Podrska za protestite sirum svetot. Sogleduvajki ja situacijata I napnatosta okolku,cim Moska saka da pregovara se so cel Da NEMA povekje zrtvi , Da se predade Zelenski I da pregivora so Putin. drugo resenie e vo steta na Ukraina inarodot.m
Ене ги натовци, најавиле воени вежби на Балтикот и уште оружје во Романија. Па ако си искрен во намерите, или обрачунај се одма со непријателот, или повлечи се и ќути, или избори се за дијалог меѓу завадениве страни! А вака што, бараат нови жртвени јарци да ги вртат на ражен? Сега од други земји ќе провоцираат и ќе гледаат сеири од страна? Одвратни се. Искрено ме плашат.
Северна Македонија ќе се приклучува кон евро санкциите кон Русија Ќе примала бегалци Ќе ја бранеле Украина со сета расположлива сила Мислев заебанција е ова, се' било точно.
Браниш. Директно се изјасни дека си за НАТО уште во темата кога беше актуелно. Јас знам дека никој не не прашува нас обичниот народ дали сакаме да сме во НАТО или за Русија. Утре кога ќе се смени влијанието и ќе дојдат овде Руси/Кинези/Марсовци нема да не прашаат дали сакаме да сме со нив исто така. Исто и Украинците не ги прашуваат сега дали се за НАТО, или за Русија. Ќе бидат со тие што сакаат да бидат и тоа е жално и поразително. Ама лицемерно е да напаѓаш и осудуваш а го поддржуваш истото од друга страна. Што е уште полошо, го поддржуваш агресорот на твојата земја и твојот народ. Па поголемо издајништво има ли од тоа. И не зборуј за војната 2001, те молам. Иако си 15+ години постара од нас овде, и нас ни се уште свежи мемориите од тогаш и памтиме се што се случи. Мене директно ми влијаеше на фамилијата. Јас знам како се плашев дали татко ми ќе се врати дома и како ќе се врати, а не ни учествуваше во војната директно. Можам да замислам како им било на тие деца што татковците се бореа тогаш за Македонија. Којзнае како им било на тие и што не ги дочекаа да се вратат... И се тоа додека со свои очи гледав како ја гранатираат Окта со оружје дадено од САД и со нивни инструктори во Арачиново. Можеше да настане експлозија која ќе го збрише пола Скопје. Среќа, па не погодија оти немаа домет. Целиот имот и куќата што ги имавме ги продадовме пошто - зошто и не стапнавме во тој крај 15 години. Дури пред 5-6 години отидовме да ги видиме гробовите на предците што ни останале таму. Знаеш во каква состојба ги начекавме? Узурпирани и уништени целите. Ниту еден крст не беше останат. Само камења и мермер расфрлани на сите страни, обраснато се со трева. Ниту име се знае на тој што почива таму, ниту пак се гледа точно каде почива. Ископани и отворени некои гробови наоколу. Сигурно барале злато и други скапоцени предмети. Ниту мртвите не ги оставиле да почиваат во мир... Отидовме и до куќата. Таму сега живеат некои други луѓе, ниту криви, ниту должни. Љубезно не пречекаа. Кафе, локум, нешто друго за јадење. Си направивме муабет, и си дојдовме. Нема што да бараме повеќе таму. Не е тоа веќе наше огниште. Немаме ништо. Може вас во Битолско не ви направи некоја голема разлика, ама оди прашај ги тие од Тетовско како поминаа и што изгубија. Уште ги прогонува војната секојa ноќ.
имате Live камери на youtube oд поголемите градови во Украина да си глеате... само ќе кажам дека покрај ситуацијата, дополнително се крева паника и на интернет се споделуваат слики и видеа кои се или од поодамна, или немаат никаква врска со тоа што се случува сега таму.
Se so cel da ne ide ova predaleku a se ena steta na ukrainskiot narod da go predadat oruzjrto I da se dogovarat so Putin Sto kako.druho care NEMA.n
@Peanut Butter е банирана од темата, исто како и @asdas, за секоја една навреда кон членови ќе следува веднаш бан. Ако не можете да се воздржите подобро не пишувајте ништо.
Sekoj si ima svoe pravo na mislenje ama ipak site sme luge so dusa i mislam deka na site treba da im je zal sto ginat nevini luge
Путин во еден потег може да не реши и нас и цела гЕУ. Само цефките треба да ги пресече и тоа е тоа Европо. Видимо се у Камено доба.
Вчера као шо чув на едно видео, гранатите шо ги фрлале, имале моќ у радиус од 7км да срушат се1.За Скопје се доволни 3, а кога ќе видиш дека пола и поише Македонија е во Скопје.. трагедии на кубен
Не знам, стварно не знам, како некој може да застане на страна на Русите, да го оправдува секој потег на Путин, да се радува зошто тамошната полиција апси луѓе кои протестираат и молат за мир! Како некој може да застане на страна на убиецот, чии раце ќе се доживотно испрљани со крв од братски народ, недужни луѓе? НАТО и цела таа прљава политика испреплетена со злобата на САД, ќе сфати секој доволно разумен чоек шо ќе прочита пет реченици на интернет, каде всушност води. Во 1999, ми загина пола фамилија од таткова страна во бомбардирањата у Србија. Доволно е 15.,мин да се одвојат, да се изгледа еден клип и да се разбере колку подла игра е у прашање, колку обичниот граѓанин нема право на живот у ситуации коа две сили мерат муда, колку брзо се шири и ескалира војна.. Се молам за стоп..