Мислам дека оваа епска војна ќе се одрази на македонското ткиво. Туку за Чеченците повеќе им се исплатело да им платат ако треба, да ги откачат трајно, отколку со години со нив да се замараат. Замисли, бројкиве се дека Чеченците минале со малку загуби, иако во однос на руската војска биле 10 пати помалку. Имаше податок дека при руско бомбардирање на Грозни се убиени 35.000 етнички Руси, податок кој фрапира ако е точен. Инаку, македонскиот денар не мрда 30 години. Дали тоа значи дека сме најјаки на свет на економски план? Не. Рубљата падна 4 пати за една година. А колку пати треба да падне? Отворете си темата русофилија, некој што бил во Русија пишува дека уште тогаш процентот на муслимани бил поголем од официјалното. Дали е така? Дали врз основа на тој демографски раст Чеченците си бараат грандиозна џамија во Москва? Ако нема муслимани, веројатно не би ја ни барале. Сега кога Финска влезе во НАТО, овие веднаш силни, или џамија или ќе се борат против Руси.
Инаку, Полска многу помогна, и со оружје, и за бегалците, а и тимови волонтери ризикуваат свој живот за да укажуваат прва помош на ранети украински војници ( скоро имаше едни Полјаци ранети во комбе), па и во полски болници ги носат ранетите Украинци, руски и белоруски спортисти нема ни да примаат, така што две краставици во маркет не значат ништо.
The Moscow mosque conflict is escalating in Russia. After Christian protests, Muslims have not been allowed to build a mosque in Moscow on ground considered holy by the Christians. In response, Muslim Tatars set a Christian church on fire in Nizhnekamsk. Запалена црква во Москва. Видеото е објавено пред 22 часа. Имате на Твитер на профил Вишеград24.
https://www.youtube.com/shorts/T-TGm6izb9Q Убаво погледнете ги снимките. Тоа кафир е арапски збор за каур, неверник.
@Tanjamm шо имаш да кажеш за оваа Украинкава Дарија Трепова што со експлозив влегла во кафуле во Санкт Петерзбург, каде од експлозијата е убиен Максим Фомин, кој пред тоа се борел во Украина и бонус се повредени преку 10 други луѓе? Тероризам? Не, нели?
И те како е тероризам. Само пак ќе кажам, жално е што невини луѓе гинат во војни. Многу дечиња ќе растат без родители и ова страдање нема да се надмине во следните 150 години. Без разлика од чија страна се загубите.
Кој кажа дека е Украинка? Никаде не сретнав такво нешто. Ниту е Украинка по националност, ниту е од Украина. Таа била руска државјанка, член на некоја си руска гарда, која веројатно е поврзана со Навални. https://vocentar.com/движење-на-отпор-голем-пресврт-во-прик/ Кафулето во кое се случи убиството е во сопственост на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој, сепак, смета дека за убиството е одговорна група радикали, а не Киев. Дарја е веројатно исто како оние Русите од Руски корпус кои упаднаа во селата и убија две лица. Руси убија Руси. И ова е исто.
Јас на странски портал прочитав дека е Украинка. А не Русинка. Типичен одговор за тебе. Украинците сите светци.
Каде пишува дека во Москва запалиле црква? Нижнекамск не се наоѓа во Москва, тањуле, тоа е град во Татарстан.
Моја грешка де, ама бараат џамија која би собрала 60.000 луѓе во Москва. Има едно јутјуб видео кое вели дека во Москва 4.5 милиони луѓе се изјаснуваат како атеисти, 1.5 милиони христијани, над 800.000 муслимани, а другите се будисти и слични. Значи Русите можат да бараат отцепување оти се 17% во Украина, а Чеченија и Дагестан и сличните каде Русите не се ни 4% мора да се дел од Русија? Ќе видиме до кога. Имаше вчера некоја снимка од Чеченци кои се тепаат меѓу себе во Украина и тоа група од некои 15 луѓе. Џабе нема да војуваат, ќе си наплатат на крај.
Нека ја судат ако е Украинка, си има закон. Сегде пишува дека е руска државјанка, па дури и мажот нејзин тврдеше дека е невина. Мажот не е Русин? Ако тој е Русин, а таа Украинка, па дури и крива, а тој ја брани, значи е предавник? А Русија како велесила зарем нема разузнавачи кои би осуетиле, спречиле таков напад? Ти самата кажа дека акција поттикнува реакција. Веројатно соседите на Русија знаат со кого си имаат работа, отпор има секаде. Долго време се шири едно видео каде жена во автобус навредува Русинка и ја удира по рацете како мало дете. Дури вчера видов опис на видеото, дека е снимено во Казахстан. Жената ја бркаше Русинката да си оти кај Путин, ги нарекуваше терористи, окупатори. Русите сите светци, затоа секаде така лошо ги третираат луѓе кои не се Украинци. Делата говорат. Кај поминале километарски православни гробишта зад нив. И Кримскиот мост го кренаа во воздух група од Украинци и Руси. Кај им е патриотизмот на тие Руси? За пари ли прават такви работи?
Aaand here we go again..... Неможам Тањо како само ти гледаш видеа кај што луѓе ги осудуваат Русите, како само ти познаваш луѓе од цела Европа шо ги мразат и се против Русите. Јас прочитав дека е Украинка, нигде изјава од маж, а дали до сега Русија открила што е како е, нигде не излезе, така да, освен ако си блиска со Путин, неможеш да си сигурна дали веќе откриле или не. Па мубетов дека Русија како велесила требала да го спречи нападот, ти е малце детски. Али ај ок.
Ти читаш една вест, а другите 10 за истото не ги читаш и затоа така ти се чини. Дарја е Русинка, мажена за Русин, член на некоја руска организација која е против режимот на Путин. Тие си преземаа одговорност за нападот, немале врска со странски служби и држави. Сегде имаше по медиуми. Имам на Фејсбук пријатели од Франција, Италија, Молдавија, Полска, Ерменија, Грузија, така што не сум ќорава, гледам како ги навредуваат Путин и Лавров, како да се стока, а не луѓе. „Лудаци, ненормални, го вративте светот 300 години назад“, ова го рекле за Русите и тоа не се комплименти. А ти мислиш јас измислувам дека некоја Русин го тепале некаде? Eве на што се жалат Русите Oва е капка во морето. Има многу видеа на Твитер, не е се на Јутјуб.
А за овие другиве миленици твои? Не читаш, не гледаш? Жално е што обичен народ гине, се тепа меѓу себе, а ти упорно едната страна шо е највиновна за оваа војна, ја величиш.
Дали некаде некој Германец, Французин, Американец тепал Украинци на улица, ги нарекувал терористи, им демолирал ресторан или ги депортирале на аеродром со полиција како Русинката? Сите им нудат помош, работа, донации. Русија е виновна. Кога Украинците ќе отидат во Москва да убиваат цивили, жени, деца, бебиња, трудници, тогаш ќе ги осудам. Среќа па луѓето по Европа убијците ги нарекуваат убијци, за вас се „ослободители“.
Ајде пак од пред некој ден дискусијата. Зошто Тањо дојде до оваа војна? А заборавив, сега ми текна, заради таму неколку Руски убиени дечиња, силувани жени, бонус силувана трудница, неколку плус луѓе, колку едно село, "диктаторот" војна направи. Според тебе едниве не се за осуда, да, ми се освежи меморијата. Незнам и ја со кого си трошам време, шо уопште ја отварам темава.
Луѓе не им верувајте на медиумите. Вистината е далеку поразлична од онаа што се представува на медиумите и пропагандата.
Тоа е за судење и затвор. За што постојат закони и судови ако враќаме „око за око, заб за заб“? Не ми одговори ти дали е ок сега Бугарија да изврши инвазија на Македонија, затоа што го тепаа Пендиков во Охрид, демолираа луѓето бугарски клубови, бугарското знаме беше палено во Вевчани, а тие пасоши ви даваат да се шетате по „лицемерна“ Европа. Кога гледа некој од страна ќе мисли дека и ние сме некои како Азовците, кои патем не се ни 1.000 души во Украина со 44 милиони народи. А зошто Русите навиваат за напад на Полска, Финска и кого не? И таму ли има „угенетени“ Руси? Можеш да замислиш 7 милиони починати Украинци во Глодоморот? Тоа е буквално територија поголема од Македонија да стане гробница. Нека не се 7, нека се и помалку, 5,6 милиони, пак е тоа бескрајно поле на гробови, и по вас требало Украинецот да го сака Русинот.