Абе Русија има милион вакви терористички акти за кои не е казнета. Една година во Украина си прават вакви терористички акти. На Русите им се враќа како бумеранг. Нема што да славам. Не добивам ништо од ова. На терористите им се случува тероризам. Не едно дете, Русите убија илјадници деца во Украина, најмалото силувано имаше 4 години, а над 6.000 ги однеле на посвојување во Русија. Немам што да славам, а вие слободно плачете ги варварите. Еве Захарова вели српско оружје имало во Украина. Е оти сите им вратат грб? Во Запорожје денес Русите убиле најмалку 3 цивили. Ич не жалам терористи, ич. Полека со тие конвенции, Захарова си кажа, немало кој да им суди. И дека нема кој да им суди, еве почнаа Украинците да си постапуваат исто како и Русите. А Хитлер, а Путин, тоа е истото. Како цвикате ако се појави макар и лажна вест за напад во Русија, арно не отидовте досега таму да ги браните. Тоа биле одметнати Руси, предавници. Значи Руси убија Руси. Не се Украинци по националност. Еее, ги стигна клетвата на мајката од Днипро и ќе ги стига. Читни да видиш, така било, овие биле Руси по националност.
Од 2014 Украинците гранатираат и убиваат цивили во Донбас. преку 14 000 луѓе починаа, којзнае колку деца. Последно им фрлаа рачни мини во Доњецк, каде што децата губеа раце, нозе. Малку божем тука е постирано. - Масакрираа луѓе кај Купјанск - Масакрираа луѓе во Херсон - Гаѓаа деца и убија кога се повлекуваа од Херсон - Убиваа, стрелаа, врзуваа на бандери и мачкаа со боја свои луѓе што беа против Зеленски - Гаѓаа нуклеарна централа за да предизвикаат меѓународна хаварија (ова и меѓународниот суд го потврди) - Убиваа и масакрираа руски војници кои се предадоа. - Сечеа полови органи на руски војници кои беа предадени. - Гаѓаат цивилни објекти и во Украина, и во Русија. Само 100 тина луѓе од нивна ракета починаа на автобуската во Краматорск. - Терористички акт на мостот Керч каде што беа убиени цивили. - Терористички акт (до душа овој од американците беше изведен) на гасоводот North Stream 2. - Терористички акт на Дугин, каде што наместо него, беше убиена ќерка му. Веста за Бријанск не е лажна. Ете ти потврда од западни медиуми. Лажни вести само вие тука ставате, кои сто пати се побиени, како тоа за киднапирање на 6000 деца што уште го мантраш. Знаеш дека смешно делуваш, не е дека не ти кажаа сите. Славиш за секој терористички акт. Знаеме дека ги мразиш русите, ама ништо не ти згрешиле обичните луѓе и децата. Долно е и нечовечки да се ситиш на цивилни жртви, без разлика од националност.
Кој тоа ми кажува? Ја негираш Буча, плачеш за една руска жртва? Ти како пишуваш како јас да почнав војна, а не Путин. Тие што денеска убија Руси се Руси. Руси се, а за тоа јас не сум крива. Чудно, самите си одлучувате кои вести се вистински, а кои лажни. https://plusinfo.mk/do-dovme-da-ve-...eroristite-vo-br-ansk-se-ruski-vo-nici-video/ Значи само ако жртвите се Руси се смета за тероризам, а сега друго е „ослободување“. Карма, верувам во карма. Божја казна ќе ги стигне, сигурна сум. Дури и поглаварот Кирил повика на насилства, убиства. За разлика од него, Папата стопати повикал на мир за сите војни во светот. Ако им упадне сега некоја група од некоја друга земја во Русија, не е до мене, да се оградам на време, туку таму каде посеале зло, нема да никне добро.
Човек, дали воопшто читаш пред да постираш нешто тука? Какви лажни вести... Одредот е составен од етнички руси кои се борат на страната на Украина, и тоа не од сега, и тоа се како дел од нацистичкиот одред Азов. Не е единствен одред формиран од друг етникум, има и целосно белоруски, и целосно грузиски одред итн. итн. На руска страна ги имаш ДНР и ЛНР со свои бригади целосно од украинци. Не е битна етничката припадност, туку под чија команда се. Овие се под команда на Зеленски и се борат за Украина, нема врска што се по националност, туку кој ги пратил да убиваат луѓе и деца, и да ги земаат за заложници. Русија не сака да ја ескалира работата. Гасоводот им го експлодираа, мостот им го ескплодираа, и во Москва да им извршат терористички акти, и таму ништо нема да направат.
И јас се чудам зошто Руси убиваат Руси? Па вие отековте со тој Азов, сега ќе речете ама пола беа Руси таму.
Прашај некој Украинец за ова, пред да ти ги појасни работите, ќе те опцуе. Украинци, нацисти, вакви такви, сега вика во Азов Руси имало. И за што се борат тие Руси во Азов? Да чита некој Украинец што се пишува тука, ќе се чуди.
Затоа што само за вас сепаратисти и терористи налик на ОНА се цивили, затоа. И сакаш да кажеш дека од 2014 година во рамки на Азов има Руси и тие Руси убиваат и силуваат Руси како што тврдевте?
Од кога сопствените граѓани, етнички Украинци се сепаратисти и терористи? И од кога деца се сепаратисти? Зошто беа убивани од сопствената земја? За западот ОНА беше ослободителна армија, а и за тебе. Ти рече дека си се бореле за права, и србите биле глупи што им продавале имоти на Косово. Еве во Донбас мнозинството се етнички украинци, како сега одеднаш се терористи, па релативизираш и оправдуваш убивање на цивили и деца? 14 000. Не 1, не 2. Туку како еден град во Македонија.
Од 2014 година Русија е под санкции, не Украина. Гледиштето на 10 македонски русофили и цел свет со исклучок на Сирија, Кореја, Авганистан, не се поклапа и јас за тоа не сум крива. Србите на Косово масовно продавале имоти, да, го продале Косово, и за тоа ли сум јас крива? За разлика од нив Украинците не ја продале Украина за пари, туку секаде се мнозинство, во сите украински општини.
Читајќи ја темава, веќе не знам Азов кои беа и за што и против што се бореа. Најдобро е да си прашаш некој Украинец, ги има многу на интернет по групи, културни се, фини, се, ќе ти објаснат. Јас нема шанси да ти објаснам дека Руси и Украинци се два различни народи. Нели Украинците многу сакаа да се спојат со Русија? Сега гледам имало Руси одметници кои денес убија Руси. За тоа јас не сум воопшто виновна. Се чудам.
Диверзанти во бело чисто штиркано,излепени со жолта трака,личат на рапери или јутубери. https://twitter.com/ian_matveev/status/1631244953371267072?s=20
Од прв ден сме на темава, што ќе ја читам пак, цело време ја читам, цело време коментираме. Никој не рече дека не се различен народ украинците и русите. Различен се. Не знам како воопшто е тоа знак прашање. Те прашувам зошто украинската влада убива украинци во Донбас од 2014? 2 договора беа потпишани. Минск 1 и Минск 2. И двата не беа испочитувани од украинската влада. За сега, Меркел и други официјални лица кои се потписници на тие договори да признаат дека ги потпишале само да и дадат време и да ја подготват Украина за војна, а не за мир. И пак ќе те прашам. Зошто украинската влада си ги убива сопствените жители, етнички украинци во Донбас?
Се знае што е сепаратист. И бог да го наречеш, армијата е должна да се бори против нив. Армијата, полицијата имаат монопол за употреба на физичка сила. Тоа е нивна работа, штитење на уставен поредок и интегритет. Кој се крена против поделба на една држава е сепаратист, а кога ќе земе оружје е терорист.
Прво, тоа што не го сфаќаш или се правиш дека не го сфаќаш е дека тоа не се Украинци по националност, туку Руси. Прашај некој Украинец, ќе ти потврди. Друго, тие 14.000 жртви, не се само Руси или Украинци, туку се вкупен број на жртви. Армијата водела воени дејствија со сепаратистите, тоест Русите и така се изгинати тие луѓе. Тоа значи армијата убивала сепаратисти, а сепаратистите армиски војници. Гинеле секакви националности. За и против да остане Украина цела или да се распадне. Договорите се уцена, која Киев ја прифатил не затоа што сакал, туку морал, затоа што не биле спремни да се борат со Русија. Минск ти е тивко умирање, она што го живее Македонија денес. Ма и бетер, затоа што Русите кај нив се малку, 17%.
Епа знаеш ли кои први земаа оружје во Украина во 2014 и се кренаа против државата и против легитимно избраниот претседател? Обоената револуција платена од Америка за да изврши државен удар и преврат на власта. Инсталираа грузиски снајперисти, платени од Америка за да гаѓаат во толпата цивили, за да ескалира работата и да го сменат Јанукович, претседател дојден легитимно на власт преку демократски избори. Истото го прават неуспешно во Казахстан, во Белорусија. Во Сирија па да не зборуваме, таму Исис ги поддржуваа против Асад. Во Либија на тој начин го убија Гадафи. Кај нас? Шарената револуција пред наши очи се одвиваше. Истата шема во сите земји кои не свират како што они им играат.
Шарена или не, финансирана или не, тоа е земја на Украинците и тие имаат право да бараат смена на власта која не работи добро. Toa e исто руска шема за замајување. Демек Украинците го сменија прорускиот Јанукович, па ајде Русите имале право на отцепување, сепаратизам или не знам што. Јанукович владеел како Грујо, со рекети, за што и самиот Урбанович, претставникот на Лејса Украинка си кажа во емисија дека која фирма има добар проход, власта му преќа рекетари, со специјалци, уцени, им ги земале фирмите на Украинците за џабе. Убаво си кажа дека е џабе 10 години да градиш фирма, да земаш кредити, а на крај власта да ја земе од тебе и да ја даде на друг и тоа нема никаква врска со некакви си Руси како што го претставувате. И нормално дека сакале да го тргнат Јакунович, да си оди, затоа што не сакаат да живеат во коруциско дувло. Демек ако Украинците сакаат подобар стандард тоа им дава за право на Русите да отцепуваат територии? Не. Аман со тоа плаќање. Дај кажете каде даваат пари, сигурно хонорар не чека. Не одев на Шарена револуција, ама гласав за Заев, контра Грујо и не поради Америка како што си фантазирате, туку затоа што тој Грујо ме остави без работа, ми ја ликвидираше фирмата од личен ќеф, оти не собра рекет од газдата. Партиски членови ми се закануваа дека ќе ми бележат ливче, знаеле за кој гласам. Грујо и Јанукович, иста песна, двајца бегалци кои ништо добро не донеле на својот народ. Како збориш за Јанукович, како да е светец. Самите Украинци си кажаа дека со Порошенко здивнале малку. А Прошенко го потпишал Минск, не Зеленски како што мислите. Таму каде има добра власт, протести и немири нема. Да се плаќаа пари за протести, немаше Македонија и Украина да беа најсиромашни во Европа.