https://makfax.com.mk/svet/жената-која-хаг-сака-да-ја-уапси-покрај/ Женава сама си дала изјава дека украински деца од Украина кои пеат украинска химна и го навредуваат Путин ги давале на посвојување, ќе се претворело тоа во љубов кон Русија. Одамна признале што прават. Какви монструми, какви психопати.
Кинескиот претседател по неколкудневната средба, на заминување од кај рускиот, рекол: „Ќе се случат промени кои не се случиле 100 години„
Еве го оргиналниот текст и како е регистрирана/претставена пораката од западни медиуми, https://www.dailymail.co.uk/news/ar...n-say-change-coming-ominous-message-West.html ... 2023-100=1923+/-10 ваљда... ... Има ли некој на кој уште не му е јасно?
Јас па мислев се ти е јасно Ништо, пуштај ти ѕвездите јас да пуштам гугл, да ја решиме мистеријата. Пошто сите веќе објаснија Z што значи, уште ова остана.
Жено остај ме уште малце да се као мислам и глумам лудило, уште тоа ми остана додека не зажустрило. Шуш, за ѕвездите тек не питај ме ништа друже, нечу ни да знам, а знам, ама не желим да знам и подобро дa не знам, така што не знам. Едино да пробаме со закон на привлекување гуд вајбс да праќаме у УниверумО, може ќе ни се очисти кармата, ја друг излез не глеам. Desperate times call for desperate measures.
Го видов. Само не знам што седите тука, нели ве прима таму? Таму е животот, не овде. Туку втората армија во свет, кој во чизми, кој во патики, кој во кондурчиња оние од по 300 денари на пазар што ги има. Прво мислев дека е зезање и монтажа, ама вчера гледам снимка заробени 6 руски војници, Украинците ги претресуваат, им бркаат во џебови, а кога ги загледав во нозете, 2 во патики, 4 во чизми. И нашиве воени лица се „фрапираат“ од „моќта“ на руската армија.
Единствено нејасно останува кој лидер ќе тркне до Москва , да ја заврши таа ситница наречена апсење. Или пак да почекаме неколку години само,бидејќи со просечниов IQ на европејциве, Хаг во Русија ќе биде. Каков невиден аутизам, неверојатно....
Инаку, русофилите околу мене ама ич не се радуваа што Путин се шета во Мариупол. Ама ич. Сите рекоа „не му е сеедно, му се познава по фацата, а и којзнае дали е сега снимано, Украинците велат стара е снимката, може е“. Кога слушнаа што кажа Тома Фила, веќе во нивни очи Путин е злосторник, се помалку го бранат. За воени злосторства според мене нема соодветна казна. Затворот за таквите е хотел. Путин може и ќе умре додека да го осудат, има 70 години. Туку онаа младата, Марија родена 84-та година, што крадела деца за ги прави Руси, таа има век пред себе, веројатно ќе ја фатат еден ден. А и како смее да земе дете од 15 години да го прави Русин? Зарем не размислила дека тоа дете е свесно што се случува, знае се, видело се, ама сега моментално нема што да прави и нема начин да избега. Дали си помислила дека утре тоа дете може да избега во најдобра опција, по 3 години кога ќе биде полнолетно, да се најде со роднини, ако родителите веќе не се живи, а во најлош случај, како не помислила дека тоа дете собира гнев во себе, тоа се таложи, може да се развие во психопат и утре со голи раце може да ја задави? Аман со тоа дека Европејците и Американците се глупи. Од нив јадете леб. Во маркет има ли нешто руско? Од бела техника има ли нешто руско кај вас дома? Лаптопот од кој пишувате руски ли ви е? Знам дека ви е тешко, сфатете дека Русија е вукојебина, со фрустриран народ, кој сака да се рамни со Американци, Германци, ама сироти ни до Полска немаат отидено, ни до граница, за натаму да не правиме муабет. Имате еден куп видеа, затуцани до бесвест. Мислат светот и векот од нив почнува и само се силат како можат да убиваат и малтретираат други народи. Имате видеа, си кажуваат дека по Украина треба да ја нападнат Полска и други земји.
Тоа е додуша точно, но прашање до кога? Западноевропејците и американците не се глупи што креираат квалитетни технологии и разновидна храна. Туку се глупи во поглед на својата наивност дека Русија трајно мирно ќе гледа врз газењето на нејзините интереси. Дали се тие интереси праведни или не, тоа можеби е друга приказна. Глупи се затоа што мислат дека проблемот е Путин. Порано или подоцна тој секако ќе си замине, а менталитетот на руските полтичари ќе остане непроменет но (веројатно) нема да има нова фигура која ќе ја држи РФ во каков таков ред и мир. Што правиме тогаш? Постојаното испраќање на оружје во Украина е постојано рчкање на земја која е нуклеарна сила. Многумина луѓе на запад (колку што може да се види од нивните коментари низ соц. мрежи) живеат во илузиорен свет каде M.A.D. доктрината доследно би се почитувала. Реалноста е дека, колку што може да се види од изјавите на некои водечки лица од РФ, и не си го ценат многу-многу животот на сопствените граѓани, а камо ли тие на запад. Како рекол водачот на чеченците, во случај на нуклерана војна, тие ќе оделе во рајот а западните во пеколот. Тие (тнр. запад) исто така забораваат дека поголемиот дел од светот не е против Русија. И не како последно самитот Кина - Русија ги зацврснува односите меѓу двата џина (Кина е економски џин, Русија ресурсен џин). Што ако се здружат и воено? Тоа значи дека еден ден лесно може да се загуби комфорот што го нуди белата техника и граѓански слободи кои западот ги нуди. Кој ќе биде виновен тогаш за тоа? Истокот или Западот кој постојано ја рчка мечката мислејќи дека со тоа ќе ја истошти, а всушност еден ден лесно можат да ја доведат во ситуација да посегне кон екстремни мерки и да се однесе не само себе си туку и другите (западот) во пропаст.
Ама не може цел свет да страда поради тоа што мечката не си оди на психијатар. Не знам дали видовте дека буквално има руски војници кои никој не ги собира по украинските полиња, туку ги јадат кучиња. Видов две видеа каде кучиња јадат загинати руски војници, а денеска на Твитер имаше едно каде мачка јаде делови од загинат руски војник. Имаше една фотографија каде од загинат руски војник е останат само пенисот на украинска нива. Како јас да мислам дека психопатите од Кремљ се нормални? Вчера видов три украински момчиња со протези, значи без една нога, играат на некоја песна. Вчера читав некоја Украинка воено лице, во Мариупол и загинале родителите, во Киев детето, а во Бахмут мажот, а таа уште се бори. Видов во Лавов како неколку Украинци фатија Русин, млади беа овие и го залепија со селотејп за канделабра. Којзнае од кога е видеото, ама од кога и да е, злото ќе роди зло. Украинец фудбалер во Турција истепал Русин, и го кажал го хотелот да го исфрлат и го исфрлиле. Да беа јаки, ќе градеа фабрики сегде, не само во комшилук, а тие што? Цело соседство го завија во црно. Каде одат сејат гробишта. Франција гори за една пензиска реформа, овие скапуваат по туѓи ниви, никој не ги збира, и замисли молчат, бегале и по Монглија да си почнуваат нов живот.
Путин и Си Џин Пинг го креваат партнерството помеѓу двете супер сили. Ова за Русија ќе биде јакнење на екомијата бидејќи сите западни инвестиции што ја напуштија Русија се заменети со кинески. На повидок е раст на мултиполарен свет кој требаше и одамна да биде. Кина го смета Тајван како не одделив дел од континентална Кина но не се осудува да превземи воени дејствија како Русија туку тоа се уште го прават етапно како што е кинеската експанзија во Пацификот и земјите од третиот свет во Африка. Јакнење на односите помеѓу Русија и Кина доволно говори за вознемиреноста на западот, па затоа Британија, САД и Австралија почнаа со производство на оружје од тип на масовно уништување во Австралија. А ме чуди фактот тоа што Виетнам кој се бореше против САД и плус е марксистички-социјалистички систем што не му одговара на САД,, сега се соработуваат за запирање на кинеската еспанзија во Пацификот. Дури скоро половина американски компании ги преместија седиштата во Виетнам и Тајван од Кина. И Јапонија исто, тие ги уништија Хирошима и Нагасаки а сега сојузници од прв ред. Во Д.Н.Р. (северна) Кореја се пријавиле 800.000 за да се борат против САД Ова говори на можна екалација во Азија и Пацификот, дали тоа ќе биде Тајван со Кина, или Северна Кореја повторно, времето ќе покаже .
Путин ќе го уапсат колку што над Зеленски беше извршен атентат. Не ми се верува дека има ликови кои наседнуваат на овие прикаски за мали деца. Мора од интерес да глумат дека не разбираат, инаку ми е непоимливо.
https://vestiplus.mk/vo-makedonija-...ari-preku-ilegalni-kanali-i-lokalni-oligarsi/ Тие луѓе не кажуваат дека во 1994 година Украина како трета нуклеарна сила потпиша договор во Будимпешта, со цел Русија да не ги чепка нејзините граници, а по неколку години Украина се откажа од Црноморската флота, за да не го чепкаат Крим. Во мај сега ќе се наврши 1 година од почнување на битката за Бахмут. Само неделава Украинците на Твитер објавија дека во Украина загинале четири руски офицери, со име, презиме, чин, фотографија. Никој во Москва не излезе да каже „лажат, шират паника, еве ги луѓево живи се“. Русите ќе одат до Белгија за два дена, ќе влезат во Киев, ќе направат нуклеарна војна, ќе ја избришат Британија со една ракета, ќе ја нема Франција, ќе ги најдат убијците на Дугина и на 10-те ликвидирани војници, главниот град на Донбас 3 пати го менуваат, не знам веќе каде им е престолнина, има ли, нема ли. Пригожин три недели кажува дека е на 1 км од Бахмут, а сиротиот се снима во некое село на 15 км од градот. И тие од Руски корупс ќе ги најдат и казнат ( си влегоа преку ридче, си направија зулум, си заминаа, ниту ги спречија, ниту ги фатија, ниту ќе ги фатат). Кадиров за 24 часа ќе ја поразеше Украина, сега нуди пари да го најдат украинскиот војник кој го палел Куранот и се снимал. Еве ги од руски извор, другите знам не ги верувате https://makfax.com.mk/svet/руски-војници-не-го-добиле-целиот-изно/