Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Демек ако утре Македонија ги укине санкциите, ќе процутиме, бум ќе доживееме, пресврт невиден во независна Македонија, а и Русија ќе пркне поради нас. Ние сме едно искршено вагонче на крајот од една локомотива. Ваму или таму, никако не менуваме ништо. Ако некому две јаболки и три зелки му се побитни од човечки живот, тој има проблем со систем на вредности. Зелки во струмичко веќе нема ни кој да сади, сите се на Запад, не во Русија. Ајде сега пред Влада сите, барајте укинување на санкции, цел наш народ да се врати дома, во Македонија, да прекинеме преговори со ЕУ, да ни вратат визи, да не ни даваат заеми, донации, инвестиците тие малку што ги имаме нек си одат, ќе седиме со Србија, Русија и ќе правиме дружиме „глуп, поглуп и најглуп“. Не е Македонче за во цилизација, за пештера е.

    ПС. Мене на анкета жена не ми разбираше прашање што е мешан брак, морав да објаснувам и давам пример, не дека некоја со осмо разбира што се санкции.
     
    Последна измена: 30 јануари 2023
  2. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Хахахаха Руски УЧК. Муахахахахахаха
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Руски борци за човекови права. Така нека биде, дипломатски. И за бесплатен јавен превоз замисли на анкета се изјасниле против, а не па за санкции. Тие што ја мразат оваа власт, а не се малку, намерно имаат одговарано дека се против санкции.
     
  4. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Го отупе на темава. Да те плаќаат немаше да тропаш вака.
     
    На Konfetka, Billy Idol и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Ме плаќаат. Стан ќе купам во Москва уште малку од парите, па ќе ви пишам дали одговара да се преселите кај терористите или не.
     
  6. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Нема ништо бесплатно на овој свет. Превоз најмалку. И да, секоја услуга треба да се наплаќа.
    @SugarHoney не го тупи, го остри :D
     
    На SugarHoney му/ѝ се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    Ова се статистики што вам ви значат нешто? Не велам дека не се вистинити, сигурно се, можеби и поголем процент се против санкции, про Русија и уште што не, ама треба да знаете дека скоро секогаш мнозинството во Македонија е на погрешна страна во било која општествена сфера, нормално и оваа. Едноставно менталитетот е различен кај нас (како и во некои други балкански држави), владее конзерватизмот се' уште, двојни стандарди, особено кај возрасните, а често анкетирани за вакви работи се тие. Албанците сигурно се "за" оти Америка се вмеша, инаку и они ќе беа "против''. :D
     
    На Angie1432 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Терористи држава ни водат или ти го испраа мозочето дека тоа се борци за права? Да се живи оние кои животот го дадоа на кемен ќе го издркаа а не вас да ве направат.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Најмалку 10 години сум била анкетар. Сега веќе не. За без пари анкета добра нема. Само Рејтинг ги признавам, друго ништо. Мене ме пишуваат на секакви анкети, тоест ништо не одговарам, сами си пишуваат и ми се јавуваат „еејј, те пишав дека работиш државно, имаш 50 години, живееш во тоа и тоа село, оти така ми требаше, ако ти се јават, потврди дека е правена“. И така доаѓаат секакви бројки, искривени. Не сум одговорила ништо. И на анкети лажат за националност, за приходи, итн. И не знам како некој фрла пари за анкети. Ми се јавија минатиот пат, дали поддржуваш бесплатен превоз во Куманово, реков да, одговорив се. Арно читам после имало 13% што се против. Зошто? Па го мразат градоначалникот веројатно и по инат имаат одговарано не. Имаме гратис превоз во Куманово и ќе имаме до крај на јуни, тоест 6 месеци. Општината плаќа да се намали загадувањето.

    Дел од агенциите бараа и матичен број. Дали денес вие на непознат човек ќе дадете матичен број, само затоа што е анкетар? Си прават анкети по роднини, пријатели....
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Ти си таа што поддржуваш терористи. Ако тоа во Украина ти е ок, не раѓај деца, затоа што во светот има хорди. Или ти деца на жалиш? Терористи ти се помили? Ќе цртаат граници? А не им чини кога ги клоцаат по запад? Епа не им чини, за леб отишле таму просјаците.
     
  11. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Замисли, држава која има нео-наци батаљони обвинува за тероризам други држави.
    Абе оди бегај ајде. Те немаше 8 години вака да ги жалиш они кои 8 години патеа терор на истокот на Украина. Или тоа не се луѓе те боли патка за нив.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Спроведување на закон на територија на цела држава не е терор, туку штитење на суверенитет. На фемина форум ли се бели рускиот образ? Ааа, не треба сега да одите на Запад, да ги браните кога им делат откази поради војната, кога им кршат коли, ресторани. Што и да пишете тоа нема да ја смени глобалната слика за Русите и Русија. Украина се покажа дека има пријатели, Русија не. И нека се од интерес, подобро такви отколку никакви.
     
  13. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Нео наци батаљони во 21 век да да. Светот има право да се бори против тоа исто како против Хитлер...
    Колку руски државјани има во Украина знаеш? Или не е важно?
     
    На sonuvana и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Нивни двор, на кој нема му чини, Русија му е блиску.

    7 милиони, односно 17%, дојдени по 1930 година во Украина. А знаеш дека има 3 милиони Украинци во Русија и еден куп збирштини? Русија има 20% малцинства. Ај ќе видиме до кога ќе бидат тие во федерацијата.

    Вагнер што се? Светци од бога пратени? Ако почитуваш устав и закони, никој никаде нема да те чепка.

    И Русинки во Украина до вчера се мажеа за „нацисти“, дури не дојде абер од Москва за Новоросија.
     
    Последна измена: 30 јануари 2023
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Точно е дека старите одговараат на анкети. Млад од 20, 25 години нема шанси. Старите ем имаат време, ем се расположени за муабет. И пола прашања не ги разбираат од што не се образовани. Мораш описно да му раскажеш, односно ако се појаснуваш за да те сфати и да ти даде точен одговор, па 2 часа треба дома да му седиш, прашање по прашање. Абе мешан брак една не знаеше што е. Една ми има кажано дека Косово е во ЕУ и НАТО. Поим немаат. Јас сум должна да запишам, а како ќе каже нејзино си е. Која земја ни дава финансиска помош, преку донации, заеми, кредити, 90% ми одговорија Србија, а не е точно. Ама морам да запишам, не сум отишла да ги едуцирам. Тоа е пулс на јавно мислење, а не точен одговор и точна насока што да правиме. За УНДП не чуле 90%. Смешни работи. Од просечен македонски граѓанин нема што да очекуваш. Од турски серии се разбира и тоа е се. Па Совет на Европа, членки и слично, абе поим немаат.

    На една анкета скоро Грујо бил најпопуларен политичар. Зошто е така? Затоа што анкетираат најмногу пензионери, а тие жалат за бесплатен воз, автобус и бања. Но, тоа нивно мислење никаде не не води, ако сметаме дека Груевски е ок да има највисок рејтинг.
     
    Последна измена: 30 јануари 2023
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Им значат на големите сили, затоа што иако не секогаш се слуша гласот на народот, револтиран народ, па макар и апатичен како нашиот никогаш не е добар сигнал за господарот. И, не се само овакви статистики во Македонија, туку горе-долу цела Европа е поделена околу ситуацијата. Во Германија имаше слични анкети каде половина беа против праќање на воена помош за Украина.

    Кај нас, секако има русофили кои гаат некои илузии кон братска Русија, религијата, традицијата итн. итн., во помал број. Грото од населението кај нас е против Америка, затоа што и е*аа м*мицата на државава, ни направија војна во 2001, каде што иако бевме нападнати од терористи, ние излеговме лошите во нивните медиуми. Иако ја добивме војната, моравме да потпишеме капитулација, инаку...инаку ќе завршевме како Србија, и сега Украина...
    Од тогаш ние де факто ја изгубивме државата и со секоја наредна власт се повеќе и повеќе ја губиме затоа што сме притиснати да потпишуваме договори против нашиот суверенитет, интегритет и најосновно човеково право. Терористите ни ги ставија да ни бидат локални шерифи, пливаат во криминал, мито и корупција. Не направија народ од втор ред, без никакво право и просперитет.

    Enemy of my enemy is my friend. Така му доаѓа тоа некако. Ама Русија ни е далеку од пријател, ниту пак некогаш мрднала со прст бар малку да не поддржи за било што. Но, повеќето од народот ја гледа промената и падот на Америка. А со нивното слабеење, ќе се менуваат работите и нема да може некој локален шериф кој имал одврзани раце да те гази како Македонец. А може и конечно на власт ќе бидат луѓе кои интересите на сопствениот народ ќе ги стават на прво место.

    На страна тоа, Македонецот највеќе сочувствува со Украинецот. И нема некој што не му е жал за народот таму, што не ја разбира неговата мака и позиција.
    Ние како граѓани имавме голема солидарност, собравме средства, прва помош и сите потребни намирници за да им се помогне на луѓето таму, колку што ни беа можностите.
    Секако, ние не сме најповолна дестинација и кој би сакал да дојде и живее во оваа мизерија. Но, оние малкуте што дојдоа, беа срдечно пречекани.

    За санкциите можеме да се сложиме сите дека е една од подебилните работи што можевме да ја направиме која само ни се удри од глава.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.756
    Допаѓања:
    14.208
    Жално е тоа што и тие малку Украинци што дојдоа овде, кај роднини, видоа дека ние сме нефункционална држава. И затоа треба да си ја забиеме главата до земја, наместо да ги напаѓаме нив. Апсолутно во мирни услови немаме ниту една причина за гордост, а не дај боже да сме во војна. Прво, отишле на шалтери во полиција, да се пријават како странци. Таму арогантни службеници, хистерија, дрскост, не знаат англиски, чекаат куп луѓе, никаков ред нема. Треба да им издадат документи за престој и рекле дојдете другата недела и тие јадни одат другата недела, арно ама уште 2-3 пати ги враќале, односно поминал еден месец. Разочарани. Им се плаче за дома, макар што е војна. Украина во војна, во Киев вртат градски автобуси, возовите возат со малку изменет возен ред ( ако има напад, нормално дека некоја линија ќе скокнат) во Скопје не можат да се оправат со автобусите, штрајкови. Многу сме ужас за да им се смееме на некои си Украинци. За што ќе се изборат, тоа ќе си имаат. За нас возот отиде. Гинеле и за нас 5 века, ама џабе. Се надевам дека ќе имаат повеќе среќа од нас во иднина.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.035
    Допаѓања:
    9.855
    Пол:
    Женски
    Нема овде правилна страна, туку луѓето си ги жртвуваат животите за трговијата со оружје да процути. Се сеќавам дека пред неколку години, видов прогноза на американските служби за (годината мислам) 2030, каде Украина беше поделена и не е ова ништо ново или гром од ведро небо. Али секој со свој памет, што да кажам.
     
    Последна измена: 30 јануари 2023
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Ќе ме расплачеш немој. Ти кога се пријавуваш во Германија како странец, како те третираат? Ти зборуваат македонски? Ти даваат одма лична карта германска? Па да можеш да работеш и живееш? Англија не ти дава да стапниш додека не ти проверат кој број гаќи носиш, па да одлучат дали ќе ти дадат виза или не.
    Што толку навиваш за Украинците?
    Јас не сум за никој, искрено. Гледам само со која држава можам повеќе ќеш да направам и со тие си работам. Баш ме брига кој ќе победи во Ирак, Авганистан или Украина. Секоја војна е вештачки создадена за профит, профит и само профит. Повеќе кеш, помалку на банка.
    Бај д веј ти ми изгледаш како еден член од тука во темата за коронавирусот секој ден ја отупе волку заболени волку оздравени, а кај мене у град све нормално. Така и тука сега ти волку убиени, толку мртви војници, мобилизација , силување, паднати ракети во Киев, а асфалтот здрав на видеата што ги објавуваат. Ако го пишуваш ова овде за кеш, продолжи пишувај, ако не напиј се ладно пиво, затоа што јас сум сега во Русија и се е нормално, не се напалени како тебе овде обичните граѓани. И да патуваат украински автомобили наваму, и руски патуваат за Украина.

    :beer:
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.319
    Дел од денешната изјава на хрватскиот претседател, паралели помеѓу Украина и Косово:

     
    На Bratot, sonuvana, SugarHoney и 1 друга личност им се допаѓа ова.