Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Машки
    Веројатно не, бидејќи помеѓу жртвите кои биле закопувани во масовни гробници имало и жени и деца, а тие веројатно не биле платени од Москва за веројатно да ја уништат безгрешната Украина.

    Затоа за разлика од некои тука, останатите ги споделуваме и двете страни на приказната, бидејќи не е се црно-бело.
     
    На daylight и sonuvana им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Веројатно има и такви, јас не се сомневам, но првичната цел е елиминирање на сепаратисти. А демек жена не може да заговара референдум и да собира потписи за уривање на државата? Децата не можат, ама жените можат.

    Тука во темава, се убија од термин „северџани“, а пола од навивачите на Русија се симпатизери на СДСМ. Ова упатство за другите, јас немам гласано за Северна на пример.

    Ајде во Украина да прифатиме дека имало проблеми, ама во Молдавија што ги чеша Русите на пример? Во Грузија? Во Казахстан? Како е можно сегде да ги „тероризираат“, а овие „тероризираните“ па и свои милиции имаат, свои општини паралелни, свои функционери, па и со рубљи работеле? Вас ќе ви биде ок да имате паралелни милиции, општини, некој да користи странска валута на територија на Македонија и веројатно тие ќе ги сметате за „невини цивили чисти како солза“? Плус нон стоп ќе ви се закануваат со референдуми. Кремљ зрачи од негатива, сељаклук како да е 15-век.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Немате слушнато друга верзија за 2001 година освен македонската која сте ја живееле. Да сте ја слушале, случна е како руската за Украина. Полиција, армија, цивили, забрането школување на мајчин јазик...Ист наратив.
     
    На Ahoy и Cosmi им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.048
    Пол:
    Женски
    Па тоа беше и официјалниот мотив на сепаратистите на учк 2001.
    Исто ко путинистиве.
    Јас уште чекам еден паметен аргумент зошто за војнава се обвинува оној кој се брани.
    Немаше ни на почетокот ниту сега.
     
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Би го поставила од друг извор ама чудо го нема нигде по западни медиуми.

    Зошто ли зошто ваква омраза према Св. САД/НАТО, леле бе па они тоа за наше добро се прават, како не можете да ги сфатите злобници едни русофилни.

    Ќе пробам покасно да се едуцирам повеќе околу оваа неоснована омраза на chatGPT (fingers) back to you soon.
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Машки
    Да си пратела ќе си знаела каков народ бил убиван, народ кои немал никаква врска со сепаратисти или воопшто работел против државата и системот, но бидејќи ги поддржуваш тие неонацистички формации и во обид да ги оправдаш нивните злодела пишуваш свои предвидувања кои немаат врска со реалноста.
    Жалосно.

    Инаку зошто САД, еве затоа, или можеби и овие ги сметаш за мирољубив народ на кои стварно им е дојдено до Украинците :)

    https://twitter.com/kos_data/status/1628726970031779840

    374.jpg
     
    На Heinz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Јас не ги мразам САД, мене едноставно ми се глупи навијачки платеничиња со еднакво глупите "аргументи", органски не можам да ги поднесам. Инаку, системот за пребарување открива дека поимот северџани на темата е употребен само еднаш во мај 2022 и два пати северџански во февруари 2022. Некој тука креира заблуди.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Па и Пендиков кажа во Софија дека овде биле стрелани Бугари, убивани, тепани. А дали тој беше во завои на интервјуто и дали навистина беше тепан во Охрид? Да. Епа ете ти пропаганда, некој од страна ќе мисли дека сме Талибанци. Исто ти е во Украина.

    А овде сите симпатизери на Русија, форсираат УЧК ставови, ама пречело што во Косово имало украински знамиња. Па еве сега, божем јас ќе давам дозвола која смее и каде да истакнува знамиња и какви.

    Путин кога кажа 14.000 убиени луѓе до Донбас, тој ги присвои и жртвите, кои неговите сепаратисти ги убиле. Значи тие што свесно и намерно ги убил, а не се Руси, ги злоупотреби за да Украина биде крива.

    Да биле толку јаки националнисти Украинците прво денес немаше да има Русин во Украина што ќе зуцне за права, ќе ги направеа Украинци на сила, како што Македонците се Бугари во Бугарија, Грци во Грција и второ немаше да изберат претседател Евреин.

    Ај сега отворете тема за Молдавците како ги тепале јадните 4% Руси.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Брате, да не е Бит пазар или Диво насеље ова? Иди прашај ги овие како почнало 2001 година, ќе ти се крене коса на глава.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Сто пати платеници кажавте. Дај кажи каде даваат пари за тоа дека Украина е на Украинците, да не ми пропаднат средствата. Не мора северџани, шарени, соросоиди. Ниту сум член на СДСМ, ниту на Шарена револуција сум одела, ниту на референдумот гласав. Овде имаш луѓе што сето тоа го правеле, а навиваат за Русија. Се однесувате како да не смее човек сам да размислува, како да мора муабети од штаб да прераскажува.
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Аргумент веќе имаш и тоа не еднаш споменат, а тоа е не се обвинува оној кој се брани(Украина) затоа што се брани, туку оној кој се брани се користи(од Сад/Западот/НАТО) како жртвено јагне за индиректна војна мада како време мине се помалце индиректна (со Русија).
    Не е до аргументот, до твојот мозок е што не би да го регистрира аргументот. И твоето посветено лимитирано познавање и резон околу политика, историја и војна.
    Но, уште 100 пати да го напишеш/ нерегистрираш ова, уште толку пати нема да го направи невалиден, настрана дали се сложуваш со истиот ти или не.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Ама по твојата логика, значи штом Македонија се бранеше со украинско оружје, требало да ја срамни НАТО или нешто слично или била жртвено јагне. Не е важно од кај е оружјето, Украинците немаат избор, кој што ќе даде е добредојдено. Дека Путин нападна, па овие биле жртвено јагне. Да, де. Да беа Русите цивилизиран народ, жртвени јагниња немаше да има во нивното опкружување. Сега ако ја нападнат Молдавија, ќе бидат ли жртвени јагниња? Индиректна војна? Па Русија нели е посилна со сите? Нека се судри директно со НАТО? Упппп, во суштина имаше „малтретирани“ Руси, нели? Русите ги малтретирале Украинците многу одамна и пред НАТО....
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.473
    Допаѓања:
    91.048
    Пол:
    Женски
    Уште чекам паметен аргумент.
    Ова глупоштиниве што ги изнапиша веќе ги слушнав на митинг на десницата во Белград.
     
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Ама самите еднаш велите Украинците малтретирале Руси, а потоа невини биле, жртвени јагниња, излажани, измамени, демек преку нивни грб си војуваат Русија и САД, односно НАТО. Тоа објаснување ми е надвор од здрав памет.

    Еве земјата на Зоран Милановиќ, праќа хеликоптери во Украина

    https://www.slobodenpecat.mk/hrvatska-ѝ-isprakja-helikopteri-na-ukraina/

    После една година, не се прелажани Украинците, туку Русија се прецени дебело и сега кога е како разјарена мечка заглавена во тараби, се чуди како да се извади. Сите и се смеат, а таа се правда, па се заканува, не знае што прави. Мислам дека ако досега не ја оставија Украина, нема ни сега. Ќе ја земат под закрила.

    Во Германија протестирале за давање оружје. Нормално и легитимно. Тоа чини пари и секој си го гледа дворот.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Тање како да ти кажам кутурно сеа, ама ај заобиџи ме ако можеш со се твоиве оф топик традиционално жалопејки со скретање од поента. Мислам ко воли нек изволи и се пали на тебе, ја одржаваш темава во живот нема што, ама кај мене не пали ова, како да ти кажам. Ако имаш нешто добро артикулирано и он-топик да кажеш и дискутираш може.
    (highfive)

    Исто важи и за тебе госпожа.:hai: Исто така не дискредитираш поента со ова ако на тоа циљаш.

    Да не се повтарам, повторно по кој знае кој пат само ја докажа поентата со ова.
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Нејасна е сеуште руската стратегија...дали ја менуваат во зависност од можните преговори со Америка во позадина или ( како што сакам да верувам) одат на карта на истоштување и уништување на што повеќе западно оружје...
    Зошто нема голема офанзива од било чија страна? Што чека Русија за која е и повеќе од јасно дека не користи и не покажува ни четвртина од она што го има?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Ама не знаеме кој колку оружје има. Имаше една анализа дека во 2014 година Русија била далеку послаба со оружје од денес и затоа не нападнала тогаш и плус зависи од западни лекови и денес, не само тогаш. Еве мене некои армиски војници, пријатели, ми кажаа колку пушки сме пратиле на Украина. Рекла - казала е тоа за мене. Тоа 10 луѓе во Министерствата за одбрана ги имаат точните податоци. А плус секоја војна те троши финансиски. И мене ми е чудно, што Русија се потресува за леопардите. Се спомнаа 2-3 тенка леопард, веднаш „ама не им давајте на Украицните, ќе има последици итн“.

    Aj видете овие Руси од Словенија што кажале

    https://novatv.mk/ruski-aktivisti-organiziraa-miting-vo-lublana-za-poddrshka-na-ukraina/
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.319
    Се вели кон крајот на интересниот (и се надевам само спекулативен) текст во српска „Политика„ како би можел светот да изгледа во текот на 2024?

    Наводно САД со десетина земји подготвувале нов таен сојуз први да удрат врз Русија (се очекува подоцна воена конфронтација и со НР Кина) и да ги уништат нуклеарните постројки и оформат меѓународен суд кој би им судел на водечките руски политичари. Наводно во тајниот сојуз влегле: Германија, Франција, Холандија, Белгија, Полска, Романија, Шведска, Финска, Норвешка, Данска, Шпанија и Португалија.
    Одбиле да влезат: Италија, Австрија, Швајцарија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција... се вели во текстот.

    линк кон текстот.

    Не заборавајте дека Русија е нуклеарна сила. Во случај на распаѓање на федерацијата, сиот тој опасен нуклеарен арсенал би паднал во различни раце, под некоординирана контрола. Во таков случај не само соседите, туку и сиот свет не би можел да спие мирно. Русија пред неколку дена го суспендираше Новиот СТАРТ договор.
     
    На eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    14.211
    Не мора да се распаднат, ама нека почнат нивните малцинства, кои не се малку, а се фанатични, да си бараат рефендуми, да излегуваат на протести, да бараат отштети за Чеченците кои изгинаа за 3 села и 5 ниви, е тогаш ќе видат што направија. А ова може да се случи. Затоа што им се случувало и едвај се справиле со малата Чеченија.
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Машки
    Ги прашав, одговорот беше Тенкју ЈуЕсЕј :music: