна и пропадната држава, која цела година се бори со една слаба Украина, која патем проси оружје, а богами и гориво проселе од Бугарија за армиските возила. Една „јака“ Русија ене ја уште се бори за Бахмут и Соледар ( овие не знам дали ги освоија воопшто, патпати кажуваат ги освоиле, па ги демантираат, а тоа се како Пехчево и Кратово). Како сето ова не ви е смешно? Сигурно сте биле во Пехчево и Кратово, па тоа не се градови, тоа се села за голема земја како Украина. И пет години да војуваат, пак ќе бидат многу далеку од тоа „последен Украинец“, тоа е фраза за заплашување. Русите за 100 години нема да го вратат тој половичен кредибилитет кој го имаа пред 24 февруари 2022. Ај вратете се на почетокот што сме пишувале лани. Сите сметавме дека Украина ќе ја остават сите, дека ќе биде скроз сама, арно ама испадна дека само Сирија, Авганистан, С.Кореја се на страна на Русија. За Србија, Донбас е Украина, Крим е Украина. Идете да видите што прават Русите по Србија. Една од нив плете волнени чорапи, и по фб групи им ги нуди на Србите, да земе некој денар. Еее, драги феминки, таа избегала од таа „рајска“ држава со нафта и гас, на која санкции „ништо не и можат“ и дошла јадна по Србија да плете чорапи и да моли по фб да и ги купат. Или ќе војуваш, или ќе одиш в затвор ако одбиеш да војуваш, а ако избегаш, конфискација на имот. Тоа е таа „идила“ од која Македонци паѓаат во несвест. И Казахстан им воведе ограничување на движењето. Последен Украинец? Не говориме за Македонци, Црногорци, Срби и други мали нации.
Германија и САД не сакаат да испраќаат тенкови во Украина. САД го советуваат Киев да чека ново оружје и обука за контраофанзива
Никој нема обврска да праќа тенкови на Украина. Никој не мора ни евро да даде. Ама како што гледам дадоа и многу, многу повеќе отколку што секој од нас очекуваше. Арно ама подобро е сите нешто да ти дадат, отколку секој да ти шутне клоца. На Русија кој не и шутна клоца? Аххх, се разболе пола Македонија во надеж дека веќе нема да и се дава оружје на Украина, дека Украинците ќе се исплашат и откажат, за да Русија конечно победи. Руска победа е нешто како правда во Македонија, никако да стигне. Читав некое село контролирале кај Бахмут, тоа беше последно за напредокот. Село? Веле сила, втора сила во свет освоила некое село? Ама Бахмут бил стратешка цел. Да де, беше Киев, па Харков, па Изјум, па Херсон, па Каховка, сега некое село таму е стратешко. И пази, се борат против трипати помал народ со голи раце, многу битен детаљ во целата приказна.
Нема обврска ама ветуваа постојана помош, не за џабе Зеленски ги моли. Инаку да во право си на толку војска и оружје натуркано од страна Украина не успеа ни главниот град да го одбрани, и сега паѓале хеликоптери со високи луѓе од власта, е паѓале.
Тргнуваш да го освоиш Скопје, а на крај го освојуваш село Мачево. Каде е успехот на Лавров? Сега проверив, има 72 години, а Кулеба е роден во 1981 година. Дипломатија да имаа, немаше да јадат санкции воопшто. Од друга страна, Кулеба кој е дипломат од вчера успеа да ја отвори темата за Глодоморот, да го признаат како геноцид, а Русија ја прогласија за терористичка држава. Кажаа ли западните сили кога ќе ги тргнат санкциите или Русија ќе „цвета“ со Индија и Кина? Читам вчера во Индија плата од 300 долари било премија за школуван кадар. ООоо, дури сега кога ќе почнат да пумпаат пари од Индија, абе Господ да ги види, да позавиди.
Повремено читам што се пишува на Кајгана. Се сложувам со коментарот дека Украинците не сакаат да бидат Србија, не сакаат ни да завршат како Македонија. Дури па и се преценуваат некои таму на Кајгана ние сме биле подобри од Украина. Не дај боже војна да избие овде, за 2 часа ќе се види колку сме сложни. Вие им завидувате на Украинците на слогата, борбеноста и да ве изненадија, сите не изненадија. Украинка избегана од војната, дојде во Скопје, па се шокираше дека во Скопје градските автобуси со денови штрајкуваат. Се врати во Киев, објавува видеа од центарот, си возат градски автобуси иако тие се во војна, а ние не сме. Нашата пропаст да не се продава како „бајка“. Руските порази исто да не се продаваат како победа. Ставот на Украинците е јасен „Да сакаа Русите да ни помогнат, ќе излезеа, ќе блокираа градови, не може Путин сите да ги уапси, ама штом си молчат, ние живееме за денот кога на границата со Русија ќе кренеме ѕид“. Ова е мислење на обични граѓани Украинци.