Мене ми е многу жал за украинскиот народ, и они беа жедни преку вода однесени. Но, ако ние нашата цена ја плативме со обезличување на нашата нација, идентитет, а можеби во иднина и со јазик. Станавме аморфмна маса, која е управувана од малцинство, во сопствена држава. Они плаќаат со највредното, животот. Украинскиот народ, не само што сум сигурен, туку и знам од лични контакти дека воопшто немаше ниту идеја, ниту пак желба да дојде до ова. Шака луѓе, кои беа имплементирани за да шират нацистичка идеологија и да го индоктринираат народот преку јакнење на патриотизмот, национализмот и фанатизмот, се оние кои го следеа култот на Бандера, кои имаа за цел, да дојде до ова. Луѓе, под директна команда на Западот, со јасни цели како и што да пласираат. Додека кај нас се уништува и најмала искра на патриотизам, за да дојде до обезличување на нацијата, која не си го знае ни својот корен, во Украина се ширеше наци пропаганда која имаше за цел украинскиот народ да го оддели комплетно од рускиот. Доволно е да се види дека самиот нивни претседател, Зеленски, не го знаеше ниту украинскиот јазик до пред некоја година, и сеуште не го знае перфектно, па прави константни грешки. Жално е за таков едуциран народ, земја со толкав потенцијал и природни богатства, што може да биде на ниво на една Германија ќе заврши во руини. Но, градовите се обновуваат. Еве го Мариупол повторно го градат. Ама, за кого? Ако цела таа едуцирана маса на луѓе која била погон на една нација. Цел тој младешки капацитет, кој ја движеше Украина напред, сега е пратен на фронтот да гине. Ги влечат од дома, ги бркаат по улици да ги фатат. Кој ќе живее утре во обновен Бахмут или Артјомовск, независно од тоа каде ќе ја повлечат линијата на мапата во преговорите. Дали Запорожје и Одеса ќе се руски, или ќе се на она што ќе остане од Украина, ако остане... Во просек украински војник издржувал 5 часа жив во Бахмут. Повеќето од нив ниту не стигнале до првите борбени линии, ги убиваа со артилерија, со глајдинг бомби на 100м од фронтот. Невини луѓе кои ниту имаа желба да се борат, ниту го посакуваа овој рат. И ако некој од нив, сака да дезертира, одбие наредба, веднаш е елиминиран од бандерашките батаљони кои се во позадина и ја контролираат ситуацијата. Тоа е најжалната ситуација за сите украинци, што немаа никаков избор. Напред, одат во сигурна смрт. Назад, исто. Животот им завршува денес, дали од куршум од непријателот, или од своите, изборот е нивни. Да оставеа отворени граници уште една недела, пола и повеќе од нив ќе ја напуштија Украина. Овака единствено што им останува е да пробуваат на секаков начин да ја поминат границата, па макар преправени и како жени. За жал, немаат никаква можност за кревање на граѓански удар против Зеленски и власта, баш поради тие нацистички батаљони, кои имаат буквално псравоена - полицајска улога, да убиваат се живо и диво што не слуша наредби, се буни, или нејќе да гине. Жално за тој народ.
Броите мртви Украинци, една година и есапот не ви искача точен, војуваат и војуваат. По ваше одамна нема Украинци, ама ене ги пред 5 минути тие влегле во некоја си зграда окупирана од Руси во Бахмут. Џабе вртите коло за освоен Бахмут. Тоест пред 5 минути ми излезе видео, оти не им се бореше нели? Добар борец не можат ни да го ранат, не па да го заборат или убијат или ако тоа се случи, може да се случи, ама дури по една година или години војување, како што беше Дмитро Да Винчи. Загина, ама по 8 години војување од првите настани на Крим. Семејството ќе прима паричен надомест, не демоде бунда. Руски корпус повикува народот од Белгород масовно да им се приклучи да го соборат Путин насилно од власт, оти живееле во пеколна сиромаштија и корупција. Чекај бе, па Русите нели ги убиле, па истерале, па пак убиле, и ене ги едно чудо видеа со закани пуштаат. 50 милиони Украинци ќе останеле граѓани без држава , ууууаауу, топла вода и ова го кажуваат Македонци што се едвај 58 отсто на попис и следниот веќе веројатно ќе бидат малцинство. Цело време верглате како Украинците зборувале украински јазик, донеле закон за украински јазик и се чудите, па добро, бе, зошто вие и ние говориме македонски јазик воопшто, а Бугарија вели тоа е дијалект. Дајте на бугарски префрлете се, нема смисла ова. Ако нешто го поддржувате на туѓо тло, практкувате го прво вие. Ајде, бугарски, еве јас ќе почнам од следен пост. И купишта западно оружје се потрошија во Украина, а вие си мислите дека 3 Руси се загинати. Плус 60% од окупираното е ослободено. Ама добро вие уште ја гледате старата мапа од март 2022 година. Сменето е дечки и допрва стига оружје. Тоа е „поздрав“ за Русите, ама вие не сфаќате.
Кирил и Методиј, девојчице, се сесловенски просветители, од Сопот(полска) до Сопотница(Македонија) ги слават. Како успеа во иста реченица со нацист да ги ставиш, алал ти вера, ела петка да ти пишеме на рачето
Секако дека знам, ама ова е сарказам. Патем Скрабаева правела емисија како Кирил и Методиј се Бугари и од Бугарија тргнала писменоста. Нема право никој да уредува живот на граѓани во соседна држава. И Косово има моќ твојата населба да ја направи вака.
Така е. Тебе животот ти го уреди Таче, на украинците Зелениот, и сите сами се криви, никој не е главен и одговорен уредник
Па ако дојде некоја чета како таа во Диво насеље, а не сме моќни да се справиме со ништо, ќе видиме што се е можно. Ќе си ги гледаме куќите од некој камп за бегалци на тв и ќе ти викам „еее, брате, памтиш ли на Фемина кога пишуваше ти за Мариупол“, а ти ќе ми се жалиш „ааа, Украина ја бранеа, а нас, никој не не спомнува“. Филм си направив. Нели баш вакви се Македонците? Можат и Џон Траволта да го слават, нивна работа. По логикава на русофиливе, испаѓа дека сите наши соседи имаат легитимни цели да не нападнат и дека дури и се будали што воопшто не го направиле тоа и што не трпат. Србија ни „дала“ држава и не ослободила од Турците, а ние сме им забиле нож во грб и сме го признале Косово, влеговме во НАТО, цркви итн. Бугарија ни спори се живо, а имаме 120.000 лажни Бугари, ако дојде да ги заштити да си имаат кантони? Албанците заглавени на пат за Европа поради нас, ако го повикаат Еди Рама да ги „ослободи“? На Грција сме и краделе античка историја, има европски експерти тоа го потврдуваат дека е така. И според русофилската логика, значи не е виновен тој што прави геноцид, етнички чистења, туку крив е тој што во нападната земја е на власт. Агресорот за нив е светец, жртвата е крива. Силуваната жена е крива, силувачот невин. Тоа е таа нивна логика. Па што тогаш пискаат Македонците за навредите на Бугарите? Русија еве дава добри примери како се постапува со помалите. Значи според русофиливе, Бугарија се многу „нежни“ со нас.
Да земеме да убиваме, да правиме масакри, да шириме болен национализам, да планираме да им натопориме нуклеарки... а притоа да склучиме договор дека ќе правиме се спротивно од тоа, шо мислиш ти вечно ли ќе трае толерирањето или ќе дојде ден кога ќе велиме еее Тање гледаш од шо сме шути шо си напрајвме од готово вересија, верувајќи дека ќе не штити големиот и сенилен батко на крај испадна дека сака само да се слика со нас и да си игра к*рташак
@Bratot знам јас дека ние не сме способни ни мравка да убиеме, ама Русија ќе инспирира и други насилници да најдат изговори за нереди. Ние не би добиле ни грамче од тоа што го добија Украинците како помош, ние не би се бореле ни 0.00000001% од тоа колку тие се борат. И зошто Вагнерци уринираа врз знамето на Грузија и на ЕУ? Ова беше минатата недела. Грузија нив не им зема и не им должи ништо, тие нејзе да, ја унаказија. Група Руси во Австралија се снимале со руски знамиња, му честитаат на Вагнер за освоен Бахмут, Австралијци прават хистерија по социјални мрежи за да ги протера државата. Русинка во Канада на гаража напишала „Бахмут е наш, благодариме Вагнер“, почнаа да ја снимаат со телефони, да се расправаат со неа, па ги одлепи сите букви. И се дерат „фашисти, рашисти, терористи“. Излегле од вукојебина, ама вукојебината од нив не. Нецивилизиран народ. Кај ги примиле во туѓи држави, леб им дале, работа им дале и се однесуваат како да се во џунгла. Во Берлин урлаат „Расија, Расија“ на 9 Мај, Германец им излезе со украинско знаме, го нападнаа да се тепаат, и тоа жени, со некои смешни потези да го клоцнат по нозе. Освен Косовари, кој друг ова го прави?
Ццц како бе така, лелее катастрофа, лоши Руси Не кажа за онаа со боја шо се натури на Канскиот фестивал, и од толку многу шо сочувствуваат со нив одма како партал ја исфрлија надвор. Демонстрантка облечена во боите на украинското знаме се полеала со лажна крв во Кан Искрено добра риба, штета за бојата
Женава не е Украинка. И лани истрчала жена со голи гради и на нив украинското знаме. Франција прати оружје за Украина, се е тоа подарок за Русите. А Катрин Денев ја виде ли како рецитираше поезија од Лесја Украинка посветена на Украина?
Ако на некој сеуште не му е јасно зошто и како се води оваа војна. The Republican senator said, Lindsey Graham during his visit to Kiev, where he met with Ukrainian President Volodymyr Zelensky. "Russians are dying, the best money we've ever spent," said the senator, to which Zelensky replied: "thank you very much." https://www.dailymail.co.uk/news/ar...-dying-best-money-spent-meeting-Zelensky.html
Tugj sram me jade, abe kako ne gi e sram be ej pa barem informirajte se pred nesto da pravete, kako imat obraz utre so narod da pravat muabet ne mi e jasno
https://lokalno.mk/video-haos-na-gr...itorijata-na-rusija-vo-tek-borbi-vo-belgorod/ Абе нели Русија ги ликвидирала овие од Руски корпус, еве ги пак во Белгород. Тие слободно се снимаат, си кажуваат дека ги има насекаде низ Русија. Сабјер криминал нешто? Има ли Русија такви нешто? Разузнавачи? И дроновите ни најдоа кој од каде им ги пушта, дали се Украинци од Украина, дали Руси од Русија, дали се Руски корпус. Јака држава нема што, како од цртан филм.
Што велат вашите транспрентни медиуми за овие Руски корпус, Руси што убиваат Руси? Има ли некаде нешто по руските портали за нив?