Демантираа. Верувај во што сакаш. Самит нели требаше да има во средината на февруари па никому ништо. Дечки, Путин и Лавров досега 10 пати спомнаа дека се спремни да преговараат. Ако му се брза на Зеленски, утре ќе капитулира. Тоест требаше досега 100 пати да капитулира по ваше, па и државен удар требаше да има 10 пати досега, по ваше, па ништо.
Кога тоа Путин и Лавров после преговорите почетни во Турција побарале да преговараат и не знам зошто би преговарале кога вака лека по лека само со Вагнер ја тераат работата? Со контраофанзивата украинските сили што направија Тање до кај се? Тргнати се?
Самите не верувате во тоа што го зборувате. Украинската армија, советникот на Зеленски и Зеленски демантираа. Не се секирајте толку, ќе биде појасно идните денови. Ако паднал Бахмут ќе дознаеме. Ич да нема контраофанзива, на мапата е вратено 55 или 60% од тоа што суперсилата окупираше. Не ве сфаќам што поддржувате вакви болесници? Дали сакате да бидете исфрлени од дома, да ви киднапираат деца и да ги учат туѓа химна, да ги тераат да носат маици со името на земјата окупатор, да ви урнат дом? Што од тоа сакате вам лично или на вашите поколенија да им се случи? Мене тоа не ми е ок и никогаш нема да ми биде и сум против тоа. Ма не ме интересира Руси биле, провославни биле, терористи се. Тоа руско лека полека, век се стори. Упорни Русите, нема што. Додека не ги „пробаат“ сите западни гранати, не си одат дома. Паметни, што би рекол македонски русофил кој никако не би војувал и би умрел за леб со руски минималец од 197 евра. Абе милион гранати им вети Европа на Украинците. Тоа ќе значи милион убиени Руси или дури и повеќе. Не знам што луѓе сте што мислите дека Русите прават нешто досега невидено паметно во светот. Ти се колнам дека видов неколку видеа каде од нив има само черепи по украинските ниви, пенис во нива, задник во нива, кучиња ги јадат. Ти верувај во што сакаш. Украинци во Донбас тестираат западни ракети на Руси. Русите не се ни бунат. Тоа е тоа ваше „полека“ си терале. Нек тераат, кој им брани. Ако е ова лага за Бахмут, а веројатно е, тоа е брука невидена. Мојата месна заедница е поорганизирана од суперсилата.
Веруваме Тање веруваме бидејќи гледаме официјални изјави и на Зеленски и на украинските војници а и двете страни го потврдија истото, е сега ти што ми се нервираш за џабе бидејќи тврдењата твои ти одат по вода тоа е. Никој не поддржува ништо само коментираме причини и последици, а Меркел добро кажа дека со потпишувањето на договорите на Минск не ни биле во план да ги почитуваат туку да се купи време за Украина да се спреми за војување, значи планот бил да се изигра Русија од самиот почеток и после имало специјална воена операција е пак има.
@Tanjamm Тањее спремај се изгледа дошло је време на пут да се крене, а бидејќи дадовме се шо имаме ни остана уште војници да праќаме, а пак бидејќи во ова лудо време/невреме нема повеќе поделба помеѓу способностите на мажи и жени ете сега слободно ќе можеш да се приклучиш во одбрана на Украина рамо до рамо со мажите.
Што сакаш да кажеш, дека мажите без наводници се нешто повозвишено од жените? Ај доста се брукаш. Не знам кај ве наоѓаат, можат на некое попаметно дете кое не тресе глупости да му платат да тера пропаганда. Или само вие се нудите.
35 милиони Руси уште се со полски клозети (20% посто се тоа според Москватајмс), ама за тоа поради нив секој 12 Грузиец е внатрешно раселен. Да овие „напредни“ луѓе ве паднаа на задник. Да, поддржувате тероризам. Да, поддржувате џихад. Меркел може да прави и планира што сака, Зеленски исто. Секоја независна држава може да прави што сака, а тоа не значи дека Русија треба да напаѓа. Украина на Евровизија сакала да настапува со песна на украински, Русија ја притиснала да пеат на руски (ова пред повеќе години). Па кој шовинизам е тоа. Сите функционери назначени од Москва во Украина се тешки криминалци, со тапија. Замисли некој да ти рече дека терористите од Диво насеље се „цивили“ кои македонската полиција ги малтретирала? Тоа е тоа што го говорите вие. Просто не знам како не сте отишле пред Идризово да протестирате да ги пуштат. И какви пропаганди бе, какви пари? Кој дава пари и за што? Си има документарци, гледаш, читаш, споредуваш демографија, читаш назад историја, сфаќаш дека Русин е исто што и Косовар. 15 месеци трае војнава што требаше да заврши за 2 дена. Вашата грижа не им е потребна на Украинците, очигледно знаат да се бранат. На Московија и треба вашата утеха. Веројатно лажат за едно гратче како Бахмут. Без нервози, можеби навистина е освоено гратчето, верувајте им на Русите, тие се број 1, против цело НАТО ќе се борат, против цел свет, што е Бахмут за нив? Полека си тераат, прават пародија од својата држава. Ко што гледам ниту Зеленски е симнат од власт, ниту Украина поразена, ниту Украина ќе биде воено неутрална во иднина, ниту западот престанал да ја помага. Напротив, му направија услуга на НАТО, Финска влезе, а и Грузија и Молдавија ќе целат да влезат таму. Не е сигурно ни за Азербејџан, дали би влегол. Ниту едно барање на Русите не е исполнето.
Зошто вака напредна девојка со широк светоглед како тебе ме чита, па згора на тоа и ме цитира? Ај стисни игнор, чувај си здравјето. Без нервози. Кога ќе земам пари од пропаганда, виртуелна пијачка ќе ти пратам.
Ми се смачи да читам како @Bratot зборува сам со себе, па реков да кликнам. Инаку, доста копираш туѓи постови и тоа што ти е тебе кажано за здравјето. Не мора пијачка за мене, чувај си да ти стигне за сметки. А ако навистина никој не ти плаќа да се лупаш во гради овде е уште пожално што ни се разболе од нервози, цели фермани емоционална болка. Зеленски не се секира олку за Украина.
Не знам зошто вака надежна млада дама чита постови на фемина, плус мои. Тебе општо македонски менталитет ти смета, те гуши, нели? Да даваа пари за пишување по форуми, сите ќе бевме Бил Гејтс. Сите русофили нека отворат шампњаско, во чест на паднат Бахмут, па утре, задутре ќе видиме дали е паднат. Moже па Украинците тактички се повлекле, исто како Русите што се повлекоа тактички од пола Украина и повеќе. Сега руски блогери пишуваат Залужни бил тешко ранет месецов, го оперирале неколку пати, а пред два дена Залужни беше на регистрација на украински војник во матично. Младенците го објавија со слики. Ај ќе видиме кој лаже.
Не ќе да е лошо да го гледате дечково, прави детални анализи на конфликтот и што е најважно, ОБЈЕКТИВНО ги гледа работите. Гледам тука и општо меѓу луѓево, дури и јас бев во заблуда од western media, како може да ни перат мозоци. Да не постоеше youtube немаше да ја знаеме другата страна на приказната, ако следиш мејнстрим медиуми и вести нормално ќе мислиш дека Русија е агресор и направила иНвАзИјА. Во февруари '22 луѓето во источна Украина излегоа на референдум и гласаа дека сакаат да се припојат кон Русија, ама ова западот нема да ви го каже, Русија си зазима територии моментално што ќе и припаднат неа. Колку и да ви звучи лошо и ригорозно, тоа е вистината, сакале војна или не.
https://en.wikipedia.org/wiki/Ilirida Мала си била. Имавме ние таков референдум. Еден колега од Берово ми рече дека ако се правел референдум во Делчево на пример, 90% Македонци со бугарски пасоши би гласале за спојување со Бугарија. Ако светот тера по руски правила, од нас нема да има ништо. Бахмут не е паднат воопшто. Таму се Украинци, Грузиска легија, дел од Унгарците од украинската армија. Војната веќе е на руско тло, Руси против како што рекоа „Дедо Путин“.
https://fokus.mk/ukrainskata-armija-borbite-za-bahmut-prodolzhuvaat/ Ххахаха, па западни медиуми објавија дека Бахмут паднал, па се коригираа. Како бе ги верувате селективно? Кај има источни медиуми? Скоро сите ги затворија, освен РИА Новости и Раша Тудеј, тие како српски Пинк. Самата украинска армија си објавува видеа од Бахмут. Роберт Маѓар, Унгарец од Задкарпатите, вработен во самиот врв на украинската армија е одговорен за напади со дронови, уште делува во Бахмут. Ако ги веруваш Русите, „го убија“ уште пред три недели. Утрово таму заробиле руски војници. Официјалните Твитер профили на украинската армија ако ги сметаш за западни медиуми, ок, aма тие медиум не се, исто како што профилите на нашата Влада, полиција, армија на пример не се западни медиуми. Самите руски партизани си пуштија снимки на Твитер и други социјални мрежи како крадат возила од „руската армија“ во Белгород. https://a1on.mk/world/video-haos-vo...egaat-guvernerot-na-belgorod-ne-se-vrakjajte/ https://www.slobodenpecat.mk/padna-li-bahmut-bitkata-kaj-kana-vo-2023/ Ако дојде до сецесионистички движења и референдуми во Македонија, од Сарај до Струга сами знаете како ќе се гласа. Море не од Сарај, од Чаир до Охрид сосе Долнени, Крушево, Ресен како што си ја постираат фамозната карта на Голема Албанија. Истокот е отепан до даска, заборавен, бугарски пасоши без број и од кај знаете дека нема да гласаат за спојување со Бугарија? Православците од североисток од Куманово до Паланка, ако не се под македонска чизма, веројатно радо би под српска братска чизма. Кратко и јасно, по руски правила на игра, Македонците не треба да имаат држава.
Битката за Бахмут заврши, со руска победа, бар, за сега. Понатаму може повторно ќе се активира и ќе имаме промени на мапата, затоа што утре Вагнер го напуштаат градот и ќе биде предаден на војската на ДПР. Денес изгледоа и официјални податоци за загубите на двете страни. Почеток: Октомври 2022 Крај: 21 Мај 2022 Украина: - 100 - 120 000 загуби (ранети, повредени, исчезнати) - Над 50 000 убиени - Загуби во воена опрема: 7.8 билиони - Изгубени дронови: 2700 - Изгубени авиони: 23 Вагнер: - 15 - 20 000 убиени нема податоци за тотални загуби и изгубена воена опрема сеуште. Во извештајот исто така стои дека целта не било освојување на Бахмут, туку десеткување на украинската армија. Загубите на Украина се 3 на спрема 1 за Вагнер. Ова е и прва битка во историјата каде што платеничка војска составена претежно од затвореници и платени војници да добие војска вооружена и тренирана од страна на НАТО. Луѓе, колку што живеат во град со големина на Тетово, или Битола се избришани засекогаш. Млади, невини луѓе, украински граѓани, ниту криви, ниту должни, информатичари, доктори, инженери, адвокати, работници, студенти, татковци, пратени во градот од кој не се вратија назад. Ја дадоа својата крв за, како што викаат небитен град со големина на Битола. А го бранеа и гореа свои војници со месеци. Уште колку ли вакви животи ќе ги снема во битки кои однапред се изгубени, додека не се седне на преговарачка маса и да се реши оваа војна? Се може да се реши, само луѓето никогаш не можат да се вратат.
Не им оди толку лошо на Украинците, инаку стопати досега ќе плачеа за преговори, а тие уште просат оружје. Украинците уште се во јужните и источните делови на Бахмут. Истиот ден кога Вагнер објави дека го освоиле градот, Украинците се изнервирале очигледно, па што ќе направат, чета од 25 азовци, убиле 25 Руси, раниле 40, заробиле 4, а превртеле и некое возило. И не, не ве зезам, и меѓу азовците имало 4 ранети, ама беа пресреќни дека нема мртви кај нив. И покажаа снимки од загинатите, уништено возило, се качија во своето возило и продолжија да „чистат“ територија подалеку. Овие се навистина добро обучени. Па со каков ентузијазам на лице војуваат, како да не ги демне смрт секоја минута. Ние тоа не можеме да го сфатиме од овде, но реално сите сме се родиле да умреме. Стравот од смртта штом ќе го победиш, полесно е. https://www.slobodnaevropa.mk/a/32425593.html Еве ви вест од денеска дека битките траат, со потврда од украински генералштаб. https://plusinfo.mk/video-vaka-e-a-...-ne-se-spremni-za-ukrainskata-kontraofanziva/ Во меѓувреме, во Белгород војна Руси со Руси, украле тенк, украле БТР, раниле луѓе. Русија де ги ликвидирала, па утре ги истиснала, па пак ги убила, а овие се снимаат и велат „ама ние немаме загуби, не знаеме Конашенко за кои загинати зборува“. Се смеат, влакно не им фали. Самиот Пригожин си призна дека Украинците се сега многу добро обучени и дека Русија ја чека внатрешен бунт. Ако не си одат Русите, ќе бидат гратис тестери на западно оружје за две села и три викендици ( ова сериозно го мислам, не ве провоцирам и зезам сега). Западот му е благодарен на Путин, руските сили нема кое западно оружје не го „изедоа“, а ново стига и ќе стига. Ако не си одат, црно им се пише. Очигледно Украина како најголема држава во Европа по територија им е битна на западните сили и нема да ја остават. Не го заборавајте моментот дека полски амбасадор кажа дека ако Украина се доведе во ситуација да не може да се брани, Полска ќе влезе воено да помогне. Слични некои најави од некои така маргиналци имаше пак деновиве. Русија нема никакви шанси со Западот. Дури Руси се тркалаат по Бахмут, кучиња ги растргаат, Западот имал две серии понапредни ракети од ХИМАРС, а за година дена сигурно развиле и нови оружја. Тие граѓани што полицајците ги соборуваат по улици, не се Украинци кои не сакаат да се борат, туку Руси кои оддаваат информации на руската војска за тоа каде има украински складови со оружје, на кои локации се војниците, а имаше и случаи каде краделе оружје од магацини. Еден Русин од Лавов доби доживотен затвор за издавање на такви информации. Деновиве во Лавов фатиле Бурјат кој соработувал со Русите. Сите си добиваат добри затворски казни. Камо среќа вака да беше во Македонија. Зеленски како проси, не би ме чудело за некоја година да обнови се од урнатото, тоа што ќе остане во граници на Украина. Се што побара Зеленски, се му одобрија, помогнаа, дадоа. Ако побара НАТО војска и му пратат, што ќе прави Русија која изгуби над 4.000 врвни офицери, капетани. И не е исто кога во Бахмут ќе загине дечко спортист од 22 години ( тој не е воено лице, не е професионална армија, не се обучувал со години), а загина и пилот кој на пресови стоеше до Путин. Да, тој е армија и врв на армија. И кога Русите ќе погодат зграда во Одеса, Николаев, ако има 10 жртви на пример, меѓу нив барем 1 е Русин, двајца се полуруси и тоа Украинците си го знаат. Нема да излезе Зеленски да каже „загинаа 6 Украинци, еден Евреин, 2 Руси“, глупо е нели?
Двајца Руси, браќа, родени во Русија, израснати во Русија, преселени во Украина и загинаа за Украина. Taтко им се борел и ќе се бори и зборува руски јазик. Моиве уши веќе разликуваат украински и руски. Слушнете ги изјавите на луѓето „не е важно што се од Русија, загинаа за Украина“.
И најлошо од се е што " плукнаа " на своите предци, кои после вековен сон ,пред 30 години за првпат добија своја држава. Наместо да ја јакнат и да работат на својот идентитет, се поврзаа со фашистичката идеја на Бандерас и од него направија национален херој. Заведени генерации влегоа во однапред изгубена војна , се под паролата патриотизам пласирана од човек кој добро ја уновчи својата улога и си ја опљачка сопствената земја. Длабоко го жалам украинскиот народ и сите нивни жртви....сите кој сега лутаат по светот со надеж дека истиот ќе ги прифати така истргнати од својот корен. Се надевам дека ќе им остане дел од територијата и дека нема Украина целата распарчена да биде. Граѓани на светот без матична држава, многу болно ако на крајот тоа и се случи.
Залужни ниту е болен, ниту опериран. Еве се појави на емисија да демантира руска пропаганда. Тој Денис од Руски корпус, пак се снимал пред некоја табла во некое населено место во Русија. Нели ќе го фатеа Русиве за претходниот упад? Море акцијава во Диво насеље подобра беше од таа во Белгород. Допрва ги чека зулум во Русија и тестирање оружје на Руси во воен полигон Донбас. Украинците го слават Бандера, Македонците Кирил и Методи, Гоце Делчев, се тоа што Бугарија не сака. Абе бетер сте од Украинците, тие слават еден забранет лик, ние 10. Нели посилниот сосед треба да се слуша?