Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Не ја бранам јас никаде Америка. Туку сите други ни лепат етикети дека сме го бранеле Зеленски, НАТО, Америка, Либија, Сирија, Авганистан, па Србија итн. Едното зло не го правда ова зло.
    Kaj и да е Русите ќе ја „запалат“ и Молдавија? И таму ли има тероризирани Руси, лаборатории и слично? Не им е првпат на Русите. Секаде иста шема тераат.

    И се убија со тоа платеници, северџани, не знам што. Демек треба некој да ме плати за да кажам дека Украина е на Украинците, а Русите се малцинство кое требало и морало да ја почитува таа држава, посебно затоа што некои од нив се таму само 50-60 години.

    Приказните за малтретирани Руси ги земам со резерва. Ако ги прашаш и нашиве малцински заедници, истите приказни ги кажуваат како Русите во Украина. Не само Албанци, Бугари, туку има и прилози на српски канали дека Србите овде биле дискриминирани, менувале презимиња од ич на ски итн.

    Русија сега вели мотивите за војната биле западните вредности, брак на маж и маж.
     
    Последна измена: 1 март 2023
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Тероризиран народ нема никогаш, ама баш никогаш да киднапира над 6.000 деца и да ги носи во туѓа земја да ги претопува. „Тероризираниве“ во Приднестровје имале 20.000 тони експлизив. Спремни се за војна, само уште приказни за лаборатории, нацисти им фалат.
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Тањо ма, и децана што правеа фејк њуз за Трамп не ти се рамни. :D
    Русија отвори коридори за сите жители на Украина што бегаа од војната, да можат да се згрижат во Русија. И најголем број бегалци прими баш Русија, дупло отколку што прими ЕУ, од кои и многу деца, без родители од Донецк, кои им беа убиени од нацистите. Ги даде на посвојување, ги згрижи. На останатите бегалци им даде стан, работа, социјална помош.

    За ситуацијата со Молдавија и Транснистрија..

    Не мириса на добро работава. Украинците собираат голема војска на границата со Молдавија и спремаат напад на Транснистрија, со што би требало русите да одговорат со брзоплета акција, воден десант кај Одеса за да спречат масакр.
    Во Транснистрија има огромни магацини со советско оружје, оставено уште од тогаш, но луѓето таму се многу малку на број и не можат да се одбранат. Украинците имаат план како да го украдат ова оружје за да може да војуваат, бидејќи повеќе немаат муниција за советските оружја што им се останати (муниција се прави само во Бугарија и праќа за Украина)

    Молдавија има исто така западна инсталирана влада која на незаконски начин дојде на власт пред две години, но народот таму воопшто не седи мирен и не сака војна со Украина и Русија. Огромни протести се прават против владата нивна, која е најкорумпирана во Европа, после украинската.

    Имаше вести дека украинците нападнале база во Белорусија, и уништиле руски авион АВАКС. Потоа белоруското министерство соопшти дека се работи за лажна вест, смирувајќи ја ситуацијата. Гледаат на секој начин да не се вклучат во војната, да стојат на страна.

    Терористите на Бајден упорно и упорно сакаат да внесат и трети земји во конфликтот. Молдавија, Белорусија... Потоа ќе бидат Романија и Полска, Балтичките земји...

    Последно се јави Кина како посредник за да се оконча мир во Украина, кој беше децидно одбиен.

    Бајденовци губат на терен, го фрлаат во оган украинскиот народ, почнаа деца и жени да мобилизираат и праќаат на фронт затоа што нема веќе мажи, губат економски, ја губат моќта во светот како главен полицаец. И наместо да најдат договор, да се повлечат, и да прифатат пораз дека не можат што сакаат да прават, го туркаат цел свет во 3 светска војна.
     
    На eliesaab, Konfetka, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Ако ти беше за мене ова насочено, не мислев јас за ова, туку за тоа дека Зеленски го промени законот и сега сите оние што имаат 17 години и 6 месеци не смеат да ја напуштат земјата.
    Има премногу, премногу видеа од присилна регрутација на деца кои немаат 18 години, а има видеа со полни автобуси жени кои се праќаат на фронт.

    Не е ова од сега, од минатиот месец е. Имав постирано и видео со жените, ама не сакав со децата затоа што е премногу емоционално и тажно да се гледа како мајки кукаат и молат да не им ги земаат војниците.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Значи Молдавците немаат право на живот, на слобода, немаат право на прозападна влада, немаат право на ништо, освен да следат закоравени диктаторски режими? И демек ако има некаде корупција, народот не треба да живее и Русија има право да им рока гранати? Пред малку видов пак Украинците како што пишуваат „денацифицирале“ руски генерал, Сергеј мислам се викаше. Со фотка, име, презиме, биографија објавен. Тоа не се некои луѓе од некое село од Сибир, аматери, туку воени лица на високи позиции во руската армија. Ако имаат навистина однесено 6.000 украински деца, не руски деца по националност, туку украински, малку им е. Нека ги млезгаат уште.

    Снимките од Бахмут беа жестоки. Тоа мобилизирани деца од 17 години и жени не го прават, туку искусни воени лица. Какви тешки митралези носеа, тие што ги видов беа мажишта, не деца.
     
    Последна измена: 1 март 2023
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто. Не ни читав други одговори, ја прочитав оваа вест и само го постирав овде.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Сите овие загинати воени лица се Руси, сега гледам, имаат како слајд направено. Нема Дагестанци, Чеченци. Сите се со православни имиња и презимиња. Игор, Роман, Сергеј...За еден од нив Украинците пишале „тој сакаше да си ја ослободи душата во Украина и ние му помогнавме, слава на Украина и смрт на непријателот“.

    За други пишале „Едноставно некогаш не ти е денот“, а на снимката гледаш ранети руски војници се тетерават и паѓаат по украинските ниви. Џабе пушка во раце, кога се полумртви. Ако ова не е терање мајтап со „велесилата“, јас не знам што е, и ако ова мислите дека им го прават жени и деца од 17 години, грешка сте веројатно.
     
    Последна измена: 1 март 2023
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.012
    Допаѓања:
    130.755
    Пол:
    Женски
    Fact Check од медиум под контрола на Американски левичари. :rofl:
    Како и да е, сепак Зеленски зборува за војување, што секако е лошо. Не треба да гинат деца за никого.
     
    На Tanjamm и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.012
    Допаѓања:
    130.755
    Пол:
    Женски
    На прозападна не.Исто и на проруска не.
    Такви не им требаат.Една од првиот тип ја ништи државата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.727
    Пол:
    Женски
    Финска со нова железна ограда со бодликава жица на граница со Русија долга 200 км.
    Трагично е во денешно време дигање бодликава жица .
    Но постапките на царот Путин го направија тоа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Украински терористи влегле во Русија и нападнале луѓе во пограничните села, ги земале како заложници.

    [​IMG]

    President Putin on what has happened in Bryansk Oblast "They opened fire on civilians. They saw there were children in the car!"
     
  13. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    178
    Ова е таа Руска пропаганда. Фрли мамка и некој ќе загриза и ќе ја шири веста.

    Значи прашањето упатено кон Зеленски беше што доколку не се запри Руската агресија и дојди во директен конфликт со НАТО. Зеленски одговара дека во тој случај американските деца исто како моментално украинските би оделе во војна во која најверојатно би загинале, а не дека повикува на американски војници да гинат за Украина.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Нели бе украинската нација ја снемало? Нели се избегало на Запад? Нели мобилизираат деца и жени, од кај сега верувате дека „украински терористи“ влегле во Русија? И јас верувам.
     
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека НАТО-САД-ската пропаганда е поразлична? Ова е дупло повеќе медиумска војна отколку што е реална.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    178
    Не мислам, затоа не ја ни ширам. Ако е ова медиумска војна, а некој шири лажни вести, што е тој?
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Вжештена глава што мисли дека не е манипулирана.
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Па вајда Путин не лаже? Или лаже? :?:

    Еве ти вести, прозападни од Ројтерс и од ББЦ

    https://www.reuters.com/world/europ...-group-border-region-russian-news-2023-03-02/

    https://www.bbc.com/news/world-europe-64826028
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Знам, знам. Туку нели 17 годишни регрутираат? Од кога веруваш на Ројтерс? Се зезам ова. Ја видов снимката, зрели мажи. Само не ми е јасно зошто се нарекуваат Руски корпус? А и тезата им е јака, ќе ги ослободуваат Русите од Путин, исто како што руската војска ги „ослободува Украинците од Зеленски“. Сигурно на тоа мислат. Демек еве како вие нас, така ние вас.

    Па ако може Русија, зошто да не можат и другите народи да упаѓаат на руска земја. Ај сега да им упадне по една група од Казахстан, Грузија, Молдавија, да ги видам дали ќе им е сеедно.
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    41.002
    Пол:
    Машки
    Ај, слави што пукале и убиле човек, а повредиле дете. Не ти е прв пат.
    Ова не е напад, туку терористички акт врз цивили.

    Отече со 17 годишните. Нив ги регрутираат, ги праќаат на обука, па потоа на фронт.
    Не дека сите се 17 годишни, туку дека веќе нема постари за регрутирање, па почнаа со овие.
    Знаеш кој користеше вакви методи? Хитлер.
    И се крши со законот на Женевската конвенција.