Откако ќе заврши војната, сите информации полека ќе почнат да излеваат на површина, како што се случува сега со Ковидот. Но, во овој момент владее таков хаос од информации и дезинформации што просто е невозможно да завземеш страна при чист разум и без емоции. Денес читаш еднава страна заклала луѓе, утре читаш другава страна испотепала војници како да се на лов на дивеч.
Дури да заврши војната, ќе го обереме бостанот.Зелен. Дотогаш Бахмут ќе биде најбитен, све остало небитно. И вака се прави деца, димна завеса. Ај да го изгледам Лошо од погоре.
Знам, ама си влевам доза на оптимизам. Инаку знам дека работава ќе биде како изреката: "Ко преживи, причаче".
Има многу сведоштва на руски граѓани кои кажуваат дека Украина не треба да постои, повикуваат на геноцид, Сталин требало во минатото да ги изништи сите Украинци. Јутјуб имате, така? На што ќе личи за вас некој да каже дека е грешка што имате држава, дека не треба да постоите, дека немате јазик итн? Дали ви е ок за еден статус на социјални мрежи да одите по 5-10 години в затвор? И јас мислам како @Gornn сега имаме секакви информации. Еден ден се ќе се дознае. Но, тоа што ќе се дознае нема да ги испере руските раце, напротив ќе ги окрвави уште повеќе. Ако во Мариупол се убиени 50.000 Украинци како што се смета, тоа е геноцид. Инаку, Аргентина е новата Германија. Да не беа Русите, немаше да знаеме, нели? Oсвен Путин крив е и тој руски народ. Немам видено друг народ, 20 години да го водат исти луѓе и тие да се мизерија и да одат подолу и подолу. А богами, територија не им треба, оти и така си имаат огромни територии, градови, државички каде Русите или ги нема или се една шака. Тоа нивно не е. Како што Косово не е српско, така ни Чеченија, Дагестан, Татарстан, Бурјатија не се нивни. Дури и во Сибир има други народи, не се тоа Руси.
Војникот кого руски ИСИС го обезглави не е Украинец, туку ентички Унгарец од Задкарпатската област во Украина. Сега видов на Твитер, имаше фотка, млад дечко, Сергеј Потоки, или Потаки, беше наведено како е транскрипцијата на украински јазик. Имаше украински и унгарско знаме. Кај е сега Орбан, првото другарче на Путин да се јави со реакција?
Еве сите сме зачудени што војник бил убиен во воена операција. Странциве ги нема некако да повикуваат на мир, им одговара ситуацијава изгледа.
https://plusinfo.mk/kaznile-baba-za...-plati-40-000-rub-i-za-muabet-vo-starski-dom/ Се пукнав од смеење за веста. Добро, Русите апсат некои баби, казнуваат, а за Татарите што ја запалија црквата, некој притвор, обвинение, не видов дека има нешто такво? И за тие Чеченци што се заканија дека ќе одат во Москва по Русите кои протестираат, и за нив гледам нема никакви мерки? Русиве во својата држава граѓани од 3-ред, ама битно референдуми прават по соседството.
Jaс мислам дека подобро ќе беше Бабович, тој некој си Деки што има многу фанови во Македонија и тие тројца Срби што загинаа лани во Украина, да се бореа за правата на Србите на Косово, а не за некој кој не ги ферма 2%.
Сила Бога не моли. Полека навлегуваат во Лаврата, апсат верници кои стојат и се молат и со тоа ги погазуваат верските слободи на преку 80 % од Украинците. Во сред војна...овој Зеленски буквално решил да си го сотре народот....преку мобилизација со која ги праќа во смрт, преку раселувањето и на крајот и преку бришењето на православниот идентитет.
Новинарот Денис Казански ги објави тие попови со име и презиме. Тоа се Руси по националност, а поседуваат и руски пасоши. Еден од нив се тепаше со украински војник, а друг руски поп не дозволи загинат украински војник да го пеат во црква, па го пееја во двор на црква. Тоа се тие „невини свештеници“ кое се шпиони, соработници на Русија. На Русите пак им загина некоја жена воено лице што војувала во Сирија. Можам да замислам колку им е полно срцето на Грузијци и Казахстанци кога гледаат како летаат тие терористите што убиваа кај нив. Гајле му е на Западот, ќе даде некоја трошка оружје, Украинците ќе ја доразмнотираат руската армија и така. Ќе изгинат и Украинци, ама нивната жртва веќе некоја ја вреднува. Како на пример, еден украински писател собра донации од пријатели странци и купи 142 нови возила за украинската армија. Ганц нови. Фантазија. Епа тоа се милиони евра бе дечки. Странците не го оставаат Украинецот што се бори. Значи имале пријатели, а? Само еден човек толку пари собра и уште собира. Нели ќе беа извисени Украинците, прежалани биле? Не се будали Украинците да седат со руски шовинисти од кои едно пенкало не добиле во животот. Русите глави сечат, убиваат деца од 2 годинки, а македонската злорадост опседната со верски слободи. Има некој што ќе паметни и ќе ги казни за тоа племенско однесување. Имаше денеска една зафрканција за Русите, дека за 3 дена светот ќе го поразеле, па ништо. Аааа, сега Лаврата им е битна на Русите, а џамијата за 60.000 верници до кај е? Ќе ја биде ли? Инаку, Лаврата за првпат овој Божиќ имаше литургија на украински јазик. Така треба да биде. https://24.hu/kulfold/2023/04/20/or...katona-szerghij-pataki-lefejeztek-bahmut/amp/ Еве ви на унгарски, еве го човекот на кој ИСИС од Русија му сечеше глава. Имал две мали деца. Русија нека создава нови непријатели, и така „малку“ ги има, нели? Децава на овој човек, цела негова фамилија, па и неговите сонародници сигурно ќе добиваат нагон за повраќање кога ќе сретнат москалија.
Децата на Унгарецот кога ќе пораснат ќе раскажуваат кои беа Русите што ја отсекоа главата на татко им. 100% сум сигурна дека нема да се сложат со тебе. А ти, со твојата пропаганда што се трудиш од масовни убијци и терористи да направиш светци, заслужи пола рубља. За твојот стих „Русија го растури западното оружје како од шеќер да е“, заслужи книжевна награда Руски витез. Каква поезија. Каква хипербола.
Дејан е отиден во Русија многу одамна далеку пред воената операција, човекот е таму и од прва рака споделува проверени информации, а не рекла казала приказни за уапсени баби. Инаку во Србија не може да се врати поради тоа што имаше настапи против Вучиќ (вклучувајќи ги и тие за Косово) и му подготвија терен да биде уапсен доколку се врати назад.
Јас му посакувам среќен живот во Русија. Знам дека не смее да се врати, затоа што учество во странски војски е казниво во Србија.
Па човекот очигледно и веќе си е среќен и задоволен. Ај ќе видиме колку ќе казнат од борците што се борат на украинска страна.