Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Вчера Урсула спомна дека со Норвешка или Финска (матна ми е главата од короната) се договараат за гасот и дека време било да ја прекинат зависноста со рускиот гас.
     
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Многу е жално и страшно. Немам сон од кога почна, бидејќи ме потсеќа на 2001г кај нас.
    Колку што ми е жал за Украинците, толку ми е страв да не дојде и тука, сакам само да престане.

    @WildMk јас сум од тетовско, си знам јас, дете далечна 2001г.
    Татко ти не знаеш дали ќе се врати дома, чичковци и вујковци не знаеш дали ќе ги видиш пак, и капак на се, децата кои ги чуваше татко ми во ВПД Велес, сега пукаа рамо до рамо со него, спиеја и се тушираа кај нас дома, деца, деца од 18-9год, регрутирани бидејќи возвишените Лавови и командири на мапа ги немаше, си го скрија газот.
    Немаше леб, немаше ништо, арно на село што сме па нешто од нешто се наоѓаше, и за нас, и за децата на кои татко ми им беше штитеник и се бореше да се ресоцијализираа додека беа во впд, повели ресоцијализирај ги после 2001г.
    Знаеш колку луѓе се пореметија буквално? Секој втор кај мене Вајлд, колку луѓе останаа без некого, колку луѓе станаа анксиозни, нервозни? Исто многу.
    Знаеш ли дека човек си го уби другарот во моментите кога се пукаше, на грешка? Што мислиш како живее денес?
    Прашај некој од нас дали сме за Нато.
    Знаеш како била војната гледајќи од Битола, јас гледав од дома, тазе вселени, а куќата ти се руши пред нос, додека и најстрашното можно се случува, луѓе гинат.
    Ги рушеа црквите, крадеа, сопираа автобуси и земаа заложници, ако не беше војна тоа, тогаш што беше?

    Сакам да престане само, не само оваа, сите војни. Невини гинат, деца...
    Немаме мрднато од времето на кромањонецот, жими се.
     
    На Ivan4e04, Kitten, Celltica и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Машки
    Финска.
    Ако го сопрат гасот, ќе плаќаат течен гас од Америка за тродупла цена. А ако на Путин му текне да го секне гасот од страната на Турција, пиши и пропало на Македонија. Ние увезуваме 100% гас од Русија.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски

    Значи ти фактички ги поддржваш оние заради кои македонските војници беа наместени да загинат најбрутално шо можи? Заколени и запалени до степен на непрепознатливост. И пази, од тие кои ти сега ги сметаш за нужно зло и во кои се крстиш беше издадена наредба дека ако се одбраниме и ги нападниме шиптарите, ќе ни се деси истото шо се деси на Србија.
    И немој да кажваш дека и ти индиректно си страдала од војната и ти е многу жал бидејќи твои блиски биле вклучени директно на фронт.
    Срамота, од нив е срамота.

    Поборник за мир и човекови права, жими газот.(facepalm)

    И сте се фатиле за тоа дека сме го бранеле Путин и неговата политика а едно мислење такво се нема напишано на темава. Кој нормален сака да има војна и да гини невино население? Или ако ги хејташ НАТО и САД, автоматски паѓаш во несвест од љубов спрема Русија.:doh:
     
    Последна измена: 25 февруари 2022
    На Celltica, темјанушка, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    И сега, кој е планот Б? Ни гас ни нафта, значи сите туто комплето ќе го јадеме стапот.
    Стево и Таче сега да гукнат нешто, за работи кои директно не засегаат?
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.544
    Допаѓања:
    191.611
    Да де, уште Трамп дури беше прецедник истото го збореше. На што личи ова, ние ќе ве браниме, вие нивни гас ќе купувате, стока неблагодарна. И така...

    Норвешка e единствена во ЕУ што има свои нафта и гас, а и покрива дел од побарувачката во ЕУ.
    Со кој зборела Урсулка не знам, со Финска може:?:
     
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    20.211
    Пол:
    Женски
    Аман Вајлд. И Карпалак и Вејце беа наместени. Ги продадоа како да се вреќа компири. Очи им копаа, ги масакрираа. За Рамковен!
     
    На Ivan4e04, Kitten, Celltica и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Мислам дека целта е капитулација на Киев, исцртување на границите кај живее проруско население, а останатото да биде независна украинска држава. Во Западна Украина нема некои позначителни борби, затоа што таму бројот на Руси и проруски Украинци е многу помал.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Не ми текнува мор, мутна сум цела:D
    Ама Биљо не може Путин да прави војни кај му текне и да уценува со гасот.
    Ова со Украина не е нормално. Не е.
    Украина си е посебна држава и што сака ќе си прави.

    Туку, не ве заинтересира зголеменото ниво на радијација во Чернобил?
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Не заинтересира ама што да се каже све е кажано :(
     
    На Celltica, Ahoy, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    5.337
    Пол:
    Женски
    https://www.independent.co.uk/news/...e-nuclear-radiation-ukraine-b2023062.html?amp ме загрижи , гуглајки ова ми искочи.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Тоа е она што ме плаши. Не седат мирно Русите сигурно.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.055
    Пол:
    Машки
    Нема никакви податоци, никакви информации, никој не кажува колку е зголемена радијацијата и слично.
    Шо ќе се замараме, ќе дознаеме напролет коа ќе видиме колкави ќе се зеленчукот и овошјето.

    Шала на страна, министер за одбрана на Р.Ф. изјави дека се уште се водат борби околу Чернобил со паравоени формации и терористи, кои сакаат да стигнат до нуклеарниот отпад.
     
    На Guns N` Roses, KateKane, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.544
    Допаѓања:
    191.611
    И Финска си е посебна држава па не праи шо сака. Исти комшија имаат, слични историски искуства, разликата е во мудроста на политиките. Што мислиш, оти Финска не е во НАТО?
    Ја мислам доволно ни е да си вадиме заклучоци од балканска историја, тоа таму е преку 7 планини, ништо не може да разбереме. Не дека може нечија трагедија да се мери, ама се се тоа трагедии на малите ради големите.

    Чернобил беше прво нешто што проверив сабајле, под контрола беше, наводно.:smirk: Мислам пред 3 години имаше радиоактивен облак над европа, сега нема(ше).
     
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    Масакарот кај Вејце најкрвав и нсјбрутален масакар. :(
    Масакрирани и живи запалени. :(
    Душава ме боли.
     
    На Celltica, LejlaD, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.055
    Пол:
    Машки
    Се дига малце паника сеа, нормално. И самиот извор на информацијата вели дека не се направени други мерења, и дека никој друг не забележал зголемување.
    А и во тој еден извештај што постои се вели дека зголемувањето на гама зрачењето се само на едно место од целата зона, и се максимално локализирани, т.е. нема ширење.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
  18. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Вучиќ е на страната на Русија,
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Гледам на канал 5.
    велат околу 1000 Руски војници загинати

    Еден Украинец се жртвувал свесно да разнесе мост, односно 13 свесно избраа смрт за да ги спречат.... млади луѓе...

    Зошто? Зошто сево ова?!?
     
    На LejlaD, bertold и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.964
    Допаѓања:
    24.097
    Низ порталиве ми излегува вест дека млад украински војник се разнел себе во обид да спречи руски конвој да преминат преку еден од мостовите. Наместил бомба и требало да го урне мостот со даљинско ама овие веќе биле блиску и ја активирал рачно.
    Дечково по сликата околу 30 ми личи, може и помалку.
    На друга снимка, човек кого наводно руските возила му го прегазиле кучето, стои на патот и им тропа и мавта да застанат, додека они го заобиколуваат.
    Бтв, човеков што влегол со колата под тенк за чудо преживеал. Колата смачкана, тој жив.
    Има и млади деца загинати.

    Одувек ми бил одбивен Путин ама не знам, никогаш немаше да го ставам на ниво на Хитлер...досега.
     
    На Ahoy, Angie1432 и LiliBoz им се допаѓа ова.