Тишина ајде, молк. Кога молчевте за Косово ќе молчите и за ова. Уствари исти ку*ац, молчеле не молчеле русите ќе си завршат тоа што почнале.
Па јас тоа цело време зборувам. Да можеа да завршат ќе завршеа досега, ама некако тешко им оди. Што би правела за Косово јас? Србинка не сум, а и дете бев, тоа на ТВ го гледав. Патем читав деновиве жена му на Оливер Ивановиќ ( убиен бивши градоначалник на Митровица) продала имот за 500.000 евра на Косоварите и се иселила од Косово. Србите го продале и продаваат Косово, а тука ни Русија, ни САД, ни Господ не помага. Значи се сложуваш на крај дека Косоварите и Русите се исти? Ете и ти ги стави во исти контекст. Тие се, други такви не знам на светов. После Косоварите, нов шок, Русите биле исти, дури и бетер.
На утакмица Бразил - Мадагаскар, џабе навиваш за Мадагаскар, кога сите знаеме дека Бразил ќе тепа 5:0. Џабе Мадагаскар добива помош од судиите, кога Бразил се дримтим. Ти се еден од навивачите на гостинскиот тим, кај што имаат 1/16 простор од трибините
Резултатот демек од форумов зависи. Ајде де, еве година помина, што чекаат за победа не ми е јасно? И тебе ти е ок да се делат држави во денешно време? Ок ти е да има војни? Геноциди? Сето тоа ти е ок? За нашава администрација, ич не мора бегалци да ми кажуваат како поминале, инаку, си знаеме. Ние со денови се влечкаме по шалтери за прости работи, не па тие. https://www.slobodnaevropa.mk/a/32246477.html Сега им е шансата на Русите и пак не ја користат. Не е фер да прават офанзиви дури Украинците чекаат оружје. Чекаа година, ќе почекаат уште пола ако треба. хаах Фудбалски натпревар трае 90 минути, овие играат веќе 900 минути.
Се тоа ок што кажа Милановиќ, ама не кажа како тие ги очистија Србите во Хрватска. Врти сучи, сите се напреведни, си прават како си сакаат и како им одговара. Демек за другите важи, за мене истото не важи. Самиот кажа, им било гајле за Србите, затоа го признале Косово.
Ок ми е затоа што , не знам дали е пишано во темава, Русите пронајдоа незаконски лабаратории за производство на хемиски супстанци кои штетат на човештвото. После овој потег кој не е јавно објавен, престана стравот од короната, наеднаш сите престанаа да ја спомнуваат, исчезна. Нешто смрди овде, и да тие што го работеле тоа заслужуваат на клепки да висат 24 часа пред да ги уништат. Прашај чии се житните полиња и плодната земја во Украина. Чернобил да не е на Украина? Не ми се расправа, таму има помраини што биле на СССР и не може да бидат Европски. Ова тука е друг свет, не е Европа, не е Балкан, не е Грчка. Ова е бела раса. Си има ред и поредок.
Eпа ако ви е ок војна, не кукајте за скапотија, санкции, инфлации. Утре ако некој ве запука, значи ли тоа дека ќе ви биде ок? По никој основ не ми е ок да се вршат геноциди, да се уриваат градови, макар лебот 200 денари да ме чини. Ама никако не ми е ок да се убиваат народи, а посебно не братски народи. Ако имало тортура на руско малцинство, си има меѓународни организации, судови, санкции итн. Туку, не дај боже некоја војна овде да се повтори, можам да замислам ситуација „седат исплашени Македонци дома во ќош, нема струја, нема вода, нема интернет и само кукаат „аахх, на Украина како и помогна Западот, а за нас каде се?“. Е баш вака ќе коментираат.
Не кукаме, сега заработуваме најмногу. Геноциди гледаш само на ТВ. Сител Ви ја полни главата. Кај нас ако има војна, пак ќе биде заради пари. Ќе ни помогне западот, ќе ни даде позајмица, ќе не заглави до уши, колку да можеме да дишиме, и така ќе направи се за да не можеме да влеземе во ЕУ барем уште 20 години. Тие нас не гледаат како перална за пари. Исто и Косово и Албанија и Црна Гора. Србија не излегува на море, таму е 50-50. Замисли, толку турски серии на Сител, а во ниедна не ја спомнуваат бомбата во Истанбул.
Војната ,,во Украина,, ќе трае подолго отколку мандатот на Милановиќ. Мислам, ако не се рокнат нуклеарки во меѓувреме.
Tуку анкетава арно не испаднала дека 95% Македонци се против санкции. Еве зошто. Вие сте анкетар. Тргнувате на дадени улици, однапред утврдени, ви требаат тука 15 Македонци, 3 Срби, 5 Роми, 6 Албанци. Наоѓате 2-3 млади луѓе, ги нудите за анкета, не ве рецкаат, ви велат „многу сум во гужва, анкета не ме интересира, политика ич, брзам на работа итн“. Наоѓате двајца средовечни, овие работат или државно или приватно, ама газдите им се во партија, па не им се коментира, ве откачуваат. Губите нерви, сте изгубиле време. Налетувате на пензионери, тие прифаќаат. Ја прашувате бабата „Дали е во ред одлуката да воведеме санкции за Русија?“. Ти вели „што се тоа санкции?“, велиш „абе бабо, ЕУ забранува увоз од Русија на тоа, тоа и тоа“. И таа ти вели „ааа, не дете, не сум за тоа, нека си увезуваат, па тоа си треба“. Па ти ако почнеш вестите од лани да и ги раскажуваш, па зошто, како санкции, отиде денот. И ете ти процентот како се билда. Јас правев анкета со така пописмени луѓе, не беа стари, пола се мислеа дали Турција е во НАТО или не е. Не знаеја. И со Албанците сум правела дали се рамноправни со Македонците, а сите до еден рекоа НЕ, многу биле зад нас по права. Инаку Сител не гледам. Се информирам од интернет. Не може никој да рече дека не се гине во Украина и не се умира. Тоа не.
За какви санкции збориш. Санкции има за пред људи. Преку 3rd party секаква роба влегува и излегува во Русија. Дури и од Мкд. Али добри се анкетиве за нозете. Ќе се размрдаш малку, нон стоп пред компјутер не е добро.
Мислиш дека Милановиќ и неговиот мандат се битни? Му шепнале што да каже, какви нуклеарки, Америка бара начин да излезе, доби што и требаше, нови војни на повидок, мора и Кина да се провери и уште малку оружје да се произведе и уништи....се на се, Европа си ја изгуби Русија, но барем убави и паметни избеглици си доби....
https://myukraineis.org/news/in_mel...ist_from_ntv_and_beat_up_a_cameraman-978.html Ајмо поддршка сега за кадировци треба, тука бааги ве има. Чешка си избра генерал за претседател. На државите што се блиску до Украина, почнува да им фуфка малку, оти знаат дека лесно може да се прее чашата, пак ќе е исто како 1986 со Чернобил, облакот билокој правец може да фати. Само бугари, македонци и срби дркаат на Путин, па нормално, кај нас има голем процент на необразовани. Да бевте варшавски пакт, и на матеница ќе дувавте сега. Ама нели сме имале среќа да сме под југословенска капа, другарот Тито ве пазеше и мазеше. Не за чабе има поговорка, Тито, па Господ е за македонците А за 2001ва не се мачете да коментирате, особено машките членови. Да имаше во Македонија мажи, ќе беше друга песна. А вака без мажи, гледаме до кое дереџе се стигна работата.
Уште навивате за војнава “велесила” Русија ?! За два дена до Атлантик,за три до Токио,а во реалност осум месеци едно село освојува. Никогаш повеќе нема да им текне да уценуваат ,Европа не смрзна,а ни ние ние. Долгорочно Русија е една голема 0, колку и да им паѓа тешко на русофилите.
https://en.wikipedia.org/wiki/Gog_and_Magog Едно интересно библиско пророштво според Библијата Магог е син на Јафет чии што наследници ја населиле источна Европа денешна Русија и Украина. Ова пророштво е сместено во последните времиња пред доаѓањето на антихристот. Дали Русија ќе ја предизвика следната воена катастрофа што ќе доведе до устоличување на антихристот останува да се види.
Страшни видеа се вртат на социјалните медиуми во последно време. Почнале украинците со мобилизација на тинејџери и старци. Им идат дома, ги собираат од улица присилно, плачат мајки, жени, се борат да не ги земат... Нема да ги постирам, затоа што се крајно емотивни.. Да гледаш детето како ти го земаат и праќаат на фронт да гине и ништо да не можеш да направиш... Да се наежи човек.