Прогнозата на Славјанка попрецизна од вашата. Македонските војници јас мислам можат да заземат село? Ти што мислиш? Украина си ги бара границите од 1991 година, а Русија пак пушта шпекулации за некое си освоено село. Дури и во Србија некоја група Срби, не Украинци, бара Путин да оди во Хаг. Во Црна Гора денеска имаше протест на Руси кои сакале војната да запре, а и во Русија денеска имаше апсења на антивоени демонстранти. Дечки вие пола форум како би ви годело животот во Русија, па тоа би било милина. Ама таму ќе „кочите“. Напишеш ли нешто против власта, војската, полицијата, 8 години затвор минимум. A Белорусија „поарна“. Тие па и смртна казна враќаат. Кој би фалел такви земји? Само во Македонија некои „таленти“ со розови очила. Славјанка им пречела, Резников им пречел. Знам, Кадиров ви е помил. Пола Македонија се заљуби во него.
Ќути незборај катастрофа, еве во Германија пред руската амбасада тенк им натопорија денес Германците, изгледа во секој момент се очекува да пукни Добри сте и ти и Славјанка со прогнозите, рака под рака слободно можите да се фатите. А за ова со протестите и поддршката за Украина денес ко шо видов во Скопје од толкава поддршка дали 100-ина имаше собрано на куп од кои 90% Украинци и 10% наши залутани пензионери, е ако и во Србија и Црна Гора се собрале толку навистина јака поддршка и протест.
Си протестираа Украинци во Скопје, не Македонци, ама гледам во Русија си апсат Руси затоа што се против војна. Ич никој никаде да не излезеше да протестира, никој ни еден куршум да не дадеше на Украина, тоа немаше да го смени фактот дека поддржувате еден исламски терорист како Кадиров и Руси кои одат на џихад. Така што без слика од Кадиров, не ви признавам ништо и без прифаќање на неговиот начин на живот, тоест конвертирање. И што е тоа шарени? ВМРО е на страната на Украина, јасен став изнесен од Мицкоски. Ако не ви чини Славјанка, градот Грозни е прекрасен. Ќе ви се уарни, ќе се фалите после и ќе ви завидуваме. https://a1on.mk/region1/cherep-na-krvava-torta-ostaven-pred-ruskata-ambasada-vo-belgrad/ Си се борат Украинците на терен една година, така што дали ти, јас, ќе излеземе со нив во Скопје, небитно е. Протестот беше за Украинци, не за Македонци. Не видов да молат „аман Македонци дојдете масовно да биде“. Не е ова митинг. Ние за наши проблеми не протестираме, па демек нив ќе ги поддржевте? Како што гледам Украина не сака да преговара, а Орбан пушта абери, да се преговара. Абе Брате, ти нели навиваш за СДСМ, гласаш за СДСМ, сега Славјанка ја критикуваш?
Па тоа ти велам си протестираа Украинци и по некој Македонец им даде поддршка, кај се сега загрижениве како тебе да отидат и на глас да викаат "Слава Украина", и битно е нормално како можи да не е битно ако веќе толку сте загрижени ќе отидевте како хумани личности ќе дадевте поддршка од срце ама изгледа не сте до толку, или пак покана чекавте како шо рече ти!? Нас ни е жал одамна драга Тање уште од 2014 год, кога Украинците тепаа Руси, и сега кога во 2022 год. Русите тепаат Украинци како вратка на се тоа што се случуваше од 2014 год. наваму, жалосно е за народот ама политиката си го направи своето, а не дека Зеленски не можеше да го спречи се ова ако сакаше ама после како ќе викаше дедо Бајден ќе се бориме до последниот Украинец. За момент помислив од Халовин од Америка ми имаш пуштено нешто, оти вакви торти кај нив не се ништо невообичаено, а тоа да ти биле некои си пет души собрани си донеле торта и си ја сликаат
Само малоумен човек мисли дека Русија нема воена сила да ја освои цела Украина ако намерите биле такви. Имаат доволно оружје со кое Украина можеше да стане пепел. Оваа војна се завлече намерно од други причини, кога ќе заврши двете страни ќе прогласат победа и ќе се фалат со своите достигнувања, а low IQ ботовите повторно ќе се топорат на интернет.
Ништо. Не ви ја признавам лажната љубов упатена кон Кадиров. Јас цел украински фолклор го проучив за година дена. Знам рефрените да им ги пеам. Украинската литература ја проучував исто. Ништо лично, не се лутете. Не мразам никој, колку и да ви реплицирам, напротив имам добро мислење за некои луѓе тука. Русија е многу, многу послаба од што сите ние сме мислеле. Какво оружје имаат, кажаа експертите. Стари советски канти. Ги фалите гас, нафта, тие муниција немале за Вагнер. И нема што да бара Вагнер по селана во Украина, тоа не е нивно. А причините за војна? Па ни Русите не ги знаат. Сега да ги прашаат, велат се бореле против ЛГБТ. И Путин така кажа, за бракот да биде меѓу маж и жена, за тоа се бореле. А угнетените Руси што се мажеле, женеле со Украинци?Само вие ги памтите, таа приказна ја снема одамна.
Помина една година. “Киев ќе падне за три дена” “Европа ќе смрзнува” “Бахмут следна недела” …. Една година борба за слобода и живот на украинскиот народ. Уште не ми е јасно како одредени луѓе ја подржуваат Русија. Не постои еден нормален аргумент да подржуваш оној кој напаѓа,,а да го обвинуваш оној кој се брани. Уствари има, проекција на омразата кон западот. Па доаѓаме до уште еден парадокс,дијаспорци кои живеат на западот, го мразат западот, и затоа го подржуваат Путин. Бидејки кога Путин сака да прави големи држави може.
Орбан кажа дека Русија не можела да победи додека Западот дава оружје на Украина. Е сега, дали Орбан ви е релевантен не знам. Туку, Русите самите не се бранат вака. Пример, имаше изјава на девојка од Санкт Петербург, родниот град на Путин и таа кажа Путин требало да оди во Хаг. Дали е уапсена не знам, си стои таа анкета на јутјуб. Има други видеа каде Русите објаснуваат дека немало полицаец што не бил корумпиран и дека Путин не направил скоро ништо од 90-та наваму. Туку, Украина осудила 26 воени злосторници за една година, за стотици имаат собрани докази и ќе им се суди. Ова „корумпираната“ Украина успеала да го направи, а за внукот на Кадиров за силувањето на руската новинарка не прочитав никаде дека ќе го гонат. Ооо, дури сега кога Кадиров ќе се пресмета колку борци му загинаа за 3 села во Украина и Мариупол кој и онака си имаше 43% Руси, оооо, ќе биде интересно.
САД, па САД, отекоа со тоа. САД не ги тепа сите комшии, не прави анексии, не прави референдуми, не зема територии од Мексико со планови да стигне до Венецуела. Значи Орбан отпаѓа, сега уште Милановиќ остана да ги пере руските крвави раце кои никако не се перат?
Никогаш нема да ги разберам луѓето кој го подржуваат Путин. НИКОГАШ. Исто ко Хитлер да го подржувате.
А кој да биде Демократска Република Конго ли? Миловановиќ има повеќе информации и од мене а и од тебе, затоа и го кажува ова. Крвави раце имаат и двете страни, бидејќи се ова е започнато од 2014 год. а тоа повторно го потврди и Меркел во разговорот од пред неколку дена со "Порошенко" каде го повторува веќе претходно кажаното дека со потпишување на договорите не било воопшто во план Украина да ги почитува туку само да и се даде време за подобро да се подготви за ова што се случува денес, додека во меѓувреме разни украински неонацистички формации малтретираа, измачуваа и убиваа Руси низ Украина.
Илјадници луѓе, меѓу кои и многу Руси имаат повеќе информации од нас, ја нападнаа Русија и Путин, па не ги цитирате. Сега останува да го верглате Милановиќ. Ходорковски нема ли повеќе инфо од нас? Тој што рече дека Русија, неговата земја може да заврши како Југославија. Амин, дај боже, да спијат мирно сите соседи на аждајата. Украинците никогаш не отишле да убиваат во Москва, Санкт Петербург и слично. Тие што ги нарекувате цивили, се терористи, сепаратисти, добро вооружени, инструирани и командувани, а веројатно и платени од Москва за да ја цепаат државата Украина, со федерализација која не им припаѓа оти се само 17%, пола докрцани пред 50 години, коренот им се гледа, свеж им е. Овие „цивили“ дури и своја милиција оформиле, замисли во Донбас. Што не оформиме ние Македонците милиции во соседни земји ако е тоа така и ако се цивили? Сега е на ред Молдавија сиротата, смислете нова приказна. Самите Молдавци си кажуваат дека старите Руси се дојдени од Русија, а нивните деца, кои сега се млади се родени во Молдавија. Господ да те чува од вакви соседи. Русија прва не ги почитувала договорите од Минск, кои се уцена за послабата Украина. И Русија нема никогаш да објави колку жртви има во Украина. Не верувам дека официјално ќе објави.