Кога почна одењето во Авганистан дете бев јас. Не сум баба боже мили, што ме мислите? Moите сограѓани не убиваа луѓе. Работеа во перални, готвеа, чистеа, за пари кои и ден денес го држат градот економски. Еве сега сите земаат отштети од тоа што таму дишеле загаден воздух, и тоа по 200.000 евра плус. И масовно купуваат недвижнини. Пријателка купи стан од 120 квадрати сега брзо од тие пари, американски пари. Немам никакви допирни точки со Авганистанците. Географски ми се далеку, генетски и верски небо и земја, а слушам сега како се оправаат откако заминаа Американците, жени во школо не, по дуќани не, музика не. Сами си вршеа напади со бомби по џамии во петок. Самите се убиваат. Немам време да се занимавам со сите белосветски проблеми за да ги перам руските крвави раце. Пакистан деновиве читам две девојки татковците ги убиле за глупости, во рок од неколку часа. По 1.000 луѓе убивале годишно меѓу себе во одбрана на чест, такви им се законите и тоа е нормално таму. И без војни тие се надвор од цивилизација. Голем дел од нив рокаат бомби по Европа. Немам намера со нив да се занимавам. Немам со нив никаква допирна точка. Авганистан, Иран, Ирак, Либија, Пакистан, не ги сметам за држави.
Ајде сега со баби ќе се расправаме, као топ тема во темава. Европа си ѕвечка со оружје на велико, у Шведској немири здраво, ама бабата е битна. Еве, други брејкинг њуз- русинот и украинката што јас ги знам, уште немаат раскинато и сложно живеат во еден европски град. @Billy Idol што значат 50 тенкови за Украина уствари?
Значи дека повеќе Украина нема тенкови. Пред војната имаше, после Русија, највеќе тенкови. Имаше повеќе од сите ЕУ земји, комбинирано. Потоа, сите советски тенкови од Источна Европа (заклучно со нашите), од Африка и блискиот исток беа пратени во Украина, и повторно уништени. Тоа се веќе две цели армии помоќни, комбинирано од сите ЕУ земји. Советски тенкови останаа уште во Венецуела, Колумбија и Куба. Отиде Бајден на баци рака, ама не му ги дадоа. Кога веќе снема залихи од советски тенкови, сега ќе праќаат Леопард (германски) и Абрамс (американски). До сега обучуваа украинска војска за да може да ги користи. Се зборува дека спремаат армија од нови 50 000 обучени Украинци кои беа пратени на запад + 20 000 платеници. Тоа е респектабилна, нова војска. Што значи дека ќе следи уште по крвав период. 50 тенка сами по себе нема да сменат ништо на фронтот, но нема да остане само на тоа. Ќе има оклопни возила, муниција, а може и авиони. Најбитно е што ќе добијат нова артилерија, која е најбитна во војнава. Со последните германски говори, ова е дефакто веќе е војна помеѓу Русија и НАТО.
Ок, да прашам дали разбирам правилно. Аирлија. Рече Мис Лиз, уште пред да има премиерска отпремнина- оваа војна ќе трае долго. Што се ќе оди јабана, ќе видиме.
Да, да. Ќе трае со години. Ова не е војна за територии, туку војна на истоштување, на англиски: war of attrition. Западот ќе дотура ново оружје, а може и луѓе, онолку, колку да продолжи конфликтот, а да не ескалира Русија. Која страна прво ќе потклекне, таа ќе изгуби. Нешто како Прва Светска војна. Бахмут е новиот Вердан. Што значи дека на крај може да заврши "нерешено" кога ќе се истрошат двете страни, и да се склучи некој нов Мински договор кој само ќе пролонгира до следната војна. Ама далеку сме од тоа. И претходните Минск-и беа потпишани само за да си дадат време. Русија да се спреми да издржи економски санкции. Западот, да ја вооружа и спреми Украина за војна. Си кажа Меркел.
Додека Украинците се спротивставуваат на мобилизацијата и не сакаат да војуваат (што е сосема разбирливо)... ...блиските луѓе на Зеленски кои се на високи позиции ограбуваат и ја напуштаат Украина со големи количини на пари: Ова од пред неколку дена:
Многу ми е жал за сите принудно мобилизирани. Нека ги пуштат луѓето, на нивно место нека ги побараат овие "ратоборни" надвор од Украина што бодрат на интернет.
Чим Украинците неќат да војуваат, тенковите не се стигнати, ете и шанса за Русија за брза победа, а оно ем овие соголени, со празни раце, а Русите ни Бахмут не го зазеле уште. Туку тие авганистанските и ирачките муџахедини што натераа 6 Македонци, кумановци и тетовци без никаква вина, да снимат видеа како последен поздрав до блиските, и потоа ги обезглавија, многу ги жалите, се во функција да се правда руски тероризам. И еден Хрват обезглавија, оти тие се борат против НЕВЕРНИЦИ. МАКЕДОНЦИ дојде време да се борат по форуми за права на ИСИС, Ал Каеда и слични терористички организации, све за Мајчица Росија да е чиста и невина. За војна си требаат воени лица, искусен кадар, а не збирај шуто и рогато. Што ќе ти е? Треба знаење. Тој од видеото се плаши. Ќе изгине за 3 минути на фронт. Прашање и од воените лица колку навистина се спремни.
Техеран? Тоа е во Иран. Навистина е бомбардиран, и тоа во 1988 година ама од страна на Ирак, и не било баш тепих.
Багдат* Моја грешка. Да можат и Техеран би го бомбардирале уште утре, ама не можат. Многу добар говор на хрватскиот претседател
Мене русофили ми прекажуваат приказни за Осамна бин Ладен, Гадафи, Садам Хусеин. Овие биле ок, САД биле лоши. Не дека САД се нешто добри, ама па овие се терористи со тапија, а Македонците толку немаат изговор како да правдаат руски тероризам, па се повикуваат на тоа дека се урнати Авганистан, Сирија, Ирак, „прекрасни“ држави каде ден денес се нормални егзекуции, каменувања, камшикувања. Сега ќе земам нив ќе ги мислам. Цркавме сите да не донесуваат Авганистанци овде привремено, макар што беше објаснето дека се интелектуалци, а сега крокодилски солзи за нив демек, жал ви било. Да не донесоа кумановци преку милијарда евра американска пара од Авганистан, во Скопје ќе ви дојдеа над 10.000 работоспособни млади луѓе, ќе ви ги земаат работните места и ќе придонесеа за пониски плати. Е тогаш ќе плачевте дека од нив не можете да најдете работа или да земете саглам плата. Ама што да правиш, не се укажало шанса да работат за без пари кај мајчица Росија, САД се „криви“, а за тие пари илјадници долари месечно, можеа да си регрутираат и луѓе од Босна ( имаше дел и од таму), ама криви се сите што му даваат нешто на Македонче. И мене ми е смешно Русите што се жалат сега демек на запад некој им рекол „фашисти, терористи, одете си во Русија“. Тие се правдаат „ама јас не ја поддржувам војната, ме хејтаат на Инстаграм, Путин не е Русија“. Ооо, да, секако, ни Путин, ни Песков, ни Медведев, ни Захарова, ни руската армија не е Русија, ни Вагнер не е Русија, не бе кажете си ја вистината, никакви сте и готово. Некоја Украинка сега се породува во темници поради нив, а овие навредени биле господата. Утре и нас некој може да не бомбардира, ама тоа не е сапун за перење на руските гревови, во никој случај.
Денес беа нападнати воени структури и воени фабрики во Иран, магацини со оружје, фабрика за правење на дроновите во русија, за правење ракети. Официјално кој стои зад нападите не се знае, но се верува дека е Израел. https://www.theguardian.com/world/2023/jan/29/drone-attack-hits-iran-ammunition-factory-reports Иако директно не е поврзано со војната во Украина, индиректно сите знаеме како е и зошто се таргетирани баш овие цели. Како почнаа да ескалираат нештата, ова е почеток на 3 Светска војна, и Украина, како Украина е тотално небитна во цела ова војна, и не се прашува премногу. Единствено за што е користена е како земја каде што си ги одмеруваат силите Русија и Америка, а од тоа највеќе страда украинскиот народ...
@Billy Idol ти си бил во Украина, Белорусија и Русија, оваа и изминатата година, ни кажуваш вести од таму директно или онака лупеташ тука по темата? Мислам, не само ти, и останатите. Знам само една новинарка што беше со колеги во Украина, и преку 50 луѓе што лично ги знам, во нив сум и јас лично, па не сум слушнал и видел вакви информации. За другарка прашуем иначе, она само ма ТВ гледа на Сител.
Браво. Читам сега и @Tanjamm навива апла за Украинците. И цифри добри пишувате. Изгуглајтр само кога Руската војска поминала на Три сестри, што останало од границата и кои бегале и очи ваделе. Многу пара се врти таму, пишувајте како сакате. Бугарите им продаваат нафта, тие на Бугарите нерафинирано масло за готвење и се така во круг. Ако е Русија зависна, зашто го забрани извозот на овошје и зеленчук од МК на неизвесен период? Ќе умрат од глад? Не бидете смешни. Сега зелката и јаболките Славјанка нека ги јаде и да им ги плати на нашите земјоделци.
Секако дека навивам за Украинците. Тоа е нивна земја, а кој се граба за два села, три ниви, еден град како Пехчево е обичен варварин. Ене ги, по Европа почнале да ги зезаат Русите, да им откажуваат ангажмани, да им оштетуваат таблици, да ги пцујат по улици, граници. Не Украинци, туку други народи. Во САД кршеле руски ресторан. Една Русинка на Инста се жали во САД ја навредувале. Американец и враќа „Значи си живееш тука со мажот, детето, и излегуваш надвор без да те нападнат? Браво. Во Украина вашите војници силуваат, убиваат Украинки, деца, трудници. Зошто си дошла во САД ако си родена во Русија?Тебе државата треба да те депортира, а не да ми се жалиш“. Космополитски народи имаат саглам власт, а не варвари кои се закануваат со уништување на светот. @marlonbrando69 кажи ни, штом си бил лично таму. Во МКД секоја година има проблем со извоз. Се фрлаат јаболка, краставици, зелки, млеко се истураше и многу пред војната. Германија, Британија, Србија, Грција, Бугарија се најголеми трговски партнери на Македонија. Нема да гладуваат Русите поради нас, туку поради Западот. Кои сме ние? Капка во море.
52.5% of North Macedonia's citizens oppose Western sanctions against Russia, 32% are in favor In terms of ethnicity: 58% of ethnic Macedonians are against sanctions 59% of ethnic Albanians support sanctions source: Skopje Institute for Political Research
Кажи и го тоа на Славјанка дека сме капка во море. Мене јасно ми е. Вака навиваше и за Македонија во 2001, за масакрите во Танушевци и Карпалак? Или на 3000+ километри силни сте. Дома во дворот сте странци.